HIGH HEELS wear the character of the Woman *! Сакам да видам во што сте се заљубувале на прв поглед,а јас со моето искуство ќе се обидам да ви кажам каква личност сте (ако дозволите) судејќи по вашите чевли. Еве јас сакам да претставам едни мои драги бели сандалчиња,кои ми се малку од поодамна но уште го трпат моето криво стапало. И,им благодарам (мојот албум ќе биде проширен со уште неколку пара,оваа за почеток)
Идејава ми беше првенствено и само за штикли,за патики не би можела ништо да ви кажам бидејќи и онака ги немам во голем број. Rossonerka,за штикливе ќе кажам: 1.Eдвај чекам да ги видам и другите твои! 2.Имам исти такви само друга боја. Ќе си појаснам се кога ќе добијам уште некои.
Прво да си кажам дали чевлите ја претставуваат личноста? Не би рекла зашто во очи ја гледам и ја слушам соговорничката и по тоа ја проценувам, а не ја гледам во нозе и велам ахам има кал на чевлите не ги исчистила, значи е неуредна девојка. Може зашлапала во кал кога доаѓала. Или пред некој ден мене кога ме испрска кола чевлите од сиви ми беа црни Или ако носи најнов модел лобутинки што треба да се топам пред неа? Абе ај може таа 2 реда муабет не знае да сврзе спонзорот и ги купил Не дека не зјапам по убави чевли, од далеку се загледувам во таквите девојките. Секој сака да види убава чевла. Тие што не носат модерни чевли немаат средства да си купат нови убави, а мож се паметни образовани и позрели личности може и од онаа што има 100 пара. Реално која жена не сака убава чевла? Јас не познавам таква жена, во мои 25 години не сум запознала. А ајт сеа да ви го покажам моето мало богатство за сезоната пролет/лето Реално ова е квантитет, многу малку квалитет. Подобро ќе имам 20 од по 1000 денари, него 4 од по 5000 денари чевли Спојлер патики и чизми друг пат, на есен вајда http://the-fire-inside-me.blogspot.com/ ... loset.html
Јас па не знам што жена ќе бев. Ретко чевли да ми се фетиш, имам некои 5-6 пара бркаат работа и толку. И кога имам вишок пари, не ми текнува да одам и да гледам чевли. Овие сама ги модифицирав. Имаа некои машни однапред, јас тоа фино го одлепив, купив сатенски ленти и горе се врзуваат машни (обично многу помали од овие). Немаат платформа, штиклата е ниска и се многу удобни.
Росонерка гледам околу 19 пара различни чевличиња и ова покажува дека сакаш да добиваш внимание Кај сите ја забележувам истата работа - истакнат им е дизајнот а не висината. Според тоа ти си една приземјена личност која цврсто гази на земјата и секогаш до крај ги брани своите ставови.Црните ми се must have бидејќи одговараат на секоја облека,јас би прокоментирала за оние со позанимлив дизајн. Повеќето се лакирани и светкави-ти си една комплицирана личност која секогаш бара повеќе и повеќе.Не се задоволуваш со малку. За боите -гледам дека преовладува секоја па дури и шаренкиве цветни.Тоа ја покажува твојата нескромна природа и див карактер.Но затоа пак лесно би можела да се прилагодуваш на секоја ситуација.
За тебе,многу доволно е и ова за да можам да кажам дека си една многу креативна личност која неможе да поднесе друг да и диктира правила во животот.Мразиш неправда и си една многу необична девојка која си ги знае точните приоритети во животот и знае што сака.
Ќе ги ставам оние кои ги носам најчесто Првиве, црните салонки ги имам убиено од носење. Имаат штикла од некои си 11-12 цм, ама се неверојатно удобни и згодни. Ги носам во секоја можна прилика Вторите, кремасти сандали се високи 12цм. Удобни не се многу ама се трпи, не е страшно . На сликава ми се излизгани прстите (зашто ми се доолги) хахахаха Третите, многу ги сакав кога ги купив. Ги дадов на едно девојче да ги носи и ми ги искривила. Носење веќе- никогаш!!~ Четвртите се наш стабилни и со дебела штикла. Но, немаат платформа и не им е баш згоден падот Последните ми се од матурата. Преудобни ми беа и многу ги сакам. Секојдневна салонка, за секоја прилика Eдит: Јавн многу ми се допаѓаат твоите салонки. Преубави се
извинете за квалитетот сепак овие се слики случајно што сум сликана а ги има фатено и штиклите.. инаку некој ден ќе ги сликнам одделно моите омилени чевли, поубаво да се гледаат.. п.с. беливе ми се омилени (не се гледа убаво на сликава, ама тоа што е како железно е катинарче со клуч), најчесто нив си ги носам..
Роси преку чевлите не можеш да оцениш дали некој е паметен или не, ама зарем стварно не ти говорат ништо за една личност? Па ако зашлапаш во кал, ако се грижиш за изгледот идеш одма правец во тоалет да ги ичистиш. Ако оставиш така и се шеташ со калта, тоа ја покажува твојата негрижливост за себе, и твојата неуредност. Инаку од твоиве ти ги сакам првите, последните, и тие плавките со цветчиња
^ Навистина не ги проценувам луѓето според чевлите воопшто. Посебно никогаш во животов не сум размислувала како yawn што не процени мене и трендафилка по чевлата. Не ми се чевлите, облеката, накитот, козметиката показател за тоа како една личност е. Иначе yawn немам високи, зашто со моите 180 цм не се чуствувам удобно во чевли пример како твоите црни и златни. За преку ден си носам ниски или на плута или на мала штикла, а за навечер си носам и високи, па 11 цм не се малку Последните неутрални салонки се пренајубави! ФБИ 2 и 4 фаворити, преубави се кремастите сандали, се заљубив во нив уште кога те видов во комплетната комбинација. А glamour-lady втортата слика, црните салонки се супер
Како што ракописот, парфемот, шминката и стилот говорат за карактерот, така говорат и чевлите. Пример би рекла дека Yawn е храбра, модерна и секогаш сака да е во центарот на вниманието. Сака да се истакне и да биде забележана и не се сомневам дека успева во тоа. ФБИ обрнува внимание на квалитет, важна и’ е удобноста пред се’, а тоа ја карактеризира како приземјена и практична личност. Чевлите што ги носи се модерни, но смирени. Пред чевлите со јаки бои што веднаш паѓаат во очи, таа ќе одбере елеганција и квалитет, па би рекла дека општо во животот обрнува внимание на она што доаѓа до израз на втор поглед, и впечатоците не и’ се површни. Е така, ви гледав на штикли
Не сме ни свесни како секој наш потег, секој наш детал зборува за нашиот карактер Не буквално дека ако имаш штикла 12 си добра, ако има 15 си лоша. Али земено како целина, секој наш избор "зборува"" по нешто Јас неможам да ги читам овие знаци. Али има луѓе кои многу добро го прават тоа. Всушност тоа им е работа на психолозите Јас ќе ставам штикли што веќе сум ги ставила во друга тема, ама немам други слики. Чизми се, за сандали рано е, уште не сум ги извадила
Росонерка,твоите чевли се навистина преубави,нема пар што не би сакала да го имам. Ми личиш на самоуверена жена,со прекрасен стил...Браво за изборот! Алиса и твоите се прекрасни,посебно кафените чизмички се прекрасни. Еве ги моите омилени чевли што најчесто ги носам...Летните сандали ми се кренати,освен тие портокаловите па затоа не можев да ги сликам,но во некоја наредна прилика ќе ги ставам и нив.
Там-тадаааммм. Кога одлучив да ставам слики во темава, сфатив дека немам поима како се ставаат слики, али се снајдов некако. Еве неколку чевли кои ги сликнав специјално за овде. Останатите во некоја наредна прилика. Кога веќе собрав храброст да ставам слики, добро е Спојлер Овие се темно зелени, али како црни испаднале на сликава: Ај доста се сега за сега, да не ми дојде многу одеднаш
Јас само овие ги имам в компјутер, понатаму ќе ги сликам другите.Ги имам веќе во друга тема постирано. Од матура ми се. Лаковани, штикла 13-ина цм.
Јас и кажав еднаш на Алиса дека ако оди пак накај Америкине ќе мора и мене да ми купи вакви прекрасни чизми првите ми се пренајубави уште од пред 2-3 години кога ги видов на интернет се заљубив во нив! Алиса одвај чекам и останатите чевли да ти ги видам. Маја црните салонки се супер, ама и оние маслинестите се предобри! Тие со рибата само не ми се допаѓаат. Багуфче последните 2 пара се супер. Тие се од Гари? Се надевам само дека ќе ти се удобни зашто сите се жалат на тоа.