Ја обожавам оваа девојка. Прекрасна е. Многу ми се допаѓа нејзиниот стил на облекување во познатата турска серија "Љубов и казна". Дали ви се допаѓа и на вас девојки нејзиниот стил на облекување во познатата турска серија "Љубов и казна"? Кои се вашите омилени комбинации и фустани кои ги носи Јасмин? Може да се постираат комбинациите и од другите турски актерки кои ви оставиле впечаток.
Стилот на Nurgül Yeşilçay (Yasemin) од Љубов и казна.. Јасмин и не ми се допаѓа многу многу,има убави учи,усни па и носот ама некако нема некои црти што убаво ќе го склопат тоа во едно Кога ќе ја дотераат понекогаш стварно ме бендисува ама како што си знам да кажам облеката го прави човекот! Спојлер не дека ги оценувам луѓето по облеката туку сметам дека облеката е лична карта за влез некаде,облеката има големо влијание врз тоа со кој ќе се дружиш,колку ќе бидеш ценет исто така Спојлер со исклучоци па истово и за Јасмин,ви текнува кога глумеше Езо? Исто како циганка беше грда ..
Девојкава во филмов преубаво ми се облекува, ама еве ги комбинацииte кои најмногу ми се допаѓаат. ^ Фустанот на оваа сцена и‘ беше преубав. И уште една слика која никако не можев да ја најдам. Слабо со турскиов
Иако не пратам ниедна од нив, најдов нешто на нет.. Оваа Јасминка убаво се облекувала бе, а :geek: Па и згодничка е плус
Уф темава кога ја видов,одма ми текна на Јешим.Нонрмално добро се облака,ненормално!Исто и Зумрут,а и Лале секогаш беше облечена убаво На интренет не можат баш да се најдат слики од серијава,ама еве по нешто..
Ааааа дефинитивно има глумици што се облакаат убаво во турскиве серии, ама мене ми оставила впечаток на дама, госпоѓа, класа жена е Џанан во истоимената серија, во првата сезона, таа глумица. Аууу авторитет, сила, моќ, убавина, гламур, сексапил ма се во едно си е жената! Таква и е улогата Ѕверка! Инаку малку ме потсеќаше на Меган Фокс, ама не личи туку онака на моменти. На друга не ми текнува во моментов, ко ќе ми текне ќе постирам За повеќе од 5 слики одиш десен клик на сликата од интернет и имаш копи линк локејшн значи копирај ја локацијата на сликата, пастираш во постот, го маркираш линкот и стискаш на имг горе и ќе ти се појават две такви со загради на почетокот и на крајот од линкот.
Јасмин/Езо има добри комбинации, сега е актуелна заради серијата, а инаку мене во фаца освен бојата на очите друго ништо не ми се допаѓа.
Јас се сеќавам во серијата "Kога лисјата паѓаат" Ферхунде што го носеше на свадбата на другарка и Ѓулшен, мислам се викаше,носеше преубав фустан со гол грб,неможам да обајснам каков беше но беше многу убав и ми остана во сеќавање само што неможам да најдам слика никаква од него Ако некој се сеќава нека постира една фотка
Од турските серии, можам да искоментирам само за актерите од: “Кога лисјата паѓаат“ и “Љубов и казна“ бидејќи другите слабо ги следам. Ферхунде убаво ја средуваа, посебно ми се допаѓаа чевлите секогаш носеше убави високи потпетици, и кога немаше пари таа беше тип топ средена а и убава е има специфични црти секако и Едноставно прекрасана е, што и да облече убава е. Исто така и Јасмин ми се допаѓа, има преубави комбинации во серијата Морам да ја споменам и Ипек од Каде е ќерка ми, преубави комбинации а и фрузурата и стоеше, која разлика од Фусун
и бергузар корел (позната како Шехерезад од 1001 ноќ) имала некои убави комбинации (овој пат без ролки )