„Елеганцијата е единствената убавина која никогаш не бледеe.“ Кога станува збор за Audrey Hepburn доволно е да се каже само ова. Таа е жената која стана синоним за мода, убавина и гламур. Добитничка на Оскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка од мигот на својата појава, до денешен ден, Audrey Hepburn е ословувана со титулата најубава жена на сите времиња. Нејзиниот стил ( „црното мало фустанче“ ) се’ уште е обожаван меѓу жените поради едноставноста и удобноста кои му се карактеристики, токму каква што била и самата Audrey. Audrey Hepburn е моја модна икона, тој гламурозен шмек на стариот Холивуд само прави да чувствувам жал што не сум живеела во тоа време.
Модна икона. Баш пред некој ден го гледав Појадок кај Тифани по којзнае кој пат. Неможам да и се изнагледам и да и се наситам на убавината. И под импресии од филмот си го најдов туторијалов на интернет http://www.youtube.com/watch?v=fl-Ye52XDRA Корисно ако сте фан на изгледот на Одри во горе наведениот филм
Спојлер „Верувам во розовата боја. Верувам дека со смеењето се согоруваат најмногу калории. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека треба да се остане силна, кога изгледа како сè да оди наопаку. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е уште еден нов ден и верувам во чуда“. „Има многу повеќе во сексуалната привлечност од мерките на телото. Не ми треба спална соба за да ја докажам својата женственост. Можам да покажам исто толку сексапил и берејќи јаболка од дрво или стоејќи на дождот.“ „Како што стареете, ќе откриете дека имате две раце – едната за да си помагате себеси, другата за да им помагате на другите.“ „Еднаш слушнав дефиниција: Среќата е здравје и кратко памтење! Посакувам јас да го измислев тоа, затоа што е многу вистинито.“ „За привлечни усни, зборувајте само добри зборови. За убави очи, барајте го доброто во луѓето. За слаба фигура, споделувајте ја храната со гладните. За убава коса, дозволувајте му на дете да поминува со прстите низ неа еднаш дневно.“