Има многу познати блогерки низ светот кои што имаат одличен стил. Повеќето од нив ги ставаме во темата идеални комбинации, па не е лошо да имаме тема само за нив каде би ги коментирале нив и нивните комбинации. Почнав постов да го ставам во идеални комбинации, ама еве го префрлам тука. Јес да има подобри блогерки кои заслужуваат да го имаат првиот пост во темава, како Енди, БлондСалад итн. сепак еве ја Бее. http://atlantic-pacific.blogspot.com/ Девојкава има со прилично специфичен стил, ама мене баш тоа ми е интересно да го гледам Става доста алишта на себе во комбинациите и многу акцесорис, на почетокот си викав леле ту мач е ова, ама после се навикнав супер ми е со многу накит и многу парчиња на себе, тоа е она, тоа и е стилот. Супер е за крадење на некои идеи, необична е, поинаква, привлекува внимание Spoiler На многумина можеби нема да им се допаѓа ама не е интересно ако познатите блогерки и двигатели на модата се девојки со обичен стил класичен како што гледаме секаде околу нас, тие треба да се поинакви
Стилот на омилените блогерките Баш оваа блогерка не сум ја знаела,ама совршена ми е!!! Секоја ама баш секоја комбинација и е прекрасна. веќе познато е и тука дека сакам слоевито облекување и многу бои во комбинациите ,така да за мене -ова е тоа вистинското!
Стилот на омилените блогерките Баш ми се допаѓа темава. Eве ја мојата: Име: Луис Ебел, или позната како Г-ѓица Пандора ( Miss Pandora ) Години: 21 Студира: Историја на уметноста во Париз Линк од блогот: http://www.misspandora.fr Зошто ја сакам: Единствена, уникатна, зема секојдневни работи и ги прави во нешто магично. Благодарејќи на брзата слава која ја постигна со својот блог, денес често ја има во модните француски списанија. Spoiler
Стилот на омилените блогерките Мене блогеркиве ми изгледаат доста интересно, но јас искрено немам храброст да се облекувам така како нив. Како што наведе Роси, премногу аксесорис има во комбинацииве. Изгледа убаво и интересно, но досега не сум го практикувала тој стил и некако чудно се чувствувам. Ај во лето, може ќе се случи да ставам многу аксесоари, ама во зима.....нема шанса хахах Едноставно, некои комбинации ми се ту мач....Како и да е, факт е дека на овие блогови може да се најдат многу интересни комбинации кои може да се прилагодат и во пообична форма. Не сум многу во тек со блогеркиве, ја знам само Енди....и сум видела неколку парчиња, кои вредат да бидат ископирани и сошиени Spoiler Пример, оваа комбинација не е ништо екстравагандно и би можела да се прилагоди на секојдневието (особено на моето) Оваа комбинација, исто така многу ми се допаѓа (далеку од тоа дека имам ваков Мошино каиш, но би можело да се најде некој интересен субститут ) Ова за мене е убаво и едноставно, така да, кај мене може и ова да помине А два саата за мене се премногу и нема да ставам во никој случај, не знам колку тренди да изгледа.....
Стилот на омилените блогерките Порано не следев многу блогерки, но во последно време станав зависна од нив. Благодарение на Роси ја открив оваа девојка која ми се допаѓа многу како се облака. Можеби на многумина нема да им се допадне затоа што е поообична , но мене ми е совршена. Плус ми е и многу убава, не знам зошто но модата ја поврзувам со убави луѓе и доколку не ми се допадне како изгледа девојката, колку и да и се убави комбинацииите не ја следам Spoiler http://www.fashionsalade.com/lovelypepa Подоцна ќе ја ставам и другата само тракторов да почне нормално да работи
Стилот на омилените блогерките Зошто само блогерКИ? Мојот омилен БЛОГЕР е BryanBoy, кој воедно е и моден критичар. Затоа го обожавам, бидејќи сите критики му се на место, а исто така го почитувам бидејќи е еден од ретките личности од појакиот пол кои се толку добро упатени во модата. Присутен е на сите ревии од многу добро познати имиња во модата, особено му е драг на Marc Jacobs кој дури и именува чанта по него ( BB Ostrich Bag). Исто така морам да напоменам дека е геј. Профил: Име и презиме: Bryan Grey-Yambao a.k.a. BryanBoy Националност: Филипинец Години: 24 Својата кариера на блогер и моден критичар ја започнал на 17 годишна возраст во својот дом во Манила, Филипини. Негови фанови од целиот свет секојдневно ја покажуваат нивната наклонетост и почит испраќајќи фотографии со неговата поза - навалени на страна, со едната рака на еден колк, а во другата држејќи чанта и испружена надолу. Spoiler На модната недела во Милано, на ревијата од Версаче Spoiler Со Марк Џејкобс: Spoiler BB Ostrich Bag:
Стилот на омилените блогерките ^ Секако може и за блогери да си пишуваме. Додуше искрено јас не ги следам многу, сум ги гледала дел од овие, Брајан го имам видено во комбинацијата погоре што ја има за ревијата на Версаче. Мене ми е од смешен посмешен. Не само он туку многу блогери. Јас тој машки стил не го свиѓам. Али ич. Смешни ми се, многу жентвено ми изгледаат, тоа за мене не е маж. Стилот на еден маж според мене не треба да изгледа така. Но ствар укуса нели? Марамче мило ми е што те заразив со Пупа, девојката е преубава, последната комбинација со тигрестата кошула е сон. И французинката погоре ја знам интересна е. А Анди ми е една од омилените. Ептен ми е мерак и што победи на изборот на Манго, па мислам дека ќе има и изненадување од неа и Манго во следната колекција. Енди е ѕверка во модниот свет
Стилот на омилените блогерките ^ Во ред, мое мислење и почит кон моден критичар. Еве девојка од блогерките која ми е исто така меѓу омилените - leblogdebetty. Запознајте ја Бети, ако претходно не сте ја знаеле. Девојката има одличен стил на облекување. Погледнете некои комбинации: Spoiler
Стилот на омилените блогерките Подолго време ги пратам речиси сите што сте ги спомнале. Каква креативност, браво. Ептен ми се инспирација за секојдневиево скопско монотоно. И како поминува време се повеќе некако ми легнуваат и се повеќе имам храброст да носам се што ми се сака Омилени имам повеќе, ама еве дека од Chiara нема слики јас ке ставам. Башка најсличен стил имаме Да не заборавам има сопствена линија чевли. можете се да видите тука http://www.theblondesalad.com .
Стилот на омилените блогерките Овие луѓе, женски или машки независно се вистинска инспирација. Еве уште една девојка која секогаш ме тера да и стегам „лајк“ на сликите кои ги има на lookbook.nu. Се вика Еbba Zingmark, има 16 години и е од Шведска. Blog url: http://nyheter24.se/modette/ebbazingmark/ Spoiler
Стилот на омилените блогерките Еве ја уште едната http://www.lovemaegan.com/ Spoiler Лесно е да се забележи што најмногу ми се допаѓа на мене
Стилот на омилените блогерките Оваа руска блогерка (Натали) случајно ја најдов барајќи шминка па ја отварам кога ќе се сетам. Има поелегантен стил. Инаку, мејк-ап артист од Санкт Петербург. Исто така облекува и сопствени дизајни, интересни се. Spoiler Spoiler во насловот има граматичка грешка
Стилот на омилените блогерките Една од поомилените блогерки ми е дефинитивнo Кенди (http://kendieveryday.blogspot.com/). Нејзиниот стил е посекојдневен, нешто што секој од нас би можел да го носи (сакам да кажам во однос на некои други блогерки кои имаат поекстравагантен стил)! Нејзините комбинации ми се секогаш интересни, весели и ми даваат инспирација. Spoiler The glamourai (http://www.theglamourai.com) Обавезно да го погледнете нејзиниот блог! Уникатно и интересно, а има и преубава линија на накит ПРЕУБАВА! Spoiler Late afternoon (http://popcultureafternoon.blogspot.com/) Уште една девојка со интересен стил. Spoiler
Стилот на омилените блогерките Eптен ама ептен ме бендиса последнава цура на Фрутини која што не ја знаев. Преубава! Во овој пост ќе ви претставам една шпањолка, која е блогерка од фебруари годинава, тазе е . Ми се допаѓа зашто ми е весела и има интересен стил, шаренолик, модерен, многу бои, интересни детали, многу ми е свежа и позитивна http://myshowroombyp.blogspot.com/ Spoiler уф секоја комбинација ми е преубава
Стилот на омилените блогерките Има неколку одлични балкански блогерки, имам хрватици и србинки фаворити, една бугарка исто така A еве ја мojaта омилена србинка Бранислава http://divineworld.blogspot.com Spoiler
Навистина, доста ја рушите забавате со вревата околу граматичката грешка, чудо големо на секој му се случува, баш е убава темава, со најубавите и најкреативните постови, затоа chillaax. A, бидејќи мене ептен ми се погоди темава, еве ви го мојот омилен блогер : Име: Adam Gallagher Години: 19 Blog url: http://whatdreamz.blogspot.com/ Кој стил го фаќа. Само погледнете му ги сликите. Spoiler
Стилот на омилените блогерките Емили Вое Неренг. http://voe.blogg.no/ Spoiler Не следам многу блогови, но ми допадна стилот на оваа девојка, бидејќи прв пат да видам парчиња облека/комбинации, кои и јас би ги носела. :up:
Повеќето мои омилени болгерки ги имате спомнато. Ама ете уште една ќе издвојам како вредна за спомнување. http://songofstyle.blogspot.com Spoiler
И јас имам мои омилени блогерки но ги сакам исклучливо само оние кои може да ги издржи мојот стил,и начин на трансформирање во однос на облеката.... Од омилените би ја споменала Marianna: Spoiler Овде би ја вметнала и Caroline Berg која исто се поистоветува со мојот сил и вкус можеби не баш со сите комбинации но има некои во кои се пронаоѓам: Spoiler