Mission possible 1 Излегов в кафич! Најпрво, одма ми се вртеше и испаничена бев. Одма си заминав. Верувате дека пешки на штикли до дома си појдов. Седнав в парк, цела збунета, што правам? Оттаму низ маало и трк назад чаршија. Земам Фанта да ми го размрда притисокот. Пијам и сама седам на клупа. Многу ми е галје шо че реча другите. Ајде пак назад в кафуле. Еден инает ме фати. Сеа, симпатија тука јас дома да седам... Е, нема повеќе. А бев готова да си заминам. Реков , сеа одам и ако пак почнува да ми се врти си одам. И појдов пак в кафич стоев можеби едно поласаат и фазла. Пак сето тапо, ко изгубена се осеќам, пак ми се врти, чудно ми е, замислена сум. Ах, не гужва пак си велам. Пак некоја блага дереализација иам. Ама не се предавам. Се вратив рано, после 12 ама битно појдов. Појдов, видов, освоив Одма чувстувам промена на себеси НЕ СЕ ПРЕДАВАМ!
Mене ме интересира како се снаоѓате со анксиозноста кога сте на работа,еве на пр. мене ми се има случено да ми се потат рацете,да ми паѓаат свари,и да тапкам со ногата,не знам дали објаснив убаво,со тапкањево,ама мислам ви текнува,е сега имав колешки кои се смеат,оговараат и сл,и уште понапнат те прават,како со такви работи се справувате?
Феминчиња-љубовчиња! Анксиозноста кога веќе се појавила ќе ве следи цел живот. Ова од лично искуство ви го велам, е сега тоа не значи дека нема спас. Еве ви моја кратка биографија: многу смрт се изнагледав за моите 30 год.... Мојата најмила мајка почина,потоа дедо, потоа баба која ми беше како втора мајка, стрина, чичко, изгубив дете(имав спонтан) неколку сообраќајки од кои една на сопругот мн.потешка..., починаа баба дедо и тетка на сопругот во рок од 3 години сите, почина внуче, и за неколку месеци подоцна снаа... И кога набројувам вака здивот ми се зема бидејќи секоја година наназад јас претрпував голема загуба. Немав време кога да добијам анксиозни напади....Не се опишува со зборови што ја предизвика анксиозноста кај мене доволно е само ова сознание пропратните проблеми кои се исто така големи би ви ги пишувала уште барем два дена... после спонтаниот со ризична бременост,крварење,инекции и 300глупости како одлепување на 1/3 плацента на операциона маса и големи компликации конечно добра вест Родив прекрасно момче И? Нормално кога се смирија сите глупости почнаа напади на паника што ако ова се случи,што ако тоа се случи, кога возеше сопругот мене дланките како под чешма ми се влажнеа, се плашев детето некому да го оставам дури и еден миг да не му се случи нешто...првата шлаканица ми беше моментот кога гинекологот ми рече дека или ќе се справам со тоа или ќе мора да пијам дијазепам а тоа автоматски значи дека не смеам да дојам ми требаше таква шлаканица за да ме освести. Си реков АЛО бре каде ти е паметот твоето душиче што едвај го дочека и му мислиш се најдобро од глупост (поматен ум) да му наштетам да не го дојам и да забегувам и пијам лекови??? Глупа ли сум? Можам ли да контролирам кој до кога ќе живее и што ќе му се случи? И што ќе постигнам ако постојано се опседнувам со лошите работи кои се случуваат? Имам волја имам сила имам љубов, ЉУБОВ драги мои е лекот за секоја болест радоста со најмилите па дали јас сакам да го поминам својот живот кој ќе трае ден или уште пет децении во страв, заблуда,паники,напади и сл. глупости кои не ми носат ништо добро ИЛИ ќе го живеам животот со полна гради, со гушкање на најмилите со играње топка со син ми,шетање во парк или на сладолед? Зошто побогу да зборувам со комшиката дека неделава починале двајца, др биле тешко болни и др глупости кои го прават животот анксиозен, Зошто да гледам црни хроники или да слишам екого колку денеска шефот го изнервирал или бабата во редот пред тебе? Зошто? Од корен се обидувам веќе неколку години работам на себе се будам наутро и мислам колку сум среќна. Имам очи ги отварам и гледам некои луѓе се слепи... имам нозе некои луѓе се во инвалидска количка и сепак му се радуваат на животот, животот е убав затоа станувам пуштам музика свесна сум додека се вари кафето дека јас имам дом, сопруг кој неизмерно ме сака, прекрасен син кој секој ден расне пред моите очи, ме набљудува и учи од мене, ги повторува новите зборови , создава навики...Пак ете го прашањето што сакам за своите најмили? Одговорете си себе си и размислете уште еднаш дали имате сила да станете и да и отворите излезна врата на анксиозноста, не е таа појака од мене, од љубовта во мене од моите сакани, од убавините што секое утро ги носи....Да таа ќе се враќа постојано со некој стрес токму тоа мене сега ми се случува и затоа сакам да му помогнам некому да свати дека нема тешење, нема предавање застануваш ги прибираш мислите и баш како мајка кога го брани своето малечко се соочуваш и ја напаѓаш, ја бркаш од животот не дозволуваш да навлезе во животот на твоето дете и цел живот да го ограничува...Таа ќе се враќа повторно но секој пат ќе имаш повеќе сила да и се спротиставиш и за кратко ќе ја снема повторно. Затоа драги мои обврски, обврски,обврски,многу љубов измеѓу нив, гушкање и бакнежи, идеи и нови цели кои нема да ви остават простор да паничите. Сакајте и бидете сакани не се предавајте. Многу љубов ви праќам и доколку на барем една личност и помогнав би била пресреќна Се извинувам на долгиот пост.
Опсесивни компулзии се тоа. Едноставно не ги прави тие работи, игнорирај ги најмногу што можеш. Имав ставено видео во темата поврзано со тоа, да го најдам и ќе едитирам во пост. Спојлер: Еве го
Луге ме распукна главата веќе не можам да трпам дали е од времето незнам што да се напијам ме боли и заб некоја тапа болка
Здраво луѓе одамна не сум пишала ама ве следам редовно,сакам да ве прашам дали на некој му сеина случено да заспие и одеднаш да се препоти цел( како полиен со вода да е) и да пичуствува главоболка,плус измерив притисок се качил а имам низок притисок ,и тахикардија позз до сите.
Бев на свадба! Да си дочекаме за сите, само убавини да не следат. Го измалтретирав келнерот да ми донесе Пепси и чаша надвор. Смешки бев, да ме видевте само хахах. Ако не испив 2 кила и повеќе пепси цела свадба. Предизвик на неделата : Повеќе дружење со луѓе и гледање комедии, една во денот. И на крај, да се турнеме сами тоа е лекот. Јас туркам со сета сила. Чао
Луѓе во бременост анксот поизрасен е или ? Мене цела недела ми се повраќа, некни повраќав, денес цел ден што ќе каснам или напијам мислам ќе го повратам, а се напијам одма ми се гади, а каснам исто така. Вчера срце 4 пати ме стегна едвај воздух земах, ама под голем стрес сум, и навикната сум на стрес и ако пола ден не го поминам под стрес дури ми фали и одма почнувам да мислам глупости и да се стресирам. Летно време нај го мразам, со душа чекам зима да си гледам како гори печката, милина ми е. Нека помине летово не го можам ич
Лекот без пари бил Ова е некоја машка пропаганда 1000% http://think24.mk/2016/07/24/ova-e-...sluchuva-so-organizmot-ako-progoltate-sperma/
Писни таму да не го карам јас нека не изведува кажи му ако писнам дотаму ќе ме слушне Ја па ако беше ефикасно кај тебе планирав и мене да ме лечи он ништо бре срамота