Сакам да добијам боја како на првата слика. Има шанси без бланш? Да си се исфарбам дома или да не ризикувам ? Фала на советите
Нема на што мила, инаку тоа оти веќе имаш прамени мислам дека повеќе шанси има да добиеш боичка и само со фарба, инаку би идело малку потешко, барем 2-3 фарбања ќе треба. За коренот да излезе добар употреби 9% хидроген оти со 12 поголеми се шансите на жолто да мава. А ако ти излезе пак на жолто стави прелив после фарбањето додека е мокра косата (малку од фарбата малку шампон вода и хидроген измешано) држиш тоа околу 15мин., мене така ми успеваше, а сум со црвен пигмент Или пак види на фризер, рецептот горе долу е тој, може само да измешаат повеќе нијанси на фарби за подобар ефект Ама штом си со светла основа мислам дека ќе добиеш убава боичка и од прва
Малку графит ке ставаш во фарбата и ке добиеш сивкаста. Ама само малку оти ако ставеш повеке ке добиеш контра ефект.
Се фарбав со Wella на фризер ама не ми излегуваше како што сакав. Бев во Вип 2 студио ми ја изгореа косата бела ми ја направија, а јас сакав сивкаста. Ама бев на фризер и ја исфарбав сивкаста убава ми ја направија со некоја грчака фабра не и го запамтив името. Ама следно ќе земам некоја од овие предложениве фарби. Фала на инфо.
Јас бев во Вип студио 2 во Аеродром и девојчето не знам зошто не ми ја сфати понетата што сакав и како сакав нешто се измеша со бојата. Јас и реков сивкаста, а таа ми ја направи платинесто плава некако бела накај жолта. А мене не ми стои таква боја зошто имам блед тен. Многу девојки не се задоволни од Вип студио баш прашував јас за во Центар што е тоа Вип.
Здраво!! Ми треба некои совети, прв пат сакам да се исфарбам па сакам да се консултирам кој било ако може да ми одговори Значи природната боја ми е кафеава, не е премногу темна малце посветла како на сликава: Ептен ми здосади па отиов на фризер, и на некои праменчиња на крајот ми ставија само фарба посветла некоја нијанса, и скоро и не се приметува, можеби само на светлина малце. И сега сакам да се направам вака: Само пред да ја направам ми треба да ве прашам: Значи еве со мајка ми зборував, дали косата пример при секое миење паѓа бојата и осветлува ? Јас купив фарба од Палете W2 , како чоколадна боја пишуваше, но дали е можно да се смени бојата? Јас секако редовно после тоа ќе ја фарбам на коренот, но дали осветлува или паѓа? И дали се оштетува? И незнам некаде прочитав дека дококу се реди рициново масло или кое било ќе паднела бојата, јас редовно користам па дали треба да прекинам или? Ако може некоја да ми одгвори, многу ќе и сум благодарна, сакам да знааам што како поради што прв пат ќе се фарбам и тоа од коренот па да знам некој работи....
Сестра ми има црна коса, летово си направи омбре (неуспешно), веднаш потоа стави темна фарба за да ги покрие светлите прамени, од тогаш ја има фарбано косата двапати мислам, но после недела две прамените и добиваат некоја посветла, навистина не убава, кафеава боја. Дали некој би можел да препорача начин за подолготрајно покривање на прамените од бланш?
@Aerial тоа е од бланшот , за жал треба повеќе месеци да поминат или по можност да се скратат тие делови што се бланширани за да почне косата убаво да `фаќа` од фарбата. Исто и јас бев плавуша 2-3 пати ја бланширав косата и се офарбав црна со месеци се фарбав и неуспешно , на крај ја скратив косата повеќе и се се среди
Здраво девојки, јас имам природно многу темна коса, приближно накај црна, но сакам да се исфарбам виолетово баш вака како на сликава Немам воопшто искуство со фарбање, па дали би можеле да ме посоветувате како да ја добијам посакувата боја? Фала ви многу однапред
Имам светло кафеава коса-смеѓа,планирам да се фарбам плава нешто слично како на сликата.Ке се фати ли бојата или..
Пробај со Кене 1517 + 12% хидроген , неколку пати ако се офарбаш мислам дека ќе успееш и без бланш. Кога ќе се осветли доволно колку што сакаш наместо 12% хидроген почни да ставаш 6% , јас така ја одржував косата кога бев плава.
Само да споделам дека прв пат се фарбам со Релвлон и не ми се верува колку природно и сјајно изгледа. Вреди 500 ден.
Jaс сум плава моментално,прво ми ставија прамени со бланш еден кератински Кијана мислам дека видов на кутијата,после тоа ми ставија фарба од Life color мислам дека беше 12.81 ,екстра ми испадна баш како што сакав