Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    I jas imav vrska na dalecina skoro 2 godini,koja uspesno egzistirase.Pominavme mnogu iskusenija.prepreki i sto uste ne,no uspeavme da izlezeme na kraj so se.Ne velam deka se bese med i mleko,no koga postoi ljubov,vzaemna doverba i pocituvanje,togas se e mozno.Vo tie 2 godini se gledavme na 2-3 meseci,po nekolku dena.Da napomenam uste deka vrskata ja krunisavme so brak :)
     
    На Umbrella22, Unique.Me, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.626
    Допаѓања:
    80.760
    Пол:
    Женски
    Извини вака што издвоив дел од мислењето, но сакав нешто да прокоментирам на оваа тема, од лично па и не толку лично искуство. Ништо поврзано со твојата ситуација, сите сме имале такви проблеми. :lol:

    Тоа е резултат на недоверба, а убедена сум дека е и главниот проблем поради кој настануваат проблемите во ваквиот тип на врски. Ако не сте спремни на комплетна и што е најважно, обострана доверба, тогаш не би рекла да се откажете, но ова ќе биде вашето секојдневие - кај си, со кого си и останати глупави детективски прашања.
    Мислам, врв на ова беше кога со свои уши слушнав како дечкото ја испрашува другарка ми чии биле машките гласови во позадина и половина час се убедуваа дека тоа е турска серија која оди во позадина.

    Се има проблеми, не велам дека ова е идеалната врска, ама ако си процениш дека човекот до тебе е на место, а ситуацијата ти налага ваква опција, секогаш вреди да се проба дали и како ќе се функционира на овој начин. Меѓутоа, моето искуство ми покажа дека откако раскрстивме со ваквите детективски испади на сомнежи и р'чкања, нашата врска се промени и тоа на подобро.
    Можеби созреавме, не знам. :)
     
  3. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.027
    Е да,сериозна врска на далечина? ама ајде молим ти се,тој таму ти ваму и врска...офф,без врска работа искрено.
     
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    84.435
    Пол:
    Женски
    Затоа што на своја кожа не си доживеала такво нешто а изгледа ни слично на оваа па затоа така зборуваш.
    Како што кажа една феминка погоре никогаш не вели никогаш тоа што не го сакаш тоа ќе ти дојде на глава :)
    Најмногу ме нервираат таквите коментари од оние кои не почустувале ништо а сепак зборуваат и осудуваат.Но секако и почитувам затоа што секој има право на свое мислење :)
     
    На deskarada, Lovy1, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Мислам дека најубаво е воопшто да не се почуствува ова.
     
  6. chicaboom3

    chicaboom3 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Сум имала 2 такви врски, и едната уште ја имам :)
    Првата беше очајно, јас тука, тој холандија цела година, кога ќе си дојдеше дал дома со своите, дал со пријатели, дал со мене, трагично беше што многу добро се сложувавме и може да се каже дека пријателството и довербата ни беше појака од љубовта, тој сакаше да биде со мене, но за него и моите години малку беа проблем, нова година преку телефон ја славевме, ужасно знам и подледниот пат кога замина и нашата врска заврши, се слушавме ама постепено без да раскинеме да се каже, станавме пријатели односите љубовни ипареа и така остана. Кога ти е најтешко и најубаво, а сакаш со него да споделиш, можеш да го кажеш ама не и да го споделиш, покажеш :)
    A сега кога ќе ми се посака таксито и кај него или тој кај мене иако сме на далечина и ретко се гледаме но знам дека за овде имам можност, ќе потрошам и пари и време само тоа што го посакувам и почуствувам ќе го споделам со него, важен е моментот кога тоа ќе го посакаш и да го оствариш
     
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Точно и тоа е причина за т.н. испрашувања, недовербата, меѓутоа, зборувам конктерно за мене, ми се јавуваше такво глупо чувство измешано со недостигање, како да само си барав рачка да се скарам со него, чувство на нервоза затоа што го нема до мене, се’ ме нервираше... знаете она чувтво кога барате во јајцето влакно, на се’ наоѓав маана, а и тој исто. Едноставно не можев да се помирам дека во тој момент не сме заедно, а немоќен си, не можеш ништо да сториш, илијадници километри се во прашање... и сето тоа допринесуваше кавги без причина, правење од ништо - нешто. Сметам дека тоа ни беше во почетокот, како една реакција и на двајцата, и многу сум среќна што сега ја пребродивме. :)

    И јас сум против недоверба, сметам дека со тоа само се измачуваш. На крај краева може некој тука пред нос да ти е цело време, па дури и да живееш со него, а да те изневерува. Така да правило нема, а ниту спречување на тоа.

    Во врска со коментарите од типот - “тоа не е врска, без врска, не верувам, нема да успеат таквите врски“ нема да коментирам. Секој си знае како му е. Секој си го живее животот како сака и прави како му е убаво.
    Јас го практикувам тоа - “Никогаш не вели никогаш“, но сепак, доколку не верувате во таквите врски на далечина не мора да имате иста, меѓутоа можете да го почитувате тоа што ние оправдуваме и имаме таква. Сепак нели, се работи за различни ставови и мислења. :hai:
     
  8. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Да. Секој си знае за себе, но јас искрено никогаш повеќе не би се зафатила за ваква врска.
    Значи немам ништо против, проблемот е во мене.
    Досега сум имала неколку врски на далечина и ниту една не успеа, па затоа сега имам негативно мислење за ваквите врски.
    Јас сум таква што и до мене да е дечкото ќе бидам несигурна, љубоморна, посесивна, а не пак кога се работи за некој со кој километри не делат.
    Барам влакно во јајце, буквално, и од толку голема недоверба само барам причини за расправија, само поради тоа што сакам да видам како дечкото ќе реагира на тоа. Сакам докажување на љубовта дури кога е прерано за тоа, и знам дека тоа ми е најголема грешка. И нормално дека другата страна еден ден ќе пукне.
    За ваква врска да опстане потребно е пред се` многу трпение, кое јас го немам, доверба и љубов.
    Не знам. Можеби сеуште не сум созреала доволно за да можам да издржам и да преминам преку некои работи само за врската да ми опстане.
     
  9. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.027
    Нема врска дека не сум го доживеала тоа,баш напротив,и знам како е,а и секое искуство е различно така да...нема потреба од нервози,само сум имала и јас некоја врска на далечина,па најдобро знам како е и што е......па според тоа и кажав дека не ги сакам,ме мрзи сега да објаснувам како што се случи,ама после тоа не верувам дека ќе го кажеш истото.
     
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    84.435
    Пол:
    Женски
    Ма не бе какви нервози само си разменуваме мислења :)
    И самата си кажа секое искуство е различно така да ... еве ти си имала лошо искуство со таква врска а јас па имам супер искуство и затоа зборам така во позитивна смисла и верувај јас многу добро знам каква е таквата врска и што и е потребно за да опстане како што треба.Што и да се кажува повеќе ќе биде за џабе затоа дускусијата може да заврши тука :D
     
  11. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Конечнооо :inlove:

    Ќе се видиме пак во најскоро време, на среќата и’ нема крај луѓе! :inlove: :inlove: :inlove:

    “Пакувам куферите и право на Германија“ :wasntme: :D
     
    На butterfly4, Sawyer и hermosa им се допаѓа ова.
  12. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Моментално сум во таква, 2 месеци веќе заедно.
    Се супер функционира, но мислам дека доаѓа крајот затоа што немам доверба .. :|
     
  13. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.405
    Секоја врска си е посебен случај,јас не би генерализирала,доколку личностите се согласуваат во размислуванјата,карактерите-далечината не би била проблем.Меѓутоа ако нема доверба,џабе е трудот :!:
     
  14. katalonka123

    katalonka123 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Вака, имам 15 години и имам дечко кој не живее во мојов град, односно имаме врска на далечина. Тој доаѓа ваму, бидејќи моите родители се малце построги така кажано и не ми дозволуваат да одам во друг град, па така се имаме видено неколку пати. Стварно уживам кога сум со него, се е најј значи, а сега на 12ти месецов му е роденден. Сакав да се советувам со вас, што би бил добар подарок (со исклучок на тоа дека не можам да отидам кај него). :)
     
  15. Unique.Me

    Unique.Me Нов член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите,

    нова сум тука и поздрав до сите. Сакав да споделам мое искуство и да слушнам Ваши мислења. Во врска сме веќе 8 години, од средно заедно инаку а веќе 3та година и во врска на далечина. :) Си функциониравме повеќе од преубаво и сега не лошо но далеку од тоа што беше. Трета година сме веќе вака, са гледаме на некои 3 месеци на недела време и така тоа. Се слушаме секојдневно, по неколку пати во денот и знам дека му значам меѓутоа проблемот се јавува со мојата недоверба кон него, мислам дека би ме изневерил, не сум дознала ништо посебно никогаш но немам целосна доверба во него. Мојата недоверба се заснова на некои настани од претходно. :( Што мислите? Дали може да функционира ваква врска без неверствата?
    Фала Ви однапред :)
     
  16. Unique.Me

    Unique.Me Нов член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    сакав барем малку да те утешам зашто сме во некоја слична ситуација. :) Со дечко ми сме заедно долго време но тој замина на мастер во странство и таму е веќе 3та година, се гледаме на некои 3-4 месеци на недела дена и тоа е тоа. Навистина е премногу тешко но мој совет ти е, да си го уживаш своето време, да не дозволиш времето да ти помине само во чекање, едноставно не му ја мисли многу ако треба да сте заедно ќе бидете. Ако ти значи пробај да успеете, слушајте се колку е можно почесто, но не се оптеретувај со тоа, она што е твое ќе си дојде.. Ете и ние некако ја тераме 3та година па така да се функционира некако.. Само позитивно :) Поздрав
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.553
    Допаѓања:
    6.320
    Не знам што да правам.. Се знаеме од јули/август, иако тогаш ништо не се случи. Почнавме да се допишуваме почеток на септември, останувавме и до сабајле, и се договоривме да се видиме почеток на октомври. Бевме заедно на журка, очекував нешто да се деси ама не ни мислев дека ќе ме бара после, ме зачуди кога ме побара да се видиме утредента пред да оди. Од тогаш па наваму, се слушаме секој ден и по неколку пати, цело време ми се јавува ама онака општи муабети, да те чујам само, што правиш, како си.. Го прашав еднаш што планира да прави и што мисли за ситуацијава, дека сме од различни градови и тој ми рече дека се тоа го знаел, немало потреба да му кажувам, уште било рано и почеток, можело се да се случи. И добро да,во право е, јас не ни избрзувам за ништо туку што ако се слушаме секој ден ако не (планираме да) се гледаме, нема блискост овде, иако ми се допаѓа и би сакала да успееме.. Ќе доаѓа пак он на почеток на ноември, ќе се видиме, но не знам што да правам. Дали да го продолжам контактот, или да прекратам дур е време, да не се затрескам па да си чукам глава. :|
     
  18. Chennole

    Chennole Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    23
    Со дечко ми сме веќе заедно година и 6 ипол месеци, од кои веќе 9 месеци е во Словенија. До пред 1 месец си доаѓаше кога ќе посакав, но му го сменија местото за работа од еден во друг град и сега има друг газда кој не го пушта да си доаѓа кога ќе посака. Па, затоа нонстоп сме на скајпот и на фејсбук, нема никаква љубомора и се функционира како што треба. Пред се треба да се има доверба во одбраниот партнер :)
     
    На ChErLlOyD, Ema28 и Gembird91 им се допаѓа ова.
  19. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Сметам дека може да успее. Зборам за врски на далечина помегу различни градови, а иста држава. За различни држави, континенти се помали шансите ама исклучоци има како и секаде. Сепак ако се има љубов, и се останато што е потребно да успее врската и ако им е судено ќе успее макар и на далечина да е. Мојата не успеа (различни градови) се надевам вашата ќе успее. :)
     
  20. Amaris

    Amaris Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.025
    и јас имав врска на далечина. некогаш ми е криво што заврши, а некогаш помислувам колку среќна сум што тоа заврши.
    не беше лесно, не се издржуваше, неговата љубомора и неразбирање не уништуваа, се каравме секој ден, потоа се заврши со недоверба и на крај раскинавме.