1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    ..до сите тие што страшно многу плукате по денешнава младина. Јас баш би сакала да видам какви деца ќе израснете вие. :wasntme:
     
    На Bile15 и Cvetetto им се допаѓа ова.
  2. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Би сакала да предложам повозрасни да коментираат на темава и на нормален начин да ја коментираат младината.

    Не е фер да се коментираат самите себеси, или да се плукаат, сеедно.
    Мене стварно не ми е јасно како може 13 годишна ова да го изјавува.

    Значи да појаснам... во младина припаѓа СЕ ШТО Е ПОД 25 ГОДИНИ а не само оние 11,12,13 години...

    Сите светици испаднавме на темава. Да отворам профил на некоја што тука плука чекирање, дакфејс или сликање утрински кафиња гарант наоѓам бар една таква слика кај неа.
     
  3. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Немав многу време да прочитам, но ги видов последните коментари и сакам едно да ве прашам: - Луѓе, каде живеете вие?
    Значи јас сум родител на 2 ќерки од кои поголемата има 12 години. Се' уште ја сметам за дете, не знам ни дали влегува во дефиницијава младина, но вие спомнувате 13 годишини кои се пијанчат и прават што ти јас знам не.... Искрено - запрепастена сум. Јас тоа не го гледам во генерацијата на мојат аќерка, ниту во генерацијата на децата на пријателите на кои децата им се на слична возраст.
    Децата растат исто како што растевме ние, од деца со интереси за игри на улица, постепено преминуваат во деца кои имаат интерес да се дотераат, да прошетаат до Сити Мол (за сега) и слично. И - се' уште возат ролери, точаци, се собираат во маало. Каков алкохол, каков секс? Да, зборуваат за мување и симпатии, но сето тоа не е поразлично од тоа кога јас бев дете, а беше многу одамна. И јас кога бев 8-мо одделение имаше група деца кои поскоро влегоа во светот на "прорците", како алкохол, цигари, па дури и секс. Една од соученичките роди дете во втора гимназија средно. На екскурзија во 8-мо одделение група деца се испијанија.... и имаше такви кои пушат. Не беше тоа оправдувано, не беше масовно, а од друга страна тоа беа деца со сосема ОК карактери. Сега сите се совесни возрасни луѓе, ги сретнувам - ги гледам.
    Да, верувам дека сега такнаречениот "неморал" е многу поприсутен, но не дека целата младина е забегана. Далеку од тоа.
    А кои се виновниците? Пред се', домашното воспитување. Моралните норми, она што се почитува, она што од надвор се наметнува како норма секогаш се судира со она што го носиме самите ние како убедување. Ако детето расте во здрава срдина ќе одолее на голем дел од предизвиците. Нормално - не секогаш. Секој од нас направил по некоја глупост во младоста.
    Животот сега е многу побрз, полесно се има пристап до секакви информации и сето тоа предизвикува можеби децата порано да се сретнуваат со работи кои "не се за деца". Но пак мислам, со соодветно воспитување - детето ќе знае да разграничи што е а што не е добро за него.

    Има многу да се зборува на оваа тема, но јас имам надеж во младината. Таа е поразлична, но не може да се каже дека е полоша.
     
    На sweet-star, Lovely93, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќерка ми уште не е активна по форуми. :D

    Инаку мислам дека секое време си носи свои убавини. Можеби бевме понаивни и подетинести, а дали тоа било подобро - ќе покаже иднината. За жал, времето е сменето за сите. И ние као родители водиме поинаков живот од оној кој нашите родители го живееле тогаш. И кога ќе се видам со другарките навистина има работи на кои може да си се изнасмееме за тоа какви сме биле. Се надевам дека и вие кога ќе бидете родители со смеа ќе се присетувате на детството и младоста, а верувајте нервизите со вашите деца ќе си ги имате. Ги имала мајка ми, ги имам и јас сега и колку, ама колку не сакам да бидам ко неа, но некогаш, ама само некогаш се фаќам како звучам како неа :worried: .
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Колку само не го познаваш форумов, дури ти љубоморам што мислиш дека овде често ќе наоѓаш добри мислења. Форумов преовладува со деца кои зборуваат така, и се што прочита во последните неколку страни беше од деца напишано освен 2-3 максимум со над 15 години...

    Потполно се согласувам со тебе и те разбирам. Младината е нормална само поинакви се начините на кои се прикажува. Порано курвите стоеле на улица, сега на фејсбук имаат разголени слики. Значи исто е, само времето е различно.
    А ова пијанчењево,пушењево и сексот се само теми кои секогаш преовладувале кај младите на помала возраст. Некои неможат да дочекаат да пораснат а некои остануваат достојни за своите години.

    И јас не бев мало слатко детенце на 12 години. Пример на 14 години запалив цигар и се занесував дека пушам преку 2 дена. И јас на 15 години прв пат се направив сарма пијана, и јас на 16 години ја загубив невиноста, и јас имам 1 до 2 дакфејс слики на фејсбук, и јас се чекирам од време на време... и што? Што ако го правам тоа? За пушењето се занесував, за алкохолот мерак ми беше, за невиноста-сеуште сум со него, за дакфејсот - што вие да не немате? За чекирањето - вие не сте се чекнале никад нели?

    Едноставно нормално е. Сега има деца што претеруваат но тие секогаш ги имало и секогаш ќе ти има.
     
    На Lovely93 и sweet-star им се допаѓа ова.
  6. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Ова е целосно точно. Големи виновници се и родителите што допуштаат нивните деца да се однесуваат така. Вие кажавте дека вашите не прават така и тоа е добро затоа што вие сте ги насочиле во животот и нивна работа е дали ќе ве слушаат или не. Но има голем број родители кои не го прават тоа за жал. Некои родители замижуваат пред се што прават децата и нормално детето си тера по негово пошто нема никаква казна или забелешка. Некои родители не се ни замараат што прават нивните деца и можеш често да слушнеш "фаза е ќе помине" или пак "нека проба ќе престане" . E таквите деца кои се "испуштени" од дома најчесто го прават ова што се пишува овде, а нормално има и кај нив исклучоци како и кај овие кои се поприбрани од дома. И не би рекол дека младината е полоша но во секој случај моралните вредности се и тоа како извртени. Пак ќе кажам...можеби не сум доволно "квалификуван" да зборувам затоа што може да се речи дека и јас припаѓам на таа младина зашто имам 21 година но ова го кажувам од горе долу искуства на мои познати или познаници на другари/ки
     
    На Taccka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    ......е само всушност огледало на возраснитеЗа пијанчењто , кој е повеќе виновен ?
    Дали малолетникот, или оној кој му го дал аклохолот?
    Исто за цигарите, за проституцијата и за дрогата во најлош случај.
    Малолетниците се секогаш навлечени на пороците од возрасни.Затоа мислам дека вината е во возрасните, во нивната совест, која денес речиси и не постои.Важен е само ќешот :cash: се друго отиде безтрага.Жално е колку млади се жртви на возрасните.Сме биле и ние младина, нашите родители не биле совршени, богати па ич, но повеќето од нив биле родители во вистинска смисла на зборот.
    Постоеше почит, спрема возрасните и тие ја заслужуваа, за разлика од денес.Секогаш постојат исклучоци и секоја чест за нив.

    Исто сум родител.Тоа го сметам за најодговорна должност.Не сум соврешена знам.Но исто знам дека секоја моја постапка, секој збор,ќе остане врежан во нивните срца.
    Затоа се трудам, давам се од себе, не очекувајќи ништо за возврат, да оставам после себе што е можно подобри деца.

    Затоа мислам дека се е до нас возрасните.Не само родителите, туку и државните институции.
    Посебно тие треба да ја зајакнат свеста кај младите.Место обложувалници, да градат библиотеки.
    Место кафичи ,домови на културата.
    Истите постојат но во кој одност.Десет обложувалници а една библиотека ? :?:
    Цигари и акохохол се достапни на секој чекор, па дури и дрога.
    Пред очите на полицајците се шетаат малолетници до раните утринки часови.
    Во средните училишта се оди на училиште во мини здолништа и шорцови, тетовирани, со пирсови со бричени глави. :x
    Кој е виновен? :?:
     
    На cresa-jagoda, eliesaab, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Damiana

    Damiana Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    За жал, денешната младина, мислам на тинејџерите и малку помалите, ги нема почуствувано убавините на жмурка, џамија, сакате ли војна, штркот бара боја и останати друштвени игри кои порано се играле по цел ден, децата биле пресреќни и тоа „за ич пари“. Главна забава денеска е натреварување кој ќе има поубав мобилен телефон, кој каде ќе се чекира, каква слика да се објави на фејсбук....
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mama2

    mama2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
     
    На Taccka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Сериозно :?: :?: :?: . Или по цело лето каде се тинејџерите,на фејсбук ваму-таму.Барем во нашата маала и во околните маали ти гарантирам дека од 17h до полноќ играме :D . Само наместо жмурка играме куку(мајтап,истата игра е,само ние различно ја викаме :rofl: ). Е сега не велам дека не седиме на компјутер и сл. Но ме нервира кога некоии повозрасни од нас викаат:Оваа малдина нема ова,нема она.Не ги знаат овие оние игри,само компјутерите ги знаат..
    А кога 50% е вистина,пола е лага :|
    Само нешто,знам дека ќе испаднам безобразна и не културна,но искрено треба да ви кажам.Дека вашите деца бетер ќе бидат :!:
    А и да ве прашам,сега за вие за денешнава младина викате,вака-така,затоа што вие некогаш кога сте биле деца ви викале,каква младина сте лл..Демек се се врти со ова тоа сакате да кажете :^)
     
    На Taccka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Е баш ова нешто треба да го знае секој родител, ама за жал во многу случаи го забораваат па како производ се случува младина како погореопишаната ;(
    Во акција на полицијата и родителите се случува следното: легитимирано 16 годишно девојче во 11 часот навечер и што е следно? Нејзиниот татко под итно се јавува во полиција за да се расправа:зошто моето дете сте го легитимирале, дали сте свесни каков стрес има таа сега од вашата постапка?
    Наравоучение: Родителите повеќе да си ги контролираат своите деца!!!!!!!!![/quote]


    А вака ќе си прашам што е толку лошо 16 годишно девојче да шета во 11, па и во 12 часот навечер?Јас со моите 14 си шетам до толку, па ете ништо не ми се случило, па ниту сум била во некоја опасност(скраја да е)Или треба до 9 дома да сме? Стварно вие родителите некогаш преувеличувате. :tmi:

    Инаку за денешната младина во која спаѓам и јас ете, немам нешто посебно да кажам.Јес да, ги има многу кои мислат дека пушењето, пиењето и затварањето на ноќните клубови и кафиќи е се' во животот .Исто и оние кои 24/7 дремат пред компјутер.Али има и онакви кои постојано шетаат, имаат најралични хобија, читаат книги, учат, постигнуваат успеси и сл.Еве лично кај мене е скроз ускладено времето.Преку недела додека сум на училиште денот го поминувам на училиште, 1 час учење, вежбање, тв, курс по англиски и спиење.И ако излезам преку ден.А викендот излезена сум по цели денови и гледам филмови.Кај друг е различно, кај мој школси е сосем трето, денот го поминува само на комјутер и изговор му е дека не припаѓа во оваа младина и се го нервира.
    Велите малите немале живот, уште од 4 години дремат пред монитор.А кај мене во мојаата маала брат ми и другарите не се прибрани дома, од утро до вечер ги мерат улиците со топка во рака.А вие да не очекувате и на 14/15 да играме лепчиња и жмурка навечер?Јас го изживеав тоа и мило ми е што до мојата 12 година бев како брат ми.
    И уште нешто, во ваше време зарем немало некои неморални кои излегувале од колосек и правеле неморални работи?Пример во генарацијата на мајка ми имало полно девојки кои се ку*вареле уште од прва и машки кои се пијанеле и пушеле.А иначе да напоменам учеше во една од најстрогите гимназии, за полабавите училишта да не зборувам.
    Сума сумарум, младинава не е отидена, отидени се родителите, т.е луѓето кои не знаат да се грижат за себе, а прават деца. |(
     
  12. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Денешната младина нема респект спрема никого. Сезнајни од секој аспект, не можеш да им кажеш дека грешат, совет не прифаќаат никаков. Родителите се 10000 пати повиновни што денешните деца се такви какви што се. Денешната младина е предвреме остарена. Кога ке дојдат до 25-30 години ништо нема да им биде интересно, се ќе им биде исто. Почнуваат со мода, шминка, пеглање, фарбање од 5-то одделение. Дечковци, а не симпатии од 6-то одделение. Цигари,алкохол, минич до под газе, танга на мегдан, а да не зборувам за други работи. Учењето им е на последно место итн. Меѓутоа мора да се напомене дека сите деца не се исти и постојат исклучоци. Примериве ги дадов од моето опкружување и од она што јас сум имала прилика да го видам. Пак ке напоменам сите деца не се исти и не се ставаат во ист кош.
     
  13. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Дали младината ќе има почит или не - пак зависи од домашното воспитување. А дека немаат детски игри - исто не е вистина. Точно - не играат ластик и народна - ние тоа игравме, но моиве играа граница летото, се развозуваат со точаците, одат да се провозат со ролери (ние возевме ролшуи).... Исто така се собираат по игралиштата и си муабетат - го правевме и ние тоа. Нормално дека ќе се сликаат и ќе ставаат "глупави" дакфејс или фишфејс фотки на фб, но има и многу симпатични фотки. Башка и ќе им помине тоа. И пак, како ќе го користат фејсбук, какви слики ќе поставуваат и какви коментари ќе даваат - и тоа зависи од домашното воспитување. Јас се противев минатото лето на задржување надвор до подоцна - но сфатив : лето е, никој не спие, децата се на сигурно во маало и се дружат. Нема ништо лошо во тоа.
    За учењето - па и тоа е од дома, а во голема мера мсилам дека и во училиштата критериумите се паднати на многу ниско ниво. Многу лесно се ставаат петки, па и оние деца кои би учеле повеќе - не чувствуваат потреба од тоа.
    А симаптии и дечковци? Па јас симпатија имав од прво одделение и немаше нешто лошо во тоа. Имав и еден, таканаречен, дечко во 5-то или 6-то одделение. Се држевме за рака. Тогаш на родендени игравме и танго. И тоа беше и е нормално.
    А за шминка и пеглање коси - па и тоа не гледам дека е страшно. Јас минатата година купив пегла за сите по дома понекогаш да си ја средуваме косата. И на тоа малото за некои прилики му ја пеглам косата. И нормално е да се сака убаво да изгледа. Тоа не значи дека е и непристојно.
    И аман со тие миниќите кои ги зборите. И мини сукња може да биде сосема пристојна. Многу е битно како ја носиш.
    Невоспитани деца имало од секогаши ќе има за жал, но не се сите такви. Луѓе без вкус и со извртени норми имало и ќе има. Младината е сега малку понапредна, о има и потешка задача: толку многу информации и филмови им се сервираат и навистина некогаш е проблем да се издвои она што е вистина, она што е умно и корисно. Тука е нашата задача како возрасни да им помогнеме. Но и ние понекогаш се губиме во тоа море и затоа не е лесно, но тоа е наша обврска, а и ние учиме со текот на времето.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Лично јас, многу добро си се познавам себе си за отприлика да знам како ќе ги воспитувам своите деца.
    Никогаш не би седнала како некоја мајка во пушална во кафич, да го чадам бебето. Како што гледам секој ден. (но, и не пушам)
    Никогаш не би седнала на гости со кафето пред мене, а детето низ куќата да прави лом, да ја опреврти цела куќа, без јас да се помдрнам, а домаќините да ме гледаат накриво.
    И уште многу други работи....!!!

    Јасно е дека не е лесно, такво ни е општеството, не е лесно денешно време да си родител, ама родителиве основните работи за децата не ги прават.
    Има деца едно фала не знаат да речат. Ни добар ден. Основна култура немаат.
    Ама кога ќе загледаш ни родителите не им се поарни.

    Не знам до колку законски е дозволено шетање на малолетници, но си има закон и секој кој е одговорен граѓанин ќе ги почитува.
    Во секое нормално општество сите кои се нормални, цивилизирани и културни ги почитуваат законите.

    Тука спаѓа и забрането точење алкохол на малолетни, забрането пушење по кафичите, итн.
    И секоја чест на оние кои ги почитуваат, преретки се, ама браво за тие исклучоци.
     
    На cresa-jagoda, vinozito1, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mama2

    mama2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    Законот не дозволува 16 годишна младина да излегува навечер во 11 часот без родител
    Законот не дозволува точење на алкохол на малолетни деца-вака е напишано по маркетите ама никој не почитува.Исто е и со продавањето на цигари.Не велам дека моето дете нема да пуши цигари или нема да пие алкохол, ама моја обврска е да надгледувам и ако не дај боже моето дете го направи тоа, моја обврска е да му укажам на последиците.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Значи да појаснам... во младина припаѓа СЕ ШТО Е ПОД 25 ГОДИНИ а не само оние 11,12,13 години...

    Сите светици испаднавме на темава. Да отворам профил на некоја што тука плука чекирање, дакфејс или сликање утрински кафиња гарант наоѓам бар една таква слика кај неа.[/quote]

    Воопшто не си во право за тоа. Секако дека тоа се млади луѓе до 25 години, но зарем ке споредуваш однесување на 14 или 15 годишен со 25 годишен? Па тоа се 10 години разлика девојко како може исто да се однесуваат? Еве јас сум скоро 23 и неможам ни да проценам точни колку е тоа голема разликата од пред 10 години. Може ли еден 25 годишен и 15 годишен тинејџер да се однесуваат исто и со ист памет да бидат? Разликата во размислувањето е огромна. Младина може да биде до 30 години но тинејџери се до својата 16 17 година.
     
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Женски

    Во право си за ќешот, па мене и не ме изненадува воопшто тоа, зашто како поминуваат деновите се повеќе знам млади кои продават од дома вредни предмети (накит,часовници..).

    И замислете, ќе продадат и за тие 500 евра
    (земам вистинит пример)
    потоа ќе одат низ дискотеките во М-ја нормално журки-ова она.А враќањето во 6 е нормална работа, а дома ако родителот појма си нема каде е детето :) Мислам дека родителите треба малку повеќе да се ангажираат во врска со децата,со воспитувањето, да му всадат морални особености.

    Ете и за библиотеките и јас тоа се прашувам :?:
    Денес ако те видат во библиотека или некаде на др. место каде што читаш книга нормално не си нешто во ред, а што фајде има од обложувалниците? Подобро некоја библиотека и домови на култура, да може човек да оди, да прочита нешто корисно, да се стекне со знаење.


    И со силвер целосно се согласувам. :!: Дури можам да кажам дека вашите мислења се едни од најдобрите што ги имам прочитано на темава, а и низ цела Фемина. :)
    Поздрав и до двете :hai:

    Да размислуваа сите како вас, подруго ќе беше...
    Ама за жал тоа е.. :emo:
     
    На Silver.E и vinozito1 им се допаѓа ова.
  18. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765

    Прочитај ја реченицата уште еднаш. Не споредувам ништо, не ни може да се споредува. Кажав дека ти на пример со 23 години спаѓаш во денешната младина, како што спаѓа и 14 годишна девојка што до душа таа е во денешните деца но тоа е. Луѓето овде ги коментираат повеќето што се помлади од 16. За нив тоа е младина. Младина е се што е под 25 години. Јас сум дел од младината со скоро 20 години, а и ти си. На пример зошто не ја коментираат нашата возраст?
    Не носи заклучоци и не осудувај пред да го прочиташ убаво моето мислење. И колку за информација јас сум онаа на форумот која е прва на листата што вели дека разликата во размислување на 13 годишен и 23 годишен е огромна. Некои велат демек имало 14 годишни размислуваат позрело а некои 24 годишни како деца се понашале. За мене тоа е чиста глупост. Можеби има некоја вистина ама во случај еден во милион.
    А да, и ако тинејџери се до својата 16-17 година зошто тогаш тука ги коментираат тинејџерите а не младината. Зборуваат за децата зошто не играле жмурки на улица а седеле на компјутер и бараат кривица во некого. Тоа се денешните деца а не денешната младина само оди разбери се.
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не е толку разликата во младината, колку во полнолетството.

    Има граница, пресек до 18 години, и тоа е тоа.

    Така, малолетните и законски се во посебна категорија и за нив си има определени закони и принципи.

    Ако некој 15 годишен може да пие алкохол, да седи после 12ч, ајде дајте му и кола нека вози. Зошто да не ?
     
  20. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Каде виде ти заклучок и осуда м? Тогаш нека го сменат насловот на темата. нека биде денешните тинејџери а не денешната младина. |( |(