Епилепсија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од katka-slatka, 4 јули 2010.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.552
    Епилепсијата колку што знам јас не е болест, туку тоа е состојба. Оваа состојба неможе да се излечи но затоа може да се спречува да не се случува често, или да се одложува. Оние кои сте соочени со ова пијте си ги лековите редовно, и проверете кои работи не смеете да ги правите, бидејќи ги има многу. :!:
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    5.470
    Пол:
    Женски
    Да, лековите е задолжително да се пијат. Бидејќи епилепсијата е неизлечлива, ако еднаш е дијагностицирана трае цел живот. Може да има периоди од неколку години без напади, но и тоа не е причина да се откажат лековите. Затоа што тие ја спречуваат преголемата екцитабилност на невроните.
    Е сега, има повеќе видови на епилепсија. Може да биде генерализирана или фокална. Фокалната е многу полесна. Се манифестира со вртоглавица и благо поматување на свеста. Засегнатиот не паѓа и се ова брзо поминува. Генерализираната е потешка. Може да се јавува преку ден, или на спиење.
    Воглавном од самиот напад не може ништо да се случи. Поминува за 2 минути. Битно е како болниот ќе падне. А есенцијална е како тој до него ќе помогне. Единствена најдобра работа што може да ја направи тој од страна е да го заврти болниот на страна, полека, без паника и да го придржува да не се врати на грб. Затоа што само тогаш може да го голтне јазикот. А да.. не се обидувајте во такви слчуаи да проверите дали е се во ред со јазикот (ако се реагира на време се е ок) затоа што во тие моменти болниот нема контрола врз мускулите и така јако ќе ви ги изгриза прстите, што крв ќе тече на велико.
    Првиот пат кога бев присутна на ваков напад кренав толкава паника што почнав да вриштам. Наместо полека да го завртам, јас толку го стискав што после кога се освести имаше ненормална болка во рацете, а потоа и модрици :$ . Ама бев многу мала. Сега се навикнав. Само неможам да престанам да плачам кога ќе има напад. Душата ми се кине.

    Како и да е... Најбитно е што може да се живее со ова.
    И знам да чукнамв о дрво и да речам:
    - Фала ти Господи што е на спиење па можам во секој момент да пружам помош. Затоа што има и полоши случаи
     
  3. uzas

    uzas Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ..
    мојот син боледува од епилепсија веќе 20 години. да не ви раскажувам каде се не и што се не се обидовме. последно беше операција надвор. сакам да прашам, како се справувате ви и вашите со сите пропратни ефекти - асоцијализација, агресивност, повлеченост, депресија.......... како понатаму?
     
  4. kankus

    kankus Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    277
    фала богу кај мене во мојата фамилија немаме ваков случај ........ама се соживувам со вашите трауми стресови незам што да кажам освен не очајувајте има мн луѓе што живееат со ова и функционраат нормално
     
  5. uzas

    uzas Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    da, da znam deka se funkcionira normalno. makata e sto kaj nas ovaa tema e bauk, ne smee nikoj da znae deka boleduvas od epilepsija. mojot sin pak voopsto ne go krie toj momernt no mislam deka toa mu e poveke kako inat kon site a ne kako objektivno prifakanje na sostojbata. celiot problem e sto toj skoro i da nema drugari, prijateli. ako se javi kaj nekogo pa da se vidat, na kafe i sl. inaku, normalno druzenje i komunikacija nema.
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.809
    Допаѓања:
    1.468
    баш скоро разговаравме со мојата матична докторка и ми каза дека НЕ СМЕАМ да не ги пијам лековите :!: , оти шансите се зголемуваат да добијам напад(ниту на најглемиот душман не му го посакувам тоа) оти додека закрепнував во Заводот за рехабилитација една зена после порагајот доби епилептичен напад , и се обидуваше да си го голтне јазикот ;( ама за срека не успеа во тоа :)
     
  7. MERUSHKA

    MERUSHKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ја изгубив најдобрата другарка

    Има ли некој искуство со посебна исхрана против епилепсија!? Зам дека глутенот е штетен за мозокот кај епилептицарите,шекерите нечинат,кравјо млеко,месо,потребни се масти ,јагленохидрати НЕ.
    Дали има подобрување,ја користи ли некој оваа кетогена диета?
    Кажете ми!?
    Керка ми има 5 год.До сега веке 3 год,сменивме два лека,првен Депакине ,сега Ламал но нападите се повторуваат :(
     
  8. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    102
    мајка ми ја има таа болест.но она има напади само пред да и дојде менструација.Редовно ги пие лековите...и морам да кажам дека помагаат. :!:
     
  9. MERUSHKA

    MERUSHKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Има ли некој кој што зема Кепра!? Како сте задоволни...!? Викаат дека бил најдобар епилептик!
     
  10. mamas

    mamas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    34

    Draga Katka-slatka. Jas sum zena sto cel zivot se bori so istiot problem i iskreno ima mnogu prasanja koi i jas ne gi znam. Epilepsijata ja mrazam cel moj zivot i edno kazuvam sekogas "Toa ne bu go preporacala nitu na dusman". Bev peto oddelenie spremna za da trgnam za vo skolo koga se sluci prviot napad. Tipicen napad na epilepsija bez mokrenje. Napadite se slucuvaa na nekolku meseci megjutoa gi imase i pokraj toa sto dobivav terapija se do treta godina sredno potoa prestanaa i za cudo imav naj normalno EEG. Vezbav i bev mnogu aktivna. Site doktori toa go preporacuvaat za da se oslobodis od stresot, bidejki nesmees da se nerviras. Doktorite pocnaa da mi gi namaluvaat lekovite i veke dojde moment koga jas ne piev lekovi voopsto. Imav 24 god. Megjutoa od moite ludi idei da drzam dieta i da sum slaba se onesvestiv od glad padnav na glava i imav potres na mozok. Napadite povtorno pocnaa no traeja mnogu kratko. Vo rok od tri godini jas ne piev lekovi povtorno. Se porodiv i imav dve mescno bebe koga mi se sluci sledniot napad. Toa bese pred tri meseci. Sakam da ti kazam deka znam so sto se soocuvas, i potpolno te razbiram. Znam kakvi se reakciite na lugjeto okolu tebe i znam deka te gledaat razlicno od site drugi. Jas se soocuvam so toa cel zivot. Duri deckoto sto trebase da me bara za zena me ostavi poradi toa. Ili mozebi mu bese izgovor. Megjutoa nie site sme isti, i sakam da znaes deka iako imas epilepsija seto toa so lekovi se kontrolira. Jas imam slatko bebence koe sega e sest meseci i fala mu na Bog zdravo e i se e vo red so nego. Nasledno nemoze da bide, takvite slucai se mnogu retki i so tek na vreme ima lugje koi gi ostavaat apcinjata zasekogas. Jas ti go posakuvam istoto i na tebe. Mnogu backi i guski za tebe, ti posakuvam se najubavo.
     
  11. mina-mina

    mina-mina Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Доколку некој сака подетални информации за оваа болест...нека ми пише порака... Многу деликатна тема
    :(((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((
     
  12. abba

    abba Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Znaci dokolku imash eden napad nemash epilepsija tie se slucuvaat i od alkohol, od lekovi prepisani za drugi sostojbi... sintomi na epilepsija se grcenje na muskulite ,gubenje na svest ,custva na strav i deja vu, setilata slabo funkcioniraat, i golemi glavobolki posle napadot. Pienjeto alkohol e zabraneto i zadolzitelno se davaat terapii, odlicno e dokolku ti pomagaat bidejki ima mnogu zaboleni od epilepsija na koi potesko se otkriva vistinskata terapija. Obicno napadot trae mnogu kratko po nekolku minuti. Epilepsijata kaj poveketo e nasledna osobeno kaj decata i tinejdzerite. Obicno ne pravi narusuvanja na mozokot osven fokalnata epilepsija za koja treba da se izvrsi sken na mozokot. Se javuva kako rezultat na: abnormalnosti na mozokot, nedovolno kislorod pri raganje, infekcii-meningitis, mozocen udar, tumor na mozok.. Napadite kaj 70-80% se namaluvaat i celosno isceznuvaat no zavisi do vidot na epilepsijata i delot na mozokot koj e zafaten. Za toa se pravat EEG test koj pokazuva koj del od mozokot e zabolen i koj vid na epilepsija go ima a CT sken se pravi dokolku se smeta deka se raboti za fokalna epilepsija. Zaboleniot treba da izbegnuva planinarenje i plivanje isto taka pricina za napad moze da se i svetkavite svetla vo disko i sedenjeto pre kompjuter bez odmor zatoa sto ekranot svetka iako nie ne go primetuvame toa, isto taka napadi mozat da se dobijat i ako ne ste spiele dobro prethodnata vecer i poradi konzumiranje na alkohol. Se nadevam ke ti bidat pomos ovie informacii i ke vnimavas na sebe za da ti iscezne epilepsijata.

    [mod-kirilica:2sgqft0d][/mod-kirilica:2sgqft0d]
     
  13. Aurelia-Aurita

    Aurelia-Aurita Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    39
    Ве исчитав сите и по долго размислување решив да споделам и мое лично искуство. Вие, драги мои немате поим колку сте среќни што сте под контрола. Јас епилепсијата (окципитален дел) ја имам цел живот,од раѓање, а нападите не ми се контолирани, иако сум под терапија (секаква можна досега). Сум била кај секој можен доктор во Македонија а од дванаесетгодишна возразт па се до овие мои шеснаесет години кои ги имам нападите ми се интензивни, повеќепати во месецот без разлика на фактот што во овие пет години не сум пропуштила ниту една таблетка. Како и да е, не би рекла дека болеста ја мразам од причина што тоа нема ништо да промени, нити пак ја чувствувам како некој личен хендикеп. Луѓе кои се сосема здрави умираат од глад, жед, а ние пак со еден мал недостаток, на интернет разменуваме искуства :) . Едноставно животот има и добри и лоши особини, и мора да ги прифатиме недостатоците кои доаѓаат со него.
     
  14. unwritten

    unwritten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Здраво. Ја исчитав цела литература на оваа тема, но сакам да видам и кое е вашето мислење.Имам другарка која има напади, но сеуште не и е дијагностицирана епилепсија. Во рок од неполн месец има добиено 5 напади. Првиот беше на одмор, рече дека не и е добро и наеднаш се сруши. Немаше свест цели 10 минути. Лекарите и велат дека е поради сонцето или исхраната, но се исхранува редовно а на сонце беше најмногу 15 минути кога го доби нападот. Веднаш си дојде дома, направија испитувања во Скопје и и рекоа дека нема ништо, а се онесвести уште 4 пати. Последниот напад го имаше вчера вечерта. После еден месец седење дома, излезе и падна по скали, од првата до последната скала. И се згрчи мускулатурата и лежеше без свест цели 10 минути и никако не можевме да ја свестиме. Дојде брза помош. Кога се свести почна да се треси, но немаше пена. На болница ја задржаа околу 1 час и ја пуштија дома. Велат дека не и ништо и одбиваат да веруваат дека можеби има епилепсија или некоја друга состојба. Ве молам кажете ми што мислите вие за овие напади. Дали станува збор за епилепсија ?
     
  15. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    36
    Значи за да се дијагностицира епилепсија треба да се направи електроенцефалографија ЕЕГ ( безболен неизвазивен метод) ништо страшно и не е штетно, така да бидејќи и јас имав една другарка која имала напади скоро отсекогаш а дури во средно им текна на докторите да и ја снимаат главата и и дијагностицираа епилепсија јас препорачувам да си отиде девојчето на лекар на невролог и да виде што е проблемот оти и да не е епилепсија можеби е нешто друго, мислам сигурно не е ништо страшно ама сепак треба да се провери затоа што ете како што кажа ти паднала по скали и можела да повреди и ако не се спречат нападите може од пад да се повреди...
     
  16. MinaHope

    MinaHope Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    По лекари сум веќе еден месец, ми се слошува од никаде во рок од 5 секунди, во тој момент само барам место некаде да седнам, зашо до сега само еднаш имам изгубено свест скроз. Стојам и ми се гади, ми се тресат рацете, осеќам некоја жештина во главата и почнуваат се повеќе и повеќе црни точки да ми се прават пред мене. Но ќе седнам ке ме шлапнат со вода и полека се смирувам. Ова ми се случуваше на некои 2,3 месеци само, а сега овие последни 2 месеци ми се случи 5,6 пати. Бев на лекар крвна слика напраив, добра е. Срцето добро ми е. И сега пред 2 дена правев ЕЕГ и вчера ги земав резултатите. Бев со резултатите кај неврологот, имам бавни но остри бранови во мозокот. Ја потпрашував да ми објасни што како, но ми рече ајде прво да направиме и магнетна за да се осигураме и ми напиша упат за магнетна... поима немав за што збори и ги земав резултатите и отидов кај матичната. На упатот пишува снимање за: MNR на мозокот до (неможам да разберам, докторски ракопис...) за епилепсија. Матичната ми објасни дека тие остри бранови може да се од нервоза, некое хормонско пореметување или пак знаци за епилепсија. Имало многу видови епилепсија, со упатот за на магнетна ке се осигураме дали стварно е тоа.... иначе ми препишаа веќе ламал и почнав да ги пијам вчера. Дали симптомиве мои би можеле да се знак за епилепсија? :/
     
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    5.470
    Пол:
    Женски
    Има знаци на абсенс (посебен вид на напад, каде нема класични знаци, туку болниот нагло ја прекинува активноста, свеста може а и немора да се изгуби, а активноста по прекинувањето на нападот продолжува како ништо да не било). За време на ваквиот напад погледот е вкочанет, безизразен, вилиците се стиснати и пропратен е со треперење.
    Ако не дај Боже дијагнозата е епилепсија, ќе си ги пиеш апчињата редовно (Ламалот патем се многу добри, многу ги редуцираат нападите, само на неколку годишно). Дозата би ти ја одредиле во зависност од типот и честотата на нападите.
    Само не мора да значи дека ова е епилепсија. Еден напад не значи дека ја имаш.
     
  18. MinaHope

    MinaHope Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ќе видиме на резултатите од магнетна. Од кога се онесвестив пазам... осеќам кога ми доаѓа тоа лошото. Ми се слошува одеднаш и веќе тука не регистирам, гледам да седнам само некаде. На пивофест бев и во гужвата ми се слоши и седнав доле на земја, зашо немаше каде и ми се смирува полека. На автобуска еднаш така ми се слоши, се изгубив цела ама не паднав другарка ме носеше за рака да седнам некаде, зашо од шо имав црни светкави точки пред мене, не гледав каде одам...
     
  19. Aurelia-Aurita

    Aurelia-Aurita Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    39
    Веќе еден месец сум на политерапија и единственото нешто што не ми се допаѓа е што пијам 5 таблети на ден вкупно. Нападите се редуцирани, но не мислите ли дека е премногу?
     
  20. eva11

    eva11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    679
    имам и јас близок случај на епилепсија конкретно апсанса ако има некој информации за неа нека пише
    имено првите 15 дена пиеше 1/2 апче наутро и 1 навецер нападите се изредчија но не изчезнаа после тоа по препорака на лекар почна 1наутро и 1навечер и нападите скроз исчезна еве веке 3 цели години како нема напад а терапијата е усте иста па на наредната контрола за 2недели очекувам дека ке се намали терапијата
     

Сподели ја оваа страница