1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да си помогнам?

Дискусија во 'Брак' започната од SlucaenMinuvac, 27 јули 2015.

  1. SlucaenMinuvac

    SlucaenMinuvac Нов член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, јас сум нов член на форумов, си имам мака и се надевам дека може да ја споделам без да сум осудувана и дека ќе добијам некој совет.
    Имам 23 години. Кога имав 20, се запознав со дечко ми и по неколку месеци ме побара за жена бидејќи врската ни беше ужасна и од страв да не ме изгуби, прифатив да живееме заедно.
    Но работите почнаа да се влошуваат, тој до тогаш немал девојка и незнаеше како да се однесува со мене, ме правеше љубоморна, ме навредуваше, се однесуваше гадно и очекуваше да живееме патријахално, а неговите цело време замараа кога ќе имаме деца, и како јас треба да работам по дома, и други работи.
    Но тоа се среди бидејќи го натерав да се запише на факултет, да смени начин на размислување па се беше подобро. Со тек на време се оддалечи од сите што му ја полнеа главата и се беше супер додека пред 9 месеци не останав бремена..
    Направив тест и позитивен...Му кажав на мм (само што се регистриравме) дека ми е рано и дека пред 30 несакам да чујам за дете, но ми кажа дека ќе ме остави ако абортирам и пак неговите ги замеша.
    Поминаа 9 месеци, се истрауматизирав и откако се породив сум во депресија, неможам да се помирам со ситуацијата, немам поддршка од никого, се осеќам искористено, ги имам сите симптоми на пост породилна депресија но не е само тоа, уште пред тоа бев тажна..Ве молам за совет, што би правеле вие?како да се вратам во нормала? Не ми се живее, си го сакам стариот живот! Што е најдобро? Знам дека има и други што родиле на 23, инаку ке продолжуваме со учење, при крај сме, финансиски сме ок, но ве моалм совет...
     
  2. vol6ebni4ka

    vol6ebni4ka Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    19
    Овде можам само да ти речам дека стар живот веќе нема , имаш дете како прва најбитна работа.
     
    На the drummer и angelche16 им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.426
    Мислам дека воопшто нема потреба да се коментира ако се нема ништо конструктивно да се каже особено не за сериозни ситуации...
    За темата најдобро е прво да се обратиш на матичен лекар или на матичниот гинеколог и да кажеш како се осеќаш и твоите сомнежи за постпарталната депресија бидејќи не е воопшто за занемарување, мислам дека тоа ќе биде првиот чекор за како да си помогнеш да се чуствуваш подобро. Понатаму лекарот најверојатно ќе те прати кај стручно лице психолог или психијатар каде ќе ја добиеш потребната помош дали во форма на сеанси, совет или терапија. И воопшто не е вистина дека стар живот нема, моментално ти си во транзиција и имаш премногу измешани чуства плус хормони така да ти треба малку помош од страна за да се нормализираш, а потоа се ќе си дојде на место. Најдобро би било покрај стручната помош да побараш помош околу бебето и од твојта мајка евентуално друга поблиска личност за да ти помогне околу бебето додека не почнеш да се чуствуваш подобро. Најдобро е да сфатиш дека не си единствена што се чуствува така по породување секој различно го пребродува тој период, секако дека ке имаш други обврски околу бебето но тоа не значи дека комплетно се е променето на пример што знам можеш да ги викнеш другарките на едно кафе, само не треба да се откажуваш тука да сфатиш дека оваа е само моментална состојба и не е воопшто страшно да побараш лекарски совет за тоа што те мачи.
     
    На Bogoeska B, anel, stefanija70 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Помири се со состојбата прво заради себе, потоа повеќе и заради бебето што побрзо тоа подобро. Знам може е тешко, но не и невозможно. Со желба, трпение и волја полека поправај си ги мислите. Како би ти било тебе доколку твојата мајка не се грижела на времето за тебе? Бебето не е виновно за ништо дотогаш, но е добар поттик понатаму да си го средите односот во бракот. Тоа заслужува несомнено безусловна љубов, не трауматизирања. Оставете се настрана, најголема грешка е да се живее во она што било и прошло! Цени го сегашниот миг и се од себе дај она мало суштество кое се одделило од твоето срце и душа да е среќно. Доколку состојбата е неменлива тогаш подобро на стручно лице обрати се. Се најубаво. :)
     
    На anakonda88, Bogoeska B, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Во целост се слошувам со Lotus и Violetblue. Како утеха и на 33 да си родела тие чуства постојат на почетокот, си го сакаш стариот живот, но сврти се кон иднината, иднината на тоа бебенце. Посвети се и бори се да расте во сложно семејство значи ти, сопругот и детето. Колку можеш одалечи родители се разбира во нормални граници, но не дозволувај да станеш зависна од нив ( за мислење, помош итн.) Како се чуствува сопругот сега со новото бебе и со тебе? Ако двајцата се посветитие на формирање на здраво сложно семејството и тоа ви е водилка ќе биде се ок. За сеткање секако нема да шеташ ко порано но не е дека нема да шетач ич.
    За депресијата...и јас цело време мислам дека ја имам, но како помува времето ќе ме фати кратко па после сум ок...и така тие денови се се поретки па не сум се обратила на док. Искрено немав подршка инаку ќе се обратев. Па одлучи сама за тоа.
     
    На stefanija70 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Здраво :f:
    Јас би ти препорачила јога. не знам зошто, ама мене многу ми помогна уште повеке да се освестам во времето и просторот, и да бидам посрекна за моето постење.
    а за малото честики :hug:
    Ех да знаеш како ни е на нас од темата Вештачко оплодување.
    Мора да се свестиш, да видиш каде си и, и да ги согледаш сите позитивни страни на животот кој ти ги нуди.
    Верувај, ги има многу повеке отколку што ги гледаш во моментот :sun:
     
    На okcenzi, Pacient srna и stefanija70 им се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас ќе ти препорачам да одиш на некој психолог. Можда ќе ти помогне.
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Ако станува збор за депресија мораш да пиеш антидепресиви препишани од лекар. Така најдобро ќе биди и за брзо ќе се вратиш на нормалниот живот и ќе можеш повеќе време да му посветуваш на бебето и ќе си го засакаш повеќе :)
     
  9. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    Вечерва се најавив на форумов со цел да најдам тема во која би го опишала и мојот случај (сличен на твојов) за кој досега не се решив да пишам на форум.

    Мислам дека темава е најсоодветна. @SlucaenMinuvac извини шо ти улетувам во тема без конкретен совет, но шо знам добив желба да пишам па можеби ќе бидеш потсмирена кога прочиташ дека има некоја и со побетер судбина од тебе.
    Имав дечко со кој се фатив 3та година средно. Го сакав, тој препркрасен. Карактер,однесување,вљубен до уши во мене, се океј. Бев невина. Во 4та средно имав секс со него. Убаво ни беше. Но, летото односите ги оладивме (јас ги оладив). Некако многу почна да ме напнува со нонстоп гледање,гушење....преку глава ми дојде. Му раскинав. Негде Јули беше. У меѓувреме се запишав на факултет. Имав големи соништа. Тој цело време сакаше да ја обновиме врската,но бев цврсто решена за крај. Одев на факс. Запознава нов дечко кој го засакав ептен а и тој мене. Прв пат у живот мислам дека волку исполнета бев. Ептен се приврзавме. А овој бившиот пак сакаше да се опраиме ама не инсистираше ептн веќе. И знаее шо??? Сите овие убавини, за да на крај Господ ме тресне така силно по глава што еве веќе скоро 2 години подоцма уште неможам да се помирам со ситуацијата. Значи пред да раскинам со првиот дечко тој сум останала бремена од дотичниот , но дознавам во 7месец од бременоста!! Редовна менструација ,бебе не мрдаше, стомак не растеше. Замислете каков шок ме мавна кога дознав? се онесвестив.. ми идеше да умрам луѓе!! Имав повраќања во текот на целото ова дешавање бев на лекар но упорно добивав инфузии инекции и безброј антибиотици. Бившиот среќен шо ќе му бидам жена, јас и тогашниот дечко скршени од болка. 300Проблеми за 1минута. Незнаев од кај да почнам ,животот да си го средувам.
    Да Ја скратам дешавкава, сега сум мажена за таткото на детето. Детето е 1ипол година. Здраво ,живо,најпаметно и најмило на свет. Но јас не баш среќна. Оној што ми беше дечко кога се се деси скршен од болка.. помина скороо 2 год,а тој уште ме сака. Уште неможе да се помири. Уште ме сака назад кај него. Морам да бидам искрена , го сакам и јас. Многу го сакам. Но сеуште немам направено ништо што нетребА. Се воздржувам и јас а и тој. А на маил и фб уште пишеме, уште нашите најблиски заеднички пријатели секојдневно го гледаат депресивен ... факултетотт ми е во мирување. Кога се омажив ми вети дека ќе идам на факс,но сега несака. Се плаши од другиов да не го сретнам... незнам до кога вака. Сакам да го довршам факултетот, сакам да си ги остварам соништата.... немам сила веќе за ништо луѓе.. фала му на бога барем шо е здраво и живо детето. Незнам како животот вака ќе го терам. Како..кога другиот го сакам..кога најубаво ми беше со него... ижаж 21 год.
    Кој има трпение да ме исчита може и овде и лп да пише. Сечија поддршка ми е добредојдена.
     
    На Matea212 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Разведи се. Што не е јасно?
     
    На Twins2007 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да посетиш психолог, подобро ќе ти биде. :)
     
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Не е се така лесно разведи се.
    Ако ти го сакаш тоа и не чуствуваш ништо кон маж ти ако имаш поткрепа и покрив над глава од твоите еве и разведи се.
    Ама мислам дека не е се така лесно плус имаш и детенце кое притоа не е воновно за вашите сплетки. Не би да навлегувам во подеталните работи ама мој совет.. би ти рекла и ради тебе и ради детенцето да поразговараш со маж ти да пробате да најдете некоја средина..компромис да се средете да го заборавиш бившиот и ете да почнете нов живот со мажти и детето. Ипак си многу млада животот е пред тебе а пред се треба да мислиш и за детенцето. И да најдобро е да си посетиш психолог сигурна сум дека ке ти помогне. Ако сакаш пиши ми во лп.
     
    На mila101 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    @mila101
    Најважно од се' во животот е да си среќна. Направи го она што ке те прави среќна. Ако се разведеш ке бидеш посреќна, а ако не се разведеш, како мислиш да го поминеш животот со човек кој не го сакаш? Како ке живееш со некого сакајќи друг?
     
    На mila101 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Разводот не е толку едноставна постапка, како да фатиш дечко и ај раскини му утре.
    Мора најпрвин девојката да ја објасни ситуацијата на некој поблизок, на пример на родителите, брат/ сестра вујко стрина, на некој што може да верува, да се потпре и да биде сигурна дека нема да ја осуди за постапките.
    Друга работа, сигурно ќе налета на заканување од нејзиниот маж дека ќе и го земе детето и ќе ја удри онаму кај што најмногу ја боли. А она беспомошна и сирота сакала или нејкела мора да трпи. А овој маж и ќе глуми жртва.
    Дали е сигурна девојката дека тој што го сака е спремен да се бори? Што ако се предаде? До кај е подготвен да оди?
    Овде има многу работи на кои треба да се мисли од претходно а не да седне на маса и оп сакам развод. Мора да биде сето планирано и најпрвин да се разговара со најблиските за кои не знам како би реагирале, посебно родителите.
     
    На mila101 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сакам само да Ви дадам еден совет од моето долгогодишно животно искуство,едно кратко објаснување за тековите на животот кое се разбира дека нема да го разберете исто како кога бев и јас млада па ми збореа постарите а јас се прашував што ламотат старциве.
    Најпрво да ви кажам дека останав трудна на 18 год и се омажив и незнам што е младост-лудост ама знам што е борба за опстанок,кога моите другарки одеа во дискотеки и менуваа дечковци ,јас менував пелени,само тоа време небеа за една употреба тику ги перев на рака...ај да не ја тупам!
    Во животот на секој човек ќе има периоди кога ќе се прачува дали е нормален,луд,зошто е несреќен,кога ќе мисли дека љубовта е вечна,дека другите луѓе се посреќни, кога ке ве маваат црни мисли и депресивни срања,кога ќе го колнете денот што сте се родиле и др.посрани емотивни дефекации.....
    Епа деца мои,косата не побелува бадијала,затоа буткајте го животот каков и да е,ден по ден,падни стани,не се предавајте,мачете се и плачите ама дишите и не престанувајте,ништо не е вечно-САМО ЉУБОВТА КОН СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ Е ВЕЧНА И НЕМОЖЕ НИКОГАШ ДА ЗГАСНЕ И ЗАТОА СЕ БОРИМЕ И МАЧИМЕ ВО ЖИВОТОТ
     
    На Едно Чупе, love.a7x, mila101 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    @SlucaenMinuvac и @mila101 и двете сте среќни жени - покрај Вас имате мажи кои што Ве сакаат, а и двете имате прекрасни бебчиња!!! Е, сега имате и по некој проблем, но не може се во животот да биде идеално...

    @SlucaenMinuvac мислам дека ти си во пост породилна депресија... Твоето размислување за дете по 30-тата, а го имаш на 23, во многу допринело да се најдеш во сегашната ситуација... Но, треба да ја прифатиш реалноста на моментот, па да се помириш со настанатата ситуација. Колку побрзо го прифатиш сегашниот живот, таков како што ти е сега, толку побрзо ке се чувствуваш подобро...
    Но, со ред, си се решила на заеднички живот со мажот ти, значи дека постоела голема љубов... Не почнуваме заеднички живот со некој што не го сакаме најмногу на свет!!! Сте се регистрирале пред да откриеш дека си бремена... Значи, почнал да ви тече „брачниот стаж“!!! Како си можела да очекуваш да те „охрабри“ во твојата желба за абортус??? Нели секојдневно слушаме за жени кои неможат да затруднат... Сигурно се плашел истото понатаму, да не Ви се случи и на Вас... Си успеала да го оттргнеш од тие што негативно влијаеле на него, се запишал на факултет, добро сте ситуирани... И згора на се имате прекрасно здраво бебенце!!! Значи ти си среќна жена... Имаш се!!! Потруди се да гледаш на животот од убавата страна, гали си го бебето и гушкај си го мажето... Пост породилната депресија „ке попушти“ под твојата јака желба да им пружиш љубов на тие што тоа го заслужуваат и бараат од тебе!!!

    @mila101 твојата ситуација е позамрсена... Но, и ти имаш бебе и маж кој што те сака... Но, ти имаш и „дечко“ кој што многу го сакаш, а и тој тебе те сака... Се допишувате на ФБ, на мејл, а заеднички пријатели ти кажуваат дека е депресивен... Сеуште не си го изневерила мажот ти со дечкото, ама се допишуваш со него... И допишувањето е еден вид на изневерување... Плус со пријатели зборуваш за него!!! Епа, како мажот ти, кој што од секогаш те сакал, да не биде љубоморен??? Сигурно некое гласче му „шепнало“ за твојата врска со дечкото... Но, ако толку многу те сакал тој дечко, зошто не се борел за тебе, зошто дозволил да те изгуби??? Зошто, кога си открила дека си бремена не те побарал за жена??? Можеби детето во тебе или вашата врска, која во тоа време била кратка, само неколку месеци, го спречило во тоа!!! Затоа, сега не е фер ти и дечкото да контактирате позади грб на мажот ти!!!
    Нај фер ке биде,ти самата да размислиш - како понатаму??? Дали со човекот што те сака ( а и ти порано си го сакала) и твоето бебе или со дачкото кој што сеуште се сакате!!! Но, знај ако го одбереш дечкото, твоето дете ке биде најголема жртва во ситуацијата!!! Не е исто да растеш со вистинските мама и тато или со мама и некој чичко или тато и некоја тетка!!!
    @baba Rada многу убаво напиша
    Но, можеш да ја одбереш и опцијата развод... Ти си млада и животот е пред тебе!!! Заслужуваш да живееш со оној што го сакаш!!! Само првин спреми се за многу непријатности, а и солзи... Поголема е веројатноста старателството над детето да го добие мажот ти...
     
    На MilaP, joy1, mila101 и 4 други им се допаѓа ова.