1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како машките преболуваат разделби по долги врски?

Дискусија во 'Разделби' започната од mime87, 24 јуни 2013.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    4.767
    Пол:
    Женски
    Значи се натпреваруваат кој повеќе ќе се изглупира, додека смртта не не раздели...:wasntme:

    Иначе на темава, ко и секој друг проблем што го решаваат, со бегање од проблемот. (highfive)
     
    На sino.o.oka и bicycle им се допаѓа ова.
  2. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Па не е баш така. Поточно не е воопшто така. Секако дека зависи од човек до човек, но под претпоставката дека треба да преболат, подразбирам дека сакале, и тоа онака, вистински. Во спротивно, нели, нема што да преболуваат.
    Маж не може да преболи жена никогаш и никако. Маж кој сака, нема шанси за две недели, десет месеци, а веројатно и со години да ја замени жената која ја сакал со друга. Се друго, што е ‘преболено’ верувај не било ни вистинско, било некаква потреба од некој вид на задоволство (лично или општествено) кое го побарал мозокот. Постои една збалуда, кога ќе слушнеш ‘ја сакав, ама се оладив после некое време’ ! Не друже, не си ја ни сакал, туку некој физички дел од тебе посакувал нешто кај неа. Или другата заблуда, као срцето не бира па сега сака една по два месеци друга. Ова е индиректно или делумно точно. Срцето бира само еднаш или никогаш. А мозокот ви создава илузија дека срцето наводно ‘сака или бара’ некој(а). И мозокот ќе ве натера да верувате во тоа за тој да си ги задоволи потебите, од која и да се природа. Ова е тешко да го препознаете на почеток, но, ако ви се случи ‘да се оладите’ или да мислите дека сега срцето бара друга, тогаш, за жал касно, ќе сфатите дека сте биле во заблуда.
    Вака разграничено, само ќе кажам, дека сакање од срце и губење на вака саканата, маж никогаш нема да го преболи, ниту пак може да сака било која друга.
    Преболувањето кога ќе се појави друга во животот, е само доказ дека вашиот мозок си нашол замена, па нема потреба да ве држи во ‘агонија’, а тоа, нема благе везе со сакање.
    И сега дали бегаат или не од проблемот не знам. Замисли ако е проблемот да речеме, ти кажува дека почнува со друг? Како ќе го решаваме овој проблем? Физички? Ќе идеш и ќе ги прекршиш од ќутек? Ќе молчиш? Ќе и дишеш у врат? Или машки ќе ја поднесуваш болката?
     
    На little women му/ѝ се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    4.767
    Пол:
    Женски
    Прво, откаде сега ова и зошто, после се останато.
     
  4. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Тоа е само еден пример на "проблем" и некои од можните решенија, може да додадам евентуално да чекаш нешто. Понетата на примерот беше дека за некои работи, или проблеми, едноставно нема решение, односно решнието е да си ја поднесеш болката машки што би се рекло. И таквиот случај не би можел да го ставам во категорија на проблеми од кои мажите бегаат.
    Ако разделбата е од други причини, и сакањето од страна на мажот било вистинко, можеби ќе има начини да се реши нештото, но генералното прашање на топиков беше кака преболуваат машките разделби после долги врски, и затоа се задржав само на тоа. Вистинката љубов нема да може да ја преболат никогаш, верувај. Другите "мозочни" љубови, ќе ги преболат со првата следна прилика, ден два месец шест ... ама ова е одлика на многу, да не кажам сите луѓе не само на мажите.
     
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Многу романтизираш и драматично ги доживуваш работите. Животот не е филм, туку реалност. Се во животот се преболува и се заборава, човек додека е жив може да се заљуби повторно и повторно. Точно е дека љубовно разочарување боли и ќе патиш, година, две, пет се додека не зацелат раните, ама таа особа што те повредила дека вечно ќе ја сакаш и такви размислување ќе завршат во моментот кога срцето ќе ти го освои некоја друга особа. Не си го правете тоа себеси, вечно ќе сакале некоја, бреејјј, како да не бе.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Токму тоа и го кажав, многу "љубови" се преболуваат, порано или покасно. Но, ако те стрефи вистинкса љубов, нема шанси да ја преболиш или пресакаш или под било кои услови да се оладиш. И тоа можеш да го препознаеш по неолку атипични работи, на пример, ти се враќа после 10 години со 2 туѓи деца, и ти се пресреќен што сте заедно, ги прифаќаш децата и си го терате рестото од животот хепи.

    Многу женски сум "преболел", сум се оладил, ми поминал интересот, верувам дека исто било и од другата страна, каде побрзо каде полесно каде потешко, real life, не е филм. За жал.

    Но, бек то д топик, машките вистинската љубов никогаш не ја преболуваат, а се друго многу лесно и брзо ќе преболат, со првата прилика. Ако времето на преболување е да речеме, 100% , во првите 20% ќе се фалат дека откачиле некоја, дека се конечно слободни а веќе имаат таргет во мислите, од 20-40%, ако лупнат статива кај новите таргети, добиваат нагон за да се вратат во зоната на комфорот, и ќе ги пукне луксуз да пишат, да се јават, да исценираат некако да се видат повторно, да направат степ бек. Ако ја оплескале толку работата и налетаат на ѕид, е тогаш може да почнат да се лигушат, да кукаат, да симнуваат ѕвезди од небото... и тука ако не успеат, ќе им биде дабл импакт следните 40-80% од времето и сериозно може да си патат. И некаде за 3-4 месеци, најчесто преболуваат. (% може да се замени до денови на пример) Ако во било кој момент се појави некоја "супституција" врмето на преболување веќе не постои.

    Ова е генерален одговор на темата. Исклучоци постојат и ќе постојат, но верувам дека барем едно 80% од машките може да се стават во наведената шема на преболување. Со исклучок, еве пак ќе речам, на вистинската љубов која нема време на преболување, затоа е и вечна, и верувај постои.
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    4.767
    Пол:
    Женски
    Можда.
    Ама исто и не може да се генерализира.
    Може една личност да се издвојува од другите, точно.
    Но тоа не значи дека и другите нема да ти бидат драги и дека нема воопшто да има чувства во тие врски.
    А и не знам колку е тоа фер према другата личност, да се влегува во таков однос, освен ако не е однапред договорено и обострано согласно.
    И да, бегање од проблеми и себично е и тогаш, ако се влегува без чувства свесно.
    А и постојат и такви односи каде имало љубов и од двете страни, и си мислел дека никогаш нема да бидат преболени па па на крај пак биле преболени.
    Значи, индивидуално и субјективно е.
    1000људа, 1000чуда.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На Cyclop му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    По вистинито не знам како да го кажам!
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dehtra

    Dehtra Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    12
    После долга врска разделбата би личела на развод. Само има и ладни луѓе зависи кој како го сватил светот.
     
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Тешко,многу и тоа...

    Поминаа 10 години од кога се омажив.
    Мојот последен човек во мојот живот пред да се омажам,сеуште не успеа да продолжи со животот.

    Беа тоа долги години на љубов ама залудно, и не доволно силно за да се остане заедно.

    Се среќаваме многу ретко,на прсти се бројат средбите од кога јас продолжив со својот живот.
    И секој пат го има истиот поглед,поглед полн со тага и жалење.


    Пред некој месец,сосема случајно,стар познаник а негов добар другар ми кажа :" Tи успеа да продолжиш но тој остана во минатото, после тебе имаше некоја авантура но ништо посебно. Кога го прашав зошто сеуште не се остварил како сопруг и татко ми кажа - Со никоја освен со неа неможев да се замислам,сеуште мислам на неа и се чудам можно ли е после се да остана дел од мене "...

    Од таму знам....
    Ако било силно,многу силно преболуваат многу тешко.
    Скоро никогаш.
     
    На harizmaticnana и Cyclop им се допаѓа ова.
  11. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Токму ова го кажував, благодарам за примерот (не е единствен)!
     
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    4.767
    Пол:
    Женски
    Премногу романтизирање. Оваа идеја да се сретнете по 20години ми била занимлива во тинејџерските години/ рани 20години, ама веќе не.

    И не викам дека нема вакви случаи.

    Ама во овој случај ќе биде подеднакво исто и за двајцата тешко да се заборават, и се дешава БАШ ретко, да не речам еднаш во живот, поготово денес.

    Не само едниот да пати цел живот, другиот да си продолжи со животот.
    Штом едниот успеал да продолжи а другиот не, тоа не е тоа, и навлегува и во токсичност и неразрешени ствари, дал во односот, дал сам со себе, а потоа секако и превише идеализирање на истиот.

    Исто викам и дека има премногу изгубени души што им треба таа идеализирана верзија на "реалноста". Но реалноста е дека не секогаш е така.

    А и постојат случаи каде по свој избор од тотално други и неповрзани причини од (читај ожалостеност) сами се одлучуваат така да живеат.

    И сега што, едниот/фем/хом фатал ќе си биде среќен во брак, а едниот сам и ожалостен до крај на животот (да и ова не е нималку штетно за егото на другиот бај д веј) .
    Абе дај, освестете се и не романтизирајтеи идеализирајте токсичности.
     
    Последна измена: 18 јануари 2024
    На Selena01, Guns N` Roses, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    8.786
    Пол:
    Женски
    Зошто те интересираат работи за некој со кого не успеало? Не сум иронична, ама крајно нефер е спрема твојот сопруг. Да знаел да те цени, ќе си била со него, а не со друг човек (кој патем малце како да си го омаловажуваш, а ти е маж). Немам намера да те повредам, само размисли.
     
    На Dehtra му/ѝ се допаѓа ова.
  14. emal21

    emal21 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе,не е фер кон сопругот да те интересира било каква информација за бивши,во слична ситуација сум имав предолга врска но бев премногу не ценета од негова страна,сите беа во право освен јас,се додека не решив да ставам крај на таа врска па тогаш плачеше и молеше да сум се смирела но дефинитивно бев решена,продолжив со животот фала му на Господ имам прекрасен сопруг посветен а за бившиот имам информација само дека пати и дека сеуште не бил во можност да си го продолжел животот понатаму,ова го знам бидејќи имаме премногу заеднички пријатели од исто место сме но кога и да почне некој да зборува за него и неговите поминати години сам одкако ме нема јас го напуштам тоа друштво и не ме интересира ништо повеќе,да вредело ќе било,ова што сега вреди не би го менувала за ништо на светов.
     
    На FridaodaMk и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Бек то топик, очигледно, барем од постовиве и примериве, машките, доколку вистински сакале, тоа веројатно не го преболуваат никогаш. Изборот да се биде после сам или не, тежок е за дискусија, од многу аспекти. Нивниот избор се сведува помеѓу две зла по нив. Едното, да останат сами, другото, да најдат некоја, но, паметот и срцето и душата да им е на друго место, што автоматски е голем дисреспект кон таа што е со тебе. И вака гледано, не знаеш што е полошо по нив, да останат сами, или да 'ебат матер' на друга, пошто веруваат (можеби неисправно, но сепак веруваат) дека тоа нема да опстои за долго време.

    Нормално, доколку врската била во оној просек, те сакам, ме сакаш ... циле миле ...убаво ми беше сега веќе не... па ете и брак да бил посреди, па завршило, ама кај машкото не било како во претходниот пример, тогаш за машките е п.дим да се надмине, за некој месец, идемо даље и никому ништо, и тотално небитно им е дали биле 1,3, 10г претходно во врска/брак. (осевн ако врската не им била токсична, па да се малтретираат и сељачат со години после тоа)

    Заклучокот кој ми се наметнува е, машките или онка вери изи ја преболуваат (до кај 5-6 месеци макс) или воопшто не ја преболуваат. (со некои отспаки сепак, кејс то кејс)
     
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Без секого се може. Не бидете мазохисти и не правете си го тоа. Никој, ама баш никој не се сака вечно и цел живот. Не губете ги годините жалејќи по нешто што е само во вашата фантантазија. Да имало иднина ќе траело, живејте го животот сега, а минатото си е минато, додека траело било убаво и толку.
     
    На Andromeda1, FridaodaMk, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    8.786
    Пол:
    Женски
    @Guns N` Roses да имало иднина ќе се направел напор за конкретни чекори во близок период, ако не официјализирање тогаш барем наговестување за да знаеш кон што води. А ова често не се прави и доаѓаат само фрустрации дека (благо речено) некој те влечка. И да, во врска и двете страни имаат одговорности и точно се знае каде е потфрлено само што ретко кој сака да е самокритичен.
     
    На FridaodaMk и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    4.767
    Пол:
    Женски
    Мажите потешко, во смисла подолго преболуваат баш затоа што бегаат од чувствата/проблемите, се истрчуваат во нова авантура/врска/брак, па отпосле "ги мава", уствари сами си комплицираат.

    Додека жените (углавно) процесираат, па потоа продолжуваат понатаму со животот.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    762
    Пол:
    Машки
    Со наоѓање на хоби (најчесто теретана) и посветување на самите себеси за да станат подобра верзија :)

    Зависи која колку те сјебала братче :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.