1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како учат студентите во Македонија? :D

Дискусија во 'Насмевка' започната од Responsible, 31 октомври 2012.

  1. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Веројатно веќе знаете ваква личност (или вие самите сте таа личност) - студент преполн со ентузијазам, доследен во својата намера да учи шест саати навечер па се до полноќ. Додека се убеди да седне да учи тој внимателно го „дотерува“ секој детал, а со тоа си обезбедува време за пронаоѓање на првиот изговор; прво се присетува дека утрото немал доволно време да го прочита весникот. Затоа, си вели дека најдобро време е тоа да го направи пред да седне да учи.

    Поради тоа, се преместува од местото за учење, да си провери само маил, но почнува да пребурава нешто за "учење", и открива повеќе интересни статии отколку што можел да помисли дека има. И додека чита прегледува профили и фотографии на Фејсбук, му текнува да пушти тв, може нешто "интересно" да гледа помеѓу 20:00 и 20:30. Додека со "даљинецот" пребарува низ многуте квалитетни телевизски канали кои ги нудат кабелските оператори, си размислува: -„Па добро, имав тежок ден, на факултет, во бифе, на кафе, пешки, ваму таму. Ќе гледам некој документарец на Дискавери, мислам дека би било добро да се опуштам и добро да се одморам пред да започнам да учам, оти мозокот нема да ми работи ако не се одморам.“ Се враќа да учи во 21:30 бидејќи на телевизија имаше многу "интересни" работи.

    На масата, студентот и понатаму дреми, гледа во книгата; наеднаш се присетува дека би било подобро прво да му телефонира на неговиот пријател, за после да не го прекинува никого додека учи (не дека не може да ги исклучи телефоните). Телефонскиот разговор, секако, е поинтересен о подолг од очекуваното, но бидејќи е добар студент и е свесен дека има многу за учење, го прекинува во 21:45.

    Повторно седнува, ја отвора книгата со одлучувачки став дека навистина ќе започне да чита. Додека чита започнува да ги чувствува првите знаци на глад и жед. Ова е страшно, бидејќи знае дека ако го одложува задоволувањето на своите потреби, гладта и жедта ќе бидат посилни, а со самото тоа, неговата концентрација за читање ќе биде послаба и послаба.

    Очигледно, единствено решение е лесниот оброк. Ова, со сите припреми, лесно преминува во вистинска гозба.

    Откако се реши и од последното нешто што би му пречело да учи, враќањето на масата е пропратено со мислата дека овој пат не постои ништо друго што би можело да го спречи да учи. Повторно ги чита првите реченици на првата страна од книгата. Тогаш сфаќа дека „му паднал притисокот“ од јадењето и дека го фаќа дремка. За да не заспие, се одлучува да гледа телевизија, па откако ќе му помине дремката, ќе започне пак да учи.

    Околку полноќ може да се виде дека студентот слатко спие пред телевизорот. Во 2.30 се буди и е видно разочаран бидејќи не седнал да учи. Но, од друга страна работите не се толку лоши бидејќи добро се одмори, се најаде, гледаше интересен документарец на Дискавери, ги исполни своите друштвени обврски кон пријателите, прочита важни и интересни вести, така што утре, точно во шест часот ќе стане да учи...


    Другиот ден, повторно истата приказна...
    prevzemeno od www.fakulteti.mk
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Па верувам дека голем број на студенти ќе се пронајдат во напишаново, но дали е тоа одлика само на македонскиот студент? Какви се другите? :)
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Морееее ако си одлучен да видиш како се учи :D
     
    На wanderlust му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Точно :D

    И плус ќе додадам:
    - Ќе учам после, има време.
    - Ма уште е рано, ќе учам вечер.
    - Касно е сега за учење, ќе си легнам.

    Еден месец пред испит: Имам време за учење цел месец.
    Две недели пред испит: Има време, сега ќе си спијам и ќе си излегувам уште.
    Една недела пред испит: Ај има време уште неколку дена, ќе научам.
    Една вечер пред испит: Што ми требаше ова, немам време сега да учам.

    Ќе купам чоколадо и енергетски пијалок за концентрација и помнење.
    Купува, ја зема книгата, седнува да учи. По една минута му стигнува порака на мобилен. Ја остава книгата, го зема телефонот и така чепкајќи ја јаде чоколадата и го пие енергетското а книгата - на маса.
     
    Последна измена: 10 септември 2016
    На Arthur, blueeparadise и mami blue им се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    6.312
    Кај мене и во средно и на факултет истата прича е со учењето - само сега е далеку полошо. :D Кај мене дома се знае дека чим јас варам турско кафе, тоа значи дека во (не)догледно време ќе фатам книга. Тоа ми е некој вид ритуал пред учење, демек за концентрација. Преку ден и да сакам не можам да учам, зошто сум на предавања па после можно е да продолжам на шетање, а и да дојдам дома нели да се пресоблечеш, да јадеш, пиеш, одмориш и пак вечер те фаќа. Или јас само си ја оправдувам мрзата. :D Ама не, секогаш ми е подобро вечер да учам, зошто сите спијат и нема кој да ми смета.
    Прво седам на фб/форум, се погодува и да затерам саат време на мобилен со другарка дур ја држам скриптата, и при тоа на сите им објаснувам (читај: им се жалам и фалам) колку имам јас за учење, дека тоа е страшно и не може да се постигне, се расфрлувам со стручни поими од предметот кои пола не ни знам што значат.. Откако ќе изгасам фб, ми текнува дека е најпаметно да одам до вц, да си го испразнам мочниот меур, зошто ќе ми пречи при учењето. Патем, да напоменам кафето до сега е испиено, а концентрацијата што треба да дојде со него е речиси потрошена на разговорите на фб, а не на дадениот предмет. Веќе станува доцна, и ако имам испит утре веќе ме фаќа паника и си велам дека нема смисла ова и си викам дека е подобро да одам на нареден колоквиум, или си правам ново кафе и гледам да научам 100 страни до сабајлето со брзина на светлината зошто сфаќам дека веќе сум потрошила доволно време. Доколку не ми е хитно, односно испитот е задутре или не дај боже за три дена (пих) сигурно ми текнува и дека сум гладна, па морам да јадам нешто за да не учам на празен стомак. За секој случај, да не се чувствувам виновно ќе прочитам едно пасусче или една-две страни ако сум среќна, и ќе се жалам зошто не можам да ги запамтам, а нели не сум ни им обрнала доволно внимание. Оваа информација морам во меѓувреме да и ја соопштам на другарката. Одам да јадам. Поминало доста време откако немам проверено фб. Проверувам. Наоѓам добар филм, и ако е 10 вечер значи е сеуште рано и можам да си дозволам саат ипол време одмор, па да продолжам со учење. Ајде уште едно кафе. После се случуваат една од две работи - или си држам лекција сама на себе дека ако денес не завршам минимум 20 страни, утре лошо ми се пишува или скроз се откажувам од помислата за учење и велам дека ќе си легнам и утре стварно ќе учам... Ако се случи првото, добро е колку-толку, ама сепак добивам поени за 6ка на колоквиум/испит зошто не ти е доволно соџвакан материјалот и запамтен во рок од два дена.
    Како и да е, често се случува во исто време да се нервирам зошто сум останала дома за џабе и не сум излегла, залажувајќи се дека ќе учам цела вечер а од друга страна се гордеам со тоа што сепак сум останала дома, иако не сум прочитала ни пет страни. Тоа ти е карактер бре! :D
     
    На Arthur и joy1 им се допаѓа ова.