1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Јас ја користам оваа течност скоро цела година и до сега ми нема направено никаков проблем. Сметам дека кај секого различно делуваат различните раствори.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.091
    Допаѓања:
    11.260
    Има некои на 1 год се менуваат, ама поскапи се и лекарот одлучува кои се најдобри за тебе, кои ќе ги препише.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764

    Да дефинитивно, тоа е точно секој реагира на различни супстанци. Јас лично почнав да ја користам оваа течност уште кога излезе на пазарот, најискрено ме привлече цената дека стварно има драстична разлика со оние другите што ги купуваме од оптики. После 1 и половина год. може и повеќе време на користење ја добив оваа реакција на очите и баш поради тоа што имав искористено шишиња и шишиња од оваа течност, ни на крај памет не ми текна дека може да имам проблем со неа. Се додека после многу поминати офталмолози, отидов на преглед во Систина и докторката ме предупреди за тоа дека течноста е најверојатниот причинител на алергијата.
    Но, ете гледам дека на некои од вас докторите и ја препорачувале, така да се е индивидуално.
     
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    17.756
    Знам дека ќе ме искарате ама да си прашам:

    На одмор препорачливо е да ги носам леќите? :?: Ај нема да идам под вода, ама за во вода? :?:
    Некако не ми се иде со наочари на плажа. А сакам да си гледам околу мене што се случува :lol: :lol:
     
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.717
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Мене докторите ми кажаа во морска вода може, во езерска никако. И секоја година си ги носам. Е сега малце печат на моменти од солта, али проаѓа. И се разбира нема да нуркаш и слично :lol:
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Јас зошто нуркам, ќе одам на плажа без леќи без наочари, навикната сум си јас, леле кога ќе ми текне како сум мижела демек за подобро да гледам, абе убиствен поглед беше тоа. :|
    Можело комотно на улица кола да ме мавне. :D

    Јас сакам да ве прашам за леќите во боја, не било препорачливо да се даваат на поголем диоптер, а зошто?
     
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.584
    Веќе носам очила три месеци ми препорачаа леќи ама не сакав и сега без очилата неможам.Дали знае некој колку пари се леќите за очи во боја а колку обичните и кои се подобри? :?:
     
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.717
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Тие во боја со диоптер се мислам 2000 за два-три месеци, а овие се 2000 за 6 месеци. Докторите не ги препорачуваат тие во боја, особено ако имаш поголем диоптер, зошто е тоа така не знам.
     
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    17.756
    Е добро ако е така ме израдува. Не дека имам преголем диоптер, ама сепак се осеќам ќораво без нив :lol: Можно е да си ја згрешам лежалката да му се тупнам на некој :rofl:
     
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.717
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Хахаха е ако де, ширење нови познанства :lol: Јас да одев на одмор без леќи немаше ни до плажата да стигнам :D
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јас си ги носам на плажа и во вода. Не сум нуркала со нив оти и обично не нуркам. :D
    Јас имам поголем диоптир и прашував за во боја али за мојот диоптир немаше. Ќе чекам да ми се намали па ќе си земам такви. Едвај чекам.
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Неколку станици на назад сте го коментирале растворов и сакам да потврдам дека воопшто не е добро да го користите верувајте.Можеби од едно месечно користење нема да покаже никакви иритааци,ама подолго време ако го користите ќе видите,очите можат инфекција да ви фатат,а притоа ќе мислите дека тоа е од предолго носење на леќите но не така.Може да си направите огромни проблеми со очите и леќите,па после од мравка слон.Затоа ве советувам немојте со овој раствор,навистина е поефтин ама е ептен штетен,гледајте си го здравјето.

    [​IMG]
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Aleksandra-Kukla

    Aleksandra-Kukla Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Контактни леќи дефинитивно....а за пред компјутер и телевизор очила сепак имаат заштита
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.717
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Се' е до начинот на одржување, не до течноста. Течноста треба секој ден да се менува, а леќите да се мијат како што е објаснето. Исто и да не се носат леќите цел ден. Исто и внимавање при користење шминка. Веќе неколку потврдивме дека сме немале последици после користење долго време, јас лично 7 години користам леќи, од кои барем 4--5 години ја користам течноста, па видете вие колку шишенца имам користено. Како што спомнав претходно, ако е поради течноста до сега ќе се жалеле доста луѓе и ќе се интервенирало.
     
  15. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Ако некој има нарачано леки по интернет, ве молам пишете ми ја веб-страната. Сите ми викаат дека биле дупло поевтини, ама немам време да сурфам...
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Девојки, како ги чистите наочарите? Ги миете со топла/ладна вода, сапун/сјај? Ги чистите со алкохол или нешто такво? Затоа што сестра ми е убедена дека во последно време не гледа толку добро со наочарите колку со леќите, па се чудев дали може од погрешна грижа самото стакло да смени
    диоптер :?:
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Носев некое време очила, но престанав бидејќи ми беа неугодни и поматно гледав од нив.
    Сега бидејќи видот ми е уште понамален, моите ми велат да си земам леќи. Но, за да земам леќи, треба ли претходно некоја година да имам носено очила, нешто? Јас поима немам.
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Не треба, нема никакви предуслови. Единствено треба да проверите како ти реагираат очите на леќите, ама ова кај лекар ;)

    Јас имам едно прашање: дали има течност во помали шишенца и колку им е цената? Ми треба за патување, големово не ми се носи, а да претурам во друго некако не ми оди :?:
     
  19. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Има помали од solo care и мислам дека се околу 400-450 денари. Не сум сигурна ама мислам дека е околу 90 милилитри.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас наочарите (со диоптер и за сонце) ги чистам со крпчето што го даваат кога купуваш наочари (не знам како да ти го објаснам, мало, коцкасто, обично е црно или сиво). Но, одлична работа вршат и влажните марамици што се продаваат по маркетите (јас ги купувам најчесто во Кам маркет), што се специјални за чистење на наочари. Не се скапи, запаковани се по едно, за една употреба се, можеш во ташна да си ги носиш, јас имам: дома, на работа, во сите ташни, во кола и во сите кутии од наочари. ;) Супер се, ти ги препорачувам!

    Инаку, најчесто очните доктори (барем мојот доктор) секогаш ми дава различен диоптер за наочари и за леки - наочарите ми се секогаш послаби од леките. Не знам зошто :?: , но секогаш така прави. На сестра ти (најверојатно) и е зголемен диоптерот, па тоа повеќе го осеќа кога носи наочари.
     
    На Hipica и AnaKarenina им се допаѓа ова.