1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малезискиот авион

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kaylie, 23 март 2014.

  1. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Еве слична вест ама од друг извор.

    http://tocka.com.mk/8/122662/20-masoni- ... a-idninata

    Значи светот дефинитивно не се менува и никогаш нема да се смени. Се е за моќ, пари и интерес.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Сега слушав на радио, дека истрагава за авионов, почнува од почеток. Тие деловите што ги нашле во океанот, воопшто не биле од авионот. И понатаму останува прашањето, каде е авионот.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Точно, сѐ е за пари. И сигурна сум сега дека тој милијардерот е направил нешто за чипот да е само негов, а со истото тоа и парите. А со тие пари ги поткупил медиумите и истражувачите. :^)
     
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Мислам дека нема никогаш да го најдат ниту пак ќе ја кажат вистината. Ќе помине време, па исчезнатите ќе односно веќе ги прогласија за мртви, истрагата и онака е премногу скапа и ќе ја запрат. И тоа ќе биде тоа.
     
  5. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Денес на вестите на Канал 5 имаше вест дека - Малезиската власт признава дека истрагата е во ќор сокак.
    http://kanal5.mk/vesti_detail.asp?ID=35406
    Ова ми боде очи т.е последнава реченица-Малезискиот министер за внатрешни работи изјави дека истрагата може да оди во недоглед, но на крај можно е никогаш да не биде откриена вистинската причина за инцидентот.
    Само се прашувам кого го залажуваат, зошто упорно се се крие вистината. Од кого, од кои причини и многу многу необјаснети прашања.
    Авионот не е зрнце песок да само од туку така ИСЧЕЗНЕ.
    Ако не се способни да ја водат истрагата нека побараат помош. Во 2014 година на толку висок степен на научно-теничка и технолошка подготовност НЕ Е МОЖНО ДА СЕУШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ НИШТО.
    До кога светот ке се лаже. Ова што се прави предизвикуваа секаква сомнителност. Се прашувам до кога. Во друг случај ако не се даваат никакви детали за доброто на истрагата тогаш во ред е да се има некаква неутралност и да не се пласираат секакви шекулации се додека не се открие вистината. Но изјавата на Малезија (доколку е официјана) наликува на нешто несериозно и срамота е ова да се пише и изјавува-истрага до недоглед, а може и никогаш да не се дозне вистината. МА НЕМОЈ....Значи државата има не сериозен пристап кон истрагата и ова прашање и не е битно толку да се дознае. Каква држава да се чудиш просто.
    Само на крај да не излезе Малезија со изјава-Авионот е кај дедо Боже и е божјо чудо кое исчезнало од туку така и од чиста мира. Така сакал дедо Боже.
    Срамота и греота е за сите загинати патници и нивните семејства кои секој ден го поминуваат во пекол и безброј отворени прашања. Мир нема да имаат додека вистината не се открие. Жалосно.
     
    На makedonkamak и fighter им се допаѓа ова.
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Изјавата на министерот е токму онаква како што и напишав погоре во мојот пост. Тоа се многу скапи истраги, сигурно дневно се троши по милион долари ако не и повеќе.Затоа нема да бараат вечно и брзо ќе ја прекинат, ќа нпишат извештај дека се работело за несреќен случај со трајни и кобни последици, и толку.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Fighter, Ок јас разбирам се истраги-пари, ова-она. Зборот ми е дека мора да постои некаков доказ. Мора. Изјава нема сигурно на жими мајка да дадат и ај чао. Загинале 240 лица, никому ништо. Не е битно. Јас мислам дека позади оваа трагедија се крие нешто далеко покомплицирани и доста сериозно. Мислам дека нема ништо да се објави официјално, додека се не се потврди и утврди фактичката состојаба. До тогаш само со вакви изјави ќе се излегува, а јас и не верувам дека истрагата ја водат само нивни тимови и експерти. Јас верувам и се надевам дека наскоро ке се обелодени оваа мистерија. Изјавиве ми се од типот приказни за мали деца, измислени и нереалани, а се презнтираат вака- Си беше еднаш еден авион и го снема за еден миг и никој ништо не знае и не видел.... Мислам како на некое дете да му кажуваш измислици и упорно го лажеш и му филозофираш. Реално не е можно да нема ни трага од авионот и било каков доказ. Не е зрнце песок паднато и загинато. Мислам ме разбираш. Истрагата мора нешто да утврди. Авионот постоел и постоеле патници. Мора да постојат докази и да се докаже на светот дека било несреќен случај или било тоа и тоа. Инаку нема да остане и да се дозволи само така да им се замчкаат очите на луѓето како што напоменав.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Денес случајно паднав на тема за авионов со една постара личност,која што навистина ми има добар впечаток оставено,односно со начинот на неговото размислување.
    Според него,авионот е киднапиран 100%,и навистина кога почна да кажува аргументи,кога човек ке се подразмисли навистина е возможно.Е и јас се согласувам дека е киднапиран најверојатно,но според него киднапиран е од вонземјани.Се смеев на почеток викам ајде нема шанси,не е возможно.
    Ама кога и јас се замислив,навистина е возможно.
    Авионот го нема скоро 1 месец,нема никаква трага од него.Да паднел ,да се распаднел,да изгорел и што било ќе најдеа до сега не една него сто траги.А они само шпекулираат,ваму е таму е најдовме огромни парчиња од него па пупу неважи не биле тоа биле рибарски работи.Стварно е смешно,се гледа дека кријат нешто огромно од нас.Тек така да снема боинг со 200и кусур лица,па и плус да се вклучат во потрагата огромен број на држави,се крие нешто девојки сигурна сум.Али дали се вонземјани во прашање..
    Јас верувам дека постојат да,сигурна сум и дека некои луѓе биле во контакт со нив.Но дали и сега станува збор за ваква работа,никој не знае.Се е заташкано се крие од нас ,а чим се крие до толку луѓе не станува збор за чип.Масони биле умешани,дајте децки работи измишљотини и тоа тешки.Јас главата би си ја исекла ако е вистина дека станува збор за за тој чип,колку и пари да вреди.Тој да сакал да ги среди тие ќе ги средел станува збор за 20 души,али да бутне авион со 250 луѓе,и да заташка се?Дали знаете за колку средства станува збор? Се ќе измислат за да не залажат се,само глупи сме ние што веруваме.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    После толку време сигурно е дека авионот е уништен со се патниците, а не може да се најде бидејќи не смее да се најде, тука играат улога големите сили што го вртат светот, ние не сме ни свесни што се можат тие да предизвикаат.
    Тие создаваат војни, тие создаваат климатски промени, тие ги шират вирусите, тие не убиваат со фармација, тие го уништуваат семејството и институцијата брак итн... Тоа се тие т.н. илуминати, масони а можеби и други тајни друштва.
    Затоа и го урнаа авионот со се посада, која учествуваше во истрагата, сигурно тие се приближувале до мало делче од вистината, а не смееле.
    Зар мислите дека нив ги засега еден авион со помалку од 300 патници? Никако, тие убиваат секој ден. Затоа е залудно да бараме одговори, кои се добро сокриени од оние со идеја за нов светски поредок и до кои немаме никаков пристап.
    Не е мала работа што британскиот банкар сакал да биде единствен носител на патентот на електронскиот чип за електронско војување. Како објект можеби чипот е мал, но за него паѓаат глави.
     
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    А ако ги ликвидираше само тие 20 останати носители на правата на тој чип, ќе беше многу сомнително нели? Јавноста никогаш нема да ги добие вистинските информации.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мислам дека знаат што се случило со авионот, само не кажуваат, тоа е тоа.Самите тие се свесни дека не е можно еден огромен авион да не може да го најдат, со тоа свесни се дека што и да кажат, лажат, бидејки нема логика авион со толку патници туку така да го снема.Поарно да им се каже на луѓето,односно роднините на патниците, што се случило, дали загинале патниците или не, отколку да кажуваат не сигурни изјави околу ова.На крајот на краиштата, барем ќе знаат нивните роднини дека загинале, трагично е, но наместо да се заташкува ова, колку да се ублажи нечија болка, нема смисла, тие и така страдаат веќе, самите нивни роднини на евентуално загинатите потсвесно знаат дека не е можно да има преживеани, доколку стварно се урнал авионот.„Смешно“ е да не го најдат, а кога станува збор за криминалци, ги пронаоѓаат.Нели бродови, авиони го барале, па до сега ќе го нашле, ја изораа земјава и не можат да го најдат, кого лажат, не знам.

    Уште посмешно ми е што за пари, прават се, ако е така тоа за тој чипот, претпоставка, што реално, се за пари прават, пари за кои мислат дека вечно ќе ги имаат, тие ни своето тело нема да го имаат, не пак пари, и ќе ги носат кај Св.Петар за да му се пофалат дека имале чип. Кое достигнување, што да кажам. Феноменално, нема што.Имаат пари, нека го пронајдат авионот, имаат средства, бујрум нека го откријат дека е, ама не можеле да го најдат, при сите можни начини дадени како претпоставка за тоа што можело да се случи.Мислев дека тие остатоци во морето, за кои рекоа дека можеби припаѓаат на авионот, негови биле, но не сигурно, ама веројатно е дека паднал.Доколку паднал авионов што исчезнал и доколку се спореди со тој авионот што летал од Бразил до Франција, нели што за истиот рекоа неговите остатоци, биле пронајдени после една година, две, ако добро се сеќавам, така имаа кажано, по тоа се утврди дека се срушил, тогаш за овој исчезнат авион, ништо чудно на ист начин да се разоткрие.Чудно што се уште нема никакви остатоци, којзнае дали ќе се пронајдат воопшто...
     
    На makedonkamak, missfortuna и Kaylie им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Како бре ќе излезат да им кажат-да ова илуминатите го направија, авионот е комплетно уништен, сите се мртви, нема смисла тоа од причина што тие што го направиле тоа ќе се потрудат никогаш да не се дознае каде и како завршил авионот. За жал, роднините ќе си жалат се додека за година две не изјават на тв дека нашле остатоци од авионот и некаква си црна кутија и утврдат дека се срушил поради дефект.

    Пари...парите се само трансакциско средство. Овде се работи за нешто многу поголемо од парите, а тоа е моќта и контролата над целиот свет. А парите, тие самите ги пуштаат во оптек и ги контролираат. Парите не им се проблем.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ај што сега пак почнала истрагата, однапред изјавиле дека е можно авионот да не се најде. :^)

    Наместо да кажат, се ќе направиме за да го најдиме, тие однапред даваат изјави, во смисла, не се надевајте многу. :fubar:

    Многу сомнителна е целава работа !
     
    На makedonkamak, Kaylie и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    8.118
    Пол:
    Женски
    Има некои нови вести или тоа е?Денеска како да имаше нешто на дневникот, на незнам ни јас која телевизија, но во брзина бев и неможев да видам.

    Инаку теоријата со Ротшилд е најголема глупост, покрај теоријата за вонземјаните.
    Сепак тие што умреле некој ги наследува, значи автоматски нивните наследници ке станат сопственици.Неможе тој на ниеден начин да стане единствен сопственик, единствено доколку не ги откупи акциите од наследниците така да оваа теорија дефинитивно отпаѓа.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ако неможат да го најдат најверојатно никогаш и не постоел и никогаш не се случила оваа несреќа. Имаат технологија да леткаат низ вселената и да бараат планети низ вселената, а неможат еден авион да најдат во еден океан или на територија на една земја. За што им се сателитине горе, за украс?
    Според мене ова е сценарио за да се тргне вниманието на народот од некоја друга работа, неможе туку така да исчезне огромен авион.
    Ако е терористички акт тогаш најверојатно терористиве ќе бараа нешто, ќе се закануваа, нешто ќе се случуваше, или ако го срушиле терористи самоубијци барем ќе излезеше некоја причина за тоа. Ама ништо, ќе ни го сервираат она што сакаат да го знаеме и мислиме...
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ова веќе ме замисли малку.
    http://www.globalresearch.ca/why-was-th ... an/5375272

    Значи пак се се сведува на тоа дека или стварно се неспособни или нешто заташкуваат... А... колкави се шансите неспособни да се и малезиските и кинеските и сите останати служби во регионот вклучително и американски воено-разузнавачки персонал?

    Инаку подобро темава да остане за споделување новости, вака џабе ние изнесуваме свои теории... не дека ќе го решиме случајот или нешто.
     
  17. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Темата е таква каква што е, секој има право да си изнесе свое размислување за малезискиот авион. Во секој случај не само нас тука што дебатираме на темава, туку и целиот свет сака да ја знае вистината за оваа голема мистерија.
    Толку и ништо повеќе. Нема потреба само од немо споделуваше новости. Целта на сите е -Вистината да се дознае.
     
    На makedonkamak и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Сеедно. Барем тоа што се зборува нека биде во контекст на некоја вест, поткрепено со некаква верзија, линк, а не и после скоро месец истите филмови да се вртат или по милионити пат некој да напише како се е за пари и тие на Месечината отидоа - не можат авион да најдат, а притоа поим се нема кои се тоа „тие“.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Секој си има право да си изнесе размислување свое, не се филмови тие туку размислувања нечии. Не можеме тука ние да забраниме на некого да си каже што мисли на темава. Убаво си оди темава до сега, ништо лошо ни забегано нема. :) :) :) :) :)
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Тешко на луѓето внатре, ако стварно паднал во океан авионот кој знае како им било која траума доживеале додека гледале како тонат без никаков спас, многу жално е тоа толку луѓе да умрат на суров начин, најмладиот патник бил 2 годишно дете , за греотка :sweat: наше е да си негодуваме вака било така било, кој знае која е вистината :@