Се ежам од милони работи ама ќе ги запишам само овие Од звукот кога се пишува со (полу)исушен фломастер на хартија, Од стиропол лелле се наежив и сега од самата помисла уффф Кога ќе видам некоја рана кај некој па без разлика дали таа била и мала исекотина - грозно! Кога со патиката чкртаат по подот, Со виљушка или нож ненамерно да чкртниш во тањирот, Со креда од таблата, Од лимон............. и 1000 други ама не можам сега да ги пишам оти како што ги пишам уште повеќе се ежам
од чкрипење со некој предмет,но само ако сум занесена во некоја активност или во разговор,од добра музика,кога некој ќе ме допре кај вената кај лактот...друго не ми текнува
Кога случајно ќе го стругнам ноктот од кола или училишна табла, или од звукот на истото кога ќе му се случи на некој друг.
Кога пее некој убаво. Тоа е добро ежење, чувствуваш како тој глас допира до тебе. Кога пее некој грдо. Е од ова се ежам, али како морници да ме лазат. Кога чкрипи некој со вилушка по чинија. Кога чкрипи некоја стара врата. Кога гребат со шестар по клупа. Е ова е одвратно.
Чкрипење со нокт/креда по табла. Чкрипење на пластични столови(оние малите) по плочки-ако на нив има ситен песок. Случајно чкрипење на вилушка по чинија. Не ми текнува друго.
Од студ,чкрипење со нокти и кога ми е водена косата,а не фатена со крапа...ууу ужасно.. Ако ми текни друго пишам