1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. lejdi-di

    lejdi-di Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    11
    поздрав до вас :) сакам да ве прашам дали го надминавте проблемов со дишењево ???
     
  2. lejdi-di

    lejdi-di Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    11
    каде поточно те боли страната?
     
  3. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Канцерот секогаш се решава оперативно, а потоа дали ќе се дејствува само со хемотерапија или радиотерапија зависи од стадиумот на канцерот, односно од должината на зафатеното место, локализацијата, дали постојат метастази... Не може точно да се каже за некој канцер дека строго се третира само со хемотерапија, тоа зависи од повеќе фактори, како што напоменав. Сега на пример за канцер на дебело црево се применува само хемотерапија на почетокот, со чести контроли и доколку хирургот или онкологот увидат дека не постојат промени се останува само со неа.
     
  4. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Канцерот секогаш се решава оперативно, а потоа дали ќе се дејствува само со хемотерапија или радиотерапија зависи од стадиумот на канцерот, односно од должината на зафатеното место, локализацијата, дали постојат метастази... Не може точно да се каже за некој канцер дека строго се третира само со хемотерапија, тоа зависи од повеќе фактори, како што напоменав. Сега на пример за канцер на дебело црево се применува само хемотерапија на почетокот, со чести контроли и доколку хирургот или онкологот увидат дека не постојат промени се останува само со неа.
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    се почесто сум убедена дека имам слепо црево и никако да идам да проверам си мислам во еден миг само ке ми пукне...Ногата ми трне , осеќам бодежи тука ниското , ме боли половина и грб и доле стомакот кај папокот, добив еден или 2 пати напади , едвај станав од кревет неможев да мрдам...Мислите дека е тоа ?
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Симптомите упатуваат на тоа, бидејќи прво болката е низ целиот абдомен, околу папокот, а потоа во долниот десен агол, или познато како Мекбурнова точка. Штом веќе два пати ти се случува ова не си играј и право на доктор, така или ќе се потврди или ќе се отфрли дијагнозата па нема барем да ти биде на мисла.
    П.С доколку е дебело црево и пукне може да настанат страшни компликации.
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    До пред неколку дена пиев јаки апчиња, ради тоа што ми најдоа бактерија од вода која што ме тераше на кашлање и снемување воздух и како капак на тоа ме фати и грипот. А со него и се останато.. Докторката ме предупреди дека се јаки апчињата и дека треба да земам некои дополнителни апчиња за да не ми се уништела цревната флора. Ги пиев апчињата како што ми кажа докторката и сега више престанав со терапијата. Арно ама после неколку дена забележав дека на изметот имам крв. Почна се почесто и почесто да ми се појавува. Незнам дали се работи за хемороиди или јакиве апчиња си го направиле своето?? Планирам доколку ми подолжи деновиве да отидам на лекар, да се консултирам. Дали некој има слично искуство на моево?!
     
  8. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Како мала, поточно од две години имам пронхооневмонија. На 11ми рекоа дека е повлечено, но бидејќи ми е преполовен десниот бел дроб можело да се поврати, дури и со обична настинка.
    Деновиве поткашлувам и носот ми е затнат, а и имам болки кај белите дробови т.е. отежнато дишење. Не многу, но сепак ме плаши, вака не сум се чувствувала веќе четири години. Дали е можно пневмонијата да се поврати по ова?
     
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Дали освен крв имаш и болки, или тенезми (грчеви, лажни нагони за во ВЦ), дијареа? Крвта во фецес алудира на крварења од долните партии на дигестивниот систем, односно од дел од тенкото црево или од дебело црево. Голема е веројатноста да се и хемороиди или фисура, посебно ако веќе порано си ги имала. Внимавај на исхраната, повеќе течности, цвекло и зелен зеленчук, и проверка на крвен притисок, бидејќи крварењето може да ти го намали. И секако на доктор.
     
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Дали имаш и покачена температура, бидејќи тоа е пропратен симптом на пневмонијата? Може да ти е од настинката, но може и да се е вратила, како и да е тоа аускултација и ренген снимка ќе го потврдат или отфрлат.
     
  11. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Да. Речиси секој ден качувам температура.Но, исто како и останатите симптоми на кратко се јавува. Немам температура цел ден, туку околу четири часа дневно. А каде се прави тоа аускултација? На приватна клиника или би требало да може и во државните?
     
  12. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Да имам и болки, ама никогаш во животов сум немала проблеми со тоа. За исхраната внимавам премногу, секогаш јадам свежо овојше и зеленчук, пијам многу течности, не конзумирам солена храна и мрсна.. Како и да е фала ти, во најбрзо време ќе одам на лекар :)
     
  13. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Аускултација е всушност медицинскиот термин за преслушување со стетоскоп, при што матичниот ги слуша срцевите тонови и дишењето. А веќе со ренген методата е сигурно. Според мене штом веќе си имала пневмонија и доколку во последните 3 месеци не ти е правен ренген, би требало да направиш, исто така и крвна слика.
     
    На lightning123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Од што може да се јавува често температура?Ми се појавува на 3-4недели од зимата, трае ден-два, максимум до 37.3, понекогаш со благи други симптоми, а понекогаш и ништо друго? Колку да напоменам, од скоро работам и многу малку одмарам, само сум во движење, а и во канцеларија ми е доста ладно иако секогаш сум наоблечена, ако е можно тоа да има некаква врска.
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека има некоја реакција во организмот.Побарај од матичниот лекар да направиш комплетна крвна слика и проверка на урината.Преку тие испитувања ќе добиеш информација и детално нека ти ги објсни резултатите.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    Можно е и ако имаш крајници да имаш воспаление т.е гној или гнојна ангина , јас исто така на 2 недели имав температура
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    често приметувам градите од долната страна како да ми гнојат од време на време , местото ми се вцрвенува, и почне да ми тече нешто како гној и многу лоши мириса...дали на некој му се случува ова ? Јас мислам дека не е нешто стршано туку можеби од тоа што имам големи гради и ми тежат и од тоа што се потам..Што мислите вие ? Имал некој слично искуство /
     
  18. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Пред два дена под десното уво ми испадна нешто како топче и ме боли на допир. Денес гледам ја сменило формата како издолжено станало и не се повлекува. Можно ли е да се работи за некоја жлезда? Инаку вчера иситував крв и леукоцитите ми беа на горната граница односно 10.
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    kako што кажуваш мене ми личи на чир...Мене ми излезе под пазувите такво иди на доктор
     
  20. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Сега за во среда имам закажано за на кожно. Бидејќи кај нас нема, мора да одам во друг град и знаете како е со закажувањето. А можно ли е од него да ми се покачени леукоцитите? Не би требало да биде проблем што ќе почекам до среда или да си тражам чаре поскоро?