1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    не не мислам дека не е проблем, не е многу страшно може и не е тоа...Можеш и кај матичен да отидеш и јас не бев на кожен на матичен бев..
     
  2. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Последниве месеци откако почнав да пијам Јасмин менструацијата значително ми е намалена.
    Порано крварев 4 дена сега 3 и во многу мали количини.
    Дури имам и промена во бојата на менструацијата. Можно ли е да е од апчињата?
     
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    од нив и е така , и мене нешто слично ми беше кога пиев хормони и контрацепција , не се плаши
     
  4. aquamarine-123.4

    aquamarine-123.4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    21
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    веке неколку време сумњам дека имам слепо црево
    добив два пати некој си напад т.е неиздржлива болка долу блиску препуната, ме боли ниското кај папокот и од време навреме и болки во половината и грбот...Десната нога ми се вкочанува а еве сега баш таму каде што се наоѓа околу 1 саат чувствувам како боцкања значи ме боцне како 1 минута се зголемува болката и пак ја однема...И така ми се случува на секои две минути постепено ме боцка посилно посилно и пак однемува....а цревата овие денови претерано ми кркорат, незнам дали има врска со ова или не но непдносливи се се слушаат премногу гласно !
    Мислите и вие дека е слепо црево ?
     
  6. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Веќе скоро една недела имам нон стоп главоболка и веќе 2 дена чувстувам мачнина во стомакот и имав сабајле дијареја :$ и од време на време ме заболува десната страна на долниот дел на грбот и пред некое време ме болеше желудникот многу дали е од диетата на диета сум веќе долго време.... :^)
     
  7. mala-srnicka

    mala-srnicka Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    мачнината во стомакот,дијарејата и болките во желудникот можно е да ти се од диетата ако се чуствуваш гладно во текот на денот,гарант ти е од тоа.
     
  8. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162

    Да ти е воспален апендиксот,нема да можеш од кревет да станеш и ќе се истуриш од повраќање.
    Од која страна те боли?Десно или лево?(по твоја страна)
     
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    десната страна ме боли тука кај препоната не издржливо ме боли некогаш а на моменти само осеќам боцкања
     
  10. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    4-5 прсти под пупакот обично се оперира слепо црево.
    А ти чим спомнуваш препони тоа е многу по ниско.
     
  11. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    имам едно малце глупо прашања, незнам и дали добро ќе се изразам. Имав инфекција на мочните канали тоа го излечив потоа имав подуеност во стомакот и константна потреба за мокрење ми рекоа дека е од измрзнатост и ми препишаа апчиња и тоа помина и сега после еден месец имам некаква дилема, после секое мокрење (мочање ) имам чуство како во пенисот да не е доволно исцаден односно да подлизе (ако ме разбирате) и кога ќе претиснам на каналот од пенисот како да претискам на гума полна со вода ( или кога ќе претиснам како да те боцка нешто) тоа чуство трае некои 5, 10 мин се додека мислам на него а доколку ми се сврти вниманието го снемува и кога ќе ми текне за проблемот, истото може да се повтори. Па прашањето ми е дали има некој проблем или проблем е на психичка фаза , пошто тие неколку денови само на тоа мислам?
     
  12. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    А, кој може да те прегледа вака и да ти одговори, овде дали ти имаш некоја инфекција на пенисот или ти е на психичка база? Мислам дека прашањето е апсурно, бидејки овде се повеке млади особи кои не се во брак а сигурно дека немаат пенист за да знааат за што збориш, така да мислам дека е дури и непристојно самото поставување на вакво прашање на форум каде грото се дами.
    Посети си уролог тој најдобро ке ти каже во што е проблемот и поштеди ги дамиве од тие твои експлицитни објаснувања, и доколку урологот утврди дека ти е потребна психијатриск помош а по се изгледа ти треба, ке ти даде интерен упат и нема да чекаш воопшто да те прими и што поскоро да добиеш соодветна терапија која по се изгледа ти е прку потреба.
     
  13. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Едно прашање за крвната слика. Вчера правев крвна слика и еритроцитите, хемоглобинот и железото ми се под нормална граница. Има нешто или не? Најмногу ме плаши железото наеднаш ми падна и така слабо се чувствувам... :?:
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Дали некој знае од што може да е претераното кркорење на цревата ? Еве на сабајле и навечер дури неможам да ги трпам толку се гласни што се слушаат премногу и јас премногу ги чувствувам како ми се мрдаат во стомакот,,,,
     
  15. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.150
    Се решив да ве прашам, па ако некој знае да ми помогне...
    Најпрвин да напоменам дека сум хипохондрик, меѓутоа ова не е измислено, навистина она што ќе го опишам- го гледам.

    Можеби не е нормално но јас често знам со елентрик да си го гледам грлото. Така, пред една година забележав една бела точка длабоко во грлото позади епиглотисот (кој што патем можам да го видам). Се ослободив бидејќи ден-два пред тоа имав thrush како се вика тоа не знам на македонски, како бели наслаги поради вадење заб (инфекција ...) . Тоа ми помина и мислев дека белата дамка е остаток кој ќе го снема. Под таа дамка имаше уште 2 помали.

    Паниката помина се до пред некоја недела кога имав грип и пак си го испитував грлото. Пак ги видов дамките, но овојпат ми се чини дека се малку зголемени. Личат на афти, но не ме болат. Не се баш ограничени и не се како отворени рани, повеќе личат на вградени бели нешта на ѕидот од грлото.

    Кога бев на ОРЛ докторката рече дека не ги гледа, меѓутоа претпоставувам дека се доволно длабоко... Можеби треба ендоскопија, но можеби и не, ако објаснам и ја отворам устата под таков агол за да се видат.


    На гоогле - што друго ако не канцер...И - паника до бескрај. Губам волја за живеење и ништо не правам оти мислам дека имам лоша болест... Инаку, други симптоми немам. Да не ги гледам со светло дамките - нема ни да знам дека ги имам.

    Хелп ми !!!
     
  16. Damiana

    Damiana Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10

    Недостатокот на железо во човечкиот организам, значи намален хемоглобин, што пак претставува анемија (слабокрвност).
    Железото во организмот се внесува преку храната, па така, од особено значење е да се конзумираат продукти кои се богати со железо. Најпогоден извор на железо е месото, месни продукти, а усвојувањето на железото во организмот е во најголемот процент кога се конзумира месо со зеленчук истовремено, со додатен внес на витамин ц.
    Железото се среќава и во овес, гриз, јајце(во жолчката), па потоа во зелката, цвеклото, тиква, компир, грашок, грозје, лимон, слива...
    Во листата подоле, од германски диетолози е образложена застапеноста на железото во 100гр од наведените производи
    Говедско месо – 2,9 мг
    Свинско месо – 2,3 мг
    Телешки црн дроб – 12,0 мг
    Бубрези – 7,9 мг
    Говедски црн дроб – 7 мг
    Зајачко месо – 15 мг
    Кокошкино месо – 1,5 мг
    Риба – 0,5-1 мг
    Овесни снегулки – 4,5
    Пченица – 3,3 мг
    Ориз – 0,8 мг
    Спанаќ – 3,0 мг
    Грашок – 1,9 мг
    Прокељ – 1,3 мг
    Домат – 0,6 мг
    Кромид, целер, зелена салата – 0,5 мг
    Ендивија, цикорија – 25 мг
    Зелка – 20 мг
    Црвена зелка – 18 мг
    Чоколадо – 20 мг
    Грав – 12,4 мг
    Слива – 3,9
    Суво грозје – 3,3 мг
    Суви урми – 2,1 мг
    Малина – 0,9 мг
    Грозје, праски – 0,8 мг
    Банани – 0,6 мг
    Јаболка, круши – 0,3 мг
    Вишна, цитрон – 0,2 мг
    Жолчка од јајце – 7,2 мг
    Белка од јајце – 0,2 мг
    Лешник – 25 мг
    Пивски квасец – 18,2 мг
    Копар – 12 мг
    Суви круши – 5,4 мг
    Соја – 12-13 мг
    Печурки – 1 мг
    Мед – 0,9 мг
    Какао – 11,7 мг

    Најважно од се е да ја промениш исхраната, повеќе да ги конзумираш наведените продукти, а исто така и задолжителна употреба на витамин ц, витамин б6 и витамин б12, затоа што се витамини кои помагаат за полесно усвојување на железото во крвта. :)
     
  17. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш посети пак ОРЛ. Кажи им да те прегледаат убаво и посочи им каде ти се тие дамки. Можеби се и од грипот (нормално е тоа за време на грипот или воспалено грло да има бели наслаги) :?: Па со тек на време ќе си поминат.. :)
     
  18. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Нека ти подготви мајка ти мед со семе од коприва и секој ден по една лажичка. Мене пред 2 месеци хемоглобинот ми беше под долната граница ама еве сега ми е 14.5 :D Овој лек им го препорачуваат на бремени жени за брзо качување на хемоглобинот. И навистина за брзо време делува. Позз
     
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.701
    Може некој што користи ваков инхалер,да ми пише лп,да прашам нешто.

    [​IMG]
     
  20. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    557
    Овие 2-3 дена спијам многу малку...Еве овие два дена вкупно сум спиена 5 часа и чувствувам како малку ан моменти дека ми се врти, но не многу...така на една секунда :D Учам, пиев сега јако турско кафе. Можно ли е да ми е од тоа?