Девојки да ве прашам ... дали пилатесот (правам вежби дома, со топка) може да ми помогне во слабеење комбиниран со орбитрек (понеделник, среда и петок-орбитрек, вторник, четврток и сабота-пилатес). Исто така внимавам и на исхраната ама не многу
Женски колку е отприлика пилатес топката,сакам да си земам за дома да вежбам,бидејќи вежбите ги знам одев пред некое време. Поздрав
Девојки сакам да ве прашам нешто пошто имам околу 20 килограми за слегнување сакам да вежба нешто што ке ми го топи салцето а не да ми го стегнува...што предлагате да вежбам?
Се вратив на редовно вежбање пилатес после неколку месеци пауза. И сега ми е јасно колку ми фалел. Само после 3 часа јас се чувствувам супер. Инаку мислев дека одам подгрбавено и грбот ме болеше страшно. Памет за друг пат да не забушавам пак.
Јас одам на пилатес неполн месец и сум премногу задоволна. Рбетот ми се исправи, а и подослабев. Јас и претходно внимавав на исхраната (иако често си дозволував излети), ама не изгубив ни грамче. Со пилатес и ставот ми се подобри (не сум подзгрбавена) и веќе гледам дека почнува да се оформува телото. Неверојатни ефекти има - ама затоа се потам како да сум се истуширала Цело време користиме тегчиња и други справички, а за вежбање на топката треба да се оформат најпрво мускули и според инструкторките тек после 3от месец ќе можат да вежбам без проблем на неа. Во секој тренинг е вметнато и јога и кардио. Така да се осечам вери хот!!! :geek:
Зависки што подразбираш под промени. Јас ќе ти кажам за мене. Го обожавам пилатесот и одам редовно. Но правев пауза едно 3-4 месеци. Инаку работата ми е во главно со седење и со чувствував подгрбавена, закржлавена ме боли грбот. Одкако редовно се вратив да вежбам пилатес(3 пати неделно) јас промени осетив после неколку одења, да речам по две недели. Значи чувството за скичменост и закржлавеност веќе го немам. Се разбира делува и на линијата на телото и на мускулите. Јас конкрено имам проблем со мускулите на рацете. Односно најопуштени ми се и страшно ме нервираат. Еве и на тие мускули приметувам веќе промени после месец и нешто редовно одење. Е сега незнам ти што сакаш да постигнеш?!
Jaс би сакала да ги оформам мускулите на нозете и стомакот најмногу веќе вежбам пилатес сама дома,веќе 3 недели и едвај чекам да имам резултат па затоа и прашувам..нестрплива сум
Се зависи и од тоа дали правилно ги изведуваш вежбите и да не правиш преголеми паузи меѓу нив. Доколку некоја вежба веќе ти влегла во рутина и не ти треба толкав напор да ја направиш, земи си тегчиња или прави поголем број поврторувања. А јас бев изненадена од тоа за колку брзо време забележав резултат, очекував да поминат најмалку три месеци.
Ме влече ептен пилатесов и сакам да си почнам од септември. Е сега не сум сигурна каде. Најдов едно во Карев гимназијата што ептен интересно изгледа, ама никаде не можам да најдам цени и искуства. Одел некој тука, Кети Фит се вика 'студиово'? Ако има таков, може да ми каже како е задоволен од инструкторката, часовите, цената, организацијата?
ТајгерЛејди, немам одено конкретно во студиото - така да за цени, часови и слично не знам, ама имам посетувано часови кај Кети(сопственичката) - кога беше дел од друго студио, ако збориме за истата особа - Кети Матеничарска. Немам збор, одличен исктруктор, вложува и се залага, мотивира до бескрај! Мене ми беше одлична као инструктор, во тој дел апсолутно не можам да најдам замерка, затоа што од лично искусто досега - во редот на најдобрите ја ставам од тој калибар дефинитивно.
Јас одам со хеланки или тренерки и горе маичка, а под неа спортски градник. За пилатес не ти требаат патики, ние вежбаме по чорапи, а за аеробик обавезно треба да носиш.
Одам на пилатес веќе 2 месеци и многу ми е забавно,но и тешко,да признаам Одам три пати во неделата и сакате верувајте,сакате не подослабнав колку толку за 2 месеци,ми се зацврстија рацете(највеќе и тоа),нозете,се потполно Си тренирам со хеланки(ги обожавам) и со маичка по кратки ракави,и чорапи Јас многу сум задоволна.Летото значи пред да одам пробував вежби,но тогаш воопшто неможев да ги направам,сега можам,исто така и склекови
Zdravo! Ke ve molam kazete nekoj dobar centar za pilates vo Prilep. Fala [mod-kirilica:2dn6jzed][/mod-kirilica:2dn6jzed]