Колку што може да биде на добро толку може да биде и на лошо. Се зависи од тоа каков однос имате со дечкото, пред се колку време сте заедно, дали сте за сериозно и колку врската ви е цврста. Секој за себе си знае сепак нели, но со штотоку запознат дечко, штотоку започната врска некако е премногу делењето на ист кревет и споделувањето со фамилијата сепак. Ако сите посегнувале во сечиј дом да делат кревет со партнерот и да се запознаваат со блиските, некако е невкусно. Ако парот е веќе во продлабочена фаза, изживеале многу заедно, коваат планови за во иднина и фамилиите веќе се знаат зошто да не, тоа е веќе нормално и ден од секојдневие. Се зависи од врската и времето поминато со истата, дефениција за заеенички живот под кров нема, кој како се чуствува така нека прави сепак.
Па зависи на пример колку време сте заедно и ред други работи. Ние сме 1 година заедно, но сеуште немам преноќувано кај него, иако ми има кажувано да преноќам кај него но за мене сеуште е рано, а и непријатно ќе ми биде од неговите.
Јас сум за ако тоа не станува пречеста навика и нормално се има услови. Според мене во ред е, се случува, посебно ако се од различни градови не гледам никаков проблем двајца млади да преспијат заедно ама како што реков сето тоа треба да биде умерено и со ред не пречесто. Знам случај за една моја познаничка која беше избркана од куќата на дечкото пошто постојано висеше таму со денови и не и текнуваше да си иде. А колку што знае тие се буткаа 5 души во 3/4 соби. За такви работи треба секој сам да биде свесен ако гледаш дека нема место и со сила да се буташ е навистина некуктурно. Прост пример имам брат и сега да и текне на некоја си женска да доаѓа тука секој втор ден да преспива, лично би реагирала. Mногу сум толерантна и трпелива ама во сопствената куќа да глумам специјалец, да мислам кога ќе влезам и како, да не прекинам нешто е тоа мало сутра. Ниту пак би одела да преспивам, уште помалку да висам некаде каде што гледам дека мал простор и се туткаат неколку луѓе, па како уште јас да им фалам. Друга работа е кога некој си има свој стан, а знаеме ептен ретки се таквите, а друго е кога живее со родителите. Не би сакала да пречам никому, затоа и не практикувам. Не осудувам ни ако некој прави поинаку, секој си знае најдобро како му одговара.
Јас и после сите години заедно, не ми паѓа на памет да спијам кај него ако се неговите дома. Ниту кај мене тој ако се моите дома. Не сакам сабајле сите во пижами и ајде хепи фемили, просто не чувствувам потреба од истото.
Па ако се знаете доволно и пред се да се чувствувате удобно зашо да не шо ќе сум излезена до 3-4 сабајле поарно со него кај него...на удобно на наш терен ..мое мислење
Не, бидејќи не знам кој терен тогаш не е ваш Каде инаку би преспале ако не по дома? Секоја приказна си е своја, но мене ми е лошо и несфатливо со мајките на дечковците сабајлечки кафе да пиете. Јас не можам. Имам другарки што така правеле, сега сме повозрасни малку и сите веќе живеат заедно и сами, но во врска правеле така. Јас со дм бев во врска и како малолетна, и моите не ми правеле проблем, јас не сакав и не сакам така. Исто и кај мене дома, никогаш моите збор не рекле макар до 5 сабајле седел, но ни тој ни јас не сме сакале да преспиваме ако нашите се по дома. Оправдано ми е ако ептен живеете далеку еден од друг, пример еден во Ѓорче, друг во Драчево или во различни градови, но еден во Центар друг во Аеродром ми нема резон.
Хм не знам што да кажам на темава. Кога сум била помала не сум се осмелила да преноќам кај дечко иако сум била во врска подолг временски период. Прво затоа што ќе ми е неугодно од неговите родители, второ не живееме на крај свет и на крај зависи колку условите го дозволуваат тој луксуз. Претходно кога сум била во врска имаше ситуации, сестри, браќа, снаии, внуци сите на куп и не беше изводливо за такво нешто и би било малку безврска уште ја да се впикам во туѓа куќа. Но сега е поразлично или ја го изгубив срамот или саканиот сака да сум до него па се случува да си преноќам кај него, а тој кај мене иди ама не останува да спие, се осеќал ко . Искрено многу поубаво спијам кога имам до мене мече за гушкање отколку кога сум сама. Мислам така појќе ќе се зближите, не е само секс во прашање. Се работи за навики, ритуали кои си ги има секој пар. Блискоста е поубава кога наутро ќе станиш и прво нешто што те буди е бакнеж. Приквечерините ги миниш со кафе на веранда си муабетиш за идни планови, желби, соништа. Што знам вечити романтичар у мене не изгинал иако многу пати си го залепив срцето на жешка рингла.
Сето ова стои, и за да го оствариме ова со дм мислам крв ќе проплукаме уште малку Нашите родители (и моите и неговите) многу често се на пат и многу често спиеме еден кај друг, па кога ќе се вратат ни е мака. Ама што е тука е, ќе дојде и нашето
Не би искрено. Живеам на пола сат од него и не ја гледам смислата во преноќување. Ајде да беше во друг град разбирливо ама вака... Ај хипотетички да сум кај него па да фати невреме па да јавам на моите нема смисла да си идам ќе останам - океј, ама после излегвање или така едноставно...не.
Личнo никoгaш не би преспaлa кaј дечкoтo зaрaди тoa штo ми е еднoстaвнo кaкo штo велaт некoи oд феминките непoчитувaње нa негoвите a и не сме дo тoлку дaлеку пa дa е тoa мoрaлнo. Се случувaлo oд рaбoтa кoгa ми прaвел друштвo дa дoјдеме кaј мене дa се нaпиеме кaфе ипoседиме и јaс дa зaдремaм и кo ќе ме рaзбуди пoсaкувaм тaкa секoе нaреднo утрo aмa имa време зa тoa
Не одобрувам такво нешто. Не сум тип на човек кој може да поднесе друг да му се мота низ ќука,а ни па јас сакам негде да се мотам.Исто така и на моите би им пречело ако донесам некој. Едит:И кога сама би живеела пак би ми пречело.
Маж ми е првиот со кој што имав сериозна врска. Кај него почнав да спијам после 8 месеци од врската. Татко ми не ми правел проблем. Знаеше дека врската е сериозна. Ама не спиев кај маж ми дома, туку кај што он беше под ќирија. Тоа не беше често. Еднаш-два пати во месецот. Он не е од Скопје. Он кај мене нема спиено.
Во врска сме скоро 4 години. Во Скопје седиме, но на одделни места и таму преспиваме еден кај друг. Но дома, во родениор град кога сме ниту еднаш не сме преспивале еден кај друг. Впрочем тој кај мене нема дојдено ниту еднаш, ми вика дека првата пат ќе биде за да ме запоси. А јас кај него одам бидејќи неговите живеат во куќа, а тој во станот е почесто сам. Не одобрувам спиење дома дома, дури му се неговите или моите дома и во иста куќа. Здравје, по веридбата ако се вериме некогаш, има време.
Хахахахаха, топ тема. Морам да ви кажам мој дешавања. Бидејќи веќе во многу теми спомнав долго одиме со дечкото во врска и кога напунив 16 години пред 3 години тој ме замоли да преспијам кај него. Јас се согласив, и кажа на мајка му, нејзиниот израз беше Не се согласи, сеуште сме мали, а тој беше 18год. Ништо си заминав јас тој ме допрати. За Нова Година иста случка, и ако спиеме, во различни соби, на нас тоа не ни се допаѓаше, па решивме да излажеме дека ќе одеме кај „другари“ заминавме кај баба ми таа не беше дома тоа време, па си отклучивме и си поминавме одлична ноќ. Подоцна одкога напунив 18 години беше се полесно. Сега живееме заедно веќе 1 година, и баш супер ни оди, среќни сме, караме се но пак се сакаме.
Убава тема Јас само кај еден дечко досега сум преноќувала, но он живееше сам и затоа не ми представуваше проблем да останам кај него, он кај мене никогаш. Дечково со кој што сум моментално живее со неговите, со брат и сестра и уште јас фалам таму хаххаа Никогаш предходно, ни сега ни па во иднина ќе преспијам кај дечко кој живее со родителите. Тоа ми е некако безвезе. Во сред ноќ по гаќи да одам до веце и во хдник со татко му да се сретнам... никако Доколку еден ден се верам со некој, па и би размислила дали би преспивала по некогаш до свадба, секако пак ќе напоменам ако живее со родителите. Пак ќе напоменам дека доколку живее сам не ми представува никаков проблем. Кај мене дечко ЈАС не дозволувам да преспие. Можеби имам ограничени размислувања на оваа тема, особено кога се работи за тоа он да преспие кај мене, но сепак според мене тоа не е во ред. Имајќи предвид дека од многу скоро сме останати сами со мајка ми, сигурно на неа не би и било згодно некој маж да и преспива кај неа дома или да и се шета неколку дена низ куќа а да не ми е маж. Сметам нека не е во ред да и правам да не се чуствува пријатно во своја куќа заради некој странец мислам дечко кој денес е тука утре го нема. Дечко е нешто што може да биде и само пролазна ствар, нема вајда секој што ќе мислам дека врската ни оди накај сериозна да и го носам на мајка ми дома на преспивање.
Да, нормално е тоа.Имам спиено 2 пати кај него.Беше сам и си уживавме.Иначе сме во долга и сериозна врска.