Проблеми со желудникот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Podarok, 10 март 2011.

  1. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    71
    Девојки драги и мили дали некој имал проблеми со желудникот со дуење после оброк или абдоменални болки??? Ако сте имале такво искуство ве молам кажете ми мене често ми се случува и денес не сакајќи најдов една статија за карцином на желудник и некако ги читав статиите и страв ме фати ;( ;( ;(

    МНОГУ МИ Е СТРАВ АКО НЕКОЈ ИМА НЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ ЈА !!!
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    2.667
    Проблеми со ЖЕЛУДНИКОТ

    Колку повеќе читаш и бараш по нет информации, толку повеќе ќе се замислуваш и ќе се загрижуваш.
    Немој да бидеш хипохондрик...
    Мајка ми што вика, секоја болест - исти симптоми... во секој симптом се пронаоѓаме, и не смееме психички да се оптоваруваме со такви мислења, оти болеста почнува од мозокот, од потсвеста. :x

    Подувавувањето и болките во желудник ги имам и јас, и ги смирувам со ранитадин апчињата, или евентуално и по едно регланче ако чувствувам гадење.
    Или пак пробај со млеко, на некој така му поминувало.
    Не е ништо страшно, ама сепак треба да си отидеш на доктор подетално да се прегледаш, и да ти даде соодветна терапија.
    Болките можат да се појават од повеќе причинители. Можеби станува збор за бактерија на желудникот, неправилна исхрана, прејадување, нејадење, држење диети, нервози, стресови...
    Докторот најубаво ќе ти каже, немој одма на најлошо да мислиш.
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    1.475
    Проблеми со ЖЕЛУДНИКОТ

    Леле не паничииии. И јас си имам проблеми со желудникот. Да ми беше карцином до сега 10 пати ќе ме снемаше. Можеби имаш јадено нешто расипано и ти се надразнил желудникот. Можеби ти е почувствителен и треба да избегуваш одредени јадења како што се лути, зачинети потешки јадења. Јас си имам проблем со желудникот од кога знам за мене може да ми се случи да го надразнам со некоја храна и неколку дена поред да ме боли. Мене ми ги препишаа ULCODIN а не дека ми помагаат ама со избегнување на гореспоменатите храна неколку дена ми поминува. Не паничи без причина тоа е нешто најнормално сооглед дека јадеме се и се што а и секаде.
     
  4. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    480
    Проблеми со ЖЕЛУДНИКОТ

    Мене многу често ме боли желудникот. Понекогаш чувствувам грчеви а понекогаш имам страшни киселини :worried:
    Бев на лекар и матичната ми препиша фамосан.
    Пиев тогаш за тогаш, ми се стабилизира желудникот, но по извесно време пак истата приказна.
    Веројатно редно време е да одам да го снимам.
    Нека не ти оди паметот во нај лошото, јас до сега ако размислував така (како што не одам на лекар) ќе умрев :D
    Инаку нај убаво земи си упат и оди сними си го. Така ќе знаеш на што си и ќе си ја примаш соодветната терапија.
    Вака од ракав ако ти кажеме лекови против болки, можеш само поголема штета да си направиш.
     
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    528
    Проблеми со ЖЕЛУДНИКОТ

    да ти кажам право немој многу да паничиш,само појди си кај матичниот лекар па нека ти даде упут за да си испиташ крв, и да се снимиш на ехо. Ти кажувам од лично искуство, јас имам проблеми со желудникот веќе неколку години, конкретно кога почнав на факултет ми се јавија проблемите.Од нередевно јадење, нервози...
    Отидов на лекар и ми кажаа дека има хеликобактер пилори, т.е таа бактерија сме ја имале сите само кај некои поизразена е. Па ми кажаа да не јадам зачинето, пржено,сендвичи и слично, а исто така ми дадоа терапија од 3 вида апчиња и додека ја пиев беше ок, ама после пак исто. Но јас во последно време почнав да јадам редовно, да внесувам повеке течности, супа и да не се заречам подобро мие. А порано понекогаш имав неподносливи грчеви, ми се дуеше стомакот...
    Значи само внимавај на исхраната, тоа е многу битно ;)
     
  6. didi1982

    didi1982 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    37
    Проблеми со ЖЕЛУДНИКОТ

    Ах, деца, деца. Не дека јас сум нешто многу стара, ама не можам да поверувам, како толку сте млади, а така црни мисли имате. Одма... канцер... Не дај боже, така се добивало тоа...
    САкам да кажам, сигурно си студентка, под стрес со испити и сесии, нередовна и сува исхрана и така натака и логично е да ти се јави дување на стомакот и болки во желудникот. Сето тоа, според мене (не да се правам сега докторка, а не сум) е последица на зголемена концентрација на Helicobacter pylori, која се среќава кај сите на таа возраст. Ова го кажувам од искуство. Расипан желудник е студентски синдром. Но, секако ти препорачувам да си појдеш на доктор, ќе си кажиш шо мака имаш, ако е она што мислам, ќе ти направат тест и ако е позитивен, ќе ти дадат комбинирана терапија од антибиотици.
     
  7. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    71
    Проблеми со ЖЕЛУДНИКОТ

    Девојки фала ви на советите ама мене ми се дуе баш како да сум трудна и имам болки ама не често се случува понекогаш можеби е од некоја храна незнам ама ке одам на доктор во понеделник да видам што ке биде се надевам не е ништо лошо... ВИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ !!!
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    528
    Проблеми со ЖЕЛУДНИКОТ

    на лекар обавезно да одиш!! а дотогаш ако тие лошо пиј јогурт, или млеко тоа ги намалува грчевите и надуеноста, а исто и чај од нане помага ;)
     
  9. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.234
    Допаѓања:
    417
    значи сите симптоми ги имав дури и до 3 фаза, :o фала му набога имав само хеликобактер пилори, неможев да ја излечам 3 години, пиев тројни терапии, од што крварев многу од нос, менструација ми ослабна и крвта, па сето што требаше да јадам за да ми ојача крвта не смеев да го јадам заради балктеријата, неможев да се справам од 4 до некаде 17 18 години, редовно бев под тројна терапија 6 месеци па после пауза, ја излекував и сега пак чекам резултати од крвта затоа што во последно време ги имав истите симптоми, не кревај паника, не се плаши таа бактерија ја имаат повеќето! оди на лекар и потоа испитај крв нагласено за оваа бактерија нека ти напишат на упутот од матичен, па пиши ни што си направила!
     
  10. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    84
    i jas istotaka cel zivot imam problem zo zeludnikot.Pred 4 meseci se snimav na rengen so kasa i mi rekoa deka site uzasni bolki mi se od toa sto na nervna baza mi se stesnuval hranoprovodot i hranata ne mozela da stigne vo zeludnikot i da se svari.Mi dadoa terapija od koja vednas mi stana podobro.Sega veke i ja prekinav i mi e super,taka da nemoj da mislis uste odma na najlosoto samo moze od stres dopolnitelno da si imas maka.

    [mod-kirilica:3mfirrvq][/mod-kirilica:3mfirrvq]
     
  11. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.003
    девојки а сте слушнале за гастритис?

    тоа е воспаление на епителот на желудникот кој ви предизвикува такви болки и подувувања.
    Не размислувајте веднаш за рак или незнам какви се не страшни дијагнози,раковие во многу мали проценти се јавуваат кај помладите,симптомите кои сте ги нашле се јавуваат кај постари,така да и информациите кои ги читатае обрнете внимание дали се за ваше годиште. :lol:
    гастритисот може да настане од премногу алкохол,долго лекување со кетонали,спазмекси(неколку примери на лекови за болка),од стрес,од helicobacter pylori,од чести подждригнувања,и долговреме неправилна исхрана. :^)

    симптоми кои с ејавуваат се : нелагодност,болка и надуеност во горниот дел од стомакот над папокот+може да има повраќање,мачнина,подригнување,губење на апетит,слабеење,анемија :doh:

    -може да настане нагло-акутно,или за подолго време-хронично

    -се испитува со еден инструмент преку уста до црева се ставаи се гледа внатрешноста на тој епител кој ви го спомнав дека е воспален,и може да се земе парченце од него за да се испита хеликобактер

    -се лекува со:правилна исхрана,со лекови за да ја намалат киселината во желудникот која ве гризе,и лекови кои го намалуваат лачењето на киселина во желудникот...
    се надевам дека ви помогнав малку,доста читав по списанија,на интернет,за да ви го напишам ова...

    друг пат не пишувајте дека сте болни од рак или други страшни болести,јавете се на лекар можеби и не сте болни.... ;) :)
     
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    2.356
    Многу често имам проблеми со желудникот. Кога и да одам на доктор испитуваат крв и високи ми се леукоцитите па ме праќаат во хирургија затоа што мислат дека е слепо црево :^) |( и секогаш истата приказна...направив тестови и сите се негативни...хеликобактер и се е негативно, а премногу ме боли и многу многу често :^)
     
  13. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.003
    ^^ нејтирити каде точно е болката,можеби слепо црево да не е стигнато з аоперација,а леукоцитите се покачуваат на бактериска инфекција...чудна оваа работа со тебе?знам дека за слепото црево може да не те оперираат за џабе,се чека за симптомите да бидат изразени зошто не е потребна само болка,треба да ти се укочува десната нога,да имаш гадење ,повраќање.
    а да не ти е тебе болката од некој друг орган во стомакот? :) ;)
     
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    2.356

    Епа тоа е проблемот кај мене се е проверено и жолчката и хеликобактер се буквално се. Слепо црево нема шанси да е затоа што мене болките ми се случуваат на две недели-три понекогаш месец. Еве сега повеќе од месец не сум имала никакви проблеми да не се заречам :) А тоа со леукоцитите е многу чудно тоа е она што никој не може да го објасни :worried:
     
  15. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.003
    ^^ ништо,тогаш добро е што немаш никакви симптоми :) затоа најдобро е да чекаш,освен тие испитувања и крвна слика,и проблеми со цревата треба да си испиташ...исто сакав да те советувам и на банални рабаоти треба д аобрнуваш внимание,можеби тие се некаква причина.поздрав
    добра ноќ,се надевам се ќе излезе на добро ;) :*
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    2.356

    Е на банални рбаоти воопшто не обрнувам внимание, всушност дури не добијам болки на ништо не обрнувам внимание :$ Мислам и јас дека ќе се среди пијам ранитидин кога чувствувам дека почнува да ме боли и поминува па сега ќе видиме понатаму како ќе биде... :)
     
  17. April87

    April87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    316
    Мене желудникот ме боли уште од основно, но тогаш само кога ќе бев возбудена/исплашена и ми препишаа при болки да пијам Eglonyl. Сега ме боли секое сабајле како да сум гладна, но ако јадам пак ме боли (не јадам многу количински), па затоа пијам само блага вода (до пред некое време пиев ладно млеко, ама ми се смачи, бидејќи пијам години наназад), па по некое време јадам.
     
  18. Calipso

    Calipso Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    И јас го имам овој проблем,не можев ниту да јадам ниту да пијам па го снимав на ренген.
    Дијагноза-Гастритис
    Пиев Руперут со Ланзул едно три месеци интензивно,го снемив начинот на исхрана и сега сум добро.
    Понекогаш имам некое гадење ама со руперут ми поминува.
    Остана само тоа да морам уште да пазам на исхраната да се хранам поздраво ,прзено ретко да јадам итд.
     
  19. stylishh

    stylishh Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    403
    и мене исто желудникот ,на сабаље ако не се напијам јогурт ,после тоа цел ден ме боли како гладна да сум ,немам појдено на лекар ,од мала имав проблеми ,тогаш кога го снимив ,ми рекоа дека на работ на гастритис,е сега после толку години пак се јавија болки,а неќам снимања пу пу ,не јадам пржено ,многу ретко можи ,се јадам здраво овошје обавезно во денот јаболки и зелен чај ,кафе пијам по едно на утро и пак имам болки :worried:
     
  20. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    47
    Девојки и јас имам гастритис,еден другар ми препорача едни на природна база па ги порачав капки и апчиња се чинат околу 50 евра,па ќе пробам :worried:
     

Сподели ја оваа страница