1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    на стоматолог одам повеќе од 5 пати годишно, секој ден мијам заби, пијам чај од нане и пак имам лош здив. И сега?
     
  2. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    13.296
    Пол:
    Женски
    Имај мастики во тебе или спреј. Можда ќе ти помогне.
     
  3. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    79
    Помош!!!
    Бев завчера на заболекар, премногу ме болеше поправан заб пред 3 години. Направив снимка ми рече ок е забот. Ми очистија камен, демек можело од тоа да боли. Повторно боли дури и повеќе. Што да праван? Вчера ме болеше цела страна и горната лева страна дури.
    Барам совет, што да правам? Панорама? Може да е нешто поврзано со 8? Немам ни една искочена??
    И што би можело да е, и секако, болката и постапката која ќе ја трпам :)
     
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    10.977
    Пол:
    Женски
    Ако вентор не ти помага, појако апче само дијазепам, а и тоа не знам колку би помогнало. Ќе отекуваш уште повеќе, не чекај до сабајле. Оди на дежурна да го отворат забот, до сабајле ке спадне отокот па после ќе си видиш кај матичниот што понатаму.


    Провери си го желудникот. Има бактерии кои предизвикуваат лош здив. Ако твојот стоматолог ти вика дека забите ти се во ред, причината мора да е на друго место.

    Од осмица не боли само едно место, боли цела страна. Ако болката почнала од еден заб, поверојатно е дека таму е причинителот. По чистење на камен нормално е да се појави поголема осетливост, ама тоа престанува по неколку дена. Ако не се смири за уште ден-два, оди пак. На крај краева, направи си снимка, може има кариес кој визуелно не може да се дијагностицира, туку е скриен меѓу забите. И уште нешто, ако болката ти е од ладно најмногу, најверојатно е тоа што ти рекле - насобран забен камен и осетливост на забот и ништо повеќе.
     
    На lightning123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.492
    Допаѓања:
    39.778
    Пол:
    Женски
    Spidy како што гледам забарка си па имам прашање
    Пред скоро пола година си го правев забот кај една забарка, постара жена. Ми стави пломба ама после кога јадев ме болеше забот.
    Ок, друг забар после тоа се мачеше 300 ствари ми направи, незнам лек од страните, лек ваму, лек онаму, пломба ваму онаму ама уште ме боли.
    Од што не можам да јадам на таа страна, јадам само на една, а имам изместена вилица и сеа ми се разбатали вилицата, на секое јадење ми пука вилицата и језиво е многу.
    И сакав да прашам дали избелувањето на заби (на замар нормално) може да ги оштети забите?
    Некој совет?
     
  6. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    79
    Спиди, болката е на ладно и пред да чистам камен. Болката најмногу е пулсирачка. Најпрво беше само на еден заб, а сега ми е и на горна и на долна вилица.
    Пиши ми што би можело да биде. Фала ти.
     
  7. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    10.977
    Пол:
    Женски
    Зависи што лекови ти ставале. Ама ако се е завршено сега и пак имаш болка на притисок, тоа не е добро. Осетливост на ладно и топло е донекаде нормално после пломбирање, и со тек на време поминува, ама на притисок не. Јас би рекла тој заб да се снима, може има некој процес околу коренот кој не бил среден и може е потребно лекување (умртвување на нервот). Моја претпоставка е дека лековите што ти биле ставени биле да се спречи тоа, ама може не било ефективно. Како и да е, мала снимка на само тој заб се ќе каже.
    Тоа што јадеш од една страна воопшто не е добро. Тоа пукање може да престане ако почнеш пак да јадеш нормално, ама во мегувреме на страната на која не јадеш се собира камен и наслаги од храна и забите се расипуваат многу брзо. Додека да се реши забот, штеди го злобот. Пробај да не зинуваш максимално, устата да не ја отвараш повеќе од 2-3 прста. И немој да прегризуваш на предните заби, како на пример при јадење јаболко. Се што јадеш сечи на помали парчиња и јади само на задните заби.

    За белењето, мислам дека пишував и порано во некоја тема. Хемиско/ласерско белење е најчесто тоа што се применува, и мислам дека ниеден забар не треба да го препорача освен во екстремни случаеви. Ефективно е, нема муабет, ама со таа процедура се отстранува површинскиот слој од забот, и иако се заштитува после тоа, сепак забите се повеќе подложни кој повторно упивање на боите од храната и пијалоците. Како дел од процедурата, 3-6 месеци после белењето се препорачува воопшто да не се конзумираат обоени пијалоци (кафе, чај, газирани сокови), ригорозна хигиена и најбитно од се, една чим се избелени забите со тек на време бојата ќе се врати (во некои случаеви и потемна од порано) што значи дека белењето не е трајна процедура. Кога тогаш ќе треба да се повтори.
    Моја препорака би било да користиш паста за белење. Со секојдневно четкање ќе го одржуваш ефектот, а површината на забот само механички ќе се чисти наместо хемиски (што ја менува структурата на глеѓта).

    Би рекла дека осмица не е во прашање. Направи снимка на забот кај што почнало во случај да е инфициран просторот меѓу забите, каде од каменот може и да имаш развиено џеб. Ако на снимката нема ништо, речи му на стоматологот да ти стави локални минерали по забите, тоа помага во смирувањето на болката на ладно. И пробај купи си детска паста, во неа има повеќе калциум и флуор отколку обичните пасти, и тоа може да помогне. Минералите ќе се исталожат по површината на забите и ќе го изолираат забот од околните сензации како ладното.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    денес ми вадеа забен камен и4 не боли!
    само ти допирааат до забите со машинката...

    Како да ги чистам дупкиве од храна? Нели ми го извадија каменот сега имам дупки,јадев и некако ми отиде леб таму.. И сега? :sweat:
     
  9. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    ми расти седмицата на долната вилица, од лева страна. Денес почувствував како целата долна вилица отекува. Никогаш порано не сум имала вакви болки. Како да го решам овој проблем,? и дали болката е поради новиот заб?
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.988
    Допаѓања:
    32.749
    Пол:
    Женски
    Болката е поради вадењето нов заб. За да ти го снема отокот, масирај го отеченото место, стискај го и плакни ја устата со чај од жалфија (да биде млак).
     
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849

    да се надоврзам

    Ми иде ладно само на едно место каде што ми бил забниот камен..Како да се справам со тоа?
    И непцето ми е како кога вадат заб,малку рана-темно... што да правам?
     
  12. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    10.977
    Пол:
    Женски
    Се што ти се случува сега е заради новата ситуација, тој камен бил во устата долго време и сега се ќе ти биде чудно. Тие дупки е нормално да ги имаш меѓу забите, сите ги имаме, храна ти собира зошто уште е воспалено непцето. Ладното ти смета зошто каменот ги изолирал забите од надворешната средина, сега се на некој начин "голи". Непцето е разрането од чистењето, и тоа е нормално.
    Се ќе се среди за неколку дена. Треба да истрпиш. Само редовна хигиена и за некој ден ќе бидеш како нова. :)
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.596
    Допаѓања:
    80.698
    Пол:
    Женски
    Спајди, мене ме интересира дали веќе целосно изникнат умник може да биде изваден кај матичниот стоматолог или мора и за тоа да се оди кај специјалист ?
    Јас строго и' верувам на мојата лекарка, не би можела да замислам како би било кога некој друг би ми чепкал во уста. :worried: :wasntme:
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    10.977
    Пол:
    Женски
    Ако не е нешто многу расипан, или загноен, или со лошо поставени корени, не би требало да е проблем. Матичен стоматолог е опремен да извади заби, само лично до твојата докторка е дали ќе се нафати, дали самата смета дека може да го извади.
    Во последните години, многу почесто се препраќаат пациентите на орален хирург, чисто како претпазливост од страна на општите стоматолози.
    Како и да е, ако немаш некој поозбилен проблем со забот, би требало без проблем да се извади кај матичниот. Не е битно дали е умник или било кој друг заб.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    На горната вeлица предните два заба ми се разделени :tmi: и тоа многу ме нервира, ме интересира дали едниствениот начин да се 'спојат' забите е фиксна протеза :?:
     
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    10.977
    Пол:
    Женски
    Кога сите млечни заби ќе се сменат со трајни, само фиксна му е решение.

    Ако многу ти смета, постои опција коронки. Ги стругаат твоите заби и ќе ти ги направат коронките пошироки за да се пополни просторот. Ама на здрави заби стварно мислам дека не би требало... :?:
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    79
    дали е можно од тоа што ми растат осмици горе, а доле не, да не боли цела вилица доле?
     
  18. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Имам забен камен, кажете со што да ги смирам болките неподносливи се. :|
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Најверојатно болката ти е од воспалението на непцето кое си го добила од забниот камен. Оди да си го исчистиш, само така ќе исчезне. Меѓутоа во меѓувреме можеш да го намачкаш местото каде што те боли со мед, ќе помогне, верувај.
     
  20. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    557
    Денес ми го вадеа нервот од забот...ми ги наполнија каналите и се тоа...Но јас кога ќе го чукнам онака со долните заби, чувствувам сосема мала болка...Дали ова е нормално? Дека веќе нема нерв па мислам не би требало да боли? Што ако нешто останало? дали може повторно да се отвори и повторно да се чистат каналите?