1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Поради ваквите треба да се менуваат законите во Македонија. Оваа треба во затвор да е, поради ширење небулози кои лошо може да се одразат на некој што е во очајна здравствена положба и би пробал се за да се спаси.
     
    На snezno му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    почитувани , ,читам и си велам , секој има право на свое мислење . Jас лично се хранам еве веќе 2 години по упатствата на дрч Jадранка бибан , и сум нејзин подржувач , а се согласувам и со тврдењата на др . снежана . не чувствувам никаква потреба да образложувам никакви туѓи мислења .. само знам дека се чувстувам фантастично со режимот на исхрана , и никогаш не ми било подобро.. не се сеќавам кога последен пат се напив апче , убав ден на сите
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Па нормално ако си јадела претходно нездраво и сега си се променила,телото нема ништо друго освен да ја подржи таа промена.
     
    На snezno му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас се трудам да се хранам здраво, повремено земам и млечни продукти (татко ми од на работа често оди накај Берово и си познава луѓе оттаму ми носи), месо не јадам и имам воочено дека менструацијата ми е премногу намалена, ми трае 3 дена, слаба е, немам никакви болки и тегоби.
     
  5. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Ако се промени режимот на исхрана целосно нормално е дека секој дел од организмот ке осети промена,така што и циклусот ке се нормализира.
    Всушност не е муабетот тука дека не треба здраво да се храниме,бог да чува :!: ,сите си знаеме што значи за организмот зголемен внес на овошје и зеленчук,намалување на месо и млечни продукти и сл.
    Ама страшно е кога некој изнесува такви глупости,без цензура,деца гледаат и читаат бре!И после анорексијата цвета.
    Јас искрено сега со зголемена килажа имам подобар имунитет него предходно кога бев послаба и се нешто не јадев.Сега си јадам буквално се ,само повеке се рекреирам и супер ми е.Клучна е рекреацијата,треба да се потроши дневно внесеното.
    Мене само не ми е јасно од што живее погореименуваната госпоѓа :^) ,која ја финансира,нели од воздух не се живее,де.
     
    На snezno му/ѝ се допаѓа ова.
  6. snezno

    snezno Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    19
    Гореспоменатата живее од тоа што по пирамидална шема продава зеолит, продава дестилатори за вода ( 140 еур) и чевли за заземјување ( 200 еур)...лагите што ги шири во врска со исхраната и лекувањето можат да бидат многу опасни по здравјето...бидејќи сум нова тука, во наредните денови ќе ви постирам тоа што мислам дека треба да го прочитате....па кој како сака...:)..за почеток повелете еден добар блогер...:)
    http://zoran-vujcic.blogspot.com/2013/1 ... e-moc.html

    Слаѓана не покажа доказ за завршен факултет, а многу сака да разговара за докази...јас сум блокирана во сите нејзини групи бидејќи и ја побарав дипломата...и јас можам да напишам дека завршив на Харвард..:).....цело време се повикува на тоа дека е Др. а не признава ништо од медицина...нели е тоа малку лицемерно....нели со тоа што стои др, покрај нејзиното име, само сака да привлече што повеќе луѓе чија логика е следна: аха, значи таа е доктор и знае нешто, можеме да и веруваме дека ќе не излечи со нејзините методи и препораки...и кое е тоа лечење по пораки на facebook????... страшно..
     
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Сигурно е дека Велков нема завршено медицински факултет,туку тоа е само една од многуте нејзини лаги за да го привлечи интересот на новите родители.
    Од Медицинскиот факултет во Ниш немаат никакви податоци за нејзино студирање.
    Се што кажува е многу контрадикторно и небулозно,па јас вината ја наоѓам и во родителите кои толку слепо и веруваат,што дури изгледа параноично. :x
     
    На danielka0507 и snezno им се допаѓа ова.
  8. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Јадам месо, не сум вегетарјанец. Менструалниот циклус ми е точен, трае 5 дена и не е обилен, ниту болен.
    Јадранка Бибан, немам конкретно ништо против неа...ама луѓе погледнете ја убаво. Имам приметено дека многу луѓе кои пропагираат вака здрав начин на исхрана, изгледаат старо, пропаднато, безживотно....Можеби луѓето кои јас ги знам изгледаат така, па врз основа на тоа сум го стекнала моето мислење.
    Не сум против здрав начин на исхрана, респект и за вегетарјанците, тие си избрале така, но небулози од типот ако јадеш месо ќе ти иде менструација, ако не јадеш нема да ја имаш оти не е природно....како што би рекла Слаџана Велков....не, фала немам потреба од тоа.
     
  9. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Тоа со менструацијата и навистина е делимично точно. Ама не затоа што тие што немаат менструација пукаат од здравје, туку НАПРОТИВ, аменорејата, отсуство на менструација е ПАТОЛОШКА состојба, болест.

    И тоа е прилично добро познато кај индивидуи кај кои има намален внес на храна, селективен недостаток на нутриенти, или отсуство на протеини и масти во исхраната придонесува до таква состојба кога кај жените запира целиот циклус, а кај мажите се појавува импотенција. Таков е случајот со лица кои имаат анорексија, тие немаат менструација.

    Затоа кај жени кои имаат исклучителен редуциран внес на хранливи материи има проблеми со забременување, докажано е дури и дека кај мајки кои некогаш во текот на животот биле под рестриктивна диета имаат намален имун систем, кој недостаток се појавува дури и кај нивните деца. Затоа се препорачува да се избегнуваат сите тие диети за слабеење кои се на основа на редукција на внес на калории.

    Ова не би требало да се однесува за вегетаријанците, не дека има нешто лошо со самото избегнување на месото, ама месото претставува извонреден извор на протеини, а немаме добра замена и навика за тоа како национална кујна.
    Едноставно според нашата традиција месото е изворот на протеините, ако просто го исклучиме месото и се фокусираме на растителниот дел од нашата кујна останува приличен недостаток на протеини. Затоа тој што го исклучува месото, мора да воведе нешто ново кое ќе го замени изворот на протеини.
    А пак уште и да се исклучат и сите готвени легуминози кои исто се извор на протеини, и ако се фокусираме на жива храна, тогаш тој недостаток станува уште поизразен. Се разбира и листестите и плодовите имаат протеини, ама потребно е огромно количество на внес, многу пати во текот на денот, што е навистина непрактично, дури и готвењето станува полесно отколку цело време правење на тие смудис и слично. Затоа таа идеја за жива храна ми е малку одбивно, а не пак целосна замена на исхраната со тоа. Нема ништо подобро од умерена, разновидна исхрана.
     
    На danielka0507, Espadrila, StefChef и 2 други им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас од малечка знам за едно, дека треба да се јаде разновидна храна, за секој вид на храна, во одредени количини кои ги задоволуваат дневните потреби од витамини, минерали и сл. Не ми е логично, од една страна да тврдам дека за секој производ постои подобра замена, а од друга страна да тврдам дека разновидноста во исхраната е неопходна.

    Според мене, како телото, така и умот треба да го “храниме“ со информации од различни извори. Поборниците за природна и/или алтернативна медицина, ме имаат запознаено и поттикнато да истражувам за многу билки, растенија, чаеви, домашни лекови и сл. и за тоа сум им многу благодарна. Одредени нивни учења навистина ми помагаат во подигнување на квалитетот на моето живеење. Но, и на класичната медицина имам зошто да и` благодарам.

    И на едната и на другата пристапувам критички, со прашање, го прифаќам она за кое сум заклучила дека е позитивно и од едните и од другите и .. секако ... се надевам на подобро утре. :)
     
    На danielka0507, Hipster и StefChef им се допаѓа ова.
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Даниелка, ајде види дали овој производ е бизнис на Др. Велков. РАЗГЛЕДАЈ ГО ПОСТОТ УБАВО. Не бранам никого, ама не ми се допаѓа коа ширите невистини.

    Се разбират дека никогаш во јавност нема да излезе дека е нејзин препаратот(а и не е)...Некој добро ја финансира, за да го купи прва...хахаха...А алал да и е што така добро пере мозок, па нејзините подржувачи кои веруваат дека е Велков божјиот пратеник, сите ќе го купат...(постов го пишав и на страната на Велков што е на фемина, бидејќи овде сме офф топик)
     
  12. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Што ке ни е Слаѓана Велков си ја имаме ние Баба Рада ;)
     
    На sweet-star, Nati.P, Lexus и 3 други им се допаѓа ова.
  13. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски


    Исто и јас познавам двајца кои стрикно се придржуваат кон нејзиниот режим на исхрана и изгледаат како да вегетираат...Без никаква живост, безбојни, слаби...дури чудни...
    Нели предходно Велков тврдеше дека завршила медицина во Ниш, а сега во Скопје? Или грешка сум...
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Конкретно за оваа реченица, посебно за умот треба да внимаваме со какви информации го храниме и го полниме, зошто се се наталожува во психата и после ќе си патиме од тоа.

    Човек кој преминал на нов режим на исхрана, секогаш на почетокот умее да ослабни премногу, да изгледа изнемоштен и сл., зошто телото се ослободува од сите токсини, се чисти, а тој процес е таков, па тоа е најнормално да изгледаат така.
    Но, не значи дека се и физички слаби, т.е најчесто имаат извонредна кондиција, сила, многу повеќе него било кој.
    Разгледај примери и по други, ќе видиш дека сите се такви на почетокот и определен период. Се додека телото се приспособи.
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Човек кој преминал на нов режим на исхрана, секогаш на почетокот умее да ослабни премногу, да изгледа изнемоштен и сл., зошто телото се ослободува од сите токсини, се чисти, а тој процес е таков, па тоа е најнормално да изгледаат така.
    Но, не значи дека се и физички слаби, т.е најчесто имаат извонредна кондиција, сила, многу повеќе него било кој.
    Разгледај примери и по други, ќе видиш дека сите се такви на почетокот и определен период. Се додека телото се приспособи.


    Силвер, не ми изгледа ни најмалку здраво ..Кога ке осетите глад, замислете си пред вас огромна зелена салата и како ја јадете, и гладта ке помине,,...Доволно е да се јаде шака бадеми и две јаболка во текот на денот.....
    Сепак не е нормално...Жената има некоја цел, наскоро ќе ја видиме...
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Има луѓе кои не јадат ништо, па пак се живи и здрави, силни и цврсти и тоа многу повеќе од другите. :)
    Лично и јас познавам такви.

    А, женава си кажува по нејзино. Кој не ја сака, не мора да ја слуша. Не дојде таа дома ти да те тера со сила.
    Сепак тој кој ја почитува и слуша видел нешто во неа, и тоа е нивно потполно право.
     
    На bubica13 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Кој ја следи добива лош совет,ако веќе толку е добра нема да фалшира дипломи и нема да ги превртува информациите.
    Се виде колку познавање има кога ја ставија со вистински професор што има познавање и искуство,а не само нејзиното знаење се базира на статии и на тоа како изгледа.
    Само затоа што функционира за неа,не значи дека ќе функционира за секој.
    Не секогаш јаболките паѓаат на исто место,а нејзините “совети“ може да донесат нормален човек до лудило и до џабе потрошено време.
    Ако променува животи нема да пропагира алтернативна медицина и нема да продава зеолити и не знам какви други работи..
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    А, пак тебе ако те слуша човек и твоите совети, далеку ќе втаса, знаеш ??? |(

    Туку и ти за самиот себе си си мислиш дека си во право и дека си најдобар, нели ??? :emo:

    А, дали женава има фалсификат диплома, тоа не знам, не верувам.
    Мислам дека е намерно иставен муабет, зошто има минато и сведоци дека таа навистина студирала и сето тоа.
    Никој не ја видел дипломата во рака, за да процени и суди дали е оригинал, па за вака да коментирате напамет.
    Но, ок, ние сме склони за вадење муабети.

    И пак ќе повторам, женава си дава совети. АКо ви се добри превземајте ги, ако не ви се, ич не слушајте ја.
    Не ве тера некој со сила.
    Но, смешно ми е цело време да одите контра неа и да ја осудувате, а ниту лично сте ја запознале, ниту лично сте правеле нешто од тоа што таа го нуди.

    И, за споредба, некој ви нуди алкохол, ви нуди храна богата со конзерванси, ви нуди пример чипс, вие тоа го земате и прифаќате. Јадете токсини.
    Зошто таа храна не ја одбиете и тој човек не го осудите?

    Оставете ги луѓето кои на свој начин се трудат да си живеат поздрав живот. Не сте се ни потрудиле, јадете месо, паштети, салами, чипсови, пиете газирани сокови, и потоа некој друг е крив и некој друг не чини. :^)
     
    На bubica13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски


    Какви се тие луѓе кои не јадат ништо, па се здрави и живи , силни и цврсти?????
    Не ми е јасно...
     
  20. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски


    Какви се тие луѓе кои не јадат ништо, па се здрави и живи , силни и цврсти?????
    Не ми е јасно...

    И, за споредба, некој ви нуди алкохол, ви нуди храна богата со конзерванси, ви нуди пример чипс, вие тоа го земате и прифаќате. Јадете токсини.
    Зошто таа храна не ја одбиете и тој човек не го осудите?

    Оставете ги луѓето кои на свој начин се трудат да си живеат поздрав живот. Не сте се ни потрудиле, јадете месо, паштети, салами, чипсови, пиете газирани сокови, и потоа некој друг е крив и некој друг не чини. :^)


    Пак ќе прашам кој е тој поздрав живот со никаква храна????
    Ајде не мора паштети, газирани сокови...
    Образложението за местото на Слагана Велков да не се јаде е како да обрзложува психопат, а не доктор по медицина...(наводно шетале демони и шејтани по телото ако) хахаха...Кои се тие совети па да ги слушаме....
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.