1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Постојат такви луѓе. Ги има во светов.
    Еден од нив на пример е Хира Рата Манек. Итн.
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Девојче ти сакаш да веруваш во бајки и во фантазии,не во факти и вистина.
    Единствени што можат да произведуваат енергија од сонцето се растенијата,сите други животни мора да конзумираат храна за да опстанат...
     
    На sweet-star и expert им се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Ово није могуче :wasntme:
    Туку да,драгата Велков така ве советува,да не јадете ништо,да се гледате во сонцето,да пиете сребрена вода и ќе бидете топ! :fubar:
     
    На Hipster, danielka0507 и expert им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Па не мислела буквално.Секако дека нема луѓе што не јадат, а се живи и здрави.Туку да се внимава што се јаде.
    А женава се може да си збори што сака, не е само да се прифати здраво за готово сето тоа што таа кажува.А претходна членка ја спомна баба Рада, па подобро неа ќе ја слушам, отколку Слаѓана, што кажува апстрактни работи.Луѓето ќе си кажуваат, а на човек останува што ќе прифати, при се на дофат на рака, лесно може да си провери дали тоа што тие го тврдат е правилно или не.На нив не им е гајле, дали некој ќе им верува или не, гледаат да си тераат бизнис.
     
  5. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    @Gordana10

    Не, навистина Слаѓана им зборува дека тоа е возможно, дека тие го постигнале крајниот стадиум на моќта и сега се хранат само со сонцето. Избегани се во секоја смисла. Се разбира тоа не им го препорачува затоа што е невозможно, туку само сега засега им вели да гледаат во сонцето, да вежбаат, на некој начин, па отом потом и тие можеби еден ден ќе живеат само од сонцето.

    Инаку тоа не го смислила Слаѓана, такви има во светот и од Индија, кои тврдат дека живеат без храна, ама сите знаеме дека тоа е неизводливо.

    Некое време сите групи им се затворени, и подолго време немам прочитано што пишуваат, ама се плашам од такви активи каде надворешна критика нема пристап и сите се дојат со една мисла, а ако некој одвнатре критикува веднаш е бришан. Жал ми е за тие луѓе кои некритично гледаат кон неа, а себе си се сметаат за многу отворени луѓе, а тоа воопшто не се.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    А демек пак Слаѓања од воздух живее.Таа знае дека е не возможно, само и одговара да кажува така.
    Добро, таа кого мафта? Таа што не проба да не јаде, да провери чисто како е? Ако има ефект кај неа, ќе има кај други.Ама изгледа не може да издржи без храна.Ја имаше еднаш на телевизија кај баба Рада, чинам беше, ако не беше кај неа гостинка, нека ме поправи некој, слободно.Не ја ни загледав, оти не ми беше нешто многу интересна.Па што дека зборела така? Не значи дека тоа што таа го зборува, затоа што прочитала некаде, треба друг да не јаде.Малку ли е нетов, за информации, стручни лица и сл.

    И тогаш кај баба Рада нешто збореше, не ми текнува ни што збореше, од што толку многу ја слушав.Ама нешто во ваков нејзин стил беше.И други, препорачуваат гледање во сонце, само секако важна е храната, а не е само гледањето во сонце.

    Да, знам читав на нетов за тие во Индија.
    И тие може лжат :D може не се сеќаваат дека јаделе, па тврдат дека се опстојува без храна :D
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас лично не ја следам и слушам Слаѓана, иако знам што пропагира.
    А, ти си пробала нешто од нејзе, па имаше мака и вака од искуство зборуваш ?
    Или онака си кудиш...?

    Мене пак, ми е жал што ти си ограничена и избегана во таа твоја медицинска смисла, а твојата медицина која на големо ја застапуваш тука многу работи сеуште не ги открила и докажала.
    Затоа не најдовте лекови за најголемите болести.
    Упс. Најдовте лекови, ама не ги давате зошто луѓето треба да фрлаат пари за лекови, болнички кревети и да умираат, за вие од фармација да се богатите,
    Јасно е како ден.
    А, за луѓето во Индија (не знам што баш таму, ги има низ цел свет) немам коментар, не знам како мислиш дека е неизводливо кога има такви примери, ете еден од нив е Хира Рата Манек и твоите колеги го испитувале, докажан пример е.
    А, кај што е тој, ги има и повеќе такви.
    Јас во животот засега ЛИЧНО имам запознаено тројца такви.
    А, ти ако кажуваш напамет без да си видела, тоа е друго...
     
  8. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Абе Silver.E колку години имаш? Ако имаш 14 ја разбирам твојата положба, ама ако навистина имаш 26, е тогаш преиспитај се, многу имаш пропуштено да научиш. Те читам во разни теми и скоро секаде имаш некои наивни размислувања, па дури ми се обраќа сум се богатела, LOL секоја чест на разумот.

    Исто и овде. ЛИЧНО си запознала луѓе кои не јадат ништо и така живеат? Ако ова го тврдиш нека ти е на чест што си толку наивна, и секоја чест на татко ти доктор што израснал толку некритична ќерка.
    Како побогу кажи ми ќе живее без храна само со светлината од сонцето?

    Тој што го спомнуваш е преварант за таквите наивни како тебе да им зема пари за предавања и сеанси, како што прави досега.
    Ако навистина те интересира, слободно можеш да си прочиташ: http://scienceblogs.com/insolence/2012/ ... asy-versu/
     
    На baby-star и StefChef им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Море ќе му опадне на човека имунитетот, па ќе дојде дотичната болест анорексија, со неа, нејзиното друштво ( др. болести) и после , што се деси? Е што се деси де.Она што велат дека човек опстојува без храна, малце троа лажат, така што не може да се земе тоа во предвид.Болестите одат заедно, не една по една.Па после ќе видиме колку се живее без храна и само гледање во сонце.

    Она што го пишуваат на нет и сл., опстојување на човекот без храна, само од светлината на сонцето, нема врска.Тие што тоа го пропагираат, во Индија и тие јадат.За да опстои огранизмот му треба храна, вода, за да функционира, од кои ќе зема енергија за да опстои, ако го нема тоа, тешко дека ќе преживее.

    Кога се мисли на гледање во сонце, кое ја подобрува здравствената состојба на човекот, се подразбира храна за зачувување на имунитетот.А кога е слаб имунитетот, лесно може да биде подложен на болест, а за да се справи со одредена болест, ќе му треба сила.Затоа не треба да се верува многу на она што тие во Индија или било каде, како Слаѓана кои го пропагираат ова.Мислам дека е сосема јасно секому ова, не е нешто ново.
     
    На baby-star, makedonkamak и expert им се допаѓа ова.
  10. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Правете разлика од директно гледање во сонце кое е штетно за самите очи од изложување на сонце преку спорт, прошетки, сончање.
    Гледањето директно, дури и 30-40 минути е опасно за очите, зошто да ги мачиш очите, додека јасно е познато дека изложеноста на сонце има благодет преку создавањето на витаминот Д во кожата. Во северните земји каде што нема сонце има зголемена потреба од витаминот и луѓето преку зимата го внесуваат преку апчиња. Постои поврзаност помеѓу домашен седентерен начин на живот и депресија и други заболувања, тоа не е ништо ново. Ама гледање директно во сонце не е исто.
     
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Силвер не сум ги пробала советите на Велков, затоа што доволно знам како би ми се одразиле истите на мојот организам, така да ако имам некаков здравствен проблем, решение барам на доктор, а не на форум или на група на фб.
    Доволно имам учено и знам дека жив организам без храна нема да преживее, али ете и ти викаш дека е можно таков начин на живот, па не го практикуваш.
    Се согласувам со Експерт дека на многу теми имаш наивен пристап, што мислам дека во семејство каде има доктор, тоа не треба да го има, посебно не на ваква тема.
     
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Ја гледав кај Јанко во емисија и многу позитивен впечаток ми остави. Многу добро збори и има знаење доста.
     
  13. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    До кои екстремни пропагирања оди само г-ѓа Велков.Ја читам наивноста на помладата популација и не ми е јасно зошто,од каде тоа верување во неа?
    Млади и здрави личности,без хронични болести и положиле целосна верба на дотичната,а не се свесни колку можат евентуално да си наштетат.Но возрасниот кој има реални здр.проблеми се упатува на лекар.Да се разбереме,има и голем број доктори кои применуваат и хомеопатија или домашни лекови и без срам може ке ти препорачаат,и тиe одат напред со сознанијата,но не и кога навистина имате проблем кој мора да се лекува.
    Никој овде не е против здрава исхрана но ЕКСРЕМНО ГЛАДУВАЊЕ?????Ви се молам,ке се изгладните до степен да телото си ги истроши сите свои резерви и опасно нарушите имунитетот.
    Крајно ако сакате да си го прочистите организмот од маснотии и токсини,тогаш еве ви ги велигденските пости,нема потреба од екстремности.
    Верувајте дека секое екстремно учење на крај излегува како едно големо безредие ,па вие одлучете си дали ке бидете дел од тоа.
    П.С Верувајте дека госпоѓата со такви свежи и румени обравчиња не гладува,можеби само повеке се сонча ;)
     
    На Hipster и baby-star им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас и многу други (ги има многу во Македонија) сме личен пример дека сме гледале во Сонце (таа е целосна техника, не е нешто наивно, ајде гледај) и еве не после години ние сме здрави, прави, никој немал проблеми со очите, дури оние кои имаа диоптер сега немаат.
    ********************************************************************
    Фактот дека сум ќерка на доктор, нема никакво значење, зошто татко ми како медицинско лице има голем увид во медицината која на јавноста не и се познати, се кријат и саботираат, од разбирливи причини-профит.
    *********************************************************************
    За Слаѓана, по не знам кој пат. Не ја следам на интернет, никаде воопшто, но ја имам гледано, знам за што зборува.
    Читам книги. Мене не ми е важно дали кориците се стари, нови, искинати.
    Битна ми е содржината. И го вадам и користам она што ми е најважно и што ми треба. Не прифаќам се.
    Така и со Слаѓана.
    Што ми е гајле што прави. Јас може да го практикувам она што го кажува, кое мене лично ми се допаѓа, и го прифаќам.
    Но, не мора да ја следам слепо и да превземам се.
    Исто е и со другите доктори. Одиш на лекар, те советува пример да не пушиш, а самиот лекар пуши. Дали вие почнувате да се карате со лекарот ? Секако дека не.
    Така за Слаѓана, повторувам, многумина зборуваат онака од рекла-казала, а ништо не пробале, ни виделе за да знаат.
    Абе први сме за дремење пред компјутер и за паметување. Ама пробај, направи нешто, па коментирај од искуство. И никој со сила не ве тера да ја слушате итн. И не мора се да превземете. Превземете нешто што ви одговара, што ви се допаѓа.
    Крај краева женава на свој начин се труди да дели совети за нешто арно. Исто како и баба Рада, но ја зедоа на мајтап со вицовите.
    ********************************************************************
    Ќе ја земам за пример јогата. Зошто постои преку 5000год.? Зошто техниките се покажале вредни, затоа опстојуваат.
    Зошто има вежби за контрола на умот. А, кога човек ќе научи да го контролира умот ќе научи и да ја контролира исхраната.
    Затоа постојат стари јогини кои можат да живеат со преминимална храна или скоро со ич, а се млади, витални, челични. (Овде зборувам за прави јогини, а не за фенси-модерни јогини, кои пијат, пушат и бај д веј подвежбуваат по малку)
    Е, сега, некој кој поим нема од ова, и кој во живот ни 5мин. не вежбал јога, прв ќе мудрува како ова нема врска, е измислица итн.
    Ама, постојат луѓе кои живеат така, тоа се одвај 1% можеби во светов, па секако дека ретко кој ќе верува во ова.
    Суштината ми е, со овој ограничен начин на живеење, секако дека човек ограничено ќе мисли и дека оние другите за него се наивни.
    Тој за кој мислите дека е наивен можеби стварно нешто искусил и видел.
    И пак ќе повторам, таквите личности се преретки, и само тие може да се разберат меѓу себе.
    ************************************************************************
    Добра книга, за едно малку поинакво гледиште е Калуѓерот кој го продаде своето ферари. Онака, убава книга за народна маса.
    И гледам дека на странските форуми овие теми се подобро прифатени и сфатени. Има луѓе кои навистина се духовно подлабоки. Овде кај нас во Македонија, уште менталитетот ни е заостанат и живееме по рекла-казала, кој што облекол, со кој се излегол. Се додека е така, многу работи ќе бидат табу.
    И се додека исти лица во темите секс, советуваат менувај партнери, собери искуство, а овдека кажуваат сонцето е штетно, ќе нема напредок по ова прашање.
    ***********************************************************************
    Моето мислење е тоа, нема повеќе да коментирам на темата, бидејќи се повторува едно те исто, а моето целокупно размислување е во овој пост, па не сакам да се повторувам по десети пат.
    И секогаш со едни исти, та исти членови. Не сакам да сме досадни на темиве, зошто и онака многу теми изгубија секаква смисла и се натпревар едни версус други. ;)
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ако биле толку здрави пред х векови и години зашто живееле само 20-30 години.
    Поверојатно е да умреш млад,него сега со напредокот на медицината каде што векот на еден човек глобално е над 70 години...
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    И оние кои што практикуваат јога, долги години, чак и инструктори, живеат, замисли од храна, вода.Никогаш ниту еден јогин, нема да потврди дека човек може да опстои без храна.Контрола на умот, да, но не и контрола на глад, жед.Зборувам за прави јогини, не модерни, кои ниту пушат, ниту пијат, имаат тотална контрола над себе си, а ја оправдуваат медицината, дури и не ја негираат истата замисли, ја земаат во предвид, кога истата е потребна.Значи, јогинот, ќе ти рече „ јога да, здрава храна да, алтернативна медицина, да, но и официјалната медицина.Зошто? Бидејки е потребна во оние случаеви каде е неопходно да се изврши на телото, операција.Затоа што таа може да спаси нечив живот, но не значи, а поверојатно е дека ќе спаси нечив живот.

    Не знам , кој кого излажал во случајов, дека рак се лечи од само гледање во сонце.А како за чудо некое, па дури имало и такви случаеви каде и кај јогин имало појава на рак, па не со јога, не со здрава храна, со што сака да е лечењето не успеало.Јогата, не може целосно да ја излечи болеста, но може да ги намали нејзините симптоми, односно развојот на болеста, да ги стагнира, да нема можност понатаму да се развива болеста.Може, само во оние случаи ако станува збор за полесна болест, а не тешка како рак.Затоа што и јогин има умрено од рак.Во сооднос на ова, секако дека постои можност да заболи човек од рак, макар и јога вежбал, го контролирал умот.

    Кога станува збор за здравје, човек ќе праша не еден, неколку доктори, за да го најде лекот.Ова ќе ти го каже инструктор по јога.И сега од само гледање во сонце, човек може да опстои без храна, може да се излечи од тешка болест? Не.

    Во вода и пропаѓа се она што Слаѓања го кажува за сонцево.
     
    На danielka0507, baby-star, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Само тебе Горде ќе ти реплицирам и повеќе не се навраќам на темава, зошто навистина 15 пати го пишувам истото, многу кратко и јасно.

    Прво, се е до психата. Ако човек може да го контролира умот, ќе ја контролира и храната, зошто потребата за храна ако погледнеме најпрво доаѓа како желба и потреба од умот.
    Не знам за какви јогини зборуваш ти, смешно ми е да се караме за какво јогини има, ги има различни, повеќето се фенси, од мода. Јас зборувам за вистински јогини, во цел аспект.
    Второ, дали некој ќе се разболи од нешто, според мене фактор е и кармата, без разлика како се хранел некој.

    Е, сега, ова се лични ставови, и многу јасно е дека никогаш нема да дојдиме на едно. Ниту ти мене ќе ме преубедиш, ниту јас тебе. Може до задутре да се убедуваме, џабе е.
    Ти мисли си така, јас си стојам на моето, и тоа е.
    Моето и туѓите лични искуства ми се доволни за да мислам така.

    Да појаснам, не сум против официјалната медицина, апсолутно не сум. Против сум кога медицината не го признава алтернативното.
    И кога медицината наместо да има цел да помогне, има цел профит. Само за тоа, сум против, ништо друго.
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ами, добро мор, не се нервирај, кроце.

    Кажав за какви јогини зборам.Се надоврзав на она што рече во врска со јогата, која опфаќа гледање во сонце, кое патем лечи болести без притоа човек да се храни.Знам дека знаеш за тоа што и те како е битна храната.Ама еве да си кажам.Доколку не ме разбра претходно кога велев,да не им се верува на оние кои го тврдат тоа, а мислев на луѓе како Слаѓана, кои да речам се занимаваат со тоа и добар дел од својот живот го поминале проучувајки, споделувајки го, а дали е точно, тоа е прашање.Не мислев на тебе.Не за друго, за здравје станува збор, треба да се внимава кој доктор се слуша, во чии раце човек го доверува своето здравје, доколку има здравствен проблем.

    Сметам дека човек не треба да се води по нејзиното.Разбирам, секој си одлучува за себе си, а немам намера да те убедувам, ни на крај памет не ми паѓа тоа, нити некогаш ми текнало некого да убедувам.Не е страшно да се збори за здравје, да се добие некаква информација, доколку човек има здравствен проблем и сл.

    Контролата на умот, човек може да ја контролира храната, во однос на што јаде, па ниту без храна, не е можно човек да вежба јога, а не пак да медитира, ниту пак ќе има концентрација.Според јогата, болеста е недостиг на енергија.Тоа сосема доволно говори зошто е потребна храната.
     
    На baby-star и tessie им се допаѓа ова.
  19. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Да,Силвер,баш кога ја спомна Калугерот што го продаде своето ферари,ми го зеде зборот.
    Книгата е навистина убава,ја читаш во миг,за миг те води во некои нови светови,но е чиста фантазија.
    Да,ке тргнеш на илјадници метри надморска,сам,во недоглед и наеднаш ги гледаш најстарите и најчувани монаси,тие те прифакаат и целосно преродуваат давајки му нова смисла на твојот живот.....но дали ова на некој во реалниот живот му се случува,на некоја феминка на пр.??И јас ја читав ,но ја прифатив само како една добра приказна,поучна до некој степен и толку.
    Битно е никогаш да не го изгубиш допирот со реалноста,фантазиите се едно,реалноста друго.Сам одлучуваш до кој степен илузиите допираат до тебе.
     
    На elisabeta, mimiiiii и expert им се допаѓа ова.
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Го гледав видеово и внимателно слушав што кажува Слаѓана. Од видеово јас заклучив дека ова што го кажува и тоа како држи вода и има логика. Морам да напоменам не ја пратам, ниту некаде сум ја гледала на тв емисии и сл. работи. Не знам што кажувала и пропагирала порано во однос на некои прашања, но ова што јас го слушнав во видеово е чиста вистина. Убаво кажува и објаснува во видеово. Јас не мислам дека е пореметена како што читам тука, има вистина и во ова што го објаснува. Коментаров ми е само за видеово. :) :)
    http://www.youtube.com/watch?v=mlXdq7vTMjE
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.