1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    А која енергија од сонцето нашето тело може да ја претвори во механичка? Зошто тоа не можат да го направат животните? Зошто сите животни јадат? Имаме хлорофил во нашето тело? Не го знаев тоа :)
    Инаку, имам решение за сите вас, наместо да гледате во сонцето, ако е до светлината работата, застанете под лустер и гледајте во лустерот. Ако е до топлината, ринглата на тројка и ствете ја раката на рингла :) Испробано, функционира, јас веќе 3 месеци ништо не јадам, само секој ден ги практикувам овие 2 работи. Уште не знам до која од нив е работата, ако некој знае, нека ми каже, да престанам со другата :) И благодарам на Др. Слаѓана Велков, ми го спаси животот, конечно научив како навистина треба да живееме :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Со кој разум споредуваш сонце со сијалица, природна сончева топлина со рингла, човек со животно ??? :x :x

    **

    Интересен факт, сите по ред кои не ја сакаат Велков, не сакаат хомеопатија, не сакаат билки, не сакаат природен начин на лекување, не сакаат бионергија, сакаат вакцини, итн.
    Во сите теми, истото !!!

    И затоа најлесно за сите нас ќе е да има само една единствена тема: Луѓе кои веруваат, сакаат и прифаќаат и природен начин на лекување и живеење наспроти оние кои сакаат, веруваат и живеат само со класичната медицина и се против природното !

    **
    А, најсмешни се оние кои ниту 1 минута не гледале во сонце, а се прават чисти експерти, како се да знаат. |(
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ти стана експерт за сонце и витамин Д?
    Чудо како не те примија во НАСА или во некоја престижна институција за да ги потврдиш сите твои тврдења за хомеопатија,вакцини,биоенергија и алтернативни начини на лечење.
     
    На nadja.d и baby-star им се допаѓа ова.
  5. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Со кој разум споредуваш сонце со сијалица, природна сончева топлина со рингла, човек со животно ??? :x :x

    Те зеза нели гледаш...Ако си толку високоинтелегентна ке сватиш...

    Инаку многу грешиш дека ние не веруваме во алтернативна медицина...Но таа не се применува секогаш и за се..Туку за превентива...
    Мојата мигрена делумно ја излекував кај хомеопат, додека синусите ги лечев и на хомеопат и по бионергии, и тон пари фрлив, за да на крај испадне дека болката ја предизвикува огромна циста направена од заб...Сега немам болка во синусите и имам убав нов заб :D (благодарение на медицината)...
    Лекувањето на забот и најскапиот порцелан далеку поефтино ме коштаат од колку парите фрлени по хомеопати и лажни биоенергичари со години...
     
    На nadja.d и baby-star им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Те предизвикувам да пронајдеш едно мое мислење против хомеопатија, против билки, против природен начин на лекување, или во за вакцините!!! Баш те предизвикувам!!! Таванот ми е преполн со сушени билки, плакарот преполн со шишенца и теглички, сите соберени и подготвени од мене, од татко ми, од мајка ми. Прва мисла за секоја болест ми е билка, а има билка скоро за се. Не знам од кај ги извади овие тврдења. А јас те предизвикувам за една година да постигнеш да живееш без храна, затоа што според ХРМ ти е потребно и помалку за да го постигнеш тоа. Тогаш ќе разговараме. Најлесно е да уфрлаш празни зборови, докажи дека тоа што го кажа точно под мојот пост се однесува и на мене. И да, сум против Слаѓана Велков. Сакам еден ден да можам да родам деца, кажи ми која единка која не добива менструација е способна да раѓа? И зошто да не си споредувам луѓето со животните? На крај краева сите сме Божји суштества. И сите не води инстинктот за преживување.
    Слаѓана Велков тресе глупости, и цврсто стојам зад тоа!!!

    И да, те молам, како експерт, кажи ми како преживуваат луѓето само од сочева светлина. Објасни ми ги физичките и хемиските процеси што се случуваат, те молам.
     
    На Hipster и danielka0507 им се допаѓа ова.
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Ако навистина бевме створени да живееме без храна земјава ке беше само една пустина и сонцето над нас и гледај, тука потои храна овошје зеленчук и тн.има логика за што се создадени и тие на земјава за некој да ги јаде .Луѓе немојте против природата не е природно
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Милион пати е објаснето, но за тој кој не сака да разбере, никогаш не може да разбере.
    Не можеш некого со сила да натераш да прогледаш.

    Ако на некој му е полесно да си тера обичен живот каков што тераат повеќето, нека повели.
    Но, нека не ги напаѓаат оние поретките.
    Затоа и се ретки. ;)
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Аууу сега ни кажа дека си уникатна снегулка.
    Браво бре не знаевме дека има такво нешто како мутација и еволуција во светот.
    Но во твојот случај нешто 2+2 не се 4 туку изгледа се 5.
    И тоа е проблемот што мислиш дека ако си ретка си права и дека се околу светот е розов и иде како што ти си го замислила.
    Епа мислиш погрешно,светот е суров и ако се снајдеш тоа е со реален пример не од такви луѓе што промовираат псевдонаука.
    И не ме интересира колку пати ќе кажеш објаснето е кога знаеш длабоко во себе дека не си права,само си игноратна на тоа што ти се претставува како факт.
    Но твој избор живеј го животот во заблуда.
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Извини Силвер, ама неосновано ме напаѓаш, и не одговараш на моите прашања. Еве обајсни ми, може нешто погрешно сум разбрала. Лесно е да се вадиш дека нешто е така затоа што е. Мислам дека предходниот мој пост доволно јасно покажуваше каов тип на одговор би ме натерам да подразмислам дали можеби грешам. Очигледно не го добив.
    Ти тргна на мене со навреди, јас никаде не те навредив. Смирено ти барам објаснување, такво какво што јас можам да ти дадам за да ти кажам зошто моето размисување е точно.
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Истото ти го велам и јас тебе.
    Поздрав ;)

    (Луѓето и животните се различни, зошто се е енергија, а кај луѓето енергијата тече вертикално, тоа дава можност за духовен напредок и свест, а кај животните е хоризонтална и тие не можат да имаат свест како кај луѓето.
    За менструацијата не коментирам, имам понапред пишано на ова неколку пати.
    Во сончевата енергија се сите елементи кои му требаат на човечкиот организам и преку тоа тој е снабден со се, жив, здрав и способен, но постои техника за човекот да може целосно да ја прима таа сончева енергија и да се приспособи на неа, не е наеднаш преку ноќ. Воедно се зголемува духовната интелигенција.
    И веќе кажав дека не ја подржувам Велков буквално во се, но не ја клеветам како вас. И воопшто не сакам клеветење.
    Поздрав)
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ете, пак јас ќе се јавам, најлесно е да се игнорираат прашањата на кои нема разумен одговор.
    Гледам со Стеф само ќе се префрлате, едниот за оваа страна, другиот за другата. Ако ви е интересно, продолжете.
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Јас не сум во заблуда,барем знам како да го направам правилниот избор.
    Преку науката.
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Затоа науката реши се во светот.
    Уствари, за многу работи нема решенија де...

    За тоа велам, секој за себе си мисли дека е во право.

    Јас си мислам по мое, ти по твое, и чао. Ми здосади веќе ! Како на пазар да сум ми се чини...
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    за моменталната дискусија имам само еден коментар :D
    http://www.youtube.com/watch?v=9-k5J4RxQdE

    Инаку Силвер, во физиката што ја учев на факултет никаде не сретнав хоризонтална и вертикална енергија и навистина не ми е јасно што мислиш под тоа. Ќе може да ми оставиш линк, не мора на темава, прати ми во лп нешто за читање и така ќе немам што да правам подоцна.
     
    На Hipster и StefChef им се допаѓа ова.
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Имам една поговорка за тебе.
    Авионите летаат,метлите и вештерките не.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Тоа е така зошто бараш нешто во наука, а во науката не постои Бог и многу работи не постојат.
    Побарај во теми за Религија, ќе најдиш многу за енергијата, таму е пишувано многу одамна.

    **
    За менструалниот циклус, побарав еден врвен стручњак, кој е мастер на докторите, но секогаш во предност го дава природното.
    Неговиот одговор беше: најнормално е менструалниот циклус да трае 7 дена.
    Текот е следен: првиот ден добиваш и нема големо крварење, вториот и третиот ден се пообилни, четвртиот е многу послаб, петиот, шестиот скоро немаш ништо, може некоја капка, седмиот веќе немаш ништо, тогаш процесот завршува.
    Сите кои се радуваат дека менструацијата им трае само 2-3 дена, напразно се радуваат, зошто и тоа не било здраво.
    Сите кои пијат апчиња против болки си прават непоправлива штета на целокупниот организам на долг рок. Затоа мора да си помогнат себе си да престанат со апчиња, и преку други начини да си ја олеснат или решат болката.
    Неподносливите болки се аларм дека нешто не чини. Нормалната менструација е пријатна и нема болки.
    Ова важи за повеќето жени.
    За жените кои живеат по храмови, како калуѓерки, монахињи, или на сличен начин, кои имаат многу поразличен начин на живот, на исхрана, на духовност, нивната менструација се менува, добива нов тек и може да трае само еден ден, без големо крварење, а здравјето да им е одлично. Но, ова не важи за сите нив, туку за преретки исклучоци. И ова е исто така најнормално за нив)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Повеќето жени имаат болки (која помалку која повеќе), и не се чувствуваат пријатно. Не ми е јасно како може да се генарелизира нешто што е многу варира од организам до организам. Ниту траењето на менструацијата (па и во твоите 7 дена последните 3 нема ништо, па некој комотно ќе каже дека само 3 дена имал добиено!), ниту болките, ниту времето на овулацијата, ниту времето меѓу две менструации, не се генерални и прецизни. Уште побитно, после породување можат и сосема да се сменат.
    Болна менструација апсолутно не значи дека сигурно има проблем, исто како што и "пријатната" не е гаранција дека се е во ред.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Абе кога на човек можеш да му погодиш? Никогаш. :?:

    Ако секој човек е посебен, тогаш зошто на крвната слика има параметри, зошто една граница е за сите.
    Зошто за еден човек не е граница 3, а на друг 5 на нештото ???

    **

    Секоја болка на телото е аларм.
    Самото тело ни говори дека нешто не чини.
    Ако телото е целосно здраво - нема да има никаква болка.

    Менструацијата не е болест. Тоа е нормална и природна работа. Таа не смее да биде болна. Ако постојат болки, нешто не чини. Треба да се бара коренот да болката и да се реши.
     
  20. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    А што има па ти нас да ни погодуваш???
    Крајно ако толку многу ти е важна природата и зјапањето во сонце,факај патот у планина а не по цел ден на интернет тука басни да ни продаваш.Знаеш ти колку е тоа штетно по видот,нели :lol: ?
    Тоа е тоа,самите на себе сте си контрадикторни :tmi: .
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.