епа јас понекогаш треба да се појавувам на сцена преку глумење..во тие моменти имам гоолема трема и незнам некако ја совладувам...
Јас имам немам самодоверба и поради тоа имам огромна трема пред јавен настап и едноставно се блокирам. Затоа избегнувам јавни настапи или да говорам пред многу луге, едноставно кога се работи за големи совети во тие моменти сакам да сум невидлива.
Порано кога настапував и јас имав огромна трема. Се тресев, се препотував, срцето забрзано ми чукаше, се додека не излезам на сцената и започнам. После се заборавав, и бев добра во тоа што го праев. Имав многу пофални критики од сите, значи сум успеала да ја скријам тремата. Девојки опуштете се, ако се ви е добро извежбано, нема потреба да утнете.
Тоа кај мене е првите неколку секунди,додека да почнам после се исклучувам,како да сум сама пред огледало.
Ве молам за помош..Не знаев ова во која тема да го вметнам,можеби не е соодветно,но ми треба совет. Мојата трема се состои од гадење.Кога имам трема почнува да ми се гади и ме тера на повраќање.А присутна е постојано.Без разлика дали читање текст пред класот или кажување на некоја работа пред повеќе луѓе,па за јавни настапи,не ни се обидувам да учествувам.Најмногу се појавува кога во близина се наоѓа некое момче што ми се свиѓа.Непријатно е,почнува да ми се гади и сето тоа може да заврши на лошо.Навистина ми е многу тешко, не знам дали постои некој човек на планетава со исто искуство како мене.Ве молам,ако некој го знае лекот за смирување на ова нешто,нека пише,секој совет би ми бил добредојден. Фала ви однапред
@Puppy11 Замисли дека си сама пред огледало и имај замислена публика, а не реална. Со замислена публика е секогаш подобро. Диши длабоко и почни со презентирање. Колку и да е некултурно, но не погледнувај кон публиката дур не ти стани добро. Во средно го имав тој проблем до степен шо усно не би станала да поправам оценка додека не бев 140% дека сум сигурна дека знам и можеби и тогаш немаше да станам, а па презентирање, одговарање пред табла беше научна фантастика. Сега на факултет забележав дека често се пријавувам, несвесно, избрзано, за презентации, дека излегувам презентирам и зборам истовремено и одговарам на прашања на 60 души во предавалната. И јас се чудам, ама мислам дека ова горното колку- толку помогна. Многу често седам пред огледало и презентирам (ова пред да полагам англиски Ск почнав да го практикувам и мислам дека од тогаш се опуштив кон ова), размислував два строги тестатори пред мене, уште еден непознат човек до мене и ме фаќаше трема ако бев пред огледало ама со самото вежбање се опушташ. Ако имаш некој материјал за на училиште научен, седни пред огледало и прераскажувај го пред замислена публика, а кога ќе излезиш, пример пред класот, замисли дека си сама и дека нема да згрешиш. Обиди се да се опуштиш зошто ако не се опуштиш можиш да се избуниш и да бидиме реални ТАМУ е тој стравот, таму е таа тремата. Во стравот да не се згреши.
И мене ми се повраќа кога имам трема. Чувствуваам како да ми се превртуваат цревата во стомакот и мислам дека ќе се онесвестам секој момент. Исто така бидејќи сум доста срамежлива личност, кога се срамам се препотувам. Станувам збунета кога некој ми приоѓа да ме прегрне, да се поздрави, не знам што да правам. Можеби ви е смешно. Ќе наполнам 16,а уште се срамам како малечко девојче.
Имам премногу трема пред публика кога настапувам/свирам. Дури и да е од 3 души, не можам да се опуштам. А камо ли пред цела публика, а тоа ми е професија. Почнав да барам на интернет начини како да се смирам пред било каков настап, и ми помогнаа колку толку, ма да верувајте, се е до психата. Еве неколку совети: *Избегнувајте кофеин тој ден *Медитирајте ден пред настапот, смирете се *Не се преоптоварувајте со негативни мисли *Визуелизирајте си го успехот (чудно, ама помага) *Запомнете дека публиката не ви е непријател *Јадете чоколадо пола саат пред настап *Бидете добро најадени *Час-два пред настап избегнувајте разговори *Дишете длабоко пред да почнете со настапот/презентацијата итн
Луѓе кажете некој совет на паничарка како мене Треба да бранам дипломска, а фокусот цело време ми е на тоа како ќе биде, што ако тремата ме надвладее (од ова најмногу се плашам). Порано бев многу подобра, а со годините почнав да се повлекувам и на тоа да гледам како нешто страшно. Читам некои совети за како да се надмине стравот. Кај мене повеќе е страв, од трема. Дај споделете некој совет вие што сте го поминале ова, но и другите, дали боли тоа хаха да се нашалам малце, знам дека се сфаќам многу сериозно, во последно време не сум ни најдобро
Чоколадото е најдобар пријател во овие ситуации, зборувам од искуство. Секогаш повраќав пред каков и да е јавен настап, единствено што ми помогна беше тоа (покрај она нарцисоидното, види колку луѓе ќе бидат горди на тебе после ова хахаха).
Првиот јавен настап ми беше во прво одделение, за патронатот, требаше да рецитирам песничка. Имав малку трема, ама кога излегов и кога ја видов преполната сала...го заборавив текстот. Кажав една строфа и застанав, ама паметна јас уште од тие години, почнав набрзина во глава да ја повторувам првата строфа и одма ми дојде и останатиот дел и продолжив да рецитирам. Исто и во шесто или седмо требаше да изрецитирам моја песничка, бевме неколку девојчиња што требаше да се претстават со свои творби и јас им викам излезете вие прво, јас на крај ќе излезам.
Јас треба у Петок да идам на аудиција за пеење за мјузикалот Тајно Моја што се случува во МОБ,ии ај погодете што...имам трема
Јас имам трема 2мин пред настап, после таа трема исчезнува. Т.е. најтешко ми паѓа почетокот. Пошто како мала глумев, од таму ги искористив тие техники. Значи, поставувам завеса (исто како глумците), постојам само јас и останатите на сцена (како да имаме проба) и толку. Ако држам предавње за некоја семинарска, гледамво некоја колешка или едноставно во точка на крајот на ѕидот (у чело). Кога имав промоција на книгата, ќе шекнев. Но, употребив мал стенд-ап и се беше во ред. (темата малку беше хаотична за пред роднини)
Прв пат кога излегов да пеам бев некаде 5 то одделение 11 години, буквално се тресев од трема сакав да заврши што побрзо да си одам ама сега не е така. Дури и едвај чекам да настапам и не само со една песна туку може и две па и некој дует. Едноставно немам трема се си оди по нормален редослед како што е планирано. Па дури и не ми беше срам да излезам со бившиот и да пеам. Дури вака не најавија: Нивната љубов нешто бла бла тие се единствениот дует вечерва... Цел град не знаеше и на сите им беше многу криво што раскинавме ама мораше така. Сите кој настапувате гледајте право па дури и на моменти замижете искажете ги чувствата. Додека пеев ето наеднаш ми дојде да иземитирам со раце глава непланирано па испадна супер. Затоа што немав трема. Среќа на сите што имате вакви настапи.
Стално имам трема пред јавен настап. Појма немам како да ја совладам, некогаш ја снемува во текот на настанот, а некогаш до сам крај е присутна. Се навикнав веќе, до некаде дури ми помага повеќе да се фокусирам и да дадам се од себе за се да помине во најдобар ред.