И кај мене исто така од трауматски настани се активира. Имав неколку тешки години во кои изгубив блиски луѓе, животот ми демонстрира дека ништо не е невозможно.. и ајде сега како да го извадам од глава, кога цел живот ќе ги памтам. Со вакви како нас матичните мораа да станат и психолози, хахаха. Да имав доктор во фамилија досега немаше да ми крева на телефон за да не одговара на глупи прашања
Исто и кај мене беше. хахаха аа ја имам другарки докторки и само ги масирам за нешто, ама тие се научиле последно време ме испраќаат на специјалисти одма, мене тогаш уште повеќе страв и прекинав да ги замарам, што викам ја, за на специјалист, дирекно ќе си појдам вака ти ко ќе ми кажеш ме плашиш, нема како да ти докажам вика поинаку.
Најлоша сосојба е хипохондрија деф. има и добри страни, но кога настапува паранојата е најстрашно. Добра страна е тоа што превентивно многу се пазам, и со храна и со се останато. Лоша стрна е кога ќе ми влезе таква идеја во глава дека имам некоја болест и не можам да ја избацим и мислам дека ќе умрам.
Ме фаќа вакво лудило 2,3 пати годишно. Одам до степен да секој симптом го наогам или упорно барам, и стварно во вакви моменти ми иде главата од ѕид да си ја акнам. Посебно ако прочитам на интернет за некоја позната личност оти онака ништо не следам ама ете ми излегува, највеќе форумот го користам и одма дијагнозата и кај мене. Не сакате да знаете до кај одам со паниките Кога ми помине за некој ден стварно се нервирам што вака се стресувам и најлошите болести си ги наогам.
Ама па и интернетов е таков што да изгуглаш нешто, работата од мравка, слон ќе искочи буквално. Тоа му е една од негативните ствари.
Пред некој ден пребарував симптом, излезе рак дека имам и пред умирање дека сум. Големи паники и јас правам, хипохондрик голем сум.
Не се грижи и јас така бев цели 2 години подобро оди испитај си крв, мене ми беше страв да идам крв да испитам да не ми откриат некој рак за тие 2 години добив и Анксиозност и Депресија и Стрес, верувај кога ќе видам за што сум се плашел ама ичччч нема потреба да паничиш
Мислам дека оваа состојба почнува да се случува и некаде заедно со депресија, анксиозност и сл, барем тоа се едни од причините. Оние кои порано немале такво чувство, со постојаното премислување (overthinking) се случува да се опседнуваат до толку што почнува да наликува на хипохондрија. Пандемијата пак воопшто не помогна околу ова и само ги продлабочи проблемите со прекумерна употреба на антибактериски и средства кои при толку голема употреба може да направат и дополнителен проблем и уште толку да ја влошат состојбата.
Леле не можам да поверувам дека постои и ова хипохондрија..јас мислев самп јас сум ваква,значи од март наваму само си припишувам болести како вас,тоа се зошто имав болест во фамилија и почнав и јас да се плашам,прво ме болепе срцето и на интернет што ги имаше сите симптоми дека ке имам срцев удар и јас ги имав и пишуваше дека за неколку недели ќе имам срцев удар,па ништо од тоа..после ми се повраќаше само и немав апетит воопшто па мислев имам недајбоже рак,ми пројде и тоа,па во мај мислев дека имам рак на дојка и бев на ехо ми рекоја се е супер,мајка ми 300 пати со мене во болници за се и сешто,и си реков више ако треба да умрам ќе умрам и тоа е,сега пак не дека немам измислено дека имам некоја болест ама некако се тешам дека ништо не ми е и пробувам да ги тргам мислите излегувам повеќе надвор се дружам...Како што ми викаа луѓево од здрава болна веќе ќе се направам аман катастрофа е ова сварно..
Ова изгледа се јавува кај лица со психози односно по акутна психоза и за време на истата. Не би рекол дека е анксиозност термин што веќе секој денес тукутака си го припишува.
Мислам дека со муабет може многу да си помогнеме мене ми помага муабет многу. Вечерва какви хипохондрични паники ме обливаат тешко се смирувам.