Дали вие имате некои чудни и необични фобии? Пример јас имам фобија од луѓе со блед тен,црна коса и црни очи. Спојлер ако темава е дупла или нема потреба од неа,слободно канта
И јас имам фобија од луѓе со блед тен,едно време сите ми изгледаа бледи и само се препотував па дури и во депресија бев,а ако почнам да ги набројувам сите фобии кои ги имам..... од чисто бели прекривки,се во вид на ковчег па дури и оние за накит.... од чудните само на тие во моментов се сеќавам а останатите се скоро сите можни.Како ли се надминуваат???
Мене лично никогаш не ми биле јасни овие чудни фобии и повеќе мислам дека претставуваат одбивност кон нешто отколку вистински паничен страв за одредена работа. Затоа што фобијата е нешто многу поразлично од обичен страв. Таа претставува нешто кое што буквално му ја измачува психата на човекот и притоа неможе да функционира нормално во одредена околина кај што треба да се соочи со таа негова фобија. Фобијата, доколку е вистинска фобија го парализира човекот така да тој однапред ги избегнува сите можни средби со истата. Пример, ако некој панично се плаши од висина и има фобија, тој ниту ќе може да ја гледа од долу да претпоставиме некоја висока зграда а уште помалку пак да се качи на 15 спрат и таму да функционира најнормално без разлика на тоа што е на сигурно. Или пак постојат луѓе кои што имаат оставено безброј работи затоа што постои можност дека ќе треба да се качуваат на скеле или пак ќе работат во некоја зграда на некој повисок кат. Се додека можете колку-толку нормално да функционирате во присуство на тие работи или случки кои што ви предизвикуваат паника, се до тогаш значи и дека не станува збор за фобија. Мене лично најчудна фобија ми е страв од долги зборови и од бројки. Пак мислам дека овде повеќе станува збор за опсесивно компулсивно нарушување во врска со бројките, па автоматски луѓето ги фаќа паника кога ќе се појави некој број кој што нели нив не им се допаѓа и си мислат дека всушност тоа претставува фобија. Како и да е, секој со свое мислење. Јас лично немам никаква фобија, барем така мислам освен паничен страв од височина кој впрочем и не е толку чуден туку е еден од почестите стравови кој се повеќе си мислам дека прераснува во фобија.
Фобија од хелихоптери. Значи ако јас сум на хелихоптер - немам гајле, ама ако тој лета на мене, не знам дека да се кријам. Исто така од ливтови (ја ставам во чудни фобии зошто до сега сум сретнала само еден човек во цели мои 17 години кој се плаши од ливтови)
Од апчиња Кај мене на репертоар само 2,3 врсти на апчиња се пијат . По препорака од др ако ми дадат нешто што го нема кај мене во мени има да прочешлам што како е , не е играчка за живот се работи . Дури и б комплекс се плашам да пијам понекогаш немој да се предозирам Од лифт . Се качувам кога морам а сама во никој случај нема. Тоа се дешава само кога сум со дечко ми тој не сака по скали, а инаку јас до 8 спрат си литкам без проблем ама во лифт јок На моменти некогаш и од висина се плашам не секогаш чудна работа .
Како само еден????Грешиш ги има премногууууу,и јас ја имам ама не ја сметам за чудна,затоа што ги има многу со оваа фобија.
Јас сум многу чуден човек и ако тргнам ќе нема крај сега! Ама најчудна ми е од Athazagoraphobia-страв да бидеш игнориран или заборавен и Atychiphobia-страв од неуспех. Имам уште неколку многу чудни, ама ови ми се кошмар! Ви викам, јас сум многу чуден човек и имам премногу фобии кои во одредени ситуации ме измачуваат и не ми деваат нормално да живеам. Незнам како да се справам...
Аха ... За ова не знаев зошто во животот сум сретнала дури еден човек и сите околу мене гледаа на чудак ... True dat!!
И јас имам фобија од лифтови. Секогаш кога одиме кај другарка ми (која живее на 5-ти спрат) одам по скалите. Мали се, затворени, тесни, единствен извор на светлина е светилката и копчињата. Изгледа како затвор. Тоа значи дека всушност имам фобија од мализатворени простории.
Социјална фобија Да, true story. Фобија од стари кукли. Ако видам на патот некоја фрлена и скршена стара кукла бегам од неа како од ѓавол Од тие старите столови на клацкање што се, ако се од темно дрво и не излакирани смрт ми се Бога ми И + капак сенката нивна. И фобија од инсекти од секаков вид ги мразам
Ехе и јас ги имам тие, ам не ги сметам за толку чудни, бидејќи често има некој да се плаши од кукли и од инсекти!
Немам фобија од лифтови, туку страв. Поточно не сакам сама да се возам во лифт, а ако сум со некој друг, немам гајле Како мала еднаш се заглавив во лифт, па од тогаш никогаш сама немам стапнато.
Една девојка погоре спомна фобија од кукли.И јас ја имам оваа,кога ке видам некоја скршена кукла морници почнувааат да ме лазат,не ме асоцираат на ништо убаво туку само на нешто мрачно и крваво
Сакам медаља (медал) затоа што го гледав ова http://www.buzzfeed.com/copyranter/the- ... -assembled и http://www.oddee.com/item_97865.aspx JUST DARE
Има сега нова смислена и се вика trypophobia и е фобија од дупки полни со нешто! Мене лично од сликите што ги гледав страв ме фати! Еве линк од сликите!
Всушност, тоа е болест,ама незнам како точно се викаше,а имам читано и знам пример. Фобија од апчиња,болест,покачен крвен притисок,било што. Стално мерење на притисок,стално читање состав на лекарства итн.
Ајјј и тука си се пронаоѓам, абе многу фобии си имам, за извоз , до пред некој ден само притисок мерев, го изнамачив кутриот, ама веќе не го задевам, колку е толку е, мој си е
Јас имам фобија од вените на раката (таа од другата страна на лактот кај што најчесто се зема крв од неа) и надолу од иста страна (од внатрешната тие ) од тие на дланката немам , ама некој кога макар и случајно ке ме фати за овие 2 места полудувам , ке почнам да викам , да се тресам ако ми дојде и го удирам махинално тој што ме пипнал , не знам зошто ама имам чувство дека вените ке ми испрснат ако некој ме фати таму таква језа ме фаќа што не можам да гледан други да се фатат или стиснат таму , за игли од инфузија таму позиционирани или земање крв од тие две места да не збориме , само еднаш сум дала крв од таму и од тогаш се факам врски да ми земат од прст , мислам дека крајот си го видов тогаш , не можам да замислам рака да ме пипне таму а не па игла да ми ставаат морници ме лазат , а немам страв ни од крв ни од игли им велам дај те ми јас сама од надворешната страна на раката или прстот ке се боцнам ама таму да не сте помислиле . Исто имам и страв од инсекти , целата се ежам кога ке ми се најдат во близина и ситни и крупни секакви ме избезумуваат Ама на тоа повеке гледам како страв а не како некоја сериозна фобија .