Леле јас пак имам фобија од вода(море,океан,езеро) тоа е нешто многу страшно за мене ми се има случено во охрид на свети наум како деца не носеа од школо наеднаш кога го погледнав езерото почнав да пискам како улава...видео да ми пуштат од бранови во гаки мислам дека ке се помочам многу се плашам пред некој ден воа го гледав на мотика до 5та слика стасав целата пребледев неможев да догледам ...http://www.motika.com.mk/dvaeset-mistichni-mostovi-koi-kako-da-vodat-kon-drug-svet/
јас имам glossophobia http://en.wikipedia.org/wiki/Glossophobia http://www.anxietycoach.com/fear-of-public-speaking.html
Јас имам став од висина и живеам на 15 кат, дали 12 пати сум искочила на тераса. Инаку јас особено не сакам ако терасата е мала имам страв дека ќе паднам дури ако оградата е поголема од мене.
Имам страшна фобија од височини, вода и пајаци. Исто така многу мразам кога некој мириса на пот, премногу ми е гадно, па постојано сум со дезодорансот во рака и се шприцам. Прочитав некаде дека тоа се вика бромидрофобија. Понекогаш се чувствувам како детективот Монк и неговото OCD.
Имам фобија од темни завеси. Се мислам дека некој се крие таму. Ми е страв од големи ормари. Не можам око да склопам ако има дури и класика, ормар со две или едно крило. Имам страв од кукли. Имам една кукла од мајка ми е татко ми. Уште беа во брак кога ми ја купија и последното нешто од нив шо ми е заедничко, па ми е жал да ја фрлам, и затоа у соба ми стое завртена со фацата накај ѕид. Се кога ја гледам, мислам дека ќе трепне или ќе мрдне со очите. Страв ми е исто така и да седам завртена со грбот накај отворен простор. И секогаш кога седам во кафич или дома или на гости гледам да седнам на некое место кое шо зад мене има ѕид. Страв ми е од височина. Дури и еден метар да е, пак гледам надоле да не паднам. И легендарното, страв од бубачките у лето шо се појавуваат. Море уплав имам од нив! Кога видам некоја у 1-2 саат навечер како ми се шета како на модна писта, инфаркто ми добива инфаркт. Имав страв од пајаци ама го пребродев ( ), гледам дека и овој со височината веќе почна да гине. Станав похрабра само пак незабележливо си гледам за секој случај. (јер кул дете сум, неЧам да се брукам пред други )
ТРИПОФОБИЈА, кoнечно открив дека и на други луѓе им се случувало ова и дека всушност било фобија. Баш ме интересира дали има вакви на форумов како мене.Погледнете на гугл за што се работи .
И јас случајно го најдов ова на Базфид и дааааааааа, само што пишувам се ежам.... Како и да е... Отсекогаш сум се чудела зошто ми иде нагон на повраќање, дека нели како мала, сме си играле во песок, камчиња, и дупчиња ми се појавувале на колената. Или на карпи ако имало ситни набиенки дупчиња. Или од САЌЕ. А сликите на Гугл се УЖАСНИ, ама ако отворам ( а исто и ако некој се излаже да отвори ), ќе бидам наежена во наредните 3 саати. Мое објаснување од каде ми е фобијава е тоа што ме има каснато куче како мала, се сеќавам дека на раката имав баш дупчиња и ми беше отворено месото, можев да видам внатре... уфхугхфиугдифг се наежив додека го напишав постов, упм. За среќа, стравот од куче, што беше прилично голем, донекаде го надминав, немам мака веќе толку многу, сега ова гадново ми изби на површина изгледа. Уште не е признаена фобијава од страна на психолозите... Леле кај отворив упм, се испонаежив. ЧАО од мене
Фино што не предупреди, не е фино што јас сепак отворив. Ете и јас се приклучувам, цел живот ми е гадно од ова. Ги погледнав десетина секунди сликите и почна да ми се повраќа, прекрасно.
Јас имам Toilet Phobia. За мала нужда не ми е проблем, али за другата јесте да.. Не можам да отидам без да се заклучам, имам страв од идење во јавни тоалети или приватни тоалети (кај некого дома). Пак ќе кажам за првата не ми е проблем, но за втората да. Еднаш немав цела недела одено во тоалет (по голема нужда), бидејќи бев во Србија, Во Амстердам едвај отидов 2-3 пати... А, таму бевме во камп со јавни тоалети. Има ли спас? п.с. Вчера едвај отидов кај дм (сакав да отидам пред работа дома, па после на работа ). Ама стиснав заби и завршив работа. Заебано е што немаат клуч, а тоа ми е една од најголемиот проблем кај оваа фобија. Имам и фобија од инсекти и онакви дупки... Како и страв од тесен простор и мнооооогууу гужва. Еднаш паднав у несвест ради тоа..
Поголемо предупредување си требала да ставиш, ти викаш не отварај јас прва тргнав да прогуглам. Ми се преврте желудник!
Од пајаци И од ветар Нешто ужасно е кога сум покрај езеро да дува и има бранови, а чувството кога ми дува ветрот в лице
Имам фобија од болести. Значи незнам што ми е. но еднаш ли имам некоја акна или некој друг проблем. одма тумори ми се вртат во глава, разни болести..
Имам страв од спиење сама . Без проблем спијам сама на кревет , но језиво ми е кога сум сама на спрат . Од мала ми се случувало ова и мое објаснување е што од секогаш ја делев собата со некој . Се препотувам кога треба да останам сама 7 дена со децата . Врата заклучувам по 2 пати со 2 клуча . Необјаснет страв имам од кловнови . Не е битно колку е маската мила и нежна , сепак се ежам кога ќе видам кловн . Страв од пајаци . Толку голем што секој ден превентивно го поминувам секој ќош во куќава со усисивач .