Имам шишки од кога сум била мала..Мајка ми ми ги направила од првото шишање ,како мала ии од тогаш ги оформувам...Едно време се носеа шишки оние низ целото чело,рамни,ии си ги направов така но навика ете и тие почнав да ди ги ставам на десно....
Зависи, на некој му стојат на некој не. Според мене е поубаво без шишки, но секој си има свој вкус. Јас едно време носев шишки и не ми стоеја и ми се разделуваа на пола чело. Сестра ми пак уште од 2 години има шишки и убаво и стојат. Си ја имаме навикнато со шишки.
имам мало чело, ама шишки ми почнуваат од центарот на главата. многу си ги сакам, и за ништо не ги менувам.
Јас носев шишκи поρано, ми се потеше челото и почнаа да ми се појавуваат бубуличκи иаκо до тогаш го имав најчистото чело на светот без ниту тρага од бубуличκа. Се изнеρвиρав и ги пуштив. Сега ми поρаснаа, но џабе κога постојано од тогаш ми се појавуваат бубуличκи.
Јас пред 2-3/4 години имав шишки, ама ги израснав затоа што како прво бараат многу внимание, летаат на сите страни и те прават да изгледаш како пудлица, како второ поубаво ми стои косата без шишки
За летно време се хорор, брзо се мрсат од што се потите, од кога ќе се испотите излегуваат брунчиња а да не зборувам дека секое утро треба да се прават бидејќи се разлетуваат на сите страни. Не ги преферирам ради тоа а ако ги правам само зимно време нема да можам да ги пораснам до летото ќе неможам да ги соберам во репот.
Јас имав порано шишки и поубаво ми беше бидејќи имам големо чело. Сакам пак да си направам, но фризерот ми е настраничев што велат и нема да сака да ми направи шишки, така да, ќе си чекам уште некоја годинка.
За моето лице, шишки - не! Еднаш како мала имав и од тогаш не сум направила пак. Не ми стојат убаво и ми го затвараат лицето. Има луѓе на кои убаво им стојат, ама сепак повеќе ми се допаѓа кога ќе видам отворено лице.
ако има потреба да ама ако нема тогаш не зошто ако имаш мрсно лице се мрсат за 5 минути така да дефинитивно НЕ