1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро,океј,знам дека си нервозен.
    Ама не мораш бе тоа на мене да го одразуваш!
     
  2. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Луѓе си оделе од животов ко' од железничка станица, а јас пак наоѓав сила да верувам.
    Сега се' е различно
    а јас немам кому да те раскажам..

    деновите стануваат полоши
    мислите потешки, душата не знае за себе..

    Ти беше мојот случаен допир, мојата тајна бајка, мојот копнеж за едно "добро утро"
    Сега си само ехо на "никогаш повеќе"
    си отиде
    немам сила да те вратам
    сакам?
    Не смеев да дозволам да ми се случиш.

    "Сум те излажал ли некогаш?"
    Не ми ја кажа вистината.. таа реалност е поголема лага од лагата..

    Немам веќе кому да те раскажам..
    а ми требаш, ужасно неподносливо ми требаш
    те љубам и те мразам
    и пробувам да не полудам..

    Проклет да си што намерно ми се пикна под кожа, ме одра и си отиде..
    Проклета да сум што ти дозволив..

    Сега за сите сум луда што не знае за себе.. Сега веќе немам кому да те раскажам..

    Ако ја љубиш неа колку јас тебе, се' нека ти е простено.
     
    На Katerinceee, Fridas, Tikvice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Утρово те видов κρатκо ама слатκо. Ти баρем виде деκа сум вρедна пρужејќи алишта во 8 саат :D
    Ми го ρазубави денов :*
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Љубов моја! Денов ми беше преубав благодарение на тебе! Јас и ти блиску, мојата рака во твојата, и твојата рака на моето колено. Ти ми кажа многу охрабрувачки зборови, зборови кои ја галат мојата душа, како и твојот глас, кој било кога и да го слушнам се топам. Иако ме виде во такво издание, со размачкана шминка, растурена коса, сигурно ја гледаш љубовта во моите очи, сигурно го чувствуваш секој мој трепет, секој мој здив затоа што јас дишам само за тебе. Моментот кога ме стисна до тебе е најубавиот момент досега во мојот живот. Сакам секој ден да биде ваков како денешниот. Те сакам најмногу! :inlove: :l:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    1.990
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    А имаше еден рај и пекол, еден во кој бев само твоја, повеќе од тоа што можам да бидам било чија...каде ме познаваше подобро од било кој, каде ти се предавав без трошка срам, без страв , со бескрајно задоволство, каде палев романтика и сред бел ден, каде се плашев од секој облак кој би ја навестил темнината на ноќта која треба да ја минам без тебе...И таму кога се убедував дека не те сакам , сфаќав дека те сакам и ми требаш повеќе од било кога.. И секој ден си го купував патот за тој рај и пекол, со својата глупост, со својата детска наивност, со умот затруен од руските бајки, со очекувањата дека сите се како мене... А дишев и со трепките во тој рај, трепките кои не мрдаа плашејќи се дека ќе направат провев и ќе ја отворат вратата на пеколот.... Токму со трепките го дишев оној застоениот воздух во тој рај, ја собирав твојата миризба, ги проверував своите трагови... Токму низ трепките те гледав секогаш, молкум благодарејќи му на Бога што ме дарил со големи трепки кои може да го сокријат тој ѕверски поглед, како заљубениот маж што ја штити својата жена... Токму низ тие трепки ги криев и очекувањата од тебе, од себе....Токму низ нив иронично те гледав секогаш кога ќе те прашав: „Што сум ти јас. Љубов, страст или можеби се?“.... Токму низ трепките ја сокривав сликата на љубовта која руши се, на љубовниците кои надминуваат се...Токму низ трепките се изгубија и солзите чиниш се прашинка која влегла во око, солзите од оној шамар, што ме праша каков е ... Ете шамар емотивен, не својствен за образов кој е навикнат на бакнежи.... Шамар кој ги откорна сите овие трепки една по една, оставајќи ми ги голи очите, како и срцево...Шамар кој ми покажа дека јас не сум Ана Каренина, нит пак ти си Вронски...Шамар кој ми покажа дека љубовта не може да живее од соништа, ниту пак бакнежите може да кажат што се крие во нечие срце, во нечија душа... Шамар кој ми покажа каде е моето место, а тоа не е твојата прегратка, тоа не е во наметката од срастена пот и твои бакнежи, тоа не е на твоето рамо, тоа не е во твоите раце... Шамар кој ми покажа дека ти не си оној кој ќе го разбуди девојчето во мене со насмевка , па ќе ја разбесни жената во мене со оргазам... .Шамар кој ми покажа дека ти не знаеш како се сака една силна жена....Шамар кој ми покажа дека чекорот со кој итам кон тебе нема да ми донесе статус на почитувана жена.....Шамар кој ми покажа дека мојата насмевка не е твоја грижа....Шамар кој ми покажа дека не го почуваш ти денот со мислите како да ме заведиш по илјадити пат, како да ме цементираш до себе...Шамар кој ми покажа дека погрешните луѓе секогаш доаѓаат во погрешно време, за вистинските времето никогаш не е прашање... Шамар кој ми покажа дека никогаш не требаше да те погледам, мојот живот и без тоа беше во доволен хаос, но ја имав барем својата гордост и образ...а сега немам ништо.. немам ни трепки да ги сокријам од тебе сите овие тајни што ми ги кажа тој шамар, па морам да ги носам со себе целиот живот, како што мислев дека ќе ја носам оваа „љубов, составена како мозаик од рајот и пеколот“...
     
  6. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    ти си ѓубре не видено те мразам глупак еден не ти попустам овој пат :@ :swear:
     
  7. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Уште најдолго да си одиме сонце мое! :) Не заборавај дека те сакам обожавам!! :* Фала ти за се што направи за мене во овие 2 години и 9 месеци :inlove: Сакам да поминат што побрзо овие денови па да можеме да си посветиме малце повеќе временце за нас :wasntme:. Те гушкам најсилно!! :hug: :hug: :l:
     
  8. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    многу грешки срце мое, многууу.. веќе е касно за се... ;(
     
  9. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Ме изнервираааа.Колку ли самоооо ме изнервираа.Добро е што не си до мене во моментов инаку ќе фрлав се по тебе и вазни и саксии..ма и се што ми дојде при рака.Можеби изгледа смешно,но толку ме нервираш некогаш што ми оди да врескам на цел глас.И така си имам и други маки,па зар и ти душо?
    Дај олабави веќе.Не знам што правам погрешно сега правам ,но ми се чини што полоша сум со тебе,толку подобар си ти,а јас не сакам да биде такааааааа. :envy: :| :swear:
     
  10. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Појдов кај баба ми.
    Појдов на тоа место каде што седевме заедно.
    Ги гледав ѕвездите кои ги гледавме заедно.
    Се сеќаваш ли ?
    Кругот се врти..не сакам да ја користам реченицава...ама така е.
    Сеедно ми е.
    Кога јас те ''сакав'' |( ти кај беше ? :|
     
    На Girl-50, Katerinceee, SiMpAtIcNaTa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    30.808
    Пол:
    Женски
    Само ти ме подржуваш и ме разбираш,додека другите ме критикуваат.Би сакала да си до мене секоја секунда,да ти го гледам твоето преубаво насмеано лице.Те сакам мил мој и секогаш ќе те сакам!!!!!
     
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.368
    Допаѓања:
    83.946
    Пол:
    Женски
    Само уште 2 ноќи не делат до овој момент .... :inlove:
    [​IMG]
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    уште денес ми фалеше да не те видам, и толку ке полудев..
    искрено многу ми фалиш и едвај чекам малку да се ослободиш и пак да биде по старо да џаболебариме заедно :D
     
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро,ете,пак играме така.
    Ама овој пат не попуштам.
     
  15. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Те молам не оди , те мооолааам. :*
    Те сакам тука,до мене ,секој ден да те гледам. :inlove:
    Многу ми требаш! :hug:
    Не можам да живеам без тебе .... :*
     
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Јас на мојов му кажувам се и сешто. Некогаш ме слуша некогаш се прави наудрен :D
    А, сега баш додека го пишувам ова... му кажав.
    Кажи ми нешто фино, додека го стегам ова вино :D
    Ми легна де :) виното.
    Убава е темава за тепање време, не дека ќе прочитаат де.
     
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Престанав да се грижам. Сеедно ми е. :dance:
    Ти реков дека тоа ќе се случи? Ти реков чувај ме дур се грижам? Ти реков дека тоа не е лоша работа, дека е најпрекрасното нешто што некогаш ќе ти се случи, ти НЕ, досадна си.

    Е па еве ти го на, трпи сега, иди по мене ко некој пес.... :swear:
     
  18. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Те бидува за политичар, многу ветуваш, а ништо не исполнуваш! :!:
     
  19. Goddest

    Goddest Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    42
    Ајде јави ми се.... умирам од љубопитност да знам каде си, ама пусти инат не те барам јас прва. Денес сум ти лута. Нешто, сомнителен си ми...
     
  20. icona.pop

    icona.pop Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Што убави би си биле заедно ама женска имаш бе мајку му :(
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.