Kај мене зависи колку големо е разочарувањето,ако е нешто потешкоподносливо плачам и мислам на тоа само и ми треба разговор за да се приберам,доколку е нешто за поситни ствари не земам се толку здраво за готово едноставно газам преку него
Си одам во својата соба на својот спрат си се нервирам си прам муабет со огледалото и плачам .Слушам некоја музика и вриштам(понекогаш)
Одам во соба и плачам додека имам солзи. Размислувам за проблемот. Не сакам да правам муабет со никој од причина што може да кажам нешто што не треба, па после да се каам. Утредента сум како нова. Како ништо да не се случило.
Плачев и јас,фала богу сфатив дека плачењето ништо не решава.сега слушам музика и размислувам или разговарам со трета личност и веднаш ми е полесно.
Најпрво разговарам со блиска личност која што би можела да ме утеши. Доколку не сум во можност, тогаш плачам, така ми олеснува малку..
Јас секогаш сум разочарана и сум отрпната од тоа. Инаку се затварам во соба, плачам и постојано спиам а понекогаш ми се дешава и да јадам без прекин од нервоза.
Се тешам дека има и полошо и дека не е крај на светот. Како и да е секогаш постои некоја личност која ќе ви пружи рака за да продолжите понатаму.
Си пуштам некои тажни песни и јадам нешто благо (а понекогаш и плачам). А кога ќе ми скисне од разочарување наместо „Зошто јас?“ се исправам на нозе и викам „Дојди и пробај ме!“ и станам и продолжувам да се обидувам се додека не успеам во тоа што сум го наумила
направив некој грешки во краток период и сега додека не најдам решение неможам да застанам значи 24 сати мозокот ми е активиран и еве неможам ни да спијам, неможам ни на друго да се концентрирам додека не го решам тоа што ме разочара , сите забораваат на тоа, но еве јас обратно барам поправка, се трудам да се утешам истовремено самата себеси ...