Прво си се хејтам самата себе, си кажувам колку сум наивна и како во сите се трудам да го видам само доброто, а потоа фино лепо си се оправдувам дека јас не сум крива, дека не можам да знам се и сешто и не можам да предвидам кој каков е и шо ќе напраи. Е после нив ги хејтам, успат пцујам. Чат пат и плачам ама ретко тоа, особено вој период доста ретко. ..
Мене обично вака ми идат емоциите: Изненаденост или такозвани момент на шок ->Лутина -> Тага и разочараност -> замореност од сите емоции -> рационализација и прифаќање. Или ова крајново значи дека искуството го гледам без многу емоции, порационално ако можам извлекувам поука или лекција од него и така си останува средено негде у меморија а јас си терам даље. Инаку ова кај мене се одвива прилично брзо. Многу брзо се заситувам од емоциите и преоѓам брзо низ фазиве.
Скиснувам. За брзо ми минува, сфаќам дека не треба да имам никакви очекувања бидејќи луѓето никогаш нема да си ги исполнат ветувањата (ако е во тој контекст). Ако станува збор за нешто друго, сфаќам дека погрешно сум разбрала и пак ми минува. Во главно не се случува често да се разочарам и да се депримирам поради тоа.
Прво имам наплив на емоции, се нервирам, плачам ако во моментот ми е така полесно, но за брзо се смирувам и ми проаѓа.
Глумам дека не ми е гајле, но после некое време испливува на површина и дупло го преболувам разочарувањето
Се нервирам што сум им верувала сум мислела дека се како мене плачам ама по некое време коа ке ми помине тоа ги бришам од живот, а ако еднаш избришам некој амин дека ќе се врати пак