Форумџика на годината

Што претставува интелигенцијата?

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 30 септември 2015.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.348
    Пол:
    Женски
    Се обидов да проверам дали има ваква тема и не најдов.
    Доколку има, слободно избришете ја.

    Сите го слушате зборов, интелегенција. Буквално секој ден се спомнува „Тој има ниска интелегенција.“, „Само човек со интелегенција би го разбрал ова“ и сл. Кога и да прашав некој кој го користи шо значи тој збор ми даваа различна дефиниција:
    1) Колку човекот е математичар.
    2) Колку човекот е креативен.

    Ама сепак, нели има луѓе кои не се ни некои тешки математичари, ни па креативни ама сепак се над просек? Обично се овие двете кои ми ги кажувале. Сега ете и на факс секое можно предавање се спомнува интелегенција ама никој не дефинира шо е, подразбираат дека сите знајме шо е, ама како збораме за еден збор кој сите го дефинираме различно?

    Ме интересира како вие ја разбирате интелегенцијата?
    - Јас лично ја разбирам како мозаик од се она шо сме. Ако секоја наша карактеристика би се бодирала како на тест - се добива интелегенцијата. Обично сите тестови за интелегенција се повеќе умствени ама тука спаѓа и емоционалниот дел.

    Screenshot_3.png

    Screenshot_4.png
    Screenshot_5.png
    Screenshot_6.png
    Screenshot_7.png

    Према шемата горе, ги напишав само тие работи шо во моменто ми текнаја, другите ги вметнав во „карактер“. Секоја карактеристика можи да се разграни на позтивино и негативно и посебни „ефекти“ после секоја.
    Еве во слушај сликата да не се познава убо:

    ПЕДАНТНОСТ:
    - Да
    - Не
    - Делумно
    - Перфекционизам
    --> Педантноста ја зедов како карактеристика зошто често гледам дека луѓето се делат на чисти и нечисти и на уредни и неуредни. Тоа е дел од човекот, дали генетски е помрзелив (можи и мрзеливоста како карактеристика да се вброј тука) или така бил воспитан тоа е индивидуално.

    ЛОГИКА:
    - Математика
    - Секојдневни активност
    --> Логиката, како шо напишав погоре, беше карактеристика за поќето кои сум ги прашала која се земала за водечка во интелегенцијата (особено знаењето математика!). Ама поќе од математиката, мислам дека битна е и секојдневната активност т.е. како го гледаат светот, како го прифаќаат и како се снаоѓаат во него.

    ВОСПИТУВАЊЕ:
    - Домашно
    --> можи да биди позитивно и негативно, секогаш влијанието на родителот не влијај позитивно на детето, кога ради грешен пристап или незаинтересираност кон истото. Обично под позитивно се мисли на чисто и добро воспитано, а под негативно на нечисто и нетолерантно.
    - Учично
    --> уличното однесување е клучно во формирање на нечија личност и на стекнатиот дел од интелегенцијата. И то има свои позитивни и негативни страни. Како позитивна ја зедов осамостојувањето, а под негативна попаѓањето под различни пороци.

    ПРОФЕСИЈА:
    - Позитивно
    - Негативно
    --> Изборот на професијата е клучен за ментално напредување на личноста и како таква влијај на оформувањето на личноста и неговата стекната интелегенција. Како позитивни карактеристики ги издвоив чувството на одговорност и тоа што почнува да цени труд, но како негативни се тие шо ако работата не му е по желба веројатно ќе работи само колку што мора или воопшто и ќе чека само да земи плата и веројатно само да се жали за условите.

    КРЕАТИВНОСТ:
    - Да
    - Не
    - Делумно
    --> Талентираниот ученик можи, ама и не мора да го искористи својот талент и обратно, неталентираниот ученик со напор можи да постигни тоа што талентираниот можи доколку само би се обидел. И тоа сметам дека е некаква предиспозиција за интелегенција.

    ВНАТРЕШНИ ФАКТОРИ:
    - Гени (како генетска предиспозиција, половичен ефект врз крактерот и сл)
    - Семејство (носители на гените, воспитување, карактер и сл)

    НАДВОРЕШНИ ФАКТОРИ:
    - Пријатели
    - Фамилија
    - Општество
    --> Да единка можи да се истакни во општеството како уникатна ама многу полесно е за секој да напредува доколку има било каква морална поддршка, а уште подобро доколку му е дадено одредено ниво на кое треба да се адаптира и од таму да продолжи да напредува.

    НЕРВЕН СИСТЕМ:
    - Структура
    - Сензибилитет
    --> Факт е дека нервниот систем како главен диригент на организмот има значајна улога во вродената и стекната интелегенција. Мислам нема потреба понатака да се коментира тоа.

    СРЕДИНА:
    - Позитивно
    - Негативно
    --> Слично образложени како уличното воспитување. Има свои негативни и позитивни карактеристики. Секој се адаптира и ја формира личноста према нив.

    КАРАКТЕР:
    - Позитивно
    - Негативно
    --> Тука спаѓаат сите карактеристики кој некој човек можи да ги има. Секоја карактеристика има влијание врз можноста за напредок и развој на интелегенција на единката.

    РАЗБИРАЊЕ:
    - На ситуации
    - На луѓе
    --> Првично размислував ова да го ставам во иста категорија како „логика“. Зошто? Конкретно мислам на брзина во разбирањето на работите и нивно логично размислување.

    ГЕНИ:
    - предиспозиции

    ЕМОЦИИ:
    - Нормална единка
    - Социопат
    --> Вистина дека на повеќетоо од работите не треба да се пристапува со емоциите, но чувствата и „претчувствата“ се сепак дел од човекот и при недоумица и недоволна можност за логично размислување дозволено е потпирање врз истите.

    ЕМПАТИЈА:
    - Можност за поврзување со луѓе

    ТЕМПЕРАМЕНТ:
    - Краток
    - Долг

    РЕФЛЕКСИ:
    - Брзи
    - Слаби


    НАКРАТКО: Ова изгледа како опис на личност, ама јас сметам дека интелегенцијата ја детерминира личноста, и личноста е сите овие карактеристики погоре и МНОГУ други (затоа не ги обоив сите фигури во мозаикот погоре туку само тие кои ги имам набројано.
    Јас мислам дека ако секоја човекова карактеристика се бодира дури тогаш ќе се добие вистинска слика на интелегенцијата зошто тоа е целокупниот склоп на нејзина личност и многу луѓе различни работи земаат за интелегенција..


    Искрено многу ме интересираат вашите мислења на темава, еве јас да го „скршам“ мразот го образложив моето, кое е вашето? :D
     
    На Someonespecial, Winter Lady, Jenniffer и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Rocker!

    Rocker! Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    sve ova spaga vo intelegenicja ama mn luge ja imaat a neznat da kazat sto e intelegencija... spored mene intelegencijata e snaodlivosta na covetok rabotata na mozokot kolku brzo gi prima podatocite kolku gi memorira kolku brzo moze da razgleda nekoja izburickana rabota i da ja sredi ... nekoj veli treba mn intelegencija za rubikova kocka da slozish ... a ima deca koi ja reshavaat a nemaat intelegencija..
     
    На Angelinkka и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    @theowndemon Дали е интелегенција и да можеш да се снајдеш во разни ситуации,околности? :)
    Инаку,многу убава шема.
     
    На Vori и ana-milo им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.348
    Пол:
    Женски
    Целокупната активност и способност на човекот има удел во целокупната интелегенција, не знам дали го спомнав тоа погоре, ама често се мисли дека ако некој има високи оценки дека е интелегентен, а тој пример учи без размислување. Тоа е тука како се косат сите примери и затоа постојат и тие тестови. Главно интелегенцијата се базира на логика, шо јас мислам дека секој има своја снаодливост на свој начин. И не баш, интелегенцијата можи да ти помогни да се снајдиш во разни ситуации и околности шо вклучуваат размислување, опстојување во природа на пример е повеќе инстикт.
     
  5. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Е баш на тоа мислев повеќе кога реков за снаоѓање во разни околности,опстојувањето во природа.:D А колку е поврзана со учењето?:D
     
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Ај што често пати ја поврзуваат интелигенцијата со високи оцени, туку и веднаш помислуваат на математика/физика кога ќе се спомне интелигенција, што според мене и не мора да значи.
    Склоп на многу особини и карактеристики кои овозможуваат брзо и ефективно снаоѓање во одредени ситуации и способност за логичко решавање на проблеми, можност да се сфатат и објаснат суштините на некои информации/теории и слични работи кои се навидум комплицирани и уште многу вакви нешта се дел од она што е наречено интелигенција,според мене,да не се повторувам пак со истите мислења од погоре.
     
    На Читател, wanderlust, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.348
    Пол:
    Женски
    @sugarlips интелегенцијата или инстиктот?
    Оти гледај, учењето е психолшки процес при кој настанува релативно трајна промена во однесувањето на единката под влијание на нејзината активност или стекнато искуство. Искуството влијае врз тоа како некој реагира во дадена ситуацијата и се разбира, генетската предиспозиција, да не го споменувам тоа на секое, нели. Е сега многу зависи како учиш, моторно или со условување. Мое лично мислење е дека искуството влијае на интелегенцијата во мала мера, но не премногу. Во поглед на инстиктите - тоа ти е вроденото и несвесното. Тоа не би требало да има премногу врска со учењето.
    @Anabelle.Amorette Јас можам само да речам дека се согласувам со твоите мислења. Јас лично познавам многу луѓе кои на пример со добри во математика, ама неможат да се снајдат во други реални ситуации.
     
    На Angelinkka, sugarlips и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Spored mene ima razlika megu inetligentni sposobnosti,odnosno umstveni sposobnosti i znaenje.

    -Moze nekoj da ima inetligentni sposobnosti,da moze da prodira so umot sekade i se da istrazuva i da razjasnuva.Pa i da sfaka.Kako shto spored mene ima inteligentni ama ne se potrudile da ja iskoristat svojata umstvena sposobnost da nauchat neshto poveke i da istrazuvaat.Tuku si go ziveat zivotot ne vodejki smetka na svojata darba.
    -Od druga strana ima luge koi imaat pomalku inteligentni sposobnosti na umot,ama ednostavno trudejki se so naporai uchele,sobirale znaenje i ispagaat i popametni od pointeligentnite.

    Moj zakluchok: edno e inteligencija,drugo znaenje.

    I kako dodatok bi ja povrzal inteligencijata i so fizichkiot izgled i ubavina.No toa vazi samo gledano od pogruba strana.
    -Onie koi imaat pointeligentni sposobnosti obichno i se poubavi i na izgled.
    -Onie koi imaat poneinteligentni sposobnosti se i poneubavi.
    -Iskluchok pravat onie koi se poneinteligentni i a izgled ponesimpatichni, ama natrupale znaenje vo umot.
    -I vo krajni sluchaevi onie koi se psihichki nezdravi ama od raganje se i grdi.

    Shto znachi ushte eden zakluchok plus inteligencijata na mozokot e povrzana i so telesniot razvoj.
     
    На Marossa, ana-milo и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Интелигенцијата се сограсувам воопшто си нема врска со оцените, зошто постојат т.н. бубалици кои учат од денес за утре и понатаму се исчезнува... Додека пак постојат мрзливи интелектуалци кои воопшто не се трудат да се докажат а сепак уште при првиот разговор со нив се забележува дека делат од околината. Инаку мое лично мислење околу значењето на зборот интелигенција е дека тоа претставува способност светот да се гледа од повеќе агли, т.е. да се разбира како всушност функционира светот. Да се гледа подлабоко на се, да се умее да се гледа во суштината на сите и работи и проблеми што не опкружуваат и воедно брзото изнаоѓање на решение на истите проблеми. До некаде и во право се мнозината што интелигенцијата ја поврзуваат со математиката, зошто баш таму е најпотреба... потребно е брзо размислување за изнаоѓање решенија за проблеми, зарем не? :D
     
    На wanderlust, Lella, ana-milo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Имам читано дека постојат различни видови на интелеигенција, а во последно време многу е популарна емоционалната интелегенција.
    Интелегенција за математика, интелегенција за музика, за ориентација во простор, за пишан збор, итн...
    Дури некаде пишува дека постои и сексуална интелегинција.
    Според тоа би можело да се заклучи дека интелегентен човек фактички покажува високи резултати по сите овие типови на интелигенција, односно просечна средна оцена од сите овие типови на интелегинција треба да му е повисока од другите луге.
    Значи ако на приемр за математика има оцена 5, за музика 4, за пишан збор 5, итн... треба да се соберат и да се пресмета средна вредност( тоа се прави со посебни тестови за таа цел, јас само онака примери дадов).

    п.с.
    На пример типот во Прекрасен Ум имаше висока интелигенција за науката (математика) , ама за жени беше тапа:).
    Жената му пак обратно и така си ги спои Господ, за да се надополнуваат.
    Типот толку беше занесен во математика што еднаш и ја праша дали има некој параметар со кој ке може да се измери степенот на љубовта со мерлив емпириски показател:D, нешто во тој стил сега не се секавам точно.
    Арно ама девојката имаше повеке емоционална интелигенција, го капираше се, беше вљубена во него и цело време остана со него и во најтешките моменти.
    Ете за мене она имаше емоционална интелегенција, издржа се.
     
    На Anacid, Bulgarian, Angelinkka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.348
    Пол:
    Женски
    @Bulgarian
    Првата ситуација која ја спомнуваш е човек кој е интелегентен, не значи дека ако нема знаење дека е помалку интелегентен, нели можеби немал можности за да ги прошири своите знаења.
    И да, во втората ситуација имаат знаење, но дефинитивно не се попаметни од поинтелегентните. Ете тоа се обидувам долго време да го разрешам, информациите не се интелегенција, ама интелегенцијата се информации. Така да со овај дел целосно се согласувам.
    Со делот каде што ја поврзуваш интелегенцијата со физичкиот изглед - апсолутно не се согласувам, чисто зошто генетиката не знае за убаво и не убаво, физичкиот изглед е индивидуален и вкусот за убаво или не.
    @Angelinkka
    Баш се шо сакам да кажам накратко, си го кажала :)
    @ana-milo
    Не го сфаќам делот за емоционалната интелегенција. Зошто дали некој е почуствителен или не, е една работа, дали некој е емпат или не е друга работа. Ме интересира шо точно се подразбира под емоционална интелегенција зошто до сега се немам сретнато со конкретна дефиниција и објаснување за тоа.
     
    На LittlePinky и Bulgarian им се допаѓа ова.
  12. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Za vtoriot del.Ima luge koi imaat intelektualen kapacitet,intelektualni sposobnosti.Koi ako zemat da uchat brzo sfakaat,a i toa shto ke go sfatat moze da im ostane zapamteno dolgo vreme,bez da pravat nekoi napori.Toa znachi mozokot im e pointeligenten.
    Ama znaenje nemaat bidejki ne uchele.I da gi prashuvash nema da znaat po nikoja nauka da diskutiraat.No inteligentnite sposobnosti sepak se so niv.Koi ako gi iskoristat ,mnogu moze da znaat i da pamtat.

    E sega ima mnogu pa shto gi nemaat tie intelektualni sposobnosti.Ako uchat im treba vreme dodeka da sfatat,a i ako sfatat mora postojano so toa da se zanimavaat za da go znaat.Ako zapostavat za kratko vreme moze da zaboravat.I takvi koi natrupale znaenje ako diskutiraat so tie prvite shto ti nabrojav ,pred ochite na lugeto ispagaat popametni.Ama ipak imaat samo poveke znaenje koe e naucheno i koe ako ne mu se posvetuvaat brzo ke go zaboravat.

    Zatoa inteligencijata i znaenjeto za mene se dva razlichni poima.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.348
    Пол:
    Женски
    @Bulgarian јас не реков дека се различни, со тој дел се согласувам, со делот дека интелектуалните способности имаат врска со физичкиот изглед - не се согласувам :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Постојат 2 вида интелигенција:

    Когнитивна интелигенција – IQ
     Вродена е
     Не можеме да ја научиме, ниту да ја зголемиме
     Заслужна е само за 10%-20% од животниот успех

    •Емоционална интелигенција – EQ /ЕИ
    –Не е вродена
    –Може да се учи и развива цел живот
    –Заслужна е за 80%-90% од животниот успех

    (Ова е само стручно објаснување на то што чинам Bulgarian се потруди да го објасни со свои зборови,
    претпоставувам од сопствено искуство, што не беше лошо воопшто.
    Добро разграничил некои работи.)

    Емоционалната интелегенција го вклучува знаењето за тоа што го чувствуваме и користењето на сопствените чувства и емоции за донесување добри одлуки во животот!
    Таа претставува потенцијал за самоконтрола, борбеност и истрајност, можност за само-мотивација.

    Овој тип на интелигенција е својствен за менаџерите(управителите).
    Тоа се луге кои немаат можеби знеања , и најчесто немаат во некои области, но бидејки
    имаат големи способности за контрола на своите емоции, бидејки се борбени, истрајни и упорни, тие се многу успешни луѓе. Тие знаат и умеат како да ги користат знаењата на други луге, да ги употребат и да профитираат од нив. Тие се обично добри претприемачи.

    Што значи ова?
    На пример некој е добар иноватор, иновирал некој полезен производ за општеството и секако претпоставуваме дека има висока интелигениција еве да речеме за математика.
    Но тој иноватор може да има многу слабости како личност, да е повлечен, да не е добар во комуникација пред се и затоа обично тие луге само иновираат, а оние кои се менаџери поради својот висок степен на емоционална интелигенција која ја развивале во тек на животот, умеат да го лансираат тој производ, да го продадат и да создадат профит.

    Имено, според мене луѓето со повисока емоционална интелегенција се забележани од околината и народот си ги нарекува ачик човек, или абе човеков го бива. А тоа се фактички луге кои имаат висока емоционална интелегинција.

    Еве на пример, за да станеш популарен пејач не е секогаш само да знаеш да пееш, има луге кои се добри пејачи ама не стануваат никогаш популарни, бидејки не знаат како со луѓето, не знаат да ги искористат своите способности, и сл. Има други кои може послабо пеат, но истите знаат и како да си создадат можности или да искористат постоечки можности. ( на пример има многу подобри пејачи од Мадона, но Мадона е Мадона, не само затоа што пее, сум слушала коментари на стручни лица за музика дека таа воопшто не е добар пејач, ама еве популарна е, знаела да се снајде).
    Тоа се луѓе кои знаат да проценат дадена ситуација, и истата да ја искористат во своја полза, или пак дури и ако не постои поволна ситуација тие самите ја создаваат.
    Но за жал понекогаш некои својата емоционална интелигенција ја искористуваат и за манипулација со други луге за постигнување свои цели.

    Има многу да се пишува за емоционална интелигенција, ова овака општо информативно.
    Според мене понекогаш е подобро повеке да имаш емоционална интелегенција отколку да си прв во математика а да немаш емоционлна интелигенција.
     
    Последна измена: 1 март 2016
    На zhap4e, Marossa и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Еве како е препознаена Емоционлната Интелегенција
    преку нешто што рекол Аристотел:

    Секој може да се налути – тоа е лесно.
    Но да се налутиш на правата личност, до прав степен,
    во вистински момент, поради правата причина и на исправен начин – тоа не е лесно.
    - Аристотел

    п.с.
    затоа во Христијанството е воведен ден ПРОЧКА:)
     
    На zhap4e и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Onie koi imaat podobar fizichki izgled vsushnost se podobar plod.Podobriot plod ima i poubav izgled i pointelektualni sposobnosti i pozdrav i silen organizam itn.I site tie osobenosti obichno vo najchest sluchaj odat zaedno kaj podobrite plodovi,odnosno kaj takvite luge.
    No normalno ne sekogash odat zaedno.Znachi moze nekoj kaj razvojot na organizmot tie osobenosti da ne se razvijat podednakvo zaedno tuku nekoja osobenost da zaostani.Odnosno ili ubvavinata ili zdravjeto ili silata na teloto itn.I tuka vsushnost i jas se slozuvam so tebe.Moze da ispadne nekoj da ne e ubav,a da ima jaki intelektualni sposobnosti.
    No generalno spored mene ako nema takvi prechki za nekoja osobina na teloto da ne se razvie,tie odat zaedno vo razvojot.
     
    На zhap4e, sjdgo и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.348
    Пол:
    Женски
    Барем према она јас шо го имам учено, генетиката не познава убаво од неубаво туку доминантно и рецесивно, а однесувањето во глобала е средински фактор додека интелегенцијата е делумно (?) наследна (од два ментално ретардирани родители можи да излези високо интелегентно дете). А и од друга страна убавото за секој е различно и затоа кога некој некоја карактеристика ја поврзува со физичкиот изглед не ми е логично, а и до сега не сум сретната во стучна литература за тоа. Сепак, ќе читнам деновиве пак во врска со ова подетаљно. Пречесто последните денови се среќавам со тоа дека физичкиот изглед има улога, па сакам да видам нешто повеќе.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Pa najiskreno da ti kazam od ona oficijalno shto e zapishano vo knigite po nauka spored mene i ne bi trebalo da se zeme zdravo za gotovo.Sekoj treba i sam da si zema i donesuva zakluchoci.Bidejki i vo naukata,kritikata moze da go nosi progresot.
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Интересна тема, иако морам да кажам дека гледам дека се измешале доста работи – интелигенција, учење, памтење, па дури и убавина. :D

    Иако за интелигенцијата постојат повеќе дефиниции, за мене можеби најдобрата (во смисла, најкратка и најјасна) е онаа која вели дека интелигенцијата е способност за снаоѓање во нови ситуации. Ако се работи за некој логички или практичен проблем, тогаш зборуваме за IQ, а ако се работи за социјална ситуација и интеракција со луѓе, тогаш зборуваме за EQ. Интелигенцијата е она што одредува дали некој ќе се снајде во новонастаната ситуација или при соочување со нов проблем, како и тоа колку време ќе му биде потребно за истото.

    Многумина кога зборуваат за интелигенција, мислат исклучиво на IQ – ама дури и тука, постојат многу заблуди. На пример, успехот во образованието или во кариерата е пред се поврзан со амбицијата (која, за возврат е поврзана со хормонот тестостерон, но ова е веќе друга тема) на одредена индивидуа, а не со нејзината интелигенција. Разликата е само во тоа што амбициозен, но неинтелигентен човек ќе вложи многу повеќе време и труд за да ја оствари својата академска или професионална цел, од човек кој го поседува истото ниво на амбиција, но и поголема интелигенција. Но, просечни или подпросечни академски и професионални резултати не значат по автоматизам и пониско ниво на интелигенција.

    Друга честа заблуда е поврзувањето на интелигенцијата со математиката, на пример. Математиката, и доста други природни науки, се всушност поврзани со нешто наречено spatial ability – способноста за разбирање и помнење на просторните релации на предмети во просторот.

    Истражувањата на човечкиот мозок покажале дека т.н. spatial ability е поразвиена кај мажите, отколку кај жените, нешто што, имајќи ја во предвид улогата на мажот како ловец во предопштествените заедници во минатото, од еволутивен аспект не би требало да не изненадува.

    Location of spatial ability in the brain. (Black areasrepresent activity.)

    1.png

    Затоа и мажите се генерално позаинтересирани за активности поврзани со примена на просторните релации – спорт, видео-игри и сл.

    Но, поголемата склоност (и биолошка предност) која мажите ја имаат кон науките како математиката, физиката, хемијата и сл., не значи дека се поинтелигентни од жените, напротив – жените се во просек за 3% поинтелигентни од мажите. И овде сеуште зборуваме за IQ.

    А ако зборуваме за EQ, тогаш жените се во јасна предност во однос на мажите.

    2.png

    Жените се многу подобро „потковани“ во разбирање, пренесување и искажување на емоциите и за нив имаат повеќе центри во мозокот, па не е ни чудо што во тестовите за EQ жените генерално имаат доста подобри резултати од мажите.

    Што се однесува до поврзаноста помеѓу убавината и интелигенцијата, би рекол дека до сега такво нешто не е потврдено. Пред се, убавината е субјективно чувство и како таква, тешко може да се квантифицира, уште потешко од интелигенцијата. Ако зборуваме за убавината како физиолошка симетричност, точно е дека некои истражувања покажуваат дека постои релација меѓу „убавината“ (дефинирана од овој аспект) и интелигенцијата. Но, корелацијата помеѓу овие две работи е ниска до умерена, а вистинска причинско-последична релација не е утврдена.

    Две можни објаснувања за ова (под претпоставка дека е точно) е дека и убавината и интелигенцијата зависат од физичкото здравје или дека со текот на времето гените за интелигенција и убавина стануваат колоцирани, бидејќи интелигентните луѓе привлекуваат убави партнери, со што нивните потомци ги носат гените и за двете работи.

    Интересно е како всушност се определува скалата според која се мери интелигенцијата. Ова се прави со земање на одредена група на луѓе како репрезентативен примерок, на кои им се дава одреден тест за оцена на интелигенцијата (IQ или EQ, сеедно). По решавањето на тестот, просечниот успех (или резултат) на учесниците се зема како средна вредност и на него му се дава вредноста 100. Затоа и велиме дека просечната интелигенција се движи од 95 до 105.

    IQ тестот е „апдејтиран“ неколку пати од неговото измислување на почетокот на 20-иот век, и секогаш за вредност од 100 се зема просечниот успех од дадената група на испитаници.

    Но, тука постои еден проблем, наречен ефектот на Флин.

    Ефектот на Флин всушност ни покажува дека просечното ниво на интелигенција (IQ) всушност се зголемува за околу 3 поени секоја декада во изминативе 100 години на постоење на тестот. Ова значи дека помладите генерации се поуспешни во решавање на „постарите“ IQ тестови, на кои постарите генерации освојувале просечно 100 поени.

    Ефектот на Флин има две можни импликации – или интелигенцијата на луѓето навистина драматично се зголемува со текот на времето, или едноставно, луѓето стануваат подобри во решавање на IQ тестови.

    Бидејќи зголемувањето се случува премногу брзо за да може да биде резултат на генетска селекција, предложени се неколку можни причини за ова (повторно, под услов да е точно) – пред се, подобрените услови за живот: подобрена исхрана, намалување на инфективните заболувања, итн.

    Но, сосема можно, и многу поверојатно, е (привидното) зголемување на интелигенцијата да се должи на образовниот систем и зголемената способност на современиот човек (во споредба со оној од пред 100 години) да се справува со апстрактни проблеми и да решава задачи од ваков тип – какви што има во тестовите на интелигенција. Едноставно речено, современите генерации се навикнати на решавање на тестови во текот на своето образование (за разлика од луѓето пред 100 години) и токму тоа е и причината за подобрите резултати на тестовите за интелигенција.

    Во прилог на ова оди и фактот што во некои од најразвиените земји (Норвешка и Данска, на пример), вредноста на IQ достигнала максимална вредност (и период на стагнација) во периодот 1990-2000, по што дури е забележан и тренд на благо опаѓање!

    Сето ова покажува дека резултатите од тестовите за интелигенција треба да се земаат со резерва, во најмала рака.

    Секој обид за квантифицирање на интелигенцијата се соочува со проблем, бидејќи севкупната човекова интелигенција многу тешко може да се измери или оцени со каков било тест. Освен тоа, уште потешка за квантифицирање од IQ и EQ е креативноста – која, иако за неа не може да се направи тест, несомнено игра голема улога во вкупната интелигенција на човекот. Затоа, во научната заедница постојат голем број на критичари на тестовите за IQ и EQ, како и за меродавноста на нивните резултати.

    Самото потекло на интелигенцијата сеуште не е разјаснето. Се смета дека голем дел од човековите гени имаат улога во развивањето и функционалноста на мозокот и иако се идентификувани повеќе индивидуални гени кои се поврзани со IQ, ниту еден од нив нема силно влијание. Поради ова, се смета дека интелигенцијата е резултат на заедничкото делување на поголема група (неколку илјади) гени.

    Но, генетиката само ни го дава потенцијалот до кој може да се развива интелигенцијата на дадена индивидуа – дали и до кој степен тој потенцијал ќе се оствари, зависи подеднакво од условите на живот и од средината. Неухранетоста или нездравата исхрана, лошите услови на живот и сл., особено во детството (фазата на раст и развој на мозокот) имаат негативни последици врз интелигенцијата – дури и ако постои генетски потенцијал за истата.

    Нашата интелигенција е комбинација на nature и nurture, додека на секој од нас, како индивидуа, останува одлуката дали, како и во колкава мера ќе ја примениме во животот.
     
    На Читател, danichap, Elena69221 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    20-neverojatni-fakti-za-nashiot-mozok-1.jpg
     
    На zhap4e, theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.