Дали може да ми помогнете со знаци во однесувањето на некој што долг период ужива дроги? Не мислам на обичната слика за зависник кој нема пари и се влече по улица. И дали ако некој е чист подолго време му останува нешто што го издава?
Има променлив карактер,има некоја доза на ладнокрвност,зениците му се проширени,делува "како да не е присутен"(одлетува со мислите) Вие се примарни карактеристики..Ама пази,не секогаш овие карактеристики укажуваат дека некој почнал да конзумира наркотици-или мн долго конзумира..можда карактер е во прашање..Тешко е да се каже за некоја личност дека се дрогира,која сеуште. не ја познаваш доволно..
Има еден дечко со кој се гледам и планираме да почнеме нешто. За него зборуваат дека со години зима такви работи во што јас се повеќе верувам а уште не сме толку блиски за да го прашам и плус тоа ако е точно може да се навреди. Овие симптоми што ти ги напиша сите ги приметувам кај него, освен за зениците не сум сигурна.
Види сеа вака .еден да рекол на пр ххххх е наркоман ..постои шанса да не е..Ама ако повеќе луѓе истово го кажуваат,расмисли ..Ај еден да лаже,ама сите неможат да лажат...Плус и кажуваш дека ги има синтомиве..А и мн е битно каков вид на наркотици зима..Ако е привремен уживател на марихуана на пр ништо страшно..А ако е не дај боже на кокаин,хероин и сл бегај.
Има повеќе врсти на дрога, јас не знам како се разликуваат симптоми на употреба од една дрога до друга. Иначе има добро работно место, не бара пари од никого а многу луѓе викаат дека со години ги прави тие работи. Многу убаво разговараме и ми се допаѓа ама ми има нешто чудно кај него во понашањето. Не знам што да мислам.
Види кај нас луѓето и за некој што 2-3 пати земал марихуана викаат дека е наркоман. Е сеа ти си знаиш какво друштво има, што збори за неговото минато, на што троши пари, сака ли често да биде сам...
@JollyGirl. Не,така нема да биде убаво..Како прво не е будала одма да признае(ако веќе зема) 2:Не се знаат долго време.па за да такво нешто face to face му рече
не можеш да препознаеш ако самиот не сакаш да веруваш дека некој е нарком ... иначе од километар се познаваат
Ако се понаша нормално како тој што се понашаше,од кај мене тоа би ми паднало на памет ? Ама да,кај некои можеш лесно да ѓи препознаеш.
А дали може некој редовно да зима дроги од оние кои не се лесни и така да си живее без проблем? Дали има такви случаеви?
Искрено не верувам дека е можно така. Да оддржува работно место, да оди на време, да се однесува сосема нормално. Има различни дроги да, и во глобала (од серии што гледам значи не сум никаков експерт ) се делат на дроги што „креваат“ значи стимуланти како кокаин, екстази- такви што даваат енергија многу и личноста се однесува како збрлавено брзо збора, возбуден е итн и ова е многу очигледно мислам не може да помине. Тука наводно спаѓа и канабисот само во помала мера. Другите се дроги што „спуштаат“ и овие се најчесто во лекови знаеш по филмовите демек кога ќе се навлечат на пеинкилерс. И овие обратно делуваат значи личноста е заборавена, опуштена, како да не е тука, не е сконцентрирана, бавна е, тромава. И во ваков случај е полесно да се контролира веројатно, но сепак мислам дека ќе има некакви последици значи ќе заборава, ќе се губи... Сепак внимавај! Ете имаш гугл слободно истражи какви дроги се тука достапни и спореди симптоми. Можеби едноставно таков си е човекот. И за мене може некој си вика дека на дроги сум спијам по автобуси, таксиња, каснам секогаш секаде, често се губам кога ми се обраќа некој, некогаш кога сум изнервирана буквални испади имам, флегма сум итн... Од карактер до карактер. Не слушај ти што збораат сама пази си и сама донеси си одлука. Јас искрено и би го прашала директно ама тоа е карактер. Се најдобро поздрав.
Мој совет ти е ако се сомневаш и најмалку воопшто да не почнуваш ништо.Ако се затрескаш,а тој да е навлечен на хероин,метадон и сл ке одиш јабана и ти(скраја да е....не поскакувам никому).....а, ако пуши трева од време на време или по некоја екстаза мислам не е опасно до толку...Ама нашиот менталитет е уби боже....се некој за некој нешто кажува иако незнае ни самиот тој дали е вистина... Друго...можи да оди на работа и да се понаша како ништо да не е...Знам повеќе примери такви...И на хероин да е ете да шмрка на пример,ке шмрка кога има пари,а кога не има замена метадон,најново е бупренорфин....и се така нормално се одвива....
Додека бевме дечко и девојка со мм , он на почеткот земаше марихуана , ама не редовно , онака понекогаш за викенд или на некоја прослава .. Еднаш ми се јави у некоа ненормална состојба ( излегувавме околу месец ипол , а му беше 18-ти роденден ) и нормално прашав што му е , ми рече : мука ми е неможам да се качим до трети спрат .. " Дував " и пиев малку повеке од потребното ... Тогаш го натерав да се заклоне дека нема да помирисне веке марихуана а не да се осмели да земе . И ме послуша . Не значи дека ако некогаш некој земал лесна дрога е наркоман , обично сите така почнуваат , ама се зависи од карактерот на личноста . Ако има доволно цврст карактер , кога еднаш ке пресече и ке рече " не земам веке " останува на тоа . А ако е лабилна личност , е тогаш имаш проблем .
Дечко ми понекогаш, зема марихуана (во овие 6 месеци, мислам дека дури 3 пати) и мене не ми смета. Јас еден детектор шо имам, никогаш не сум го познала до сега ама откако ќе ми кажи сеќавам дека очите му се баѓи позатворени (а природно има затворени) и се околу ми смрди на изгорено (јас тоа мислев дека е од др иск причини ама сега прво прашвам дали дувал него да прашам шо гори ) Така да јас мислам дека ти треба да знајш шо тој зема. То е битно, зошто како шо е горе кажано, луѓе шо пафкат марихуана ги велат дека биле наркомани, no sense. Ако е завлечен во други дроги - бегај, бегај подалеку. Тоа можиш да го дознаеш да излезиш со неговото друштво неколку пати, индиректно со него да ја однесиш темата на - дрога - (зошто нели сеуште викаш не сте толку блиски па мислам директен разговор, особено ако нема врска со дрога, би го навредило). Кога ќе се зближите малку повеќе - прашај го директно. Ајде со среќа
Спротивно на претходните мислења, јас би ти рекла да не го оставаш туку така. Ако е добар, добро се однесува и ти е убаво со него не се откажувај. Секој заслужува шанса, па и тој. Ако испадне точно тоа што го зборуваат за него, ти можеш да бидеш таа што ќе му помогне. На секој за да се откаже му треба силна поддршка, мотивација итн. А очигледно е дека ако зема не зема премногу и не е страшно, во спротивно тешко би му одела работата.
Наркоманите се препознаваат по тоа што се многу бледи,со подочњаци,боцкани се насекаде и за да го сокријат тоа носат ролки,дури и летно време a па некои така си шетаат. Кај нив е све обратно спијат дење,ноќе се будни. И цели се онака зашеметени,им се губи апетит слаби се,истоштени,им се појавуваат модрици,паѓаат во кома.А марихуаната се користи во медицината нели,ама во мала количина и не била толку опасна,но секако да не се претера.Јас не разбирам,зашто го користат тоа? Што корист имаат од тоа? Сами против своето здравје одат. Ова ни го кажуваа на едно предавање кога бевме само 6то одделение и сеуште го памтам. И кога сте излезени со некое машко,или машките со некоја женс или со било кој никако чашата не ја оставајте, или држете ја цело време во раце или ако одите пример во веце,и кога ќе се вратите остајте го тој пијалак не ви треба! Боље купете си нов наместо да настрадате ништо не се знае што може да ви пикнат во пијалокот ова го кажувам ако седнете со некој што и не го познавате баш најдобро. Нема што друго да кажам,освен господ да не чува сите.
Речи му дека ти се праи некој анфас или табла, као најнормално и ќе почне он да збори за тоа, после некое време. Башка, треба да праите разлика помеѓу наркоман и викендаш. Ако од време на време зема некоја дрога, за забава, тоа не подразбира зависник. Наркоман можеш да бидеш и на кафетин да си навлечен секој ден.