Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Downton Abbey (2010)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 13 јануари 2013.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ај малку на тривија да завртам. Додека Мр Бејтс беше во затвор, фанови на серијава потпишуваа петиција до овие што ја пишуваат скриптата да го ослободат во наредната сезона :D
    Инаку ако не ви се чека до есен за четврта сезона, има слична период драма, Upstairs Downstairs. Пробајте да ја најдете како метадонска терапија му доаѓа :lol:
     
  2. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    И јас се придружувам во клубот на гледачи.
    Голема благодарност до Дузи. Да не беше ти воопшто немаше да знам за постоењето на серијата :bow: .

    Конечно барав нешто типично англиско, од времето кога било вакво владеањето.
    Многу ми се допаѓа костимографијата. Совршенство! Очи плакнам на секоја епизода, а мажите како се скоцкани :mm: .
    А капчињата и шеширите што ги носат..преубави!
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Овде кога излезе Сибил се пресмеав од фаците на другите. А таа беше преубава.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Сеуште не сум изгледала многу но деновиве се гледам турбо. Па кога ќе ве стигнам ќе прокоментирам нешто за серијата, иако веќе имам некое оформено мислење, но сепак оставам да догледам до крај.
     
    На kravce и Doozy им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Преубава серија, 4епизоди за ден ипол изгледани :) Одамна вака не ме заинтересирала серија. Уште сум на почеток, сите сте напред, па кога ќе ве стигнам ќе коментирам повеќе :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Јас сум веќе на пола од трета сезона, не прашувајте по колку епизоди на ден гледам. :tmi: Се прашувам што ќе правам откако ќе ги изгледам сите сезони, како ќе чекам додека не почне четвртата да се прикажува. :?:

    Малку во втората сезона измешаа некои работи и баш се сложувам со Имелда муабетевме, како шпанска серија го направија. Не им требаа некои делови, некои бакнежи дефинитивно не :D , измешаа брзини, сакаа као премногу работи да се случат за прекратко време, ама океј, не дека ќе ме одвратеше тоа од гледање. :D

    Штета што дел од главните актери си одат во четврта сезона, малку не е фер спрема публиката, ама ајде... :^)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Иииииииии изгледав. :whew:

    Се, сите, туто комплето, сега немам живот. :D

    Не знам како не сум ја дознала серијава порано, одвај чекам да почне четврта сезона.

    Само ќе кажам дека е олеснување дека го оставија Метју да лежи во грмушки бе, ја мислев скроз умрел, со погреби и се, аааа има надеж тогаш, има. :D Па не е интересно ако одма кажат дали преживеал, мора да не држат во неизвесност малце. Пих, јас па го прежалив.
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805

    Сигурна информација дали ќе умре или не, ако сакаш читај, ако не надевај се до 4та сезона :)
    Ама актерот веќе кажа дека ќе си оди, нема да се појавува во 4та сезона :( арно шо си го прежалила
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Да и јас нешто такво прочитав, начув, ама ај, ќе се надевам на прежалено. :rofl:

    А зошто си оди? :|
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.811
    Пол:
    Женски
    Еве Дузи едно интервју со него. Многу е згоден на сликата бре. :)
     
    На imelda и Doozy им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не сакав да знам дека дефинитивно Метју е отпишан. Еееее какви сте значи безобразни, што немате работа та копате такви интервјуа :(
    Ама точно ако оној актерот Benedict Cumberbatch (погледнете ги неговите серии Sherlock, Parade's End, има право да коментира човекот) рекол дека вторите серии на Даунтон се ефинг артрошус, оти имал право, разочараа на квалитет и станаа повеќе сапуница отколку драма. Барем во трета се вратија на прав пат, и сметам дека четвртата ќе е многу интересна, едвај ја чекам и јас, а за разлика од турбо гледање, јас девотед фан секоја година си чекав мирно нови серии, па замислете си како ми е било ааааа :lol:
    Очекувам на Идит да и се насмее среќата, време е да стане на чело и таа црна овчичка и да се конечно омажи за некој лорд со многу имот, оти инаку отиде Даунтон на поранешниот шофер. Епа не може така, ќе штрајкувам да знаете. Ептен сапуница :D
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    ^ а некој со сила те тераше тебе да отвраш спојлери и интервјуа ако не си сакала да знаеш :) сигурно не очекуваш во спојлерите или интервјуата да најдеш муабет за глобалното затоплување.

    Јас не се согласувам со Бенедикт, ако воопшто рекол такво нешто. Мене секој сегмент од серијава, секоја епизода ми е - совршенство. Воопшто не ми изгледаше на сапуница, во ниту еден момент
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Изгледанооо :d: Прекрасна серија
    Роберт, а особено Кора ми се прекрасни ликови-умерени, љубезни, абе прекрасни :D Едит ми е промашен случај, страшно антипатична, а на Мери капа и симнувам колку убаво се однесуваше кога Матју се спремаше за свадба со Лавинија. Бабата се знае, една и единствена е, ја обожавам :rofl: И особено ми се интересни во комбинација со мајка му на Матју :D
    Од слугите, Дејзи ми се темни кога ја гледам, ептенн ме нервира. Карсон и Хјуз ми се супер, Ана исто, ама она ич не ми иде со Бејтс, многу е нежна за него. Ме интересира дали некогаш О`Брајан ќе се издаде дека е крива за Кора и бебето што го изгуби :wasntme:
    Кој ќе чека есен :(
    [​IMG]
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    ^На 4ти февруари почнува со емитување четврта сезона, така прочитав јас. Љељељељељ, со Љ се радувам. :D

    Или нешто јалнаш сум? Да не ќе почнат тогаш со снимање? :?:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.811
    Пол:
    Женски
    На teddybear и Doozy им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас кога викав нешто, некоја драма во стил на метадонска терапија ќе треба вие мислевте се зафркавам. Ете ја Дузи веќе халуцинира :D
    До есен што правиме? :worried:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.811
    Пол:
    Женски
    Којзнае, далеку е есен. Инаку вчера земаа награда на Screen Actors Guild Awards за Drama series cast.
    Michelle Dockery мене ми беше преубава, има држење девојката.
    [​IMG]
    Иако за малку ќе се покажело повеќе од што требало.
    [​IMG]
    Слики од манифестацијата во спојлер. :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ^Хјуз е непрепознатлива :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.972
    Да се пишам и јас :wasntme: Ја лапнав набрзина серијава. Одлична драма. Се заљубив во фустаните, прекрасни се. Сакам да прашам, нели им е досадно на луѓево по цел ден ништо не прават. Па дури и други ги облекуваат. Нели е тоа досадно? :D Драга колку исполнет ден имав, се пресоблеков за вечера, вау :rofl: Големата цел, да се земеме, па и доручекот во кревет да ни го носат :D На страна смешкиве, убава серија е, мене ми се допаѓа, едвај чекам следна сезона. На почетокот ми се допаѓаше ликот на Бејтс, ама целото дејствие со него ме напна. Дејзи ми е одлична, ептен добро си има влезено во ликот и интересна е. Меги Смит е најдобра, ја обожавам. За другите ви го делам мислењето, да не се повторувам :)
    И да, и јас ја плачев Сибил :|
    Преубави фустани
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    :hai:
    И јас се приклучувам кон толпата обожавателки на Downton Abbey.
    Серијата е одлична, приказната интересна и ликовите добро избалансирани.

    Најинтересна ми е врската помеѓу Вајолет и Изабел :lol: , како се р`чкаат постојано и се надмудруваат.
    Ама мислам дека потајно си се сакаат двете, it's a love-hate relationship. :)

    Метју е прекрасен, многу згоден и има многу секси глас :$ , а во моментите кога не сакаше да го прифати наследството од Лавинија, ми доаѓаше јас да му учукам една, не па Мери.

    Мери на почетокот ми беше ОК, ама јас не гледам некоја особена прогресивност кај неа, освен сплетките и интригите што ги плеткаше само да се удостои со солиден брак. :^) Ништо не прави со себе, за разлика од другите две, постојано меле некои планови и големи зборови, а не мрда од мртвата точка...
    Јас сум ваква, јас сум онаква, јас сум цврста, јас сум одлучна... па покажи се жено, освен пресоблекување 5 пати во денот друго и не правиш, дури и Идит е поагилна од неа.

    Идит е баш онака гревче, средно дете со фрустрации и ишјуз, постојано заобиколувана и занемарена... несреќна е ептен, што да се каже, ништо не и` појде од рака, можеби ќе си направи некоја мала кариера во весникот.

    За Сибил ми беше ужасно жал, нејзината смрт не беше потребна апсолутно, и не гледам некоја особена поврзаност и хемија со неа и Бренсон, мислам каква спојка, врска немаа, ама ајде... таа љубов од гз беше извадена. ]:)

    Ана и Бејтс се сосем на место, одличен пар, на Ана и фали само малку боја во обравчињата, многу е pale. :D

    Карсон ми е исто еден од омилените, и во моментот кога потпевнуваше кога ги слушна добрите резултати на Хјуз јас заплакав, многу емотивен момент ми се виде.

    Томас и О'Брајан ми се асполутно антипатични створења и не знам како го спасуваа Томас со цел памет на крајот, не заслужи, прво кроеја заговори со О'Брајан, после се свртеа едни кон други, нека си ископаат очи, не е вреден ни едниот, ни другиот.
    Томас барем е симпатичен, О'Брајан е страшно грда и одбивна.

    Дејзи ми е најантипатичен лик убедливо, ништо не ми е слатко и интересно во врска со неа, многу мразам значи панични, крекави и прости ликови, од првата епизода беше таква, наивна е и доста глупава, така да...

    И не знам зошто толку време од серијата се посвети на Етел и проблемите на Етел, мислам... ајде доста беше.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.811
    Пол:
    Женски
    http://www.imdb.com/name/nm0316079/
    Новиот додворувач на Мери? Уфффф, не, не... Никако не ми се свиѓа.
    Ајде, блиску е септември. :)
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Од оваа вечер новите епизоди се на ТВ во Англија. Воооохоо! :clap:
     
    На Doozy и RainBow им се допаѓа ова.