1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Juice bar

Дискусија во 'Слободно време' започната од cresa-jagoda, 20 април 2015.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Дали сте биле, како ви се допаѓа? Дали цените им се високи или пристапни секој да може да си овозможи да отиде?
    Споделете ваше искуство :)
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.034
    Пол:
    Женски
    Сум била неколкупати и ми се допаѓа.Има интересни коктели и цедени сокови,а и цените се ок,ако се земе во предвид дека едно цедено сокче го носат во поголемо шишенце(како тегла :D),наместо во обична чашка како во другите кафулиња. И комбинациите на овошје во цедените сокови ми се допаѓаат. (y)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто толку го форсираат и буквално се тепаат за маси. :?: Како место е фино, пријатно, има убави комбинации на смутиња, ама почесто би одела ако немаше толку гужва.
    Цените се океј, среден просек.
     
    На cresa-jagoda и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Сум била еднаш, преку ден. Местото е океј, ми се допаѓа ентериерот, убав дизајн. Цените не се претерано високи, но не го добив тоа што го порачав. Порачав цеден сок Wake up каде што наводно требаше во состојките да има манго, но немаш "м" од мангото, само портокал и морков. Е токму тоа е причината зошто нема да отидам повторно, зошто не го добиваш тоа што го нудат. Евентуално ако отидам, би порачала кафе, зошто тука веројатно нема да има изненадување.
     
    На Marick14 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Кај се наоѓа поточно?
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    На Ленинова, после суши барот.
     
    На Jean-Baptiste му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Супер ќе го посетам и јас . Гледам сите лепат слики со шарени теглиња.:D
     
    На mia993 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Префорсирано ми е, а и не сакам да давам толку пари за сокче кога можам и сама да си направам и повкусно дома, кога сум излезена гледам да пијам нешто што дома не би можела.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Бившо Кај мајка ти и татко ти. Солидно место со интересно мени. Мене смудињата ми се убави сум пробала 3 и сите ми беа погодени. Цените се како и во другите локали, смудињата се од 120 до 160 со тоа што го носат во тегла, буквално тегла од барем 400 милитри. Кафе не сум пиела ама цените им де исто стандарни. И храната била океј ама јас не сум пробала за да кажам лично мислење. Само дизајност и идеата им е тотално копи пејст на еден евроспки џус бар кој нема франшиза за Македонија. Ако го замижам тој за мене голем грев останатото ми се допаѓа. Услугата не е сјајна, ама зависи од келнерката, некогаш се брзи некогаш ги чекаш со часови.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Местото е одлично, пријатно, супер средено. Цените се исто океј пристапни. Само тотална грешка во продавањето на цеден и свеж сок за кој секој со пробано едно- природен и друго - купечки сок, ќе ја најде разликата. Не е океј да продаваат на хартија едно, а во чаша друго. Исто, не ми се допаѓа префорсираноста но за тоа не се криви тие.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сум била, интересно мало место особено за денска шема, ама и навечер е убаво. Тоа што го прави толку познато местово се тие како да ги наречам „теглите“ во кои ги ставаат пијалоците, ама не сите, некои ги ставаат и во интересни стаклени чаши. Како и да е, вреди да се отиде барем еднаш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    Треба да нагласам дека сакам во ,,тегле,, или само одредени работи се во теглиња ? :lol:
     
  13. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Услугата е одлична, пијалоците се необично сервирани и сметам дека цените не се превисоки бидејќи за истите пари во друг кафич цедат само портокал, мешавините од овошки и нивниот микс се превкусни!
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Препорачајте нешто интересно за пиење, не сум била до сеа... :)
     
  15. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми се допадна дизајнот на тегличките, а слушнав позитивни коментари за сокови, па решив и јас да отидам.

    Морам да кажам дека сум разочарана од тоа што го видов.

    Прво, бидејќи сите масички надвор беа зафатени и како се ослободуваа, веднаш некој седнуваше, решивме да се сместиме внатре, каде скоро сите масички беа слободни.

    Потоа чекавме 30-40 минути за да дојде некој да не услужи, притоа неколку пати повикувајќи ги келнерите.
    Нам не ни обрнуваа внимание бидејќи цитирам "повеќе беа сконцентрирани на гостите надвор".

    Откако конечно нарачаме, почекавме уште 20-25 минути за да ни ја донесат нарачката која ние не ја ни нарачавме.
    Јас конкретно порачав Berry Queen, a добив Cherry Choco. Не знам како успејаа да ја погрешат порачката кога состојките воопшто не се слични.

    Бидејќи персоналот беше тотално незаинтересиран, решив да не правам драми и фино си го испив smoothie-то кое беше поефтино од тоа што го нарачав, па не се бунев.

    Вкусот на smoothie-то беше целосно вештачки. Јасно го чувствував прашокот и шеќерот кој нецелосно се растворил.
    Од црешите немаше ни "Ц", како плус на целава ситуација.

    Заклучок е дека местово е преценето, каде што излегуваат само луѓе кои сакаат да бидат видени и кои се во состојба да стојат на тротоар пред кафулето, за да при прво слободно место се стрчаат да седнат (буквално стоеја на тротоар со чашите во раце :fubar:

    Јас лично не знам дали повторно би отишла, иако ми се допаѓа понудата за достава до дома, со нарачани 3 шејка/сокови добивате +1 гратис и уште 4 кафиња по ваш избор исто така гратис, со бесплатна достава секаде низ Скопје.
    Таа опција ми одговара, но повторно да чекам саат време за услуга- ќе се прашаме.

    Еве слика од smoothie-то што го добив.

    http://gianyl.tumblr.com/image/116549567244

    P.S. Интересно ми изгледаа и овошните салати и коктели, иако немав прилика да ги пробам.
    Можеби наскоро и нив ќе ги доставуваат.
     
    Последна измена: 11 јуни 2015
    На Nausicaa, Sanjichka007, jloves и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Јас многу го сакам местово бидејќи многу ми е убава атмосферата,за гужва има секогаш и за да не седите внатре,затоа што е многу поубаво надвор,најпаметно е да си резервирате како ние што правиме редовно :) Последниот пат кога бев имаше нови келнерчиња и многу добро работеа,одма дојдоа да нарачаме,за помалце од 10 мин дојдоа кафињата,сметка исто не чекавме долго,се што побаравме одма ни донесе. Единственото што не ми се допадна беа високите маси,ама тоа до мене ќе да е,бидејќи јас сум критичен човек и не можам така на виоско да седам,немам како нозете да си ги скрстам,сакавме да се преместиме ама се беше фул,и си седев така со вкочанет грб. За смутињата не можам да коментирам бидејќи не сум ги пробала. Ние таму главно кафе пиеме,а тоа ептен ми се допаѓа и многу се исплати за парите.:)
     
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Како се резервира?
     
  18. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Еве го бројот 078 266 934 :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Втора посета и повторно ужасна услуга.

    Кога порачувавме, го прашав за еден пијалок (нешто со Харибо бонбони) напишан во менито, келнерот рече дека немаат ништо од тоа. Во ред. Го прашувам за Captain Morgan. Немаат. Било каков рум? Вели дека имаат Bacardi и јас и дечко ми го порачуваме тоа. Го нема 10 минути. Што е работата, не порачавме коктел или смути, па да треба да чекаме да се направи. Рум без ништо, само сипи го во чашка. Доаѓа после 10-ина минути и вели дека немаат Bacardi, а имаат Captain Morgan, но само 1 доза. Кафичот има 1 чашка рум, лол. Во ред, дечко ми го остави румот за мене, тој си зема нешто друго. Ни ги носи пијачките, мојата една доза речиси и не се гледаше. Букавлно, имаше една голта. Не преувеличувам, сериозно! Треба да ја навалиш чашката за да видиш дека има течност. Жими дозата. Ај да пивнам, гледам некако чудна боичка ми има, потемна. Капетонот во чаша е доста блед, светол. Пробувам... не е рум воопшто. Според мое мислење тоа беше Johnny Walker. Веројатно затоа и толку малку ставиле, да не се потрошат од поскапиот пијалок за поефтина цена (Капетанот беше 100, а вискито мислам дека беше 150).

    Сума сумариум... прво, пола мени го немаат. Второ, ми вели дека има Бакарди, а нема. Трето, ми носи половина пијачка (ако беше и половина). Четврто и најважно, ми носи сосема друг пијалок тврдејќи дека е тоа што го порачав. Хех, мене мислат ќе ме измамат околу мојот најомилен пијалок, Captain Morgan.

    Никогаш... ама, НИКОГАШ повторно не стапнувам во овој таканаречен "бар". И ве советувам да запазите што ви носат.
     
    На Edie.S и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски
    Јас бев летово прв пат во Џус бар , премногу ми се допадна локалот а и соковите им се многу убави (y)
    Повторно би отишла :)
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.