Рецепт за фурнаринките Готово тесто за пица најпрво се премачкува со путер, потоа врз него се ренда кашкавал, се додава оригано и сусам и се пече 5-7 минути. Како сос измешав павлака, мајонез и кари
Извини @ttrpovska дури сега гледам дека си пишала за салатата. Нема филозофија некоја. Се што имав, ставив. Пиперки/бабури, црн патлиџан, тиквички ги потпеков. Шампињоните ги пропржив, а може и тие да се печат. Додадов свеж патлиџан, младо кромитче, сирење и магдонос. И сето тоа залиено со стандардната смеса од лук, зејтин, оцет и сол. И тоа е Пријатно јадење Спојлер: Слика
За пралините потребни се две состојки чоколада за готвење и сува брусница. Ја топиш чоколада за готвење. Малку да олади и го потполнуваш калапчето со форми, прво до пола па редиш брусница и потоа го дополнуваш со чоколадата. Го ставаш во замрзнувач да отстои повеќе време некаде до 3-5 часа за да може да се обликуваат убаво, да се стврднат и поубаво да ги извадиш од калапчето.
@skorpija123 ако можеш рецептот за солени мафини да го пишеш. @КикиМаус за десертот исто, рецепт да пишиш.
Секако Јас ја крстив Роденденска мус торта, меѓутоа е комбинација од три торти: пандишпанот од една, ванила-крем од друга, мусот од трета Спојлер: Роденденска мус торта Пандишпањ: 5 белки, 5 лажици шеќер 100г мелени лешници 2 лашици брашно, пола пециво 3 лашички какао (за да биде бел пандишпањот не мора какао) - Белките се матата до цврст снег, постепено се доадава шеќер без да се престанува со матење, па пециво, брашното и какото, на крај лешниците. Се истура пола од смесата на хартија за печење во округло тавче за торта и се пече 20мин на 180С. Потоа се пече и рестото од смесата за да добиеме втора кора. Втората кора не ја вадиме од тавчето, редиме врз неа, бидејќи обрачот од тавчето се вади на крај откако ќе се стегне во фрижидер цела торта. Ванила крем: 300мл млеко 5 лажици шеќер 1 ванилин шеќер 5 жолчки 1 лаш. брашно 100г путер 1 пудинг од ванила - За кремот се матат жолчките и шеќерот, се додава пудингот и малку млеко, и сетоа тоа се додава во остатокот од млекото кој претходно е загреан на рингла на средна температура, се додава лаж. брашно и непрестано се меша додека да згусне и се трга од рингла. На крај во кремот се додава путерот и се меша. Веднаш истураме врз кората која е во тавчето, па врз кремот ја ставаме првата испечена кора. Мус крем: 300г чоколадо за готвење 50г путер 9 јајца 3-4 лажици шеќер во прав -Чоколадото се топи на рингла (пожелно на пареа за да не загори), па се додава путерот да се соединот. Потоа една по една жолчка се додава и се мати (малку долг процес, но кој неможе со жица може да ги мати со миксер. Се трга од оган. На страна се матата белките до цврст снег, па се додава постепено шеќерот во прав. Во врелата смеса од чоколадо се додаваат неклку лажици од матените белки и се меша да се соедини. Потоа целата смеса од чоколадо се истура во белките и се меша да се добие хомоген крем. Се истура мус кремот врз тортата и веднаш ставаме во фрижидер да се стегне. За декорација јас користев чоколадни мрвици, сецкани лешници и рендано чоколадо.
Еве го рецептот. Само многу излегува од смесава. Премногу. http://forum.femina.mk/threads/Рецепти-за-похована-храна.9277/#post-874295
Спојлер http://forum.femina.mk/threads/Рецепти-од-Фемина-Инстаграм.23163/page-57#post-2908852 Повели Јас нешто изменив, во белиот фил додадов рендано чоколадо, во црниот лешници, ама сигурно и без тоа е подеднакво вкусна.
Потребно е : 1 чаша ориз 1 главица кромид мало лукче 1 морков коцка за супа бибер, вегета, 3 чаши вода 300 гр стек 1 лажичка кари 1 лажичка куркума 1 мала неутрална хопла сол/бибер 100 гр солени пржени кикирики. Кромидот и лукчето се сечкаат ситно и се пржат на две лажици путер. Се додава морковот на коцкички, коцката за супа, оризот и се меша додека да стане оризот стаклест. Се додаваат постепено трите чаши вода и се меша цело време, на среден оган. Се додава бибер, вегета по вкус и се остава настрана да се олади. Оризот треба да е алденте, значи да лепи на заби, да не е кашест, а да не е ни жив За сосот од кари, треба стекот да го исечкаш на коцки и да го провариш 20 минути во солена вода. Потоа, парчињата месо се пржат на лажица путер, се додава сол, бибер, куркума, кари и пржените кикирики. Се додава хоплата и треба да се крчка барем 15 минути, за да се згусне. Од оризот се става во кружна чинија намокрена со вода, додека е уште топол. Се остава да се олади и се превртува во чинијата. Се полева со топлиот сос.