Инспирирана од темата Фемина инстаграм и фото натпреварот, решив да ja отворам оваа тема. Знам дека и доста сакаме да готвиме. Целта на оваа тема е во одреден период да се прават jадењa на одредена тема, да се постави слика од јадењето, па потоа да се гласа за наjдобрата.. Правилата на темата се: 4 дена да се направи (зготви) зададената тема и да се постави слика - четврток, петок, сабота и недела 3 дена за гласањe - понеделник, вторник и среда Сликите може да се направени со било каков апарат, телефон и слично Можете да се приjавите само со една фотографиja Фотографијата не треба да е веќе објавена во друга тема Победникот одлучува за следна тема Доколку нема рецепт покрај сликата, членката нема да биде ставена во анкетата за гласање Како за прва тема и да го скршиме мразот нека бидат добро познатите ПИЦИ. Каква и да е капричиоза, маргарита и сите останати видови на пициж Поминати теми досега 1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба 24. Чизкејк 25. Домати 26. Слатко - солено јадење 27. Закуски 28. Супи/чорби 29. Мелено 30. Еклер 31. Кремаста салата 32. Шарена декорација 33. Пилешко на мој начин 34. Тортиљи 35. Тиква 36. Печурки 37. Се’ од тесто 38. Чајни колачи 39. Колач од тефтерот на мама 40. Топли пијалоци 41. Новогодишна Трпеза 42. Божиќни рецепти 43. Даска 44. Рецепт со готови кори 45. Домашно лепче 46. Интернационална куjна 47. Здрава храна 48. Тортелини со сос 49. Се од jаболки 50. Листест зеленчук 51. Посен десерт 52. Кифлички 53. ќoфтињa 54. Мешана скара 55. Тиквички 56. Макала 57. Торта 58.Крофни 59.Македонско-турски специјалитети 60. Морски плодови 61. Коктели 62. Ражничи 63. Солени торти и ролати 64. Десерт во чаша 65. Полнети работи 66. Употреби три состоjки 67. Поховани работи 68. Авокадо 69. Чиа семе 70. Бисквити 71. Благи ролати 72. Брокула 73.Штрудла 74.Таљатели 75. Браунис 76. Омилен појадок 77. Оброк готов за 20 минути 78. Пастрмаjлии 79. Динстано месо со зеленчук 80.Ненајавени гости, буџет 400 мкд 81. Храна за носење 82. Рецепти со грав 83. Зелник 84. Бомбици 85. Рецепти со шербет 86. Рецепти со цимет 87. Рецепти со праз 88. Новогодишна трпеза 89. Божиќен десерт; 90. Фамилијарен ручек 91. Свежи и крем салати, 92. Сос за тестенини, 93. Печен компир, 94. Полнет зеленчук, 95. Посни рецепти, 96. Затворено полнето тесто, 97. Рецепт со пудинг, 98. Романтична вечера, 99. Омлет на ваш начин, 100. Пролетна салата, 101. Велигденски рецепти, 102. Пржено тесто, 103. Пица, 104. Домашен чипс, 105. Пролетни јадења, 106. Јадења со ориз, 107. Рецепти со јагоди, 108. Мафини, 109. Лесен летен оброк 110. Овошен колач, 111. Сендвичи, 112. Намази, 113. Овошна салата, 114. Појадок од/за саканите, 115. Зеленчуков микс, 116. Интернационални јадења, 117. Летни освежителни десерти, 118. Пирошки, 119. Посни десерти, 120. Супа, 121. Палента, 122. Брз/едноставен десерт, 123. Солени јадења со млечни производи, 124. Погача
@CrazyOne браво за темава Имам само едно дополнување... Покрај фотографиите во спојлер да се пишува рецептот!!! Spoiler: Затворена пица Затворена пица 1 чаша вода 1 чаша зејтин 1 чаша млеко 3 мали лажички шеќер 1 голема лажица сол 1 свеж квасец (1 1/2 сув квасец) 1 кг брашно *** Чашата за мерење на течностите е од 200 мл... Се замесува тесто од сите состојки - водата и млекото треба да бидат млаки, а квасецот „стасан“!!! Добро измесеното тесто се дели на топчиња и од секое се расукува кора не многу тенка. На пола од кората се става кашкавал, печирки, шунка, маслинки, кечап, оригано... и се преклопува со остатокот од кората. Се завиткува убаво по краевите за да не „истече“ полнењето, стасува и се пече!!!
Spoiler: Рецепт Користев готови теста и ги наредив со кечап, кашкавал, шунка, печурки и пак кашкавал плус оригано
Браво за темава! Еве од мене пица со четири сирења. Ќе ја искористам фотографијата од пред извесно време, но пицата секако нема ни денес да изостане, бидејќи сакам да го потрошам мувлосаното сирење. Spoiler: Пица со 4 сирења Тестото го правам сама, а рецептот го имам пишано во соодветна тема: http://forum.femina.mk/threads/Тесто-за-пица.992/page-4 Освен тоа, ставам гауда, зденки, моцарела, пармезан и мувлосано сирење. Гаудата ми служи како „подлога“ за моцарелата и за зденките. Го расукувам тестото, го ставам во тавче, го засекувам на осминки и го ставам на 220 степени да се потпече (не го премачкувам со доматен сос). Потоа, кога има уште малку за печење, го вадам и на секоја четвртина редам сирења: на една оди гауда + зденки, на соседната - неколку парчиња моцарела како подлога и одозгора мувлосано сирење (за моцарелата да го неутрализира малку пресолениот вкус на другото сирење), на таа до неа - гауда + моцарела (за да не биде без вкус) и на последната четвртина - пармезан. Одозгора наросувам оригано или босилен (освен на четвртината со мувлосано сирење). Враќам во рерна уште малку за да се растопат сирењата и тоа е крај на целата приказна. Нормално, со ова обавезно ми оди пиво, или ако некој од нас двајца е болен - бело вино, а како додаток, кој го користам само јас (посилнава моја половина ужива само во вкусовите на сирењата) е домашен доматен сос со некој зачин. Бон апетит!
Spoiler Тесто за пица http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/27491-sovrseno-testo-za-pica-i-furnarinki Кашкавал,салама,маслинки со пиперче и кечап.
Уште една гурманска тема Ова е интегрална пица ( со ржано, пченично и хељдино брашно) со домати, маслинки, мисиркини гради, лута пиперка и едамер, а зачинета со босилек и оригано.
На Кајгана ја има истата тема, само таа е да се направат јадењата, а не од архива, иако неможеш да знаеш дали се сега приготвени, таму мислам една недела да траеше натпреварот, и мислам дека награда даваа.Во последно заборавив да ја отварам таму темата, иако планирав да се зачленам и таму за да објавувам.Е сега би предложила победникот да избира поинакви теми, некои сложени рецепти и несекојдневни јадења.Како на пример чизкејк, тирамису, канелони, пасти, специфични десерти, чурос, пити, тартови, лазањи и разно.Подобро е да се зададе предизвик и да се направи нешто или ако веќе имаме архивско (за мрзлите ко мене хаха) ама ќе се трудам да ги правам беМене поинтересно ми е кога нешто го правам за прв пат.Ама и така е убава темата, алал да ти е Крејзи, јас планирав да ја отварам темата пред некое време, ама мислев дека ке нема да биде активна, и ќе летив на гров хм, се жалам мислев во канта .Ке ве лајкнам утре, и ке ставам нешто од мене.Поздрав милички, го запоставувам форумот во последно, ама ова се моите омилени теми Гушки до ситее !!
@Winter Lady Сум ja видела и jaс темата на Каjгана. Не знаев овде како ке се одвива истата тема, иако знам дека фемина инстаграм нон стоп е активна и има феминки кои стварно ги бива да направат нешто ( не потценувам никого да се разбереме). Како за прв пат е одбрана оваа тема со пиците, па да видиме како ке се одвива понатака.
Важи само домашно зготвено нели, не од ресторан, да нема забуна за некој. Да секој не го бива за готвење, а јас само за баници ми е малку потешко иако другите работи ми се лесни.Се правам што за кратко време се научив ама баш се да готвам, иако ретко готвам, а до пред 1 ипол незнаев а подпржувам манџи.Ама за другото од мала се интересирав и помагав дома.
Да да домашно направено. За од ресторан лесно е Тоа ми беше и целта на темата, да се даде одредена тема и да го направиме тоа во одреден рок.
Жени aкo не се рaзмуaбетите не ве бивa, се си е кaжaнo вo првиoт пoст, гoтвете и пoстирaјте. Зa муaбети имaте еден куп други теми.
Супер тема. Ајде и мојата од викендов. Spoiler: Рецепт Обично пица тесто - брашно вода, шеќер, сол и маслиново масло. Одозгора ставив ваква шунка - ја има во Тинекс и ви ја препорачувам, одлична е. Сосот е лут домашен, и има младо козјо сирење, горгонзола и грана падано.