Бугарија и нејзиното влијание врз врските во Македонија

Дискусија во 'Врски' започната од Yipman2, 29 јануари 2011.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Во оваа тема би сакал да ги запрашам девојките кој се во тазе врски (од 1 ден до 8 месеци), што мислат за тоа кога нивниот дечко ке рече дека ке иде на лето во Бугарија со неговите другари .
    Дали ке го пуштат?
    Дали фактот дека машките тамо идат за интимни односи со бугарките (машка работа зошто е тоа така),
    ке значи крај на врската или пак ке му верувате дека нема да ве изневери.
    Се разбира тука можат и тие со долги врски да пишат темата е за сите сепак :)

    За да не се отвараат и други теми во врска со ова,
    би сакал исто така да прашам што всушност мислите за бугарија , дали го одобрувате тоа што се случува
    дали се чуствувате загрозено и сл.



    Ке замолам без навреди и коментари од типот (дрољи) и пцовки кон афторот на темата.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Еве малку интересна и шарена тема, наместо сите други кои во последно време го испозагадија форумот.
    :clap:

    За Бугарија и одморот во Бугарија си има нормално стереотип - луда журка, супер провод и преубави девојки кои се отворени за муабет и флерт и многу повеќе. ;)
    Не за џабе се рекло - ако одиш во Бугарија на одмор, не ја земај девојка ти. :lol:

    Ние си имаме таков однос со дечко ми, целосна слобода на движење, секој може да оди кај што сака.
    Ниту можам, а ниту сакам да му забранувам нешто, а ниту тој мене.
    Лани си беше сам на одмор, со брат му и со уште еден другар во Хрватска, јас бев сама со другарките и никому ништо.
    Ние преживеавме супер, на околината баш и не и се допадна нашиот избор. :^)
    Чудни луѓе, 10 дена не склопија уста, ковајќи заговори, како он тргнал таму за да е*е нешто, и како сум можела да го пуштам.
    А што е он - куче ли е, милениче па да ми бара дозвола мене?
    А што сум му пак јас - мајка ли, родител па да се дрзнам да забранувам нешто? :^)
    Не сфаќам.

    Факт е дека ако дечкото решил да те изневери, не му треба Бугарија за тоа.
    Ќе го стори и во Хрватска ако сака, и во Италија, и во соседната населба и позади зграда, па и на факултет и работа ако му се сака.
    Немаме контрола врз тоа, нека биде јасно.

    Да, ако дечко ми изрази желба да оди во Бугарија на одмор, нормално дека ќе немам против и само ќе му речам - убаво да си помине.
    Иако бил еднаш досега и не ми се виде страшно одушевен. :lol:

    Ако дозволи авторот, би додала нешто можеби малку офф топик, ама врзано за Бугарија:
    Досега, сите мои пријатели и роднини кои студирале таму, после враќањето во Скопје, патат од невидена депресија.
    Тука им е досадно, постојано се во контакт со пријателите оттаму, првиот слободен викенд гледаат да киднат до Софија, многу ми се интересни, си слушаат бугарска музика, се интересираат за тамошни вести и настани...
    Сите отворено си кажуваат дека нема споредба животот таму и животот тука.

    Би сакала да слушнам коментар дали некој има дечко / девојка кој/а студира во Бугарија и како се одвива таа врска?
    Зашто одмор од 10 дена годишно и не може да изврши некое влијание според мене, ама 5 години живот во Софија... И тоа како. ;)
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Па морам да признам дека интересно прашање си поставил!
    Кога дечко ми би ми го рекол тоа, а оди со неговите другари (без девојки), повеќе е од очигледно дека ќе одат да се забавуваат и за да соберат некоја бугарка...! И да ќе се чувствувам загрозена!
    Немам доверба......и ве молам без реплики од типот - зошто си со него ако немаш доверба!
     
    На sea-star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.901
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Бугарија на одмор пред 6 год.со другарка ми и многу убаво си поминавме. Тогаш бевме и двете сингл и супер се забавувавме. Дали се случуваат некои работи (интимни) во Бугарија а не во другите земји не можам да знам. Навистина има луд ноќен живот до раните утрински часови, happy hour за пијачки, е сега бевме и сведоци на секс на плажа, провокативни играња и лиж..е, лезбејки кои не се кријат...но никого не осудувам ниту напаѓам...едноставно луѓето се забавуваа...
    Е сега дали би пуштила дечко на одмор сам со другари...Да, затоа што мислам дека тој што сака да оди било каде ако сака да оди ќе оди, без разлика на твојот став, а дали ќе те изневери тоа повторно зависи од него и од вашата врска и љубовта. Ако сака да има интимни односи со друга девојка , тоа може да биде и тука, и тука може да те изневери.
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Познавајќи ги македонските девојки и оној чуден фетиш кон драматичното карање во врските кој голем дел од девојките го поседуваат, би рекла, дека минимално би му крекала девојката на дечкото - по можност на улица, да се чуе убаво. Ах бре Балкане :)

    Тргнувајќи од фактот дека ниту родителите не можат мене ништо да ми забранат, која сум јас на типот да му забранам нешто?
    Сака да е*е нешто на страна? Може тоа да го направи 5 минути откако ќе ме испрати дома, ако толку сака. Зарем мора да оди дури до мајка Б’лгарија?! :)

    Од лично досегашно искуство, ако после кратко одење, типот е загреан за одмор во Бугарија со другари а не за одмор со мене, ќе си речам, ајт сеуште не е подготвен за сериозна врска со мене и секако ќе оладам малку во врската и нема да ја сфатам толку сериозно :) Ама да му забранам?! Глупости. Ниту сум таков тип на девојка ниту пак имам билокакво право да забранувам на некој нешто.
    Не ми се случило до сега дечко ми да отиде на одмор сам после кратко одење со мене. Баш напротив, бил најзагреан за одмор со мене....знаете она кога едвај чекате да сте сами и мислите само на јадење, сончање и бањање како паузи помеѓу долги секс сесии :)

    Така да, сума сумарум, можеби би оладила во врската и би уживала исто така без никакво врзување, но забрана и крекање не се мој стил на покажување на некакво негодување :) Не заради тоа што оди во Бугарија сам на одмор со другари, истото би било со билокоја друга држава.
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.394
    Допаѓања:
    91.188
    Пол:
    Женски
    Знам дека нема да отиде без мене :D шала на страна, ако одлучи да оди, малку ќе помрчам , но се разбира ќе ја испочитувам неговата одлука. Сите знаеме дека во Бугарија се многу послободни од нас, но и да се случи нешто се дур не знам ќе биде во ред. Како што спомна некоја погоре ако тој сака да ме изневери ќе ме изневери било каде. Па да бидеме реални се повеќе и во Македонија луѓето се послободни.
    Инаку имам другар студираше во Бугарија, а имаше девојка тука. Беа заедно 3 години и тој и остана верен. Ретко излегуваше само за таа да не се лути. Будала, такви журки да испуштам нема шанси :D Но, таа му раскина ради друг, не ради тоа што беше таму или не му веруваше, едноставно најде друг. После тоа дечкото се опушти, па си проба се, дрога, секс, секс во тројка итн. Кога се слушнавме последниот пат се спремаше да оди на журка во Бугарија.
     
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Ќе ми биде криво. Бидејќи тој оди во луд провод, а не јас. :P
    Нема да му забранам, негов живот. Не сме во брак па да се притресувам. На секој му треба малку да се издува, да оди на страна, но ако планира да легне некоја бугарка не сакам да дознаам за тоа.
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Хахахахаха, затоа ќе си фатам Вмровец, патриотче во душа, и нема да сака никако да оди во Бугарија :lol: :rofl: А дечко ми мислам дека не би одел во Бугарија, а и да сака да оди, нека оди :lol: и така Бугрките не се негов тип, вели дека се ко кучиња во фаца(судејќи по Блгарките на Планета), јас повеќе се плашам од девојчиња со сјајче, патиче, фармерче и невино фациче,ко мали ангелчиња што личат,
    (може да ги видите по порничите со тинејџерки, оние слабички, нежно нашминкани со мали цициња и големи очиња |( )
    дефинитивно тие му се фетиш :rofl: ! А во Блгарија нема такви :lol: Затоа слободен е ;)
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Која сум јас да му забранам да оди било каде? Не сум му ни мајка ни татко. Со дечко ми имаме целосна слобода да одиме кој каде сака и целосна доверба. Ако му се оди со другари нека оди и јас можам да отидам со другарки. Ако тој решил да ме изневери тоа може да ми го направи било каде и било кога, нема да му треба ни одмор ни зимување. А зарем неможам и јас истото да го направам. Забава и убави девојки има секаде, незнам зошто баш Бугарија стои во насловот. Може ,,Како влијаат одморите на вашите дечковци со другари врз вашата врска.‘‘ Нешто во тој стил. :)
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Дечко ми бил на одмор Бугарија со другари уште пред да се знаеме јас и тој,запознал таму едно девојче кое било невино и барала од него да го носи дома да го запознава со нејзините а тој сакал само авантура, па јас би рекла дека не се и сите Бугарки морално искварени,а не се ни нашиве па сите светици од ред,па сега Бугаркиве ни ги расипуваат врските.
    Јас и сега немам против да оди тој на одмор со другари,би отишла и јас на одмор само со другарки,па тој треба да мисли како сакам да имам авантури поради тоа?!
    Ние сами им даваме јачина на чувствата па сум видела одамна дека и давам ли замав на љубомората :envy: не ми носи ама баш ништо позитивно,така да одбирам да му верувам.А и тоа што треба или не треба да се случи не зависи од локација,па што повеќе некого го притискаш побрзо ќе ти се лизне од раце.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.676
    Пол:
    Женски
    Нема стриктно да му забранам, ама има да мрчам цело врене и да му дадам до знаење дека не ми се свиѓа идејата. Ако е сериозна врската мене некако не ми иде сам да оди да лумпува таму десет дена. И ако и покрај мрчењето реши да оди, е тогаш има да му забранам. Ама ова се хипотетички го кажувам, пошто во мојава врска попрво јас би отишла на одмор сама со другарки, него он да посака да оди со другари :)
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Епа да, за Бугарија тоа важи. Ако речат дека таму сакаат да одат нас тоа прво ни паѓа на памет.
    Ни јас ништо не би можела да му забранам, би му рекла убаво да си помине, и дека се тече се поминува а херпесот останува :D
    Сериозно, јаките ******, цицкотрес од бугарки, и тие со другарчињата во транс ке паднат, после цел живот тоа ке се зборува. Ако му е толку кеф нека појде, што има да му забранувам? Ако намисли тој дека не сака врска сериозна, сака забави и авантури истото и тука ке го прави. На секој ќош ке ме изневерува. Најлошо е кога поставуваме забрани и услови. Ако се поставиме така, ни се гледа крајот, забранетото е најслатко. Башка кога ке му се пофалат другарите од типот "Леле браат ние бевме Бугарија, жени ова она" ке си касне од задничето, ке си мисли којзнае што пропуштил. Јас се имам дружено од мала со машки, и имам впечаток дека не се како што ние викаме и мислиме, не би го брцнале мачорот секаде верувајте, и тие знаат да пазат. Дај му слобода и сам ке ти дојде, зошто знаат дека духовното богатство што може да го има во една врска, поддршка, љубов и разбирање никаде го нема.
    И пример да дадам за одмориве во Бугарија. Дечкото на една моја другарка сакаше да оди на одмор со другари. Драми, плачки, караници без крај, и на крајот и таа појде. Зошто? За да им готви, да ги пери,и да ги гледа како се пијанат. Не дека тие којзнае што ке прават, ама секако после ке си исфилмаат меѓу себе. Тоа е нивно, меѓу нив, нивни спомени кои треба да ги имаат. Треба некогаш на маж да му се дозволи да се издува, а ако не знае да го искористи правилно си има соодветни мерки.
     
    На Springy и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Зашто дечко не води девојка на одмор во Бугарија??? Зашто не се оди со дрво во шума :lol:
    Јас првата година од брак бев со сопругот на одмор во Бугарија и не се прибиравме од кафиќи и дискотеки,ама мозокот не можеше да ми прими таква информација,што се се случува таму,сите разголени,уфилмани,се пуштаат на ангро,аууууу,сега не сакам да помислам дека некогаш тој бил на одмор таму без мене со другари(признаваммм,љубоморна сум,па што)
     
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    Проблемот тука е ако те изневерува со некоја од Скопје или Македонија ти имаш шанса да дознаеш и да раскинеш

    а вака никад нема да дознаеш а он ке утепа две муви со еден удар
     
    На sea-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857

    Ахахах ме насмеа Виножитке, ќе го строиш ти , знам јас ]:) .

    Не гледам разлика Македонија или друга држава. Ако се е убаво испланирано, кој видел кој слушнал? А нема ли на ум дечкото и јас ако идам на одмор дека можам да го изневерам, па нели нема да дознае тој, кој ќе му каже? Тоа што не сакаш тебе да ти го прават, не прави го ни ти на друг.
     
    На lolyta777 и Hipica им се допаѓа ова.
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Искрено, дечко ми и не би сакал да отиде сам со другари или би бил со мене или би биле повеќе парови заедно. Незнам можеби звучи глупаво, но бидејќи студираме заедно и поголем дел од времето сме заедно некако сме поврзани, а другарите му се во друг град, и кога се собираме за нешто сите заедно во парови е, така да не очекувам такво нешто :) .

    Во секој случај да замислиме дека би било така, мене не би ми било сеедно, не дека не му верувам туку едноставно таа мала љубоморичка си иде сама по себе и не би сакала да се согласам со тоа. :shake:

    А и некако не ми се допаѓа тоа во темата дека машките таму идат за интимни односи со бугарките, не мора да значи може одат да си поминат убаво, да се издуваат, забавуваат...
    .
     
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека е лудост да се забрани нечија слобода ,но е лудост и да се изневери нечија доверба ! Колку што јас разбрав автор на темава е машко и од чиста женска љубопитност би прашала Зошто сакаш да одиш сам со другарите на одмор ?И тоа баш во Бугарија?
     
  18. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Ах камо само блгарки преку лето да имаше во Блгарија, лесно ќе беше :lol: Русинките, полјакините и другите девојчиња од источната ни Европа проѕирни ли се?
    А ако решил сам да иде вие нема да можете да го спречите особено ако е некој тврдоглавко. Се зависи и од карактерот ако е за така и е решен да ве изневери и Охрид може да појде па пак да го направи она што си го наумил.:devil:
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Што е до мене не во Бугарија, може и на Ибица да оди ако сака, но како и увек кога оди негде сам му велам ПАМЕТ ВО ГЛАВА. Нормално дека нема да ми е сеедно кога би решил да оди, но сметам дека ниту тој мене, ниту јас него немам право да му забранам нешто , би му кажала што јас мислам и би му укажала доколку таа идеја не ми се допаѓа, и евентуално последиците од таа постапка т.е. тој одмор. :^)
    Ако тој оди во Бугарија по Бугарки, одам јас во Црна Гора по Црногорци (јес да и тој има Црногорско потекло) ама нели тие се згодни, убави и т.н. ако се како него дефинитивно одам :D

    Искрено изневерувањето ми е на крај памет зашто му верувам без резервно, и мислам дека одењето надвор од држава само за да ме изневери некако ми е без врска и малце глупаво(џабе само пари ќе фрла :D ) бидејки ако тој има амбиции да направи такво нешто би го направил и овде.
    Значи доаѓаме до заклучок колку е неговиот карактер цврст и колку навистина сака да биде со тебе?
    Ако лесно потпаѓа под искушение кое му се нуди, а тоа се разголените и опуштени Бугарки нормално дека шансите да си го направи меракот се големи. Но ако вистински си ја сака девојката, и му значи нивната врска, односно не сака да ја изгуби својата девојка поради еден секс не би направил ништо, туку тие 10 или 15 дена би ги поминал журкајќи се со своите пријатели и ништо повеќе.
     
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    И со сила да го натерам да оди, ке се врати од граница :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: