Сте се замислиле ли некогаш: што ако беше тој тука, или како би ви било да сте останеле со некој бивши?
мислам да не се разбереме погрешно: си имам дечко, го сакам премногу, врската ни е супер, не сум го изневерила, не би го изневерила, тој е оној со кого сакам да оформам семејство и се тоа, но некогаш се навраќам на една личност од моето минато. Таа личност ми се провлекувала низ сите врски после неа со прашањето што ќе беше ако тој беше тука?
Со личноста имав грозна врска, љубомора, караници, тој- Битола јас - Гостивар, подоцна тој замина во странство и со тоа заврши нашата врска, но ... Незнам, имам се што ми треба, да не речам имам совршен дечко ( нема совршенство, али блиску е до тоа), но пак понекогаш си размислувам што ќе беше тој да беше тука.









