1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би се менувале како личност заради машко?

Дискусија во 'Врски' започната од manja666, 23 септември 2011.

  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Сакам да ве прашам дали би сте се смениле како личност..значи свои навики свакања ако тоа од вас го бара саканата личност ..се со цел за да се смират работите во врската, да не бидете толку различни ?
     
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не. Јас сум тоа што сум, не би се менувала за никого на светов. Ако ме сакаш, сакај ме каква што сум. Тоа е тоа :)
     
    На flower-92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Да, се сложувам потполно со тебе..но сепак мислам дека ако навистина постои љубов треба да има и компромис..да не се менуваме комплетно како личности но сепак можеме да смениме некои мислења и ставови во корист на тоа да биде подобра врската. Но менување комплетно на мојата личност и јас не би прифатила.
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас сум го направила тоа и можам да кажам дека и малку ми сметаше. Мораше да сменам некои навики и особини. Не дека побарал да ја сменам вистинската ЈАС, тоа не! :!: Па баш заради тоа што му бев поразлична, ме засака. Му се спротиставував, бев голем инает. Но, како што се продлабочува врскава некои работи мора да се сменат. Така да сум се менувала, сум се трудела да изоставам некои навики, но само сега, со мојот сегашен дечко кој го сакам премногу. И за никој друг.
    Е сеа, не до претеризам буквално да бидеш онаква каква што нему му одговара, но промена на некои особини и навики за подобро функционирање на врската, да!
     
    На crazylady, Gaabbii и manja666 им се допаѓа ова.
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    За компромис секако. Но, јас лично не би менувала ништо. Секако, можеби некој став, за нешто за кое ете, можеби сум грешела. Тоа секако. Но.. само тоа. Како личност, никогаш.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Па ако треба да се менувам заради некого,тоа значи дека не тој тој и крај.
    Лујџе,вака сега... Струја,страст,привлечност,но и карактерна компатибилност,врска и љубав.Струја,страст,привлечност,но тотално различни карактери,секс и физичка привлечност,ноу лав! Без страст и физичка привлечност,а исклучително добра усогласеност на карактери и интереси,пријателство.Нема философија!
    Е тука пали тоа,кој ме сака,ќе ме сака каква што сум,а не по тема изгледот!

    У превод,ве истренилал ак не па! |( Вистинската јас...а невистинската,несуштинската јас е...која?! Нема излез со другарки?! Нема јадење после 7 да не ми се здебелиш?!
     
    На crazylady, Gioia, A-j-a и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Зависи за што се работи ама сепак мислам дека не би се сменила зашто јас сум таква личност колку и да го сакам инаетот не ми дозволува да направам такво нешто. Сепак јас сум таа значи ме запознал како таква и на него ако му пречи слободно нека ми каже што е проблемот и ќе видиме што понатаму. Ако бара премногу од мене нема шанси да се сменам и ќе му кажам убаво ако му одговара со мене да биде и да ме сака таква каква што сум нека биде ако не слободен му е патот нека си продолжи нека крши глава нека си најде некоја друга, таков лигле не ми треба ама ич. Јас ќе си терам по свое а он ако не може да ме поднесе ајт мрш кај што не треба :P
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Едно е навика, друго е карактер. Би се воздржала од некоја навика која му оди на нерви, бидејќи истото го барам и очекувам од него. Ако бара од мене да се променам, ќе добие само промена на љубовниот статус, во сингл.

    Не е финтата да најдеме некој и да го моделираме како што ни одговара. Луѓе сме, не сме пластелин па да си долепуваме/одлепуваме делчиња од себе. Почитувам личност што е full package, ако ми се допаѓа ќе бидам со него, ако не - ај погодете.

    Карактер ми е ептен тешко менлива категорија, и пред се` зависи од мојата одлука, а не од сугестија од страна. Али би престанала да грицкам заноктици у име на љубовта, нда.
     
    На okcenzi и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  9. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Милам дека не! Сепак зависи за што се работи! Но јас сум си таа што сум си!
     
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Лилит убаво ви кажа онака со математички шмек :P и така е да знаете :!:

    Ако некој ви бара да се менувате поради него, тоа значи дека не ве цени ВАС, не ја прифаќа вашата ВИСТИНСКА личност.
    Тргнете од себе- дали вие барате тој да се менува?
    Ако не, зошто тогаш тој би барал, со кое право? :^)

    Еве ако толку не сакате да го изгубите и пробате да смените нешто, верувајте постепено во вас ќе се собираат фрустрации, тој се повеќе ќе сака да се менувате, оти нели тоа веќе преминува во болен фанатизам и со тек на време тоа ќе пукне, вие ќе се загушите и нема да го гледате со љубов.
    Сум пробала, порано кога сум била со розеви наочари, да се сменам и тоа траеше се додека не се погледнав во огледало и не си кажав- “ ма што правиш Сесилија? :devil: Кој е тој да ти каже што е правилно или не, да не е некој пророк или месија случајно |(

    Ма дајте ве молам, сфатете дека НИКОЈ, ама НИКОЈ ( без разлика дали е дечко или семејство или пријатели) нема право да ви кажува како да се однесувате или да ја менува вашата личност :!:
    И немојте да го дозволите тоа!

    Оти кога тогаш ќе пукнете, или вие или вашиот месија, поради неговиот неуспех да ве смени
    а тогаш е лошо
    за двајцата
    и повеќе боли
    за жал...
     
    На crazylady, Divinebutterfly, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Би се сменила. Ама, не затоа што некој тоа го бара од мене, туку затоа што јас така сакам.
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Индивидуалноста е она што ја прави една личност без неа сите ќе сме ко некаква армија од безлични карактери ко во делото на Орвел. Ако некој посака да ме тренира да ја изгубам индивидуалноста, не би рекла дека тоа е љубов. Или е некоја извртена варијанта на истата, само контрол фрик може да постави вакви услови, така да не е ова компромис во име на љубовта, бидејќи за да има компромис треба да се двете страни донекаде задоволени, не знам како некој би бил задоволен од тоа да ја изгуби својата посебност во целост?!
    Ни родител кој ти дал живот нема право да те обликува според своите потреби и желби :!: неограничено и во целост не почитувајќи ја индивидуалноста, камо ли дечко значи улога која има релативен карактер во смисол или ќе го има во иднина или па не.
    Од друга страна, ок е прифаќање на корисни навики или промена на став ако аргументирано ми укаже на истото, значи и принцип или по мое или по мое= :headbang: ! Тврдоглавост по секоја цена не е исто што и имање право во секој поглед и себезачувување.
    Мое мислење е да не паѓаш во замката на тоа да бидеш како глина бидејќи на почеток може да се тоа мали барања кои ќе растат веројатно по геометриска прогресија, додека еден ден може да станеш толку подложна на сугестии што без него ќе се чувствуваш несигурна за било каков чекор, ма и мислите веќе ќе ти изгледаат ко нестварни ако „експертот„ не ти ги сервира значи веќе си во магичен круг од кој нема излез.
    Врската не е обид да се потчини едниот колку и да е доминантен другиот партнер. Ваква врска носи само притисок и ти препорачувам ако навистина сакаш да останеш со него да се бориш да се задржиш и зачуваш себеси каква што си.
    Сепак има и луѓе кои радо би некој да им дава веќе соџвакани претходно мисли и ставови, за оваа категорија ова е може и идеален партнер. Оној кој повеќе го цени својот идентитет не прифаќа отстапки барем не лесно.
    Ете и јас сама сум била посугестибилна на пониска возраст и убедена дека некогаш толеранцијата е да бидеш носител на теретот т.е. попустливост за доброто на врската, само не сум се изгубила себеси притоа и дури сфатив она што и претходно ти сугерирав ако има обид за мала промена, не застанува таму ќе следи ново барање. Затоа, најдобро спречување со време. На почеток нема да прифаќа вакво однесување т.е. спротиставување ама ќе си легне на брашното ако покажеш цврстина. Сега не менувам лесно фарба на коса камо ли цела личност да ја менувам и не бидејќи сум најимпресивната личност туку бидејќи јас сум се прифатила и навикнала на себе ваква и партнерство е да се прифатиме меѓусебно под овие услови.
     
    На crazylady, sesilija и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Имав вакво искуство со менење на карактер. Напрво мојот. Ама сето тоа резултираше со уште поголеми недоразбирања и фатален крај. Ако сака некој да биде со тебе, ќе те прифати таква каква што си. Нема зошто од тебе да бара да го смениш карактерот кој си го градел цели години. Зар едно нешто вакво може да се смени? Евентуално ако кажеш се сменив, мене тоа би ми личело на дволичност. Пред него покажуваш нешто што тој сака ти да бидеш, а пред другите си си таа што си одсекогаш била.
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Се имам сменето или можеби созреано заради дечко.Не зашто барал од мене или ми наоѓал замерки, туку јас сама сум сакала и не сум го ни приметувала посебно и се разбира дека не ми е криво, зашто било на подобро :)
    Ако тој бара да се сменам, единствено што ќе сменам е дечкото :)
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Лилит+Саја+Сесилија+Теодора=Кажано е се! :clap:
    Многу ме нервираат девојки со неизграден карактер што не знаат да се изборат за она што го сакаат и дозволуваат да бидат управувани од некој друг. Разбирам дека градењето карактер и не е лесна работа ама има моменти кога воошто не сакам да ги разберам ниту толерирам за само-копањето-дупка.
    Фрустрациите чинам се најголемите зла, вака се и заработуваат.
    Јас сум тоа што сум, и да речам дека ќе се сменам од самиот старт ќе знам дека се празни зборови. Ако некој му чини-биди со мене, ако не-како си дошол така оди си .Би можела да се сменам незаивсно од нечие барање и за мое добро. Ова не важи само за машко туку за сите. Ако се зафатиш на сите да им угодуваш и да им исполнуваш желби охооо.. бескрајност.
     
  16. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ау,ама е комплексно прашањево...

    Јас да се менувам заради него,оти него не му одговара онаа Мистериозна која е по пороци и дружење само пријателски со многу другари,гласно смеење и други глупости,следното што ќе го слушне од мене е пријатно,со здравје. Убаво кажавте девојки,тоа се неизградени карактери,нецврсти.

    Али се имам сменето за време и после машкото. Ау,и тоа како се сменив.. И тоа на колку само подобро. Дури и сум му благодарна и вечно ќе му бидам што ми ги отвори очите да видам уствари колку е часот.
    Едноставно,ништо не ни бараше од мене,да се сменам или такви глупости,едноставно тој беше тој,јас бев јас,и јас после сватив дека некои работи кај мене мора да ги сменам. Оние кои се лоши да ги исфрлам,а добрите да се потрудам да ги усовршам. И ми успеа и пак ќе кажам,многу сум му благодарна.

    Што се однесува до физички изглед,не би се менувала. Јас ќе си се излапам некој ден со огледалото,али ништо страшно. :D Поентата е дека јас во мене си имам многу љубов за себеси,така да ако некој кретен не знае тоа да го цени,слободно нека застане на првиот мост што ќе го сретне и нека изврши слободно паѓање од таму,што да му речам друго... :wasntme:
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Муабетов е да се наџемо на пола пута! :D Ни мое,ни твое!
    Да додадам,ниту навика не би сменила за него,освен ако се работи за грицкање нокти,а не грицкам,но ако би би било бенефит и за мене.А рака на срце не ме ни потресува крената даска на вц шоља.Не сум саката ќе ја симнам.
    Демократија бејб! Со време секоја пресија на мојата индивидуална потреба и навика ќе прерасне во фрустрација,си се познавам. Знам дека ќе ми оди да го згребам за врат.
    Си ги сакам крилата,а тој го почитува тоа,како што јас ги почитувам сите негови потреби,навики и однесувања.Може да има нешто кое сакам да го сменам кај него,но не поради себе,туку поради него самиот и инсистирам на тоа тивко,а тој полека прифаќа зошто сфаќа дека му прија и ми оди со изјавата,гледаш јас вака и вака,си велам у себе...е да знаеш! :D Ама сум забележала дека и тој истото го прави на мене,но се е тоа ок се додека се работи за индивидуалниот раст на секој од нас ко личности,а не ради тоа што другиот сака и му одговара.Сакам кога врската е продуктивна и покажува раст на нас самите во согласност со нашите потенцијали,а не намалување на истите како што гледам кај многу парови. Се затвараат,размислуваат еднонасочно,ко,ок врска,после следи брак,па детенце,а се тоа помеѓу е пропратно и скроз небитно,а ко врв се овие претходно споменатите,ко споредно битни се ти не излегуваш со другарки,ти не мислиш многу на работа,малце поише на домаќинство,не јади тоа зошто и јас не го јадам,ма спушти нозе од маса зошто дома ние така не правиме,не зборувај гласно,не зборувај така,не играј во дискотека,ме срамиш,ма не знам бре више што.
     
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Видете на човек треба да му се даде тоа што го сака, ако сакате да се смире ;)

    Никогаш не би се менувала за машко!!! Мислам така си викав порано де. И си останав таква каква што сум. Агресивна и плачка, најлоша комбинација. И плус знам да бидам многу напорно детиште... абе женска од соништата. И си викав, кој ќе ме сака има да ме прифати таква каква што сум. Ако не воопшто не ни се впуштам во некоја си врска, каде што нема да ми биде згодно и нема да бидам ЈАС!!!

    Е сега, еве ми дечко што ме прифаќа. Кутриот, трпеше искомлексирана тинејџерка и нејзините хормони со месеци. И полека, но сигурно, без никогаш тој да се пожали од тоа што сум јас - се променив. И тоа на подобро. Сега сум потолерантна и мирна. Е сега сум ти женска од соништата.

    Некогаш, случајно, нас ќе не промени некое момче.
     
    На crazylady и okcenzi им се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би се менувала како личност заради некого, доколку наоѓа некакви забелешки, тогаш не ме почитува, сака.Човек никој никого не може да го смени карактерно, без разлика на причината.
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Би ги сменила, и ги имам сменато само лошите особини, кои и пречеле на врската. Нема зошто да терам инает, и да велам: таква сум и сакаш прифати ме, сакаш не, а се караме секој втор ден поради мене.
    Додека пак општо мислења, сфаќање, навики - карактерот мој, не би го менувала, бидејќи поради него се заљубил во мене нели? :) Штом ме сака и сака да е со мене, мора покрај изгледот да ми ја сака и личноста.
     
    На crazylady и Miss.Ricci им се допаѓа ова.