Дали некоаш ви се има слушено да се видите со некое бифшо момче/девојка после долго врем и повторно да почуствувате нешто за него/неа? Дали би почнале од почеток со него/неа или не би ризикувале? (серазбира ако и он/на сака)
Да, ми се има случено да се видам со бившиот и во тој момент да ми се вратат сите чувства зашто го сакам ... Искрено да кажам, би му се вратила ако ми докаже дека навистина ме сака и му значам, и на некој начин би можеле да ги преминеме грешките од минатото, но се разбира со заеднички сили да се трудиме втората шанса да ја искористиме на начин на кој меѓусебно ќе се трудиме да ни биде подобро и поубаво. Зашто една врска не може да опстане ако таа почит, разбирање и искреност не е обострана. Но, секако враќањето на старата љубов е и ризик, и зависи најмногу од личностите и каква била ситуацијата меѓу нив, причината за раскинувањето и сл. Ако постоеле некои „големи дупки“ во врската и ако тие работи не можат да се опростат и да се премине преку нив, тогаш смирувањето е за џабе и се би се одвивало како и порано. Значи за таква одлука треба убаво да се размисли па да се направи вистинскиот чекор, за да на крај не постои разочарување и каење.
Баш периодов минувам низ нешто од почеток, немаше голема пауза меѓутоа сите беа против ( и негови и мои другари и другарки) се смиривме, без никој да знае и искрено функционира како никогаш до сега... супер е, нема мешање од страна, нема вадење муабети, ама не знам до кога ќе биде вака ризикувам многу, знам дека се изложив на ризик да ми биде најтешко, а еднаш веќе го пројдов тоа, ама мислам дека вреди, и пробувам, и додека го сакам волку многу ќе пробувам
никогаш не обновувајте ја старата љубов затоа што тоа е исто како да читате една книга по втор пат а однапред да го знаете крајот...
ми се има случено то и имам пробано да се смирам, ама работата е шо не е то то, едно очекваш, а друго добиваш.мислам дека најубо е минатото да е зад мене и да си продолжам напред, а од бифшите љубови да опстани само еден убав спомен.Ако требало да бидиме заедно ќе сме биле до ден денес, значи имало нешто шо не ни дозволило да опстани нашата врска, и то НЕШТО било посилно од нашата ЉУБОВ.
Па не сум до толку очајна, има други риби во морето, фала Богу. И најсилните чувства да вријат во мене за него - не би му се вратила. Има причина зошто е стара љубов, бивша или како веќе да ја наречам. Скршената вазна не се лепи. Впрочем, како и за се во животот, и тука би ја применила девизата - НЕ ГЛЕДАЈ НАЗАД - она што е минато таму ќе си остане, поважно ми е она што ми се случува сега, денес. А тоа што било - водата го однела
Во принцип не сум за враќање на стари врски, иако тоа ми се случи кога имав 15-16 години. Се смирив со бившиот, и одевме околу година и пол и немаше врска со првиот пат, чудно. Али тогаш бев малечка со поинакви сфаќања за животот. Сега, не би се вратила на бивши. Мислам дека нема да биде тоа тоа.
Ми се случило да се смирам со бивши дечковци... По втор пат... И трет пат. Абе шпанска серија. Скршеното не се лепи. А и да се залепи, пукнатините ќе се гледаат цел живот. А и мама и тато ме учеа моите искористени играчки да ги давам на понесреќни дечиња од мене. Што било, поминало. Да било салам, ќе траело. НЕ, НЕ БИ СЕ ВРАТИЛА НА НИТУ ЕДНА СТАРА ЉУБОВ.
Постои една реченица која важи во потполност со мене - Forget the people from your past, there's a reason why they didn't make it to your future. Бившите дечковци кај мене одат во емотивен заборав, едноставно таква сум. А раскинам со некој, откако ќе го преболам - разврзувам билокакви подлабоки емотивни врски од љубовен карактер со таа личност. Затоа и не можам да замислам да се вратам на некоја стара љубов, затоа што во мене се се губи после раскинување и повеќе таа личност не ме привлекува. Гледам напред. Она што останува зад мене, си останува таму, кој ќе се врти назад - и онака ми крцка вратот. Рикверц знаеме сите да возиме, ама полесно е да се гледа пред себе отколку зад себе
До пред една година ќе се вратев само на една моја стара љубов , што мислам дека ми беше љубовта на животот, ама сега тој се ожени , што значи женети не ме интересираат, па веќе не се замарам со тоа како би било кога би раскинала со дечко ми и би се вратила на некој бивши
Никогаш не би се вратила! Сум се враќала да... Но секогаш завршувало со ист крај. Нема потреба да се измачувам повеќе било и поминало...
Никогаш се немам,а не ни планирам .Кога веќе раскинала таа врска за секогаш нема зошто да се навраќаме назад.Било-поминало доаѓа ново Сега сум заљубена до уши и не размислувам за никој друг
Ми се има случено, и сеуште контактирам со тој што идев најдолго. Мислам дека помеѓу нас се уште има некоја искра, мала но каква таква ја има. Но, знам низ што сум поминала, и знам низ што повторно би минувала. Не сум спремна на таква жртва. Зошто, веќе си ги знаеме карактерите, кои очигледно во некои ситуации не си одговарале, па затоа дошло крај.
На старата љубов и да сакам не би можела да се вратам, бидејќи како тогаш, така и сега ми е забранет. Но на бивши... Хммм... Не знам, не сум ни имала некој кој така ми допрел всрце. Имав еден кој беше речиси совршен ама го пуштив да си оди Можеби така требало да биде, тој беше се што една девојка би посакувала... Не знам, ако би имала шанса, ако би биле слободни двајцата можеби би пробале.
„ДА“, би и се вратила на старата љубов и покрај тоа што помина една година од кога сме скарани а одевме четири години јас сеуште го сакам и би му се вратила но многу ми е страв дека ќе имаме многу караници за некои работи кои ни се случуваа во оваа година додека бевме скарани. И јас имав дечко и тој имаше девојка и неколку врски за 1-2 вечери ама мислам дека тоа ќе ни биде причина за караници па и ќе има многу недоверба и од моја и од негова страна и поради тоа сеуште не сме се смириле а и двајцата сакаме и се сакаме. Не знам што да правам. Помош девојкиии