Често се шегувам дека во следниот живот сакам да бидам машко
Мислам дека на машките животот им е доста поедноставен. Може само така и си мислам, не знам
Тие не раѓаат, но сепак родители се, и учествуваат во одгледувањето на детето рамноправно со мајката, така што не мислам дека тоа што раѓаат им е некој хендикеп, баш напротив - стануваат родители без никаква мака
Да не спомнувам дека не добиваат менструација, немаат ПМС, не мора да се депилираат, поштедени се од сите такви маки.
Мислам дека се привилегирани во однос на избор на професии, а особено се привилегирани кога се на раководна функција, бидејќи претежно на раководни функции се мажи, па фино си се разбираат, си седнуваат во кафана, си кажуваат мрсни вицови, и си тераат бизнис. Почнува ова по малку да се менува, ама ехеее, уште колку имааа...
Сигурна сум дека не прават толку комбинации во глава како што правиме ние, од типот зошто сега ми рече вака, дали мислеше ова или она, или пак нешто трето - ние жените сто пати повеќе се замарараме со се и сешто.
Традиционалната улога на обезбедувачи на храна за семејството веќе се губи, бидејќи со една плата не се живее, па и жените се исто толку под стрес колку и мажите. Ама ајде, ќе им попуштам и ќе речам дека обезбедувањето и заштитата на семејстввото не им е лесна работа.
Во нашето општество од нив се очекува многу помалку одколку од жените - во смисла обврски во доомот, деца, работа. Среќа што ова се менува.
Друга привилегија што ја имаат е да одлучуваат за некои работи, на пример кога ќе стапат во брак, бидејќи нели според традицијата тие треба да ја побараат девојката за жена.
Да се биде жена знае да биде исцрпувачки. Сепак, и покрај сите маки, има неверојатна убавина во тоа
