Инспирирана од солзите и глумењето на Немеш во Big Brother сакав да поставам ваква тема. Дали верувате во искреноста на машките солзи, нивното молење и ветувања?
Па види ова е широк поим и пред да верувам на нивните солзи би го согледала нивното претходно однесување.
паа....зависи какви се околностите...еднаш навистина поверував во машки солзи, и да, не зажалев за тоа...но не секогаш треба да се верува во машките солзи, не додека не си сигурна дека се вистинити
да да.. дефинитивно верувам.. и машките знаат да плачат ида ги покажат чувствата кои ги имаат... иако тоа ретко се случува...
зависи од ситуацијата....но сепак ќе речам дека верувам..зошто препоставувам на машкото многу му треба да заплачи...а заради гордост тоа не го прават често
Верувам...зашто и тие се живи суштества,и иако -навидум се посилни од нас жените,сепак и тие имаа чувства.Само малку потешко ги искажуваат. Ако некого го познаваш доволно-ќе знаеш дали е искрен и дали "солзите" се навистина одраз на чувствата или само глума...
Зависи на кое машко, во солзите на дечко ми - верувам. А општо - само ако го знам доволно добро каков карактер има
Машките ретко плачат, ама кога плачат тогаш навистина има силна причина, додека женските си цмиздрат и кога треба и кога не треба А за солзите во биг брадр, биг геј фагот и слично не се замарам, све се педерана какви машки таму
Зависи од ситуацијата, зависи од неговото претходно однесување и постапки. Инаку, и машките плачат, можеби поретко од женските, но сепак и тие имаат чувства!
Според моето искуство машките плачат само кога им е стварно тешко, а до тоа придонесува и некоја чашка алкохол. Јас верувам.
О, да. И знам дека беа искрени. Маж што плаче, не е слабак, за мене е длабоко повреден или барем свесен за својата емоција, човек. Значи, не лигавење, ами баш, машка солза, тешко ми е дури да си припомнам на тоа! Уф. Којзнае колку е тешко тоа, да не можеш да се исплачеш човечки. (ја обвинувам еволутивната заедница).
Верувам да, но не во сечии, односно постојат и плачковци па не се сите машки тврд орас, и полесно заплакуваат особено кога знаат дека така ќе го добијат она што го посакуваат. Затоа не верувам во сечии солзи, верувам во солзите само на личностите кои ги познавам и кои знам дека не се расплакуваат само кога имаат вистинска потреба од тоа.
Не ги коментирам машки солзи,ама ова ќе констатирам,мразам простачки што се подсмеваат на машки солзи и ги окарактеризираат ко чин на слабост и вечна етикета на слабак.Простакуши!
Верувам, имам брат, татко, дечко. Знам која болка е потребна за машко да пушти солза. Иако понекогаш не знам како да се поставам во ситуацијата, сепак ... кога машко искрено плаче ... како му е на душата тој си знае ... Не е дека не постојат и глумци нели, ама и женските знаат добро да глумат, од солзи за глупости па се до оргазми. Така да, црн бумбар, бел бумбар. Во случајов бел за машките, ретко кое машко може да изглуми такви емоции ...
Досега единствениот маж што сум го видела да плаче е мојот татко Верувам во машките солзи бидејќи се ретки, а искрени. Ретко се случува гордоста да биде погазена, а солзите да ги симболизираат чувствата. Никогаш не сум се нашла во близина на "cry baby" и затоа ова мислење го споделувам со вас.
Единствен пат што сум плачел беше кога почина мајка ми а пред женска да пуштам солза не ми се случило а ако се случи некогаш би значело дека сите системи на одбрана ми се скршиле и веќе сум немал излез. Се надевам нема да дојде .