ТЕМА: Долга врска, но без љубов. Што би направиле?

Мислење 22 Јул 2011, 13:06

Повеќето долги врски одат ради реда,ај биле подолго време заедно и ај сега нема смисла да раскинуваат а се згаснало муѓу нив,и каде е тука поентата?? тука нема никакво задоволство повеќе,подобро квалитетно сам отколку во неквалитетна врска
Аватар на корисникот
peperutka87

Сино цветче
 
115
Мислења: 122
Зачленет: 22 Јул 2011, 12:46
[b]I love my boyfriend[/b]

Мислење 23 Јул 2011, 17:20

al-vik напиша:Кога веќе имаш поминато толку време со него, сигурно 4 те години не ти биле измачување со него, сигурна сум дека и ти имаш чувства кон него но премногу си опуштена поради твојата сигурност дека тој те сака неизмерно и нема да те остави па ти треба малку нешто да те подигне,да те возбуди. Како и да е пробај да се тргнеш од него и најди си некој друг, после тоа сама ќе бараш да се вратиш овде каде што си сега.

Во контекст на постов... Добро, за 4 години да си со некој навистина не може да не ти чини, па и жал да ти е, не може толку време да седиш од сожалување со некого, тоа е малтретирање. Врска е у осталом, не брак. Тоа е предолг период за некој да сфати дека не му е убаво. На крајот на краиштата, која е поентата на една врска? Одиш од една во друга дури не го најдеш правиот, нели. Не знам, 4 години со некој не се седи ако нема зошто, а дали има се гледа многу порано. Јас бар не верувам во снемување љубов, или има или ја немало од старт. Имам другарка зимата 5 години направија, нит згаснато нит бутур. Ако се сака се може, ако му е на некој "пет пари не давам" ставот нормално дека ќе се изгуби све.
Аватар на корисникот
goddess.Of.chaos

Зелено цветче
 
393140
Мислења: 757
Зачленет: 01 Јун 2011, 21:45

Мислење 23 Јул 2011, 17:29

Само што заврши мојата подолга врска.
Имав прекрасен човек до себе, но човек кој го гледам како брат, другар, пријател, а не човек со кој ќе го делам животот. Верувајте многу е тешко да ставиш крај на нешто што траело толку долго, кога сте поминувале поголем дел од времето заедно. На крај се се сведуваше на навика, барем од моја страна, и нормално сега чувствувам некоја празнина.
Последниот месец ми беше многу тежок, иако бевме и на одмор, ништо не се смени, само се измачував. Некогаш дури и измислував бизарни причини за да не излезам, или за да одам со другарките.
По долго размислување ставив крај, не е сеедно, но подобро вака отколку да му давам лажна надеж.
Аватар на корисникот
duffi

Сино цветче
 
70290
Мислења: 331
Зачленет: 14 Апр 2011, 20:36
Локација: блиску до него...

Мислење 23 Јул 2011, 17:30

Би собрала доволно храброст и аргументи за да ставам крај со згаснувањето на последната искра на љубов .
Се останато е измачување,обострано.
Аватар на корисникот
MarchelineAmaru

Жолто цветче
 
5424486
Мислења: 1399
Зачленет: 07 Јул 2010, 19:57
Локација: The First Circle of Hell
EvErYtHiNg AlWaYs HaPpEnS 4 A ReAsOnСлика

"...It's me and you - or walou..."

Мислење 24 Јул 2011, 11:50

би ставила крај не знам некако не можам да бидам долго време со некој што не го сакам не би го поднесувала ниту пак би го сакала во моја близина едноставно за да бидат двајца срекни заедно потребно е да има љубов од двете страни. за да успее една врска не треба да сака само едниот
Аватар на корисникот
MoreNa-22

Сино цветче
 
6376
Мислења: 384
Зачленет: 28 Јун 2011, 22:56
I'm the author of my own life. Unfortunately I'm writing in pen. Мistakes i make can't be erased, the only option is to turn the page and start a new chapter!!

Мислење 24 Јул 2011, 17:44

Како што спомна една феминка пред мене, ова би било измачување, и за мене и за него.
Незнам зошто би постоела таква врска, ако нема љубов. Таа е најважниот фактор за една врска да опстане. Глумењето би траело месец, два, три, ама не може да трае вечно, затоа што такво нешто не би издржала. Барем јас не. Подобро е да се стави крај, што побрзо толку подобро и побезболно.
Аватар на корисникот
crazyinlove19

Жолто цветче
 
15021388
Мислења: 3095
Зачленет: 20 Мар 2011, 21:31
Локација: Far away.

Мислење 28 Јул 2011, 17:26

duffi напиша:Само што заврши мојата подолга врска.
Имав прекрасен човек до себе, но човек кој го гледам како брат, другар, пријател, а не човек со кој ќе го делам животот. Верувајте многу е тешко да ставиш крај на нешто што траело толку долго, кога сте поминувале поголем дел од времето заедно. На крај се се сведуваше на навика, барем од моја страна, и нормално сега чувствувам некоја празнина.
Последниот месец ми беше многу тежок, иако бевме и на одмор, ништо не се смени, само се измачував. Некогаш дури и измислував бизарни причини за да не излезам, или за да одам со другарките.
По долго размислување ставив крај, не е сеедно, но подобро вака отколку да му давам лажна надеж.

Ете ова ни заебува работа на сите.
Не можам да специфицирам, но сето ова што го наброја е потребно зе една врска.
Не дека и јас не сум се нашла,во иста ситуација,мислам дека митот за љубовта е доста презголемен, па што ти треба кај некој човек во една врска ? Да биде прекрасна личност, да те цени и почитува, да ти биде потпора,другар на кој што можеш се да му кажеш,некој што ке знае да те искара кога ке биде тоа потребно,некој од кој што безусловно ке имаш третман како кралица, некој што ке го чуствуваш близок како брат.
Мислам дека сеуште не ни се годините дојдени до тоа ниво,за да перципираме вакви вредности кај некој човек, не зборам конкретно само за тебе или за мене,општа појава е тоа.
Сликата која сега си ја создаваме за нашиот идеален партнер, многу тешко се реализира во реалноста.
Но како да ни е во крв да заебуваме прекрасни нешта, од некој апсурдни причини, дали тоа било мислењето на околината, мислењето на блиските, неможноста да се носиме со одредени проблеми, или пак и да налета нешто совршено според наши стандарди,пак ке му најдеме мана.
Сега ке ја цитирам тетка ми - Ништо не паѓа од небо,па дури ни љубовта, за се треба да се потрудиш. Колку повеќе размислуваш за одредени работи толку повеќе самата си ги комплицираш истите.
Ако погледнеш од агол на постара девојка ке заклучиш дека токму тоа се бара во животот, некој кој ке ти биде сето она што го наброја погоре, последно е љубовник.
Знам случаеви каде што девојки излегувале од врски со прекрасни луѓе само поради некој баналности,без да размислат што губат при тоа а губат многу,бидејки општо таквите луѓе се премногу ретки,па или цел живот ке бараат некој таков,а гордоста не им дозволува да му се вратат на истиот, или пак завршуваат со првиот подобен што ке налета, не ретко завршувајки со развод,или со „трпење“ цел живот.
Најбитно нешто, е да знаеш да го цениш она што го имаш ништо повеќе не треба.
Аватар на корисникот
antica20

Бело цветче
 
229
Мислења: 72
Зачленет: 09 Јун 2011, 01:17
ПОТПИС ПОТПИС ПОТПИС :)

Мислење 29 Јул 2011, 15:15

навиката е тешка работа.. како тоа може чувставата и емоциите да се сменат во рок од една недела а пред тоа години и години наназад си ја тупел главата за да стигнеш до тоа денес? по некој период повторно ќе сакаш да се вратат тие моменти денови спомени бидејќи можеби нема да ги имаш со некој друг.. затоа пред донесувања на секаква одлука треба да се мисли на последиците па потоа да се дојде до крајниот заклучок. х)
Аватар на корисникот
thelittle17

Жолто цветче
 
13911850
Мислења: 1422
Зачленет: 31 Авг 2010, 18:56
Локација: Piece of cake.
За да ме повредиш треба најпрво нешто да ми значиш, за да ми ги видиш солзите најпрво треба да сакам да ти ги подарам насмевките.. Дали навистина мислиш дека си моќeн така лесно да го растргнеш моето небо?

Врати се на Врски

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 1 гостин

Site Meter