ТЕМА: Интернет неверство

Мислење 16 Мај 2010, 02:03

Прилично сум нова на форумот,па би сакала да споделам нешто со Вас,а и Ваше мислење би сакала да добијам.
Со сопругот сум 10 години,од кои 5 во брак :)
Имаме прекрасна ќеркичка од 2 години и нормален живот.
Се почна еден ден кога на фејсбук со еден "другар" си пишевме на чет и навлеговме во некои теми,
работите почнаја во друг тек да одат,како тој ме знаел уште од пред 10 години и сакал да има нешто со мене,
ама никогаш не собрал храброст.......
јас подзинав,не знаев за неговите чувства,бев многу среќна што го слушам тоа(а сметам дека не би требало тоа среќна да ме прави,сепак сум мажена)али стварно е преубаво да слушниш,прочиташ дека на некој си му значела и сеуште му значиш(освен на сопругот)
Потоа,почнавме секој ден да пишуваме до касните часови,ми годеше неговото внимание,ми крадеше многу насмевки,секој ден станував мислејќи на него,бев среќна............а знаев дека не смеам....
Продолживме со пораки на мобилен,скајп,мсн,се подлабоко и подлабоко стануваше тоа,големо искушение,горевме од желба да се видиме и да се имаме еден со друг.....ама се разбудивме навреме........
Се разделивме на фин начин,статусот мој(мажена) е единствена пречка за нас,не сака да ми се меша во бракот,на ќеркичката и требаат двата родители за да расте среќна............
Беше убаво и никогаш нема да го заборавам,многу ми е мило што не направив глупост.пр.да спијам со него,двајцата знаевме дека е погрешно и дека никаде не води ситуацијата.......
И ден денес сме пријатели на фб,си пишиме,здраво,како си,се поздравуваме каде и да се сретнеме........
Ама сепак ја имам онаа грижа на совест дека направив нешто што не требало,со сопругот сме 10 години среќни,никогаш не сум го изневерила......
Ви благодарам што одвоивте време да прочитате :)
Поздрав!!!
tiva2010

Фем почетничка
 
00
Мислења: 2
Зачленет: 16 Мај 2010, 00:55

Мислење 16 Мај 2010, 13:49

според мене-немаш апсолутно никаква причина за грижа на совест. не се оптоварувај со глупави мисли-не си направила ништо за што би требало да се каеш. според мене не е неверство тоа што си му посветила неколку насмевки, и што си се почувствувала срекна поради неговото внимание. ;) па жени сме-нормално дека ке ти годи после толку време некој да ти признае љубов и да ти симне некоја звезда ;)
ја те поздравувам што си решила да размислуваш разумно ;) навивам за твојот сопруг и керкичката ;)
Аватар на корисникот
newring86

Сино цветче
 
852
Мислења: 290
Зачленет: 22 Ное 2009, 15:49
Во животот немора да трчаш - доволно е да тргнеш на време !

Мислење 16 Мај 2010, 13:58

Е јас вака како помала не би требало да делам совети на тема на која баш и немам некое големо искуство, ама и мене ми се има случено по разговор со некого да се почувствувам дека летам, да се смејам и да си легнувам и станувам мислејќи на тоа, но со тек на врме ми минувало тоа. Така да кај тебе единствено има грижа на совеста, што не би требало да ја има ако не сте направиле ништо. Сепак биле само неколку насмевки кои се нешто нормално со другар кој го знаеш подолго време. Сигурно се сакате со сопругот ако сте 10 години заедно, така да треба само да престанеш да се обвинуваш. Се ќе биде ок :*
Аватар на корисникот
zvezdakoska

Зелено цветче
 
2953
Мислења: 767
Зачленет: 14 Апр 2010, 19:44
Локација: here, there, somewhere ...
СликаСакам барем еден ден да имам волшебно стапче

Мислење 16 Мај 2010, 16:01

Не мисли дека си направила нешто лошо затоа што денес на секој му се има случено истото, не полуде сите тој интернет хаха :D Убаво е чувството кога и друг маж ти посветува внимание и ти дели комплименти, освен твојот сопруг и ние жените право летаме :) Нема зошто да мислиш уште на тоа, нема потреба за грижа на совест, затоа што ништо не се случило меѓу вас, добро е што се завршило само со пишување на нет. На време си се вразумила :)
Аватар на корисникот
veri

Жолто цветче
 
1301247
Мислења: 3037
Зачленет: 14 Јан 2010, 23:08
Life is not about how many breaths you take, but how many moments in life that take your breath away.

Мислење 16 Мај 2010, 19:06

И јас се согласувам со претходните коментари. Кога веќе не си ја направила најголемата грешка, немој да си го расипуваш бракот со грижата на совест. Било поминало.
Аватар на корисникот
RainBow

Црвено цветче
 
6758937
Мислења: 9894
Зачленет: 03 Дек 2009, 16:27
"Таму каде што се љубиме никогаш не е ноќ..."

Мислење 16 Мај 2010, 19:35

nema mesto za griza na sovest. Ti ne si napravila nisto losho, sekoj bi omeknal na tie komentari. Bitno e deka si go sakas soprugot i imate prekrasna kjerkichka ajde do godina i edno sinche. se najubavoo
scream

Фем почетничка
 
00
Мислења: 12
Зачленет: 16 Мај 2010, 13:36

Мислење 18 Мај 2010, 00:27

Јас сметам дека тебе Тива ти се допаднал мал флерт за да се разбие малце монотонијата на бракот, сигурно си била во облаци заради тоа што си долго време во брак и ти годела таа симпатија и тоа нешто непознато, ново... но сепак си се освестила на време што не си го загрозила твојот брак. Сигурно ја глеаш и таа страна како би било да би бил со тој човек... сигурно не би било тоа што ти го имаш во бракот...
Помала сум од тебе но би сакала да ти кажам до какви опасности и проблеми се доведуваме самите сите поради тие социјални мрежи, да не сте чатувале на фб тој сигурно не би ти го кажал тоа во лице и не би ти приредил такво неспокојство... а што ако твојот сопруг прочитал нешто, и погрешно ги сфатил работите... проблеми.
Сега уживај затоа што си се освесила на време и биди благодарна за тоа, јас мислам дека другпат не треба да влегуваш во вакви разговори на фб или било каде...
Се најдобро, уживај во семејството кое го имаш.
Поздрав :*
Аватар на корисникот
mims-89

Жолто цветче
 
57179387
Мислења: 3329
Зачленет: 07 Мај 2010, 17:56

Мислење 21 Мај 2010, 19:43

Ви благодарам за Вашите мислења,многу ми значеа :)
И јас сум среќна што постапив правилно,а и многу сме посреќни сега со сопругот......а и ќеркичката......
Сега и веќе не уклучувам фејсбук толку често.......
Поздравче,имајте убав викенд :)
tiva2010

Фем почетничка
 
00
Мислења: 2
Зачленет: 16 Мај 2010, 00:55

Мислење 12 Сеп 2010, 00:27

Леле луѓе коса ми се крева на оваа тема! :@ Порано дознав дека дечко ми си пишувал со некои девојки на интернет,значи флертувале и претпоставувам дека се претставувал како да нема девојка!Иако немам докази дека нешто направил со некоја во живо стварно се вадам од такт кога ќе го видам пред компјутер :( Ме фаќаат некогаш периоди кога мислам дека стално кога ќе седне на компјутер се допишува со некоја!Еве сега бевме на мини одморче и го носевме мојот лап топ и гледам во хистори дека гледал слики од разни девојки(тоа сигурно додека јас не сум била во негова близина).И безвезе цел ден ми се расипа денес многу глупаво се осеќам,како изневерена и понижена ;( ...иначе јас немам фејс бук(едноставно не осекам потреба за тоа).
`
Аватар на корисникот
martincencee

Сино цветче
 
62241
Мислења: 462
Зачленет: 09 Авг 2010, 17:33

Мислење 12 Сеп 2010, 01:30

martincencee напиша:Леле луѓе коса ми се крева на оваа тема! :@ Порано дознав дека дечко ми си пишувал со некои девојки на интернет,значи флертувале и претпоставувам дека се претставувал како да нема девојка!Иако немам докази дека нешто направил со некоја во живо стварно се вадам од такт кога ќе го видам пред компјутер :( Ме фаќаат некогаш периоди кога мислам дека стално кога ќе седне на компјутер се допишува со некоја!Еве сега бевме на мини одморче и го носевме мојот лап топ и гледам во хистори дека гледал слики од разни девојки(тоа сигурно додека јас не сум била во негова близина).И безвезе цел ден ми се расипа денес многу глупаво се осеќам,како изневерена и понижена ;( ...иначе јас немам фејс бук(едноставно не осекам потреба за тоа).
`

Епа и да не осеќаш потреба, направи си и ти фб, почни да стануваш пријател со некои машки па да видеш и нему како ќе му станува криво.
И да немал ништо со тие девојки сепак не е убаво што така ти прави зад грб. А и не биди толку сигурна, ако немал намери, зошто би си пишувал со нив :^) Можеби сака нешто да ќари, па си ја пробува среќата. Секако ова се само мои претпоставки, не мора да значи.
Трај си, не избувнувај ама направи си и ти фејсбук, па и тој нека си има вакви мисли, дали пишуваш со некој или не. Ако само се осмели да ти пререче нешто, почни ја војната. Кажи му како ти си се чувствувала кога си открила дека пишува со други, и гледа нивни слики, па дури и кога сте биле на одмор!
Аватар на корисникот
Unfaithful18

Жолто цветче
 
413115
Мислења: 1936
Зачленет: 11 Јан 2010, 15:57
Паметната жена постапува со мажот како ковачот со железото: прво добро го загрева, а потоа по свој вкус го обликува

Врати се на Врски

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 1 гостин

Site Meter