Ваква тема не пронајдов.
Повеќето девојки имаат долгогодишни врски и ме интересира - кога и како дефиниравте дека сте во сериозна, моногамна врска?
Има случаи каде што отворено си се прашуваат - Сакаш да бидеме дечко и девојка?

дури и на 20 и кусур години, што мене помалку ми е смешно.
Ама реално не постојат паметни и вистински зборови за тоа дефинирање според мене.
Дали се случи веднаш, постепено, спонтано, со договор?
Јас сум многу терсене за овие работи и последниве години ми е вистински проблем.

Ако некој во првите 2-3 недели ми спомене врска или дечко, ме фаќа паника, како да не е токму и при ум (изгледа такво дојде времето), ако не спомене ништо, и тогаш се прашувам што е проблемот, а имам еве другарки кои за 2 дена веќе знаат дека имаат дечко, си одат заедно на семејни прослави, запознавање со родители за неполн месец, што мене ми укажува на нешто сериозно, а мене лично ми е незамисливо за толку кратко време.
Вашите искуства... ?