Заедно учевме,бевме школски пријатели, но потајно си имавмте симпатии еден за друг цело време, ама во 4та тоа стана ептен очигледно и сите почнаа да се шегуваат со нас,и преку тие зафрканции се зближивме уште повеќе.
И се бакнавме прв пат на роденден излезени кај една моја другарка, ме испрати до дома и толку.
Од утредента,во школо седевме заедно,после школо идевме на кафе, ме испраќаше до дома,се бакнувавме, но ништо официјално немавме правено муабет за врска.
И по една недела 'дружење' он и се доверил на една моја другарка дека сака да ми рече да му бидам девојка,но срам му е во живо,па се решил за фејсбук,да ми прати покана. Другарка ми ми кажа,знаев однапред,ама он не знаеше дека знам.

И бев 'изненадена' кога ја видов поканата.
Но и до претходно бевме нон-стоп заедно,тоа не смени ништо,но ајде,да биде некако, а и плус сега како датум за годишнина го славиме оној првиот,кога прв пат се бакнавме,а не тогаш кога сменивме статус на фб,така да...