1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kако ги поднесувате караниците со саканата личност?

Дискусија во 'Врски' започната од lavica23, 16 февруари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Кога се караме јас сум таа нервозната што се дере. Среќа знае како да ме смири и воопшто не се нервира. Немаме некои караници со денови да не се слушаме или да си водиме инает. Разговараме за се(откако јас ќе се смирам) и до сега сме немале некои поголеми проблеми.
     
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Караниците се вообичаена работа во секоја врска па треба да најдеме начин како најлесно да се справеме.Но мене тешко ми оди наоѓање начин за помирување.Обично јас сум таа која се бара да најде нешто за што ќе има да се карам,почнувам да изнесувам аргументи дека јас сум во право,дека тоа треба вака а не така......итн,но дечко ми е посмирен па го решиме некако проблемот.Порано и тој беше поинаетлив па кога седевме заедно и се скаравме лутењето не држеше повеќе така што спиевме во различни соби.Но сега пораснавме изгледа па побрзо се справуваме со проблемите :D
     
  3. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    Кога се расправаме постојано се дерам и водам инает...Ајде тој може ќе поразговара смирено,но ако исклучи и го изнервирам претерано знае да исклучи...но ќе се расправаме и истата вечер веднаш се смируваме...утредента може да има само мала нервоза како последица од синоќешното,но поминува.
     
  4. Sophy14

    Sophy14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    pa so mojata sakana lichnost ne sum vo vrska ,a ne sum ni nekoja drugarka bas.znae deka go sakam. se rachulo niz grad.toa bese samo voved.ponekogas mnogu retko си пишуваме неколку дена и сето тоа завршува со кавга.секогаш! многу ми е тешко.не можам да издржам но се поминува.малку утеха од најблиските и сетоа тоа трае 1 ден !
     
  5. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    после караница има потполен молк и двата ништо не велиме, ако сум јас крива ќе му речам ај смирими се не прам повеќе така :D (лажам) ахахаха
    а ако е тој ќе ме бакни и како ништо да не било, а порано плачев и тешко ги поднесував и пребродував караниците :(
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Аууу, јас сум буквалист (во таква ситуација) :D :D
    Готово, одма си земам на срце... тагувам, го жалам веќе :D
    Ама повеќе не сум до тој степен замината :lol:

    Искрено, тешко ми е кога ќе се скараме (зборувам за карање кога нема да се слушнеме неколку денови и нели одма мислиме дека готово е, завршила приказната).
    Не дека секоја караница (дури и најситна да е) ме боли, туку едноставно се нервирам што се караме за глупости, а него тешко да му докажам. И тој никогаш не знае да престане. Јас сум таа која ќе си се повлече за да не дојде до голема.
    И ќе си се гушнеме за 10тина минутки :$
    Ме нервира тоа што, кога се расправаме тешко да дојдам од него до збор |( . Е тоа страшно ме иритира ]:) И 100 пати му имам кажано, зошто да се нервираме за глупости, и да разлагаме, кога ни е тешко еден без друг :$ ...
    ама ете, во секоја врска караница |(
     
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Караниците со саканата личност ги поднесувам одлично, затоа што мора да ги има :D
    Викаме и двајцата или само едниот од нас и после 5 минути како ништо да не се случило :rofl: :rofl: :rofl:
    Тој што е ''виновен'' прв почнува да зборува, да се смее да го бакнува другиот...
    И вам ви препорачувам така, но сепак си зависи од карактерот на вљубените.Зависи многу од причината за што се карате, дали се навредувате, дали паѓаат тешки зборови, дали имате инает кој да попушти да се јави прв....
     
  8. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Кога се караме јас сум таа што го крева гласот,а тој само молчи.Но караницата трае кратко и после тоа исто како ништо да не е било.
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Во нашата долга врска со дечко ми сме минале низ различни ситации, кавги сме имале многу, некои посериозни а некои пак помалце значајни! Паметам дека најмногу се каравме во втората година од нашата врска, тоа беа сериозни караници, викотници, па дури и по некоја закана,уцена,па и вербално знаев да напаѓам понекогаш :tmi: ! Многу повеќе хистеризирав од него, тој воглавном се држеше прибрано но заеше и нему да му пукне филм па лом да се направиме! Така беше еден долг времнски период (отприлика 6 месеци) и некако успеавме да се средиме и да се договориме за некои работи!
    Инаку колку и да звучи чудно јас не жалам за тој период со караници, бидејќи после караниците сексот е најдоборто што може да се случи а и благодарение на мојата тврдоглавост од тие караници успеав да поставам некои правила во нашата врска кои сега веке ни гарантираат убава врска!
    Не дека сега не се караме, ама тоа трае кратко и е безначајно...всушност немаме некој посериозен проблем кој би ни ја реметел спокојноста во нашата врска!
     
  10. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Уф многу мразам да се карам! Не само со дечко ми, воопшто...

    Некако бесцелно ми е расправањето, ако некој има некоја забелешка за мене, нека ми ја каже и ќе видиме како ќе го решиме проблемот!

    Инаку со дечко ми, сме погодени! И тој мрази расправии... Кај нас работите се решаваат на високо ниво :lol:

    Се седнува и се соопштува проблемот и по брза постапка се изнаоѓа начин за решавање на истиот!

    Дерење, немало ниту пак ќе има... Јас нема шанси да му се развикам, затоа што тоа не е мој стил. А, тој ако ми се развика, многу ќе се налутам затоа што не можам органски да смислам викање!

    Полека смирено... Се си се решава...

    Тоа не значи дека ние совршено функционираме и не се расправаме! Совршенство нели не постои (бар така рекле :) )

    Имаме многу точки за расправии кои милуваме да си ги нарекуваме дебати...
     
    На LaraSolare и marama им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.421
    Пол:
    Женски
    Се караме ретко. Обично не викаме туку зборуваме погласно. Се докажуваме кој е во право, кој не. После тоа следи молк од 10 мин. па се доближуваме еден до друг, па следува срамежлив бакнеж и на крај див секс. Ова кога сме по дома.
    Низ град кога се рчкаме, двајцата го креваме носето до небото, одиме ко странци и едниот ќе каже некоја глупост и така насмеани си се бакнуваме.
    Два, три пати сме се скарале посериозно, па не се слушнавме ден, два и толку, не можеме повеќе еден без друг. Ама не смее да вика , ниту тој ниту јас.
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Хаха и ние нешто слично како вас Марама за низ град кога ќе се подскараме.Инаку некогаш и посериозно може да се скараме и кога ќе се изнервира да каже некои работи кои ќе ми дотераат солзи,па ќе се извини,но не се забораваат така лесно..Значи тешко ги поднесувам караниците но сепак во последно време јас решив да ја сменам тактиката,мислам дека сеуште не е касно зошто ми успеа во петокот.Му се налутив,он мислеше дека се извини и толку,но јас цела вечер бев тивка и не зборував ништо (што не е во моја природа) и 10 пати кажа дека нешто ми е но јас викав ништо,но на крај му кажав и сега гледам дека е малце повнимателен деновиве,па ќе видиме понатака.Ок толку.Да не отидам многу офф :)
     
  13. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    12
    Не можам да поднесам да сум скарана со него. Ништо друго тогаш не ми е важно. За среќа до сега не сме имале голема, сериозна караница. Досегашните мали кавги брзо сме ги решавале, ќе ни помине лутината и на двајцата и полека ќе почнеме да се закачкаме и секако тоа води кон секс за смирување :lol:
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.202
    Пол:
    Женски
    Јас сум голема плачка и тоа е една од најголемите маани што ги имам. Неможам ко човек да се искарам со никого па ни со "љубави" ;( :lol: .Не дека секогаш кавгите ме погодуваат толку многу за да извлечат солза но таква сум се карам а тие сами течат. Сум се помирила дека така моето тело се справува со стресните ситуации. Инаку за сериозни работи се караме ретко и тогаш двајцата викаме се инаетиме (две јарчиња) и молчиме едно 15-20 минути после што си се извинуваме :* :inlove: Инаку воопшто несакам да се карам и расправам но несакам ни неправди па понекогаш еднотавно мораш!
     
  15. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Во принцип работите ги решаваме со мирен и сталожен разговор. Караници се случуваат, не дека не, ама ептен ретко. Дечко ми не сака да го користи терминот караници па си милуваме да ги викаме несогласувања или недоразбирања :lol: И во таквите моменти дечко ми тон не повишува, зборува така тивко и смирено, а јас и природно сум гласна, па се случува и уште погласно да расчистувам ситуации.
    Досега не сме биле скарани повеќе од 1-2 саати. Тој што бил "виновен" секогаш прв се јавува или нуди бакнеж и прегратка за смирување и доколку постојат услови за нешто повеќе. Најсладок е сексот тогаш - бурен и нежен...не знам, некако посебен :$
     
  16. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
     
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Јас проблеми не решавам со караници...строго со ќотек!!! :rofl: :rofl: :rofl:

    Нормално дека во секоја врска се дешава да дојдеш до некое несогласување со партнерот,некогаш и да повишиш тон ама се да си биде во граница на нормалата.Фала богу до сега не дошло ситуација да се изнадереме еден на друг (може оти си знае дека парталчињата ќе си ги најде пред врата ]:) ]:) ) :D

    Добро шала на страна ,мислам дека најважно е да си ја признае грешката ,тој што ја направил нормално, зашто поради тврдоглавост некогаш може ситници да донесат крај,така да излагањево ќе си го завршам со мислава која штотуку ми текна:

    Карање је наука!!! -ова е од еден српски филм,а српски јазик мислам дека сите знаеме ;)
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Многу сме компатибилни и ретко кога сме се скарале, ама онака жустро!
    По природа сум лутка, и брзо можам да се изнервирам за нешто , без разлика дали е големо или мало, дали вреди за нервозата или не.
    А тој е ракче, емотивен ама сталожен. Секогаш бара компромис и начин да не прсне караницата во тепачка. Значи баш заради неговата смиреност не се караме. Обично еден секс ја врши работата :lol:
     
  19. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126

    Исто како вас марама :D . Значи ретко се караме, а и кога ќе се скараме за нешто најчесто тоа трае многу кратко 5-10 минутки, бидејќи едниот обавезно ќе прозбори и ќе го насмее другиот. :D
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Скоро секогаш јас сум иницијатор за кавги и тежнеам уште веднаш да најдеме решение на проблемот, што секогаш ни успева. Се договориме тоа така, веќе нема да биде вака, ќе се обидеме, океј јас сум крив/а и така за кратко време бурата стивнува и исто како ништо да не се случило :)