ТЕМА: Како се запознале вашите родители?

Мислење 02 Дек 2011, 16:08

Мама 4та средно, на пракса, а тато веќе неколку години ваботен таму. Се запознале и почнале искрички да летаат (мама црна, тнка, тато висок, смеѓ, плави очи :) ).
Ова си траело некое време, мама изгорена за него ама не признава. Тој леткал околу неа како пеперутче (така вика она).
Еден ден земала да му гледа на кафе, а си нема врска од тоа (љубов шта чеш) и му рекла дека гледа коњ. ТОА СИ ТИ.
Татко ми и ден денес ја заебава.
Во тоа време фраер си бил ако имаш томос APN. Ја враќал тато од работа, на некое уље се излизгале, се испоуптепале.
Па он ја однел кај него дома, да не се исплаши мајка и. И така почнало. Пооделе 3 години и ајт во тавче рипнале
Аватар на корисникот
thinkerbell

Зелено цветче
 
18461132
Мислења: 717
Зачленет: 20 Ное 2010, 15:06
Локација: Далеку од тука
We need to make books cool again. If you go home with somebody and they don't have books, don't fuck them.

Слика

Мислење 17 Јан 2012, 23:52

многу ми се смешни кога ги слушам како зборат на таа тема,си се присеќаат срцки тие :D се запознале во дискотека,мајка ми била со другарка а татко ми со дечкото на другаркава на мајка ми,и татко ми кога ја видел мајка ми во црвено фустанче одма му се засвиѓала.мајка ми не го свиѓала,пошто немал стил како што она сакала и ја бркал татко ми неколку месеци,ама кога го суредила мајка ми по нејзин стил,е тогаш започнале врска,и после 2/3год.сестра ми дошла на свет и така се земале. :)
Аватар на корисникот
Slatko-Malo

Фем почетничка
 
31
Мислења: 35
Зачленет: 02 Окт 2011, 23:50

Мислење 29 Јан 2012, 04:25

Мама и тато ги запознала тетка Мими, школска другарка на сестрата на мајка ми , а живеела во исто место со татко ми :)
Аватар на корисникот
Sofi.ja

Бело цветче
 
528
Мислења: 50
Зачленет: 21 Јан 2012, 02:07

Мислење 29 Јан 2012, 04:56

Мојве се запознале в кафич. Мајка ми била излезена со некоја другарка сами двете, а татко ми работел шанкер во кафичов. И ја бендисал и и праќал пијачки ама не кажувал од кого се. И на крај мајка ми ја сетила работава и му отишла на шанк се запознале. И така по 1 година си се зеле и по една година сум се родила ЈАС !!! :D
Аватар на корисникот
donna.17

Сино цветче
 
155116
Мислења: 381
Зачленет: 28 Дек 2009, 02:06

Мислење 06 Фев 2012, 12:37

Мајка ми и татко ми се запознале преку другарка на мајка ми кога идела со другар на татко ми. И искочиле на double date, па татко ми се затрескал по мајка ми, па излегувале и луѓево по 8 месеци решиле да се земат еј а на мене ми мрчат кога на шала ќе им речам дека ќе се мажам со дечко ми со кој идам скоро 4 години. :shake: :^) :D
Аватар на корисникот
Mrs.Cuper

Жолто цветче
 
446395
Мислења: 1240
Зачленет: 10 Авг 2011, 00:39
Локација: Дизниленд
WOULD YOU DESTROY SOMETHING PERFECT IN ORDER TO MAKE IT BEAUTIFUL?

Мислење 06 Фев 2012, 12:53

Мама била једна од најјаче рибе у граду, а татко ми лешпер невиден.
Си пуштиле окце во чаршија, како и повеќето млади парови на времето.
Пошто мајчево имало краток фитил за сељачки пуштања, татенце постојано по други кажувал колку ја свиѓа, но никако не можел да и` пријде бидејќи му било страв да не го избрука сред чаршија, па да му залепи шамар или да го отера у лепе материне.
А типчево ја следело насекаде низ чаршија, нешто ко stalker, и дремело често кај мама под зграда.
Бидејќи и мама го свиѓала, а видела со каков нрд си има работа, решила да го позафркава и секогаш кога ќе го видела пред зграда, излегувала и му мавтала со бело марамче ко во 19ти век, а мутавиов кога ќе видел, се криел зад дрво мислејќи дека нема да го види, а всушност заборавил дека таа го гледа од птичја перспектива од 8ми спрат. :D
Минале 3-4 месеци и овој уште немал храброст да пријде, затоа мама преземала работа во свои раце и еден ден закачила ливче со телефонски број на штипка и му ја фрлила пред нозе дури се криел под дрвото. :D
Му требале неколку дена да се јави и кога се јавил, кажувал збор ипол на саат.
Мајчево да скрати тупење, му рекло да ја чека во 8 пред трафиката пред зграда, а типов од узбуџење отишол 40тина минути порано и од страв не погледнувал кон терасата.
По саат-два мамин монолог, се опуштил малку и конечно кажал дека ја свиѓа.
Останатото си е историја... :D
Аватар на корисникот
calliope

Зелено цветче
 
1319528
Мислења: 567
Зачленет: 01 Јул 2011, 00:00
Локација: Nottingham Lace

Мислење 07 Фев 2012, 23:02

Знам дека биле на ист факултет, и дека и двајцата биле сместено во студентскиот Стив, за детали секогаш ми било смотано да прашувам.
Аватар на корисникот
EleMental

Зелено цветче
 
22331033
Мислења: 506
Зачленет: 16 Мај 2011, 21:15
Локација: Во мој свет кој полека се реализира

Мислење 08 Фев 2012, 23:39

Сум ја прашала неколку пати, како помала, мајка ми. И само ми кажа дека биле од сегашнава, иста населба. Така да сигурно било нешто како.. Здраво, здраво. Да се упознамо. Ја од овамо, ти од онамо. :wasntme: А колку иделе, е ни тоа незнам. Само знам, дека до пред некое време, мајка ми ги чуваше листовите, што играле брич. Лелее, тоа тевтериште огромно, на еден лист, 50 партии. :| Како не им се смачило, јас незнам. Ама повеќето време, мајка ми го кантала татко ми. :wasntme:
Аватар на корисникот
Elennaa

Жолто цветче
 
29844889
Мислења: 1784
Зачленет: 22 Фев 2011, 15:41
Локација: Ту, ту, ту..
Скриен текст: покажи
СликаСликаСликаСлика

Мислење 16 Фев 2012, 17:41

Татко ми бил студент на правен, прва година, живеел со цимери во Скопје под кирија,а мајка ми втора година средно во Корчагин(родена скопјанка). Ке си помислиш mission impossible ситуација, али не било така. Еден ден татко ми на студентски прашања ја наоѓа изгубената лична карта на некоја негова колешка, од истиот град од кај што е и татко ми и со другарите одат да и ја носат.
Али таа негова колешка да ти живеела под кирија кај мајка ми. И сега овие идат на гости и таа колешката се качува кај мајка ми и ја вика да се симне да запознае некој си јаки фраери од нејзиниот град :D . Смешки. Мајка ми вика ја се спремам, се дотерувам, мислиш принцот дошол, али вика кога се симанв има што да видам. На прв поглед не и се допаднал татко ми( а татко ми вика дека лаже и дека го бркала од старт), али не е битно .... Е така се упознале и после знам само дека татко ми киснел пред Корчагин и во 45 ка :lol:
И мајка ми често одела во градот на татко ми, зошто и нејзините(баба ми и дедо ми) се по потелко од тој град ама одамна преселени во Скопје, па имала каде да преноќува. Некоја Нова година што ја чекале во некоја кафана во градот на татко ми ги избрале за најубав пар, а мајка ми и за убавица на вечерта. И ми вика, еј незнаеш како сум се прчела кога идев кај татко ти :lol: Во врска биле со години :D Татко ми си го развлекувал факултетот само за да има причина да остане во Скопје. И на крај веќе демек не му се исплаќало да плаќа кирија и мајка ми го поканила да живее кај неа. Ама дедо ми несакал да чуе за живеачка заедно без веридба, па се вериле, а по една година правеле и свадба и така.
Аватар на корисникот
BoaVista

Жолто цветче
 
57365687
Мислења: 2517
Зачленет: 23 Авг 2010, 01:40
Слика

Мислење 18 Фев 2012, 13:54

Татко ми бил како еден кул гај! 8) а мајка ми по него... :rofl: :rofl:
се возеле заедно во автобус и од тогаш се запознале...па ајде за 2-3 години свадбаа!! :lol:
Аватар на корисникот
awee

Сино цветче
 
6739
Мислења: 214
Зачленет: 06 Ное 2011, 13:39
Слика

Врати се на Врски

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 1 гостин

Site Meter